1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се променам ?

Дискусија во 'Психологија' започната од princess5, 10 февруари 2014.

  1. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.867
    Допаѓања:
    34.153
    Пол:
    Женски
    Само понегогаш е тежок моментот на продолжи понатаму..
     
  2. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
     
  3. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.867
    Допаѓања:
    34.153
    Пол:
    Женски
    Како беше она што се мора не е тешко.. но малку ке го променам... Што се мора Тешко е.. :P
     
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Карактерот тешко се менува,барем за мене.И не размислувам дека треба некоја особина да променам што понекогаш и некои цврсти одлуки ми пречат.Се гордеам на позитивните особини,а ги признавам негативните.И учам од сопственото искуство.
     
  5. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.867
    Допаѓања:
    34.153
    Пол:
    Женски
    Изгледа дека и така е најдобро но уште подобро е да учиме и од тугите грешки... Незнам како но почнав да се ,,менувам,, т.е да не избувнувам ко порано :P
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vodolija123

    vodolija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    (доколку имате време прочитајте го мојов пост и дајте ми совет ке ви бидам мн благодарна)

    Го најдов насловов кој ми се врежа во мисливе... КАКО ДА СЕ ПРОМЕНАМ...многу сакам да се променам не во се зошто од некои ставови од некое мое размислување и мои постапки сум задоволна...но онаму каде што треба да сум поинаква кое влијае многу врз мојата срека не можам. Сакам и самата си викам ОД УТРЕ КЕ СЕ СМЕНАМ и пак по старото. Знаете што е мојот проблем (покрај др проблеми што секој ги има) што им мислам на сите добро посебно оние кои се околу мене (моите пријателки комшии роднини) се обидувам да им се најдам во секој момент поготово ко ке им е тешко им помагам и психички и физички буквално за се. А каде се тие кога мене ми треба некоја минимална помош? Ги нема. Тоа многу ме боли. Но ова е едната половина од мојот проблем кој можам да речам 40% ме засега....но др 60% се тоа што не можам да се препознаам самата. Денеска сум најдобра насмеана најлубезна со мојот сопруг убаво се однесувам.... но после некаде 3 саати јас не можам да го гледам да биде до мене...ме нервира како јади како диши ама се ме нервира. Се нервирам на работа (работам со луѓе) и кога ке дојде некој од моите и тие ме нервираат без причина. Самата откако ке отворам расправија со мојот сопруг и да е нешто небитно јас правам кавга голема за после пола саат да му напишам порака те сакам. Не знам навистина како да ви објаснам што се случува со мене. Дали невработеноста на мојот сопруг тешката ситуација ме натера на ова навистина не знам. Едноставно не сакам некој од неговите кога на цинички начин се подсмеваат за некои непромислени постапки на мм не сакам да спомнуваат нечие име во негово отсуство сакам праведност или што би рекла јас НЕ ТЕ СПОМНУВАМ НЕМОЈ НИ ТИ НЕ ТЕ ЗАДЕВАМ НЕМОЈ НИ ТИ ГЛЕДАЈ СИ ЈА РАБОТАТА СВОЈА и СЕМЕЈСТВОТО НЕ МЕШАЈ СЕ ВО РАБОТИ ШТО НЕ ТЕ ЗАСЕГААТ. Дајте ми некој совет да не си прифакам се на срце да бидам силна да се воздржам од сето ова за да најдам мир и спокој во мојот живот и воопшто во мојот дом. ВИ БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД!!!
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    vodolija123Твоите нагли промени во расположението и однесувањето може да ти бидат сериозен проблем во животот доколку не почнеш да реагираш поинаку во дадени ситуации.Не обрнувај големо внимание на потребите на колегите и приајтелите штом тие не умеат да ја ценат твојата помош.Сконцентрирај се на односот кон сопругот за да создадеш семејна хармонија.Тоа што сопругот не е во работен однос не значи дека треба бурно да реагираш.Постапките и вниманието еден кон друг се многу битни во бракот.Ако имате разбирање,размислувај позитивно и не се оптоварувај со бесмислените коментари на другите.Па,ако се толку цинични и ти покажи острина и врати им на начин на кој не би сакале да слушнат.Не знам колку време трае оваа психички напната ситуација што ја опишуваш,но доколку не гледаш излез сама да си помогнеш,мој совет е да се обратиш кај стручно лице.
     
    На vodolija123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Kалимеро како што бара правда така и ти :P ..шала на страна.
    пробај во животот да не ги доживуваш работите( поготово баналните) толку стресно и очајнички.Tешко дека од не луѓе би имала моќ да ги смениш во луѓе,затоа гледај поопуштено на работите,животот.помошта давај ја ако сакаш и можеш да ја пружиш,ама :!: очекувањата да не ти бидат преголеми,мој совет не очекувај некаков возрат,за тој хуман гест,помали се шансите да се разочаруваш.Mоже и само некаков моментален пролазен период ти е кој го поминуваш,кој што ти бара малку луфтирација,одмор,ако можете да си дозволите,одете малку на страна колку батериите да се наполнат,потоа со ладна и одморена глава полесно се функционира.
     
    На vodolija123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vodolija123

    vodolija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Поента и Гласна ви благодарам за вашето мислење и вашиот совет ке се обидам да го применувам тоа иако не е баш лесно но сепак оптимистички ке бидам настроена. Не очекувам ништо посебно за возврат на оние кои сакам да и помогнам туку сакам да се и тие така кон мене кога ке побарам помош. Но тоа е лесно да го оставам настрана нема да сум таква повеке си ветувам самата на себе а што се однесува за хармонијата во бракот ке сторам се за да биде така. Ке се воздржувам колку што можам за да не си прифакам се на срце ке вракам со иста мера. Инаку оваа ситуација кај мене трае можеби 2 месеци така се чувствувам знам дека ми е потребен одмор за да се релаксирам најмногу психички да се тргнам од сите настрана, но не ми дозволува работата- немам слободни денови а камоли одмор. Како и да е ви благодарам за брзо се надевам дека ке има промени во мојот живот. Ке дадам се од себе!!! :*
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Сите вие кои го имате овој проблем , мислам дека првин сериозно треба да размислите што го предизвикал. Значи ние може овде милиони совети да ви сервираме , ама ако вие не го најдете коренот на вашиот проблоем , причинителот кој довел до ваква пресвртница , не можете да се промените. Мора да најдете што ве променило , да се запрашате , да станете свесни што ве предизвикало на такво однесување, што ја донело промената. Сега можеби ви изгледа нелогично , може велите не знам од еднаш се случи , не знам зошто така изреагирав , ама длабоко во вас знаете и длабоко во вас се крие одговорот.Плус промените не се случуваат преку ноќ , како што ни вие не сте се промениле преку ноќ . Може порано сте мислеле дека е нормално пример да избувнете еднаш неделно ,па еднаш дневно, па неколку пати дневно , се додека тоа не земало замав.Ама пред било што да се случи и било каква промена на подобро да се постигне , мора да знаете против што се борите , што е она што не ви дава мир и треба да го избегнете, искорените или во краен случај да научите да живеете со тоа.Можеби некој ќе си вети од утре не избувнувам , не сум себична , ќе пазам , ама бесот ќе ви се насобира и пак нема да сте мирни , затоа прво размислете поради што станавте такви и поради што сте лути , исплашени ,избувливи,себични, тажни или се чувствувате виновно .

    Друга работа , колку што сфатив некои од вас се каат за некои постапки и ги прогонува минатото.Се разбира дека сите имаме постапки со кои не се гордееме , ама не не прогонуваат сите мисли од минатото до мера да не ни дадат да продолжиме понатаму. Некои едноставно со причина ги прогонува . Се е акција и реакција , колку и да се вадиме на тоа дека не вреди да си добар , не треба тоа во превод да значи биди лош. Биди едноставно рамнодушен , или биди добар само со тие кои заслужиле , ама не одмагај ако не можеш или не сакаш да помогнеш .
     
    На Аматиел14 и princess5 им се допаѓа ова.
  11. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.867
    Допаѓања:
    34.153
    Пол:
    Женски
    Имаш прва одека сепак длабоко во себе ја знаеме причината или причинителот но понекогаш тоа е личност од која едноставно и неможеш да ја игнорираш ... колкупати и да се обидам и се променувам по некое време или постапка на некого едноставно ко пак да сум на почеток...
     
  12. blady

    blady Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Знаете ли колку боли кога си опкружен со луѓе а сепак си САМ.. Да нема кој да те свати да ти помогне кога нешто те мачи кога ти е преку глава од све... Ете тоа сум јас.. со многу луѓе околу мене а сепак сум САМА И ОСАМЕНА...
    Колку пати сум давала совети сум ѓи ислушувала сум била секогаш за нив тука и кој и да ме повикнал одма трчав да помогнам да му излезам во пресрет и секогаш јас сум била таа повредената која за сите беше тука а за мене едноставно никој немаше..едноставно немаш веќе никој свој немаш на кого да се потпреш освен мојо татко кој највеќе го сакам.. Не знам какво дојде времето страшноо.. се се смени негативни луѓе, злобата, љубомората насекаде околу мене. Не можам веќе да се опуштам се гушам од СЕ! едноставно мислам од денес за утре а имам само 16 години.. Немаш веќе најдобра другарка нема ни другарство како порано немаш со кого да седнеш на кафе немаш со кого два реда муабет секој се жали секој си има свои проблеми немаш кај кого да отидеш нема кој да ти дојде .. Оно точно дека имаме пријателства ама според мене пријателството треба да се негува не само на едно здраво бар два реда муабет, имаш блиски ама како да ги немаш све одродено ... едноставно Имаш ама/како да Немаш -ДЕНЕШНИЦАВА- Ако немаш в џеб било облека било финансиски не те фермаат ако си озбилна и самоуверена личност те газат те отфрлат зато што мислат еееј овај / оваа шо се замислува .. Ако им праиш ќеф ке бидете Нај ама ако веќе си правиш ко шо ти одговара тебе остануваш САМ.. Буквално све од корист..
    До душа јас сум многу емотивна личност секоја ситница ме погаѓа секоја постапка секој лош збор ме повредува и плачам пред кој и да е нешто да ме повредило НЕ САКАМ ама што да правам Природа пусти чуства.. Си го мразам и карактерот на секој верувам секогаш сум добра со секој на сите помагам, наивна чуствителна емотивна ПЛАЧКАа сум ја.. Веќе ми прекисна од се .. Да гледам све матни фаци околу мене или ,,ФРАЕРИ'' , ,,ДАМИ, ГОСПОЖИ“ ХАХАах смешно .. Веќе ништо не ми е интересно до ништо и не ми е а се плашам и да се заљубам .. Не кријам и не се срамам никад не сум се смувала а сум имала ред прилики и све не сум таква едноставно не можам со некој шо не го сакам да имам нешто. Сакам да си фатам дечко ама некој што стварно ќе ме разбере што ќе биде секогаш до мене и кога ми е најтешко поради и тоа и највеќе сакам.. Ми прекисна стварно од сите.. Секој лаже и си го крие вистинското лице, образот само да биде ШИК .. Никој не се погледнал себе а знае за друг да каже.. ЕДНОСТАВНО МИ ПРЕКИСНА од се едни исти работи дај предложете ми нешто овие денови сум многу емотивна и не можам веќе вака..
     
  13. Maite.P

    Maite.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ова прашање сум си го поставила многу пати.Секогаш кога ќе решам од утре да почнам да се однесувам поинаку јас секогаш по стара песна,се плашам дане е тоа невозмозно кај мене.Причината зошто јас сакам да се сменам се луѓето...Не сфаќам само едно нешто,зошто кога со секого се однесуваш добро,не се караш и сл другата страна кон тебе прави ѓубре од човек,не те цени а всушност ништо лошо не си направил.А подобро се одбесуваат кон оние луѓе кои ги изневериле и се спротивни во однесувањето.Зошто и јас не сум почитувана се запрашав,одговорот ми беше јасен иако несакав да е така тоа е затоа што не си ДВОЛИЧЕН,ЗЛОПАМТИЛО,КАВГАЏИЈА толку едноставно.Не сакам да си создавам непрријатели,да се карам но иако прават будала од мене јас сепак сум свесна само ќутам и се нервиран додека за нив сум само глупача,секогаш мислам некој да не го повредам,дане му згрешам и на крај не добивам ни тронка почит.Како са се сменам луѓе какоо,ве молам дајте ми совет бидејќи неможам веќе вакав...Сакам полека но сигурно да се сменам :/
    Извинете на рефератов,секое ваше мислење ќе ми биде од корист. :)
     
  14. EdNo DeTe

    EdNo DeTe Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски

    Според мене проблемот не е во тебе туку со нив тие не го ценат доброто.Јас не се многу замарам со тоа кој се добро однесува со мене и јас сум добра цени ги тие што те ценат а за другите не се секирај, денес сите се од корист.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Знам како ти е, и јас на твои години размислував исто. Сега имам 18 и право да ти кажам, не е многу поарно. Имаш со кого да направиш муабет, но не е тоа тоа. Сите сакаме да излеземе некаде, да имаме друштво, да има некој со кој ќе си поседиме, ќе се позезаме. Дечко има, љубов слабо, кога од негова, но се почесто од твоја страна. Но, тоа така би гледала кога би ги имала тие 16 години и кога би си фантазирала за идила во главата. Не велам дека не треба да фантазираш, дека не треба да се стремиш, напротив, мора, тоа те прави она што си, тоа те прави жив, исполнет, кога со фантазии, кога со исполнета фантазија. Сакам да ти препорачам дека не треба да го судиш животот, магијата не е во случувањата, магијата е во тоа да го почувствуваш животот, тоа ги прави случувањата. Почувствувај ја енергијата, види други, поразлични начини на живот, играј се со деца, зборувај со стари луѓе, тие се искрени. Потоа види кој од оние што ги познаваш е фин со тебе, а со оние кои ќе ги запознаеш, запази кои се груби и арогантни со тебе. И со тие и со тие, однесувај се фино, на арогантните не враќај им, не гледај ги налутено, само биди добра. Ќе видиш дека оние лошите ќе ценат што си добра со нив, а со оние кои веќе ги познаваш, само ќе ги продлабочиш односите. Не размислувај на тоа да си фатиш дечко, врските до средно само повредуваат, нема шанси да успеат, животот е премногу бурен денес. Но, не пркоси, не лути се на животот, сети се, ова го одбраа постарите генерации зошто поранешниот живот не им одговарал, значи и ти ќе си го сторела тоа. Затоа, дај си ја и ти таа слобода. Договори се по фб, излези со некој без никој да знае, а потоа откачи го, таквите од фб не се за врска, ќе најде тој и друга така по фб за тајно. Види кои се добри личности околу тебе, држи се со нив, барем 2 ги има сигурно. Помагај, оди во црква, купи си каменче за амајлија, изгравирај со ноженце, шестар или пак со коректор нацртај симбол кој те разведрува. Уживај додека си сама, гледај филмови, пробај да пишуваш за твоите фантазии, стај се во друга кожа, па пишувај за таа друга личност која што всушност си ти, тоа многу помага.
    Ни јас не бев ваква, но едно дете од домот за сираци ме промени. Детето е пример за тоа како можеш само ти самиот да си го направиш животот убав. Најчесто по фб или тел, а понекогаш и во живо ги има предомислено многумина да се самоубијат и слично. И до ден денес сме најдобри другари. Значи, има многу добри луѓе исто така, насекаде се.
     
    На blady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Човек не треба само да помисли дека сака да се промени, туку треба од душа да го посакува тоа за да го оствари. Со таа промена следува менување на стилот, размислувањето, менување на старите лоши навики, едноставно тоа му доаѓа како карактерно да си го менуваш идентитетот. Треба трпение и труд, насочување на енергијата кон работи кои вродуваат позитивна аура околу самите нас. Правење некарактеристични активности кои не сме ги применувале до сега исто сметам дека би биле од помош.
     
  17. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Ехее, сите сме биле вакви од старт, само шт некои стануваат злобни, некои пропаѓаат, а некои се снаоѓаат. Води се по она "Ако некој те прави тажен или те нервира, едноставно исфрли го од својот живот", а потоа и по другоно "Од оние што не можеш да имаш вистинско пријателство, види дали имаш корист, ако немаш, отфрли ги". Но, за второто ти треба прво да препознаеш со кои можеш да бидеш другар, па за понатамошното. Почни одовде ^_^
     
  18. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека и мене ќе може да ми се даде некој добар совет :rofl:
    Значи како што забалежувате, јас сум од оние што радо даваат совети, знаат што совет треба да дадат, но за себе не знаат, врска си немаат. Порано имав многу повеќе мани, бев фалбаџика, депресивна, нарцисоидна, поради психички трауми преплашлива, па по малку и забегана како помала, но секогаш, за моја среќа, имаше некој кој е до мене и кој ми даваше поддршка. Поради тоа ги немам овие мани, за паметна паметна сум, не е можно некој да ме надитри или излаже за разлика до пред неколку години кога бев за други луѓе лесна за манипулирање и само во школо најпаметна, а онака најсмотана или пак нарцисоидна фалбаџика, сега само го користам мозокот, дури ни во очи не може да ми се види нешто што стварно би сакала да сокријам. Не сум нешто посебно, но убава сум колку за да го имам оној што ќе го посакам, ни срамежлива не сум, ама имам чуден страв.
    Многу се плашам околу зближувањето со луѓето. Имам една најблиска другарка, 4 години сме заедно бфф, предобра личност е, не можеме една без друга. Таа е лесна за залажување и манипулирање, но и за други работи колкупати кога нема да знае како да напраи, јас сум тука да ја упатам, а таа кај мене е зошто многу лесно се зближува со луѓето. Често праиме кога сакаме да прошириме друштво, јас гледам кои се како што треба, ги анализирам, а таа се зближува. Но, зошто и јас да не се зближувам? Таа ми вика, сите те знаат, сите те сакаат (како другарка), те почитува секој, никој не смее ништо да ти рече, леле овој кога ти прокоментира како му ја залепи реченицата, го затна леле како го затна, па како тогаш не можеш да се зближиш со некој, сите ти се тука, ти со сите се дружиш.
    Е да, јас со сите се дружам, но сакам да сум поблиска со нив, да сметам на нив, прво на мене да им текне кога ќе им затреба нешто, само така може да се оформи друштво, треба сите да сме си постојано заедно за викенди, да сме блиски. А не вака, излегуваме на исто место, си знаеме, па тек таму праиме муабет и само таму праиме муабет. Од септември најверојатно ќе започнам да учам во Штип, другарка ми нема пари за оваа година, па прво ќе работи. Таму, како ќе се зближам со луѓето, страв ме фаќа, некако си помислувам дека ќе речат оваа замара, не е моја лига, нема со кој да се дружи... Останато ми е тоа како мисла поради преселбата на 9 години, се преселив во населба кадешто сфатив дека Албанците се повеќе луѓе од Македонците, во моето одделение никој со никого не се дружеше, се беа две по две, само се сплеткараа, се прераспоредуваа за да се оговараат. Тоа време бев дури и на психолог, но тоа беше некој скиентологист, ме плашеа тие луѓе и нивниот начин на размислување, не ми се допаѓаше едноставно, така што не ми се помогна, а за оваков психолог немав пари... И не го оттргнав тој страв :shake:
    Затоа, ако може да ми дадете некои совети, примери, начини како да се здружам со оние кои веќе ги знам и понекогаш излегувам со нив.