Prvo da se zaprasame dali voopsto vredi da se zadrzi brakot posle neverstvo..... Krajno sum razocarana od nekoi licnosti Kako toa posle 25 godini brak svakas deka taa ne bila za tebe? Kako toa prijatele? Zarem ne svati kolku taa se trudi za vasiot brak? Zarem ne bese dovolno toa sto ti prosti koga bese neveren? Zarem sega pak? Zosto? Zatoa sto sekogas koga ke se vratese od rabota rucekot bese na masa? Zatoa sto sekogas se grizese za tebe i vasite deca? Zarem edna mifka e povazna od nea? Mozebi e.... No povazna li e taa od tvoite deca? Od vnuceto? Od site ubavi spomeni? Kako mozes? Zarem taa e tolku vredna? Jas da bev odamna ke zavrsev so tebe ama taa ne mozi... Taa e tolku slaba i ranliva... I pak ke ti prosti...znam... Kako be nemozam da svatam - vikate potreba e, ne odelo ima pravo na sreka pa makar i so druga.... No, dali vie prvo mislite za sebe ili za decata? A za nea? Koja bila do tebe so godini, koja ti pomagala i ti pruzala podrska, koja te sakala i cenela....
Kaj mene da se slusi neverstvo....Nikogas ne bi ostanal da funkcionira brakot NIKOGAS NIKOGAS NIKOGAS..... ....jas sum karakter koj koga odi ne se vraka nazad.....Ako ima jaka Pricina.......primer NEVERSTVO.............ne mozam da glumam pred svetot idealen brak......da se lazam prvin samata sebe..pa potoa i drugite okolu mene....da legnam da spijam do nekoj koj me iznveril,i pak da glumam deka se e vo red, deka mazot me saka...NE sum OD TIE Jas da izneveram Ne Veruvam......Mnogu Brakovi funkcioniraat, poveketo za decata, zavisi kakvi karakteri se bracnite drugari..........znam mnogu slucaevi koi po neverstvoto pak si ostanuvaat zaedno, sekoj si znae kako mu e dobro, JAs ne bi ostanala
Абе темава е многу комплексна и комплицирана, се зависи од самиот човек и од неговите критериуми за сопствената гордост, значи индивидуално е. Не можеш да кажеш додека не те снајде нешто.. скраја да е, но сите ние сме рекле и пресекле многу проблеми и општо животни дискусии па кога не снашло нешто сме се чуделе на паметот што го имаме. Затоа ќе речам "никогаш не вели никогаш" неможеш отсечно да зборуваш во некоја индивидуална ситуација, сега и после 5, 10 години нашите ставови не се исти. И јас сум имала зацртано многу критериуми, верувам исто и останатиот свет, но понекогаш животот е таков те искушува онаму каде што најмалку си се надевал, па се чудиш што те снашло баш тебе, па погазуваш и критериуми и ставови и све живо несвесно, а тука има многу под проблеми конкретно за овој проблем, носи разно разни жртви во себе, и не знаеш баш како ќе изреагираш и во самиот момент а и после некое време, размислувањата не се баш исти, додека сеуште е жешко и после оладувањето на истото. Бракот ќе го задржи оној кој смета дека е исправно, оној кој може да прости,да помине низ тоа, а оној кој не може и не сака најнормално ќе си замине.. сепак се е до карактерот на човекот и до неговите животни амбиции, постигнувања, приход итн.
Не знам колку таквиот брак би опстанал. Ништо нема да биде како претходно, довербата ќе ја нема , а таа е темелот на добриот брак.
Не гледам причина зошто еден брак да се задржи после неверство. Тоа веќе не е брак, брак е кога постои љубов, почитување, верност помеѓу сопружниците. Еден брак во кој има неверство не треба да се задржи поради децата, бидејќи кога има неверство во бракот, има кавги, недоразбирања, сето тоа влијае негативно на тие деца во еден таков брак.
Брак после неверство тешко опстојува..и да се помириш секогаш ќе те јаде сугестија кога ке закасне од работа..кога ќе излезе со другари итн. Незнам како би функционирало потоа но мислам дека кој еднаш изневерил пак ќе го стори тоа. Затоа крај додека е време
Ја прочитав темава и можам да кажам дека не е лесно да си изневерен и да донесеш било каква одлука, дали да останеш и простиш или да заминеш. Секој различно го доживува неверството. Имам прилика дома да видам како мојата сестра го доживува, еднаш сака да стави крај еднаш не сака поради детето но во секој случај таа многу страда носи огромна болка. Јас лично не би простила, но доколку се одлучам на таков чекор тогаш и јас ќе го изневерам доволно само една ноќ ништо повеќе колку да си ја ублажам болката. Кога си чесен е многу тешко вака и ти си направил нешто и полесно ќе живееш, нема ни да се замараш дали оди или не со некоја друга. Ова е мојот став.
имам забележано дека жената сепак покрај се и со тешко срце останува во брак со човек кој ја изневерил ама никако не ми е јасно од која причина. За разлика од маж кој во никој случај не останува во брак со жена која го изневерила
Точно останува во брак и покрај неверството затоа што многу го сака, од млади години е со него и неможе некако да се замисли без него. Јас не би останала но тоа е секој со својот став.
Што ќе задржиш?? Што има да се задржи? Маж кој ради некоја х причина престанал да ја почитува сопругата? Ќе ја остаам дома, нек чисти, пере, пегла, чува деца, а јас ќе одам да из...м некоја, пошо јбг, маж голем си има потреби. Еб..е мажиштата што немаат муда да и кажат на жената дека едноставно имаат потреба од друго, да ја ослободат, да не и ствараат додатен товар. Ама имаат муда да се прават еб..и. Не е само неверството. Тука има еден куп лаги, криење.. планирање како да се изведе. Ама добро, па еден секс е само, не е страшно. Мислиш на мочање отиде.
Во теорија, никоја не би останала во брак после изневерување; во пракса, има такви примери колку ти душа сака. Речете: Скраја да е, да не дознаам како би реагирала и што би направила.
Знам брак кај што жената два пати го има изневерено мажот ѝ, тој ѝ прости два пати, уште се заедно. Не би можела така јас.
Еднаш изневерена засекогаш изневерена,штом еднаш те изневери,не верувам дека нема да му случи и уште еднаш,ако еднаш простиш,ке треба и вторпат и третпат и така секогаш тој ке има оправдување зашто се одлучил да изневери.Зборам за двата пола маж или жена.
мажот ја изневери жената и тоа го прави постојано ,свирач е по професија инаку.И заради она луѓето што ќе кажат и за децата ,останаа во брак .Таков случај познавам
Jas sum od tie sto sega e vo misla dali da prostam neverstvo? Glavata mi e vo haos i navistina neznam dali vredi da se dade druga sansa.
Индивидуално е. Некој скоро и да немаат проблем со тоа. Има бракови кои само на лист хартија важат. Заедно се среќни се деца имаат ама си одат на страна и тој и таа. И ништо не им фали. Се е до тоа како ќе избереш да живееш. А стриктно на темата-пак зависи што човек си.