1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се пронајдиме себе си?!

Дискусија во 'Психологија' започната од Squirrel, 8 декември 2011.

  1. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    433
    Темава ја отворам и ја наменувам за сите, да ги наречам тинјџери, со цел да разговараме како да се пронајдеме себе си во иднина. Што сакаме, а што можеме да бидиме?

    Незнам за вас,ама мене некако се ми е испомешано. Од малечка сакав и сонував да бидам професорка по математика, но никогаш не посветував внимание и не решавав задачи барем по 1 сат во денот, од друга страна и пишувањето ми оди, па размислувам во исднина да напишам книга, ама некако се ме буни, А ќе успеам ли, ќе можам ли???
    Од друга страна немањето како дете ме тера да се борам за во иднина да имам поголема економска независнот...

    Какви се вашите соништа и идеи? Што ве попречува на патот?

    Да напоменам дека се добредојдени советите од оние кои ги исполниле своите соништа, но и од оние кои се на своите работни места без воља...
     
  2. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Едно големо браво за темава ! :clap:
    Јас како тинејџер незнам ни што сакам ни што можам да бидам. ;(
    Учам во прилично слабо училиште (средно) каде оценките се добиваат туку така со малку вложен труд или на стара слава ,и да голем дел прдонесува и дисциплината.И да ми се сите 5-ки како лани јас пак незнам колку што реално треба да знам за таа година..
    Се си викам ќе учам ќе ми треба,ама кога ќе видам лабаво дека со малку труд можам да имам добри оцени не се ни потрудувам за нешто повеќе,всушност битна ми е оценката,па да јас учам за оценка не за знаење.А не треба така ...
    Верувајте,колку сум само НЕПИСМЕНА :$ :$ :$ !!
    Имам огромна дупка во знаењето! И да сега ми е тешко ,од каде да почнам ?
    Еве се зафатив малку со читање на книги колку да си го збогатам зборовниот фонд и да бидам способна да напишам еднаш барем еден добар текст за читање..Ама и тоа почнав да го запоставувам.. :worried: добро ај во тоа можам да се поправам,но што со останатото ?
    Сакав да се запишам на курс по англиски јазик,сега имам можности но цело полугодие доцнам,вреди ли да се причека до следниот 1 септември или не ? што побрзо толку подобро ?
    Имам одено на курс некаде до 4 степен сум стигнала,ама верувајте граматика сум дупка а и зборовите сум ги испозаборавила..Пред некој час по англиски професорката прашува како е езеро на англиски,мене на врв на јазик ми е ама никако да ми текне од што не учам англиски,и во школо тоа што учиме демек не е ништо со тоа ништо не правам..И сега што ми предлагате околу англискиов,да причекам следниот 1 Септември или да почнам од второ полугодие? и сакам да почнам од подготвителен стпен се од почеток! Си реков ако ништо друго,ако сум закаснила со школово да научам барем јазик,англискиот и онака е меѓународен јазик ќе ми треба и во иднина можам да бидам професорка по англиски на курс :wasntme: ?
    Јас си забегав со моиве проблеми се надевам горе доле се придржив до темава..
    И да, за се си викам не бе јас неможам еве на пр за англски да научам перфектно,а зошто па да не можам ?
    Незнам што е тоа во мене што ми вели дека нема да успеам,на што и да мислам пак тоа чувство се јавува во мене дека нема да успеам! :@ Дали тоа е дел од потсвеста дали јас некако сум го вметнала то во мозокот па сеа ај нема да успеам да не ни пробувам ? или тоа е само дело на мрзата ?
    Знам додека не пробам нема да знам дали можам или не..Во една книга прочитав ТИ МОЖЕШ ДА БИДЕШ СЕ ШТО САКАШ(Моќта на потсвеста-Џозеф Марфи)..Малку ме охрабри па еве се потрудувам..
     
  3. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Стварно незнам ни самата веќе....
    Јас како тинејџерка сум многу збунета...Во еден момент сакам едно,а во друг друго :?:
    Има ли некој кој ја разбира таа теорија на тинејџери?
    Мене училиштето ми оди супер....но едноставно не се чуствувам исполнета.
    Мислам пробувам многу работи во исто време и веќе ми е скиснето од се!
    Се пронајдов себеси барем малку во пишувањето а попосле и во модата....
    Ама некои работи се само пролазни... :!:
    Инаку sm.real надобро уште сега да се запишеш ан курс по англиски.Ти препорачувам самата да се активираш.Да гледаш филмови на англиски,да слушаш музика на англиски....Има и многу вежби на интернер за англискиот..И не се секирај за граматиката,мене многу добро ми оди преводот но секогаш ја бркам граматиката.
    Се со тек на времето :)
     
  4. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Јас кога бев мала, единствено нешто што посакував да бидам беше балерина. Се сеќавам, одев кај баба ми и кај дедо ми со столче, ќе се качам на столчето и ќе изведувам балерински чекори(на столчето). :lol: Продолжив да го исполнувам мојот сон, се запишав на балет, бев една од најдобрите, родителите беа многу горди на мене и планот беше кога ќе одам во Скопје на факултет да продолжам таму да вежбам балет. Но се откажав. Без причина, така еден ден ми скисна и се откажав. Јазиците ми одат многу, па до лани сакав да се запишам на филолошки факултет, но кога размислиш подобро што ќе работиш со тоа? Професор? Ау никако! :x И така и таа идеа пропадна. Па сега сакам да бидам детектив. :inlove: Заљубена сум во сите детективи и постојано гледам такви филмови. Но тоа е многу учење. Јас сум добра ученичка и можам да учам, но тие предмети што се учат на тој факултет ги мразам. :envy: Исто така и информатиката ми оди, па можеби ќе се запишам на информатика. Важно тоа што сакам да бидам, е да го бранам народот од неправда, да ги ставам во затвор дилерите и сите луѓе што не го почитуваат законот! Па сега ќе видиме што ќе биде .. :)
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Според тоа што го кажуваш можеш да бидеш адвокат :!: Ако не полицајка :)
     
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Па зошто да не може и детектив ? И нивната работа е слична како на полицајците. Како и да е, нешто од тие 3 работи да е. :)
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Немора да значи дека би била само професор ;) Со јазици имаш цела палета на професии кои можеш да ги работиш или работни места кои можат баш тие јазици да ти ги отворат.

    Ја на пр сум на филолошки, и да би започнала уште еден факс исто би бил со јазици. И сигурно нема да работам како професор . ;) Ја слично ко тебе, ама останав цврста на ставот и запишав јазици и све што ке работам ке биде превод ништо друго !
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Да, но тетка ми се запиша на јазици со цел да стане преведувач и еве ја сега е наставничка. :worried:
    Па можеби и јас ќе се запишам на јазици, кој знае. Имам уште цела година за размислување и кој знае уште какви се идеи ќе ми истекнат. :lol:
     
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе пази, од една страна кој како се снајде, плус тоа за жал општеството во Мкд ни е такво да и не секад работиме по струка ... Алии сепак стојам цврсто на тоа дека Јазиците и те како ти отвараат врати за многу можности и професии :)
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Така е, снаџи се па живи. :D Додека веруваш во себе и во она што го сакаш имаш можност да успееш. :)
     
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Од срце би ве посоветувала нешто друго. Пронајдете се себеси, што сака и поседува вашата душа.
    Не настојувам да кажам нешто сосем друго, туку ве советувам да го пронајдете човекот во себе, а кога ќе го пронајдете, верувајте ќе го пронајдете и патот во својот живот и вашата идна професија.
    Анлизирајте ја својата душа:
    Колку таа умее да има трпение?
    Колку таа знае да сака вистински?
    Колкава е нејзината љубов, не само кон блиските, туку воопшто кон сите?
    Колку знае да прости?
    Дали е егоистична, одмаздољубива, ... ?
    Од сите овие параметри, ќе зависи и вашата иднина. Зашто ако не започнете да ги искорените од себе сите негативни страсти од срцето, вистински ќе биде во прашење вашиот понатамошен избор и секогаш во себе ќе си го поставувате познатото прашање: Зошто така одлучив?
    Сеуште имате избор, сеуште сте на тој пат, но никогаш не го занемарувајте и се она што ви е во блиската околина. Работата на родителите, она што го гледате, бидете секогаш подготвени да научите се од нив.

    Еден човек рекол вака:
    Ништо не е случајно што сме слушнале, виделе, искусиле од животот. Се има свое значење. Ако денес тоа не ни значи ништо, утре ќе се соочиме со истиот проблем и ќе си спомнеме за тоа. Од се што слушате, пронаоѓајте ја позитивна поука.
    Не само од свое искуство, туку од севкупното. Вистински се има свое значење. Понекогаш се навраќам на минатото и си велам во себе: Добро е што и покрај толку тажни моменти, научив доста. Навистина и ден денес тие спомени се тажни, но сум благодарна што тие моменти направиле од мене посилна личност. Знам и соочувствувам со некој кој ќе го каже истото. Соочувствувам со неговата болка и се обидувам да помогнам колку што ми се силите. Можеби ми било тешко што физички сум работела (како дете), но сега сум благодарана на настојувањето на моите родители, најмногу што ме научиле да бидам трудољубива и да знам да работам некои работи.
    Затоа мили мои, не се штедете себе си. Додека седите дома и гледате телевизија или спиете, научете нешто. Учете од постарите, зашто иако можеби ние денес сме во некои работи поискусни и од нив, но нивното искуство на душата, се она што поминале за тие години, тоа ние не сме го поминале и не го знаеме. Учете ги и физичките работи. Пронајдете ја и другата страна во себе. Никогаш не оставајте да учите само едно нешто, секогаш имајте алтернатива. Секоја од нас има безброј таланти (таленти), а ние искрено не ги користиме. Ако видиш дека имаш трпение во секојдневниот живот, започни да се занимаваш со ракоделие. Навистина овде сретнав многу такви девојки. Некои изработуваат накит, некои шијат на машина, некои имаат љубов кон кујната.... Искористете го и тоа. Не оставајте го тој талант скриен во себе, туку разможете го. Тој талант еден ден ќе ви донесе безброј добра за вас и блиските, само бидете трпеливи за тоа.

    Со еден збор, прво бидете во правата смисла луѓе. Направете од себе човек кој знае да љуби, да прости, да помогне некому и да не бара ништо за возврат. Кога ќе ја пронајдете најголемата добродетел на душата, ете тогаш ќе ви се отворат очите да ја видите вашата идна професија.
    Се надевам дека ќе го пронајдете тоа во себе :) .
     
    На Bruinete, WildCherry, Srekicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Не е до пронаоѓањето, до создавањето и изградувањето на себеси е.
     
    На Lunadeeztac, eliesaab, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Те сваќам Сквирел. :) И јас сум тинејџерка и сум во тој период на самооткривање, запознавање на себе си, тонам во милион прашања на кои изгледа дека никако не можам да им најдам одговор.. Се прашувам што е целта на животот и бескрајно филозофирам :D , дури си се чудам сама на себе зашто сум ваква.
    Искрено, мислам дека ни возрасните не се пронашле целосно кои се и што се, што навистина сакаат од животот ама со текот на времето се помириле со тоа.. А ние сме млади и живи, сеуште трагаме по тој одговор. :) Инаку, јас мислам дека сум на вистинскиот пат кон мојата цел - кон она што навистина сакам да бидам. Ете, веќе година и нешто го сакам боксот и имам големи планови за него. Сакам да се преселам од Македонијава, да одам некаде во странство каде многу повеќе ќе просперирам со боксот и ќе можам да станам подобра и попозната. Сакам најпрво да станам аматерски боксер, а потоа ако успеам и професионален.. едноставно да се издржувам од боксот, што во Македонија тоа е практички невозможно. Затоа напоменав дека сакам да се преселам некаде каде што ќе имам леб од тоа.

    Секако имам и други интереси, мотиви и цели во животот освен боксот но во моментов, тие не изгледаат толку важни како него.. Како алтернатива, ја сакам медицината, поточно различните подвидови на психологијата и психијатријата, ја сакам и биологијата, биохемијата, хемијата, анатомијата, физиологијата.. Ама и од овие мои интереси тешко да станам нешто во оваа наша држава. Не е дека ја омаловажувам ама искрено тешко е да се најде работа од ваков тип овде. Ми одат и јазиците, веќе долго време одам на курс по англиски ама едноставно тоа не е она што го сакам. Т.е сакам да го изучувам турскиот и рускиот јазик и можеби да бидам преведувач ама не би можела да бидам постојано затворена и цело време да преведувам и преведувам.. Ќе ме зафати монотонија и толку. :worried:
    Веќе не сум она мало девојче што сонуваше да стане пејачка иако навистина добро пеев ама го запоставив тоа и веќе од тој глас нема ништо.. Потоа, еден период сакав да пишувам.. и сеуште сакам, ама и тоа го запоставив, немам ни време, ни инспирација и мотив за пишување. Порано пишував многу подобро од сега, сега се што ќе напишам ми се чини недовршено и неисполнето. А и знам дека никогаш не би можела да напишам цела книга или пак стихозбирка, а и кој би го ценел тоа во ова време.
    Затоа, сепак ќе си се задржам на една од моите најголеми љубови - а тоа е боксот. :inlove:
     
    На Squirrel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Да се спознаеш себе си на прв поглед изгледа како доста лесна умешност, но во суштина толку многу знае да се искомплицира кога се спроведува во пракса. Ние сме збир од она што сме биле и она што допрва ќе бидеме, распоредени на една временска линија која ни овозможува полесно да ги поминеме искуствата на тој пат.

    Повеќето од нас имаат периодично сфаќање за животот.Тоа значи дека се изделуваме себе си како дете кое оди на училиште, потоа малку поголемо дете кое уште оди на училиште, возрасна личност која е вработена и на крај постара личност која најверојатно е во пензија. А помеѓу нив се наоѓаат оние помали периоди кога сме среќни бидејќи ни е добро во животот и малку помалку среќни, бидејќи сметаме дека ни оди малку полошо во животот, отколку што требало. И тоа е тоа, живот сочинет од повеќе периодични елементи.

    Многу е поедноставно да се спознаеме себе си кога ќе ги тргнеме сите предрасуди. А системот е таков да не можеме да станеме она што веќе не сме. Фокусот фрлен врз себе се претвара во режирање филм за она што ние би требале да бидеме. И така цело време трчаме низ животот за да го направиме она што би не довело до точката каде ќе бидеме среќни.
     
    На Bescheiden и blueeparadise им се допаѓа ова.
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    28.742
    Пол:
    Женски
    И јас како тинејџерка се доведувам себеси до ова прашање.Во осмо одделение бев решена да се запишам во средно медицинско, од мала пекав дека сакам медицина, но немав подршка од моите родители, сметаа дека ќе ми биде тешко и дека многу години се учи и дека реално кај нас не се ценело.Често им кажував дека го сакам тоа и дека ќе го учам бидејќи имам желба ама ете попусто, втора година сум и веќе ја изгубив таа желба.Треба да одлучам на кој смер ќе одам не дека има некое големо значење, ама не можам да се пронајдам никаде, ниту пак да се одлучам.Добро ми одат јазици, ги сакам и ги учам ама не би сакала да ги учам за да работам нешто поврзано со нив, да предавам или слично.Сакам да учам археологија, ама ете повторно настапуваат моите, реално кај нас за тоа немало работа или нешто слично.И сега моментално не знам, воопшто не знам каде понатака и која цел да ја имам во животот и каде ќе се пронајдам себе си.Сакам да пишувам, сакам да фотографирам, имам креативност но не секогаш имам инспирација.Не знам со тек на време претпоставувам ќе се пронајдам некаде, иако навидум изгледа тешко, но за се има решение и сите имаме одредена цел.
     
  16. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Најтежок пат по кој тргнува еден човек е патот кој го води кон самиот себе.

    Оваа реченица предизвикува болка колку е вистинита.
    Ништо во животот не лесно како што изгледа,па ни ова.
    Често пати секој од нас мисли дека кога би бил поинаков од тоа што е се би било полесно,но не сме во право зошто тогаш нема да бидете ЈАС.
    Зацртајте цели во животот без разлика колку и да изгледаат бесмислени во моментот сепак тоа е она што вие го сакате,со текот на времето можеби малку ќе се изменат но суштината ќе остане иста.
    Застанете пред огледало и на личноста што ја гледате раскажете го сето она што мислите дека на глас никогаш нема да го изговорите,личноста која ја гледате нема да ве исмее нема да каже дека тоа се ГЛУПОСТИ и ќе ве подржи во се.
    Со тоа ќе стекнете голема самодоверба,ќе верувате во себе.
    А КОГА ВЕРУВАШ ВО СЕБЕ ЌЕ СЕ ПРОНАЈДЕШ.
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Што знам, ама пронаоѓање професија што сме посакувале, или што на крај излезе да бидеме на работно поле, јас ни најмалку не го сметам за пронаоѓање на себе си. Овој свет се врти и функционира со кажи го речи, ај да нагаѓам, најверојатно некаде 90% ако не и повеќе од луѓето кои не го работат тоа што замислувале од мали, па и во тинејџерските години, туку како се скроило така дошло. Што да речеме дека еве негламурозната професија на гробар, дали е нешто за кое некој размислувал како мал дека во тоа ќе се пронајде? Не верувам. Ама ако нема гробар ќе се распаѓаме на улица и ќе не истепа колера.

    Чим ја земав оваа професија, еве да продолжам. Ако некому дневната работа му е нешто што не е баш така посакувачко како доктор, адвокат, глумец или пејач, но ако овој човек знае што човек е, тогаш веќе пронашол многу од себе си. Не се будиме еден ден и дознаеме аха еве не, се пронајдовме. Секој ден можеме да се изненадиме со нешто во нас за кое не сме знаеле дека го имаме, како на пример чудо од трпение, глад за адреналин или желба да се запишеме во госпел хор...било што. Тоа е она што не прави тоа што сме, а не статусот и името на работното место.
    Е сега, кога некој прашаш што работат, и тие наместо да ти речат јас сум домаќин/ка ти речат јас сум доместичен инжинер, овие луѓе имаат длабоко за копање за да се пронајдат.

    Ако прашањето беше како да пронајдеме што сакаме да работиме во иднина, ако некој се предомислува и двоуми за тоа, не е ништо страшно, оти голема е веројатноста дека и тој што знае што сака да работи, и тој што се нема решено најреално ќе влезе во оној кош на 90% луѓе, ќе работи со некоја воља или не, но за плата секој се сложува да поработи. Сепак ако не ни е доволно, ни треба нешто повеќе, да се има хоби е секогаш опција за да ги дополни нашите интереси, амбиции и желби.
     
  18. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    со анализа на самите, со учење за самите себе, со изградување на цврсти ставови се разбира дека е и потребно доста време за да се постигне сето тоа
     
  19. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    25
    Јас мислам дека не поседувам некои таленти,поточно никакви таленти или сеуште не сум ги открила.Незнам.
    Сега сум прва година, економско, правен смер.Кога бев мала сакав да станам пејачка но што да правам кога Господ ми дал само желба :D. Па потоа негде кај 7 одд. се заинтересирав за правдата.И сега многу ми е интересно тоа што го учам.По природа сум амбициозна личност,па затоа верувам дека еден ден ќе станам почитувана судија,а ако издржам до тогаш (бидејќи има многу учење за оваа професија) сакам да станам претседател на врховен суд. :D
    Освен што сакам да успеам во животот поради мене,сакам да ги направам мама и тато горди на мене.Бидејќи и сега се горди што секоја година ја завршувам со 5,00 просек,но ветувам дека ќе ги направам уште погорди.
    Сега ние сме тинејџери и се менуваме како што дува ветрот,после година,две сигурно ќе знаемо што сакаме понатаму во животот.
     
  20. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Може нема да се пронајдеме, ама можеме да креираме некоја супер личност, во било кое време. :D
    Јас искрено, никогаш не сум имала дилеми околу тоа што сакам да бидам.. веројатно некоја професија поврзана со јазици. Тоа од секогаш сум го сакала и не планирам да се откажам од истото заради некој моементален интерес. :D
    Но професијата е само еден сегмент од животот, каде се семејството, здравјето, љубовта, среќата, пријателите? Ќе мора да јадеме уште многу корки леб додека да се пронајдеме! Засега, да го живееме моментот..со голема доза на уживање :)