Како да се помирам?

Дискусија во 'Разделби' започната од crazymoon, 25 јуни 2016.

  1. crazymoon

    crazymoon Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Незнам веќе и јас од каде да почнам. Ќе пробам во кратки црти да објаснам. Како животот да е свртен против мене. Имав 2 врски во животот, и во 2-те врски смртта не раздели. Првата почна уште на рана возраст, кога и 2-цата бевме 7-мо одделение и после сите тие убави моменти поминати, мојата девојка со која заедно бевме цели 4 години почина од леукемија. Потоа мене ми требаа едно добри 2 години за да се вратам во нормала со помош на возење велосипед, одење во теретана, рибарење, и некако успеав да се надминам себеси и да заборавам на тоа, (не целосно, но сепак за да можам да продолжам да живеам нормално). После завршување на средно и преминување на факултет запознав една многу фина и мила личност со која што го поминав целиот студентски живот (4 години). Никогаш не сме се скарале никогаш не сме си љубомореле еден на друг затоа што знаевме како дишеме. Само убави вести во тие 4 години дури и се договаравме за свадба. И дојде тој кобен ден кога нејзиното дипломирање наместо да прерасне во радост, се претвори во кошмар. Требаше кај мене во стан да ја правиме забавата за нејзиното дипломирање, таа испадна накратко, до дуќан да купи некоја работа што заборавила. Јас додека средував по дома, слушнав некои шкрипаници и силен удар, после 10 минути од кога испадна она, но ни крај памет не ми падна дека тоа може да се случи. Кога се симнував до дуќанот за да и помогнам, што да видам, нозете ми се пресекоа. Еден МОРОН ја удрил девојка ми на пешачки. Случајно се најде еден човек што се понуди да ја однесиме девојка ми до болницата, но набрзо беше константирана смрт. Од тогаш помина скоро 1 година и никако неможам да се подобрам. Разговарав со родителите, другарите, пробав со горенаведените работи што ми помогнаа претходно но никако не иде. Едноставно неможам, целиот сум скршен одвнатре, некако немам веќе сила за живеење. Секој совет е добредојден, ви благодарам.
     
  2. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.479
    Пол:
    Женски
    Пријателе прими мое сочуство :( Мораш да бидеш силен , не можеш никој од другиот свет да вратиш ... на жалост ....
    Животот е болка и само се навикнуваш ....
    Биди силен , иднината е пред тебе , млад си , ке сретнеш друга личност , ке бидеш срекен , мораш малце позитивно да мислиш , животот бил горчлив спрема тебе но мораш да бидеш јак !
    Ти треба само подршка и време , духовно да се смириш , знам дека е многу тешко да изгубиш сакана личност но тука ништо не можеме да смениме ...
    Немој да се затвараш сам и да бидеш во депресија , биди СИЛЕН во тешките моменти ...
     
    На ku4ence, Crna Dama, eloves и 8 други им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    20.816
    Пол:
    Женски
    Primi socuvstvo prijatele . Nema zborovi koi mozat da te uteshat , znam . Osven sto ti kaza i clenkata pogore , deka moras da bides silen , neznam kakov drug sovet mozam da ti dadam . Zivotot e surov , no e ubav . Kakov e , takov e , toj ni e podarok od Bog . Mozebi nema da gi zaboravis ovie tragicni nastani , samo ke naucis da zivees so udarite i iskushenijata koi ti gi dava zivotot . Ke naucis i mnogu lekcii . Samo daj mu vreme na vremeto .
     
    На crazymoon и tina-63 им се допаѓа ова.
  4. crazymoon

    crazymoon Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Да се надевам дека ке тргне на подобро иако сумљам дека за кратко време ке се промени нешто, но сепак како што кажавте, ке биде потребно време . Малце се тешам со тоа што додека работам, работата ми го одвлекува вниманието т.е фокусиран сум и не мислам на тоа но кога ми завршува работното време е тука почнува таа носталгија. Сепак ви благодарам за поддршката од срце.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    19.625
    Пол:
    Женски
    Пријателе биди храбар.Стегни заби на овој удар зададен од животот.Се надевам дека моронот ќе ја плати казната бидејќќи Бог гледа.Знам дека неможам да те утешам, но можам да ти кажам дека мораш да останеш силен..Целиот живот е пред тебе заради тоа МОРА да се стегнеш.Ја имаш мојата поддршка.:hug:
    Прими сочувство.
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.578
    Допаѓања:
    126.245
    Пол:
    Женски
    Прими сочувство јас само едно ќе ти кажам
    Никој не е поважен од самиот себе си.
     
  7. cheerleader

    cheerleader Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2015
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Glupost do glupost znachi...
    jes da nikoj ne e povazhen od samiot sebe si, ama na vakov emotiven post i vakvi teski momenti ne mozes taka sebicno da razmisluvas.
    Da ne si mu na covekot vo kozata.
    Prijatele, primi socuvstvo, soberi sili za ponatamu, taka trebalo da bide.
     
    На Petra777, Wahnsinn и rose60 им се допаѓа ова.
  8. BlondPrincess

    BlondPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Потребно е да си се вратиш самиот на себе си назад.Не барај совети вака зошто сите може да збориме на празно само.Би ти препорачала да одиш кај стурчно лице психолог,психијатар не за да ти препише лекарства не ме разбирај погрешно туку да може да те насочи,да разговараш. На мој другар му почина родител и одеше некое време верувај дека само така успеа да се врати назад.Сите овие работи што си ги пишал погоре спортување,излегување се плус. Знам дека е малку глупо но излегувај со пријателите,они сигурно многу подобро те знаат од ние овде.Крај краева во тие неколку саати ќе заборавиш. Немој да се затвараш дома.
    Времето лечи се :l:
     
    На Pierina77 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.199
    Загуба на родител или девојка/дечко близок пријател болката никогаш нема да се изгуби,а времето тие болки никогаш не ги лечи за жал,целиот живот ке ја носи истата болка.Само што со тек на години сеќавањата ке побледат малце,едноставно нема да се сеќава на секоја ситница и што е нормално.

    Искачај,движи се меѓу луѓе,и многу спорт,верувај овие работи ке ти направат на моменти да се чуствуваш подобро.

    Ти посакувам све најдобро
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    7.182
    Пол:
    Женски
    Смртта е нешто нај страшното.Многу тешко сум ги поминала тие периоди:(
    Не дека сум заборавила,ама тоа е животот,мора да се живее без тие што сме ги изгубиле:(
     
    На Crna Dama и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  11. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.747
    Пол:
    Женски
    Нека почиваат во мир , прими сочувство , се се случува во животот.. господ дава и одзема..

    Ќе ти даде среќа нова повторно имај верба ,можеби изгледа невозможно, но со текот на времето ќе си дојде се на свое место , биди позитивен само со среќни мисли неможе да се заборават тие несреќни настани кои оставиле црнина во твојот живот, но затоа си имал прекрасни моменти со тие личности и тие ќе ти секогаш во спомените.

    Со тек ќе си дојде се како што треба тогаш ќе ти се насмевне среќата повторно и се надевам ќе има среќен крај, си се зачленил тука ќе стекниш пријатели , со некои од нив можеби и надвор од виртуелен свет ќе се задружиш и се ќе е супер.

    Биди поздравен и биди среќен :hug:
     
    На minne992, mula и crazymoon им се допаѓа ова.
  12. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Со смрта не можеш да се помириш,можеш само да ја прифатиш.Сигурна сум дека тие би сакале да бидеш среќен и да продолжиш со животот а не да застанеш.Мораш да бидеш јак,друго нема. :)
     
  13. VIK-KIV

    VIK-KIV Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2016
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Не е убаво на ваков начин да се глупираш и да играш на карта женско сочувство за остварување на други цели. Сепак секој за себе си знае најдобро. Јас лично со голем процент на сомнеж гледам кон ова и се оградувам од понатамошни коментари. Ако грешам се извинувам,но мојата интуиција ретко промашува.
     
    На Asparagus, BlondPrincess, rose60 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.753
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
    I jas mislam isto,nisto licno kon avtorot ,zaradi iskustvo na forumov e
     
    На referentka, rose60 и VIK-KIV им се допаѓа ова.
  15. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.022
    Пол:
    Женски
    И јас го помислив тоа..Дај Боже да се измислици . Ако е лага , не е убаво вакво кобење .
    Ама ако е вистина (не сакам да верувам ) ова е навистинаа болно...
     
    На rose60, hermosa, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. crazymoon

    crazymoon Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Зарем ти мислиш дека на мои 24 години јас немам попаметна работа и би пишувал вакви глупости??? Јас убаво прашав како човек, си ја кажав маката и убаво побарав од вас совет. А ти одма се фати за тоа како јас на некој начин демек "лажам", дека сета ова е измислица... Ако не го познаваш човек не се мешај или подобро воздржи се од коментари. Сега некоја девојка да отвореше ваква слична тема одма ке ја тешите, одма ке и давате совети. А ако е некое машко тогаш или измислува или е манијак или ги користи женските слабости за да ќари некоја .... јас незнам како оваа ваша "интуиција" ретко промашува...

    Сепак благодарам на сите што несебично ме поддржавте а исто така и на некои од вас што ми пишаа ПП и ми дадија неколку совети и идеи.
     
    На one_girl, rose60 и anaja1 им се допаѓа ова.
  17. VIK-KIV

    VIK-KIV Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2016
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Јас напишав однапред ако грешам да ми биде простено,ама со самиот твој одбрамбено-офанзивен став од шовинистички аспект да било женско што се жали сите ќе сме плачеле СЕ СИ КАЖА.Секое ДОБРО!Како човек прави/мисли/пишува така му се возвраќа.И бтв ова е ФОРУМ и имам право да споделам интуицијата што ме копка и не сум единствена што се сомнева. Но пак ќе пишам секое ДОБРО,секој со својата тежина-планина!
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Ова што го прочитав е страшно и навистина ми е жал.
    Сметам дека само разговор со психијатар ќе ти помогне и соодветен третман и медикаменти. :)
     
  19. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    Од сите слични случки што сум ги слушнала, оваа најмногу ме скрши.
    Многу ми е чудно зошто баш двете врски завршија во рок од 4 години со смрттен счучај. Несакам да испаднам некоја глупачка па да речам моожда се работи за проколнување. Да знаеш имаш опција да си појдеш кај психотерапефт кој работи со хипноза, и би можело да ти помогне во врска со случајов. Незнам дали воопшто ги има во Македонија нормално ако сакаш да си се распрашаш, меѓутоа и да нема, би ти препорачала додека би имал прилика и за во странство. Тетка ми цел живот од несреќи и патења, и сега си е во нормала пошто тој процес многу и помогна.
     
    На crazymoon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.358
    Допаѓања:
    21.314
    Пол:
    Женски
    Прими сочуство,ставарно многу ми е жал. Ама како што ти кажаа членовите погоре треба да бидеш јак.
    Не се предавај лесно. Болката никогаш нема да помине само со тек на време ке се навикнеш да живееш со неа.
    Ти посакувам многу среќа понатаму.
     
    На crazymoon му/ѝ се допаѓа ова.