Како да се променам ?

Дискусија во 'Психологија' започната од princess5, 10 февруари 2014.

  1. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    34.413
    Пол:
    Женски
    Кога мислам на минатото, и сето она што поминало и сум направила си додавам тежина на своите чекори за иднината,како што размислувам се повеќе и повеќе, секој нареден чекор или план ми станува потежок и потежок, се додека достигнам тежина и напнатост која ми оневозможува да ја подигнам ногата или мрднам со малиот прст бидејки се е безуспешно. Без шанса за движење напред, единственото нешто што ми преостанува да е да си седнам, и да размислувам и се оптеретувам во својата глава која ме поплавува од мисли за тоа дека сум правела многу грешки намерно или не. Колку и да сакам да почнам од почеток нешто ме врака назад ко да се борам сама со себе за да не бидам јас вакава..зш јас не бев ваква ко што сум сега (толку себичност и напнатост и оптеретување и паравење нешта што на некој начин ги разочарувам и повредувам и лугето околу себе кои ми се важни.. никогаш не сум била себична а сега сум дури и кога нетреба Едноставно неможам да се исконтролирам и да се вратам да сум онаа што бев кога и можев да сум срекна и да ги направам и своите најблиски и срекни и горди, на моменти ми доага и да размислувам на нешто што само кукавиците го помислуваат Дека подобро би било да ме нема... ) но ни тоа не е решение ... Сакам да се променам... Повторно да се родам но КАКО ДА СЕ ПРОМЕНАМ ? Да го почуствувам тоа прво самата па и лугето околу себе... Несакам веке да ми е вака и да правам вака... :( Се мразам себеси што се чуствувам вака но како да почнам од 0.. како ??????
     
    На anagjorgjievska1 и Jenniffer им се допаѓа ова.
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Физичката промена е лесна, ама ментално/психички да се промениш е тешко. Особено кога си под влијание на суровоста на животот. Се оптеретуваш со небитни работи. Треба да ја пронајдеш среќата во малите ситни работи. Со насмевка оди напред, биди секогаш насмеана.

    Како прво престани да се мразиш себеси, цени се. Бидејќи ако ти не се цениш тоа што си, кој друг би? Имај доверба во самата себи. Постави си цели, кажи ќе го направам тоа и крај. Биди решена, оди напред. Не е битно колку пати ќе паднеш, битно е колку пати ќе се исправиш и ќе продолжиш понатаму.

    Прво во промената почни од музиката. Музиката влијае на расположението. Слушај нешто мотивирачко, нешто да те бодри, има многу такви песни.
    Знај дека секогаш до тебе има некој што те цени, што те сака, што те посакува. Сакана си, верувам! Веројатно имаш и пријателки, дружи се со нив. Ако треба биди и по цел ден со нив. Биди опкружена со луѓе, за да немаш време да размислуваш за животот.

    На никој не му е добро. Имај го тоа на ум. Сите имаат проблеми. А знам, знам дека мислиш дека на другиот животот му е подобар, ама не е така. Секој живот си има свои тешкотии. Господ како на тест да не оставил, снаоѓај се сам. Од секое паѓање учиме нешто, нема да се сопнеме повторно од истиот камен ако пред тоа сме се сопнале. Нема истата греша да ја правиме по сто пати, еднаш е доволно.

    А за иднината остави на времето. Времето е најдобар лек за сите рани. Не мисли на иднината, живеј во секгашноста. Што ќе биде нека биде, од кај знаеш еве пример можеби утре е крај на светот. Зошто денот да не го изживееш максимално?

    Ако патиш од љубовта, што не верувам да е така ама ајде. Остави, или тој ќе сфати дека ти вредиш, или ти ќе сфатиш дека тој не вреди.. нема трето. Гледај за себе, ако на тебе ти е убаво за другите не е битно. А луѓето секогаш ќе зборуваат, за што и да е.

    И јас доста пишував, ме болат рацете веќе. Пиши ми ЛП ако сакаш, секогаш сум тука за разговор.
     
    На Аматиел14, mime87, Bruinete и 4 други им се допаѓа ова.
  3. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    34.413
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам... и да знаеш дека ке ти пишам.. во право си за сее но понекогаш е тешко да се крене главата горе и почне од почеток некогаш грешките во минатото суровите зборови и слично прогонуваат...
     
  4. susi

    susi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски

    се пронајдов додека го читав текстот фала ти многу ми помогна :) позз
     
  5. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    2.625
    Пол:
    Женски
    Верувај, ама силно верувај во личноста која сакаш еден ден да станеш. Може да се случи повремено да изгубиш контрола врз своето однесување и решителноста, но не дозволувај ништо да те обесхрабри. Имам поминто низ таков период, кога буквално не верував дека е можно повторно да се сменам и да станам старата ЈАС, но времето ми покажа дека се е можно...доколку желбаата навистина е присутна, резултатот е неизбежен. Не се обвинувај себе си дека си стигнала предалеку и дека нема враќање назад, напротив. Кога ќе ти биде најтешко, сети се дека има многу полоши работи на светот, со самото тоа што си жива и здрава имаш шанса за нов почеток. Верувам дека најблиските те подржуваат и верувај дека единствена желба е да те видат среќна, лошиот период се заборава. Внимавај на сопственото здравје, прави ги нештата што те опуштаат колку што е можно почесто и работи на самоконтролата и позитивната психа. Секако затоа што многу добро ми е познато тоа низ што поминуваш и јас сум тука доколку ти треба совет или мислење, слободно пиши ми ЛП, колку што можам ќе ти помогнам. Поздрав :)
     
    На Аматиел14 и princess5 им се допаѓа ова.
  6. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    34.413
    Пол:
    Женски
    Проблемот е во тоа што сакам Да, но мислите се толку ко бура во мојата глава што просто мислам дека нема да успеам поготово да си простам и на самата себе за она што со мојата тврдоглавост и избувливост сум повредила ненамено некои што ми се важни во животот и не би можела барем сега да се замислам себеси без нив но сепак морам сааааамааа ама баш сама да почнам од нула но ко да сум кукавица ко да се плашам дека нема да успеам и дека ке е залудно... но сепак ке се обидам (но како да успеам и да го покажам тоа на другите -иако сакам само ради себе бидејки сум свесна дека сум згрешила)
     
  7. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    2.625
    Пол:
    Женски
    Во суштина твојот проблем се состои во тоа што не можеш прво сама себе да си простиш, а со тоа не можеш да го очекуваш истото и од другите. Свесно си ги повредила еднаш, но немој да го правиш тоа повторно. А знаеш што најмногу ги повредува твоите најблиски? Кога те гледаат дека не си несреќна и дека страдаш. За тоа баш поради нив, мораш повторно да застанеш на свои нозе и да продолжиш понатаму со животот. Имај на ум дека тоа е само лош период од твојот живот кој еден ден ќе стане минато. Мораш најпрво да си простиш сама на себе, а потоа ќе ти простат и другите.
     
    На Savana93 и princess5 им се допаѓа ова.
  8. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    34.413
    Пол:
    Женски
    А како да си простам себеси што сум била во дадени моменти себична и воопшто не сум помислила како им е нив? Морам да почнам од некаде и искрено сакам да се променам но почетоков изгледа е најтежок
     
  9. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    2.625
    Пол:
    Женски
    Си ја сфатила грешката, тоа е сепак некаков почеток :) Разбирам дека се мразиш себе си моментално, но мораш да продолжиш да чекориш по прав пат. Како што кажав и пред малку, колку за тебе, толку им должиш и на луѓето од твојата околина. Не знам во каква ситуација се наоѓаш, можеш да разговараш со нив и да им објасниш дека навистина ти е жал и дека си свесна дека си ги повредила? Можеби тоа ќе ти помогне при пребродуванјето на тешкиот период...
     
  10. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Ехх колку пати сум му давала совети на другите, сум им филозофирала за тоа како да станат подобри, како да бидат горди на себеси, а никогаш јас не сум ги покажала тие чувства кои ме мачат. :worried: Многумина си мислат дека мене ми е убаво, дека сум среќна и задоволна од себеси, ама да не ми се во кожата. Јас патам, а тоа никој не го забележува; во мене го кријам тоа што ме мачи и не можам на никој да го кажам тоа, зашто никој не може да ми помогне. Всушност, и не знам до што е проблемот, ама мојата самодоверба влегува во минус. Знаете колку е болно тоа? Да не можеш да бидеш горд на себе, на своите вредности кои ги имаш и со кои другите се гордеат, посебно блиските. Еднаш мајка ми ми рече: "многу сум среќна и горда што те имам тебе, зашто знаеш да се издвоиш од другите", а јас само и реков дека не е се како што изгледа. Можеби имам афинитети и способности да го водам животот како треба, но јас не можам да ги тргнам ужасните мисли кои полека ја јадат секоја клетка од мојов организам. Постојано мислам на минатото и се каам многу, ама многу за една работа која мислам дека цел живот ќе ме гони. Се чувствувам дистанцирана од светов, од секој кој ќе се доближи до мене. Многу сум тажна во себе и навистина сакам да се променам, да бидам среќна личност како и другите. Секогаш кога ќе видам некој кој се смее, си мислам дека се' му рамно во животот, но не е така. Секој си има проблеми. Понекогаш сакам да се самоубијам и си ја замислувам смртта, не можам да се стабилизирам и сум депресивна. Животот не е фер или јас си мислам така? Ми треба промена со која ќе можам барем еднаш да се почувствувам како што треба.
     
    На Аматиел14, blady, anagjorgjievska1 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    34.413
    Пол:
    Женски
    уфф.. ке пробам да го направам тоа и дека ке им докажам дека ми е жал што проблемите ме промениле во себична личност и дека ке успеам да им докажам дека пак сум онаа насмеаната која може да поминува преку нештата и дека не ставам се при срце и дека можам да се исконтролирам да не се лутам за се бидејкии сега сум баш таква дури ни самата не се сакам ваква но се надевам ке успеам...
     
  12. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Добре дојдовте во клубот и јас се чувстувам вака. Има разлика во личноста која си сакал да бидиш и која што си. Но не е се така црно колку ние што гледаме дека е, замислете колку луѓе би сакале да се на наше место..Како велат доколку не осетиш на своја кожа никогаш нема да знаеш, па и тоа е некаква утеха сме осетиле и знаеме дека нема да погрешиме, зошто има потреба да си простиме самите себе? Не се кривете самите себе, кривете гревот кој е смислен од други а ние сме само марионети. Не е лесно да ја крениш главата но лесно е да речиш ДА и ова го имам преживеано како и останатите борби во животот.
     
  13. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    34.413
    Пол:
    Женски
    Можеби и баш така е може и не сум толку сама видновна колку што пагам на провокација да бидам избувлива себична без можност да се исконтролирам да се напнувам и за тоа што треба и не.. но сепак сум направила и тој што го предизвикува тоа да го ,,повредам,, што немислев дкеа и моите постапки се толку себични и дека повредувам некого... се надевам дека Да би требало да го преживеам и ова како што поминав низ мн лоши моменти приредени и од животот и од лугето кои најмалку очекував...
     
  14. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Секоја борба во животот има една поука која гласи- да и ова го преживеав. Мислиш дека никој нема повредено никој? Луѓето намерно или ненамерно се повредуваат еден со друг, никој не чита мисли.И немој да се декларираш како себична зошто сите во нас го имаме животинскиот инсинкт наречен себичност.
     
  15. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    34.413
    Пол:
    Женски
    izleda si vo pravo... :/
     
  16. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Ова како јас да сум го напишала, сите мислат дека мојот живот е совршен, лугето знаат да ми речат браво, колку си млада и само храна мајка но се држиш пот контрола и си срекна, но внатрешно мислам дека секој ден умирам и немам сила, толку мислам на мојата и иднината на мојата керка што понекогаш мислам и дека ја нема, но има една мала надеж која вели, имаш дете за него ке живееш ке дојдат и подобри денови за нас.
    Секој прави грешки, немој да мислиш дека си единствена, и јас многу пати намерно и ненамрено сум повредила некој, до брзо време неможев да си простам, но побарав прошка од тие луге и кога ја добив почнав да се чуствувам поубаво, а сеуште за некој работи неможам да си простам, но правам добри дела колку што можам за некако да си ја олеснам болката, кажуваим на твојте блиски секој ден колку ги сакаш, и ке се промениш верувај, секое добро :* :* :*
     
  17. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    34.413
    Пол:
    Женски
    е тоа е тоа лошо чуство како ние да сме криви за се... но мора да станеме похрабри изгледа... и јас сеуште неможам да бидам горда иако неодамна и дипломирав и мислев дека конечно мрднав од то4ката во која што бев ... но неможам да бидам горда на себе иако за момент бев Срекна што ги гледав моите како се срекни поради мене
     
  18. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    34.413
    Пол:
    Женски
    но јас и да побарам искрено неверувам дека ке ја добијам.. зш многупати ми се случило да направам некоја глупост банална да речеме и ако она најискрено се извинам и добијам прошка подоцна ми било на ,,шала,, кажано во лице...
     
  19. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Ти си ја побарала а со тоа си чекор напред да си простиш сама :)
     
  20. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На tropical, princess5 и Igrata им се допаѓа ова.