Форумџика на годината 2020

Како да се спасам од црната коса?

Дискусија во 'Коса' започната од Rock-a-Fella, 14 април 2011.

  1. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Здраво девојки, ми треба вашата помош!
    Пред 6 месеци, несакајќи ја оставив фарбата подолго време, и резултатот беше-црна коса -.-
    Оттогаш се трудам да ја осветлам, ама никако, не сакам бланш или прамени, не сакам да ја уништам косата, зошто веке е многу слаба -.-
    Предлози?
    Фала однапред ^_^
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.903
    Пол:
    Женски
    Купи деколорант, ако ти е подолга косата земај 2-3 со хидроген од Кенне 9%.
    После плакнењето стави масло од кантарион да ти ја спаси косата да не ти биде многу сува. Е после тоа ставаш посветла фарба зависи каква боја сакаш.
    Распрашај се таму кадешто купуваш подетално ќе ти објаснат. :) И јас имам црна коса фарбана, и сакам да ја осветлам, ова ми е совет од другарка таа така си ја осветли косата.
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    Лакримоса, го купи деколорантот? 100 ден е навистина? :?:
     
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.903
    Пол:
    Женски
    Ја прашав другарка ми , и ми рече дека имало за 170 денари.
    А таа првата ми кажа дека имало на кене за 100 денари. :?:
    Ама ќе се распрашам убаво јас по парфимерииве и дрогерииве. :)
    Шо и ти сакаш да се ни се придружиш во осветлувањето? :D
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам одамна сакам да ја осветлам, ама постојано се двоумам, сега веќе си ја вратив мојата боја (до некаде), не ја фарбам веќе една година, па ми треба да го осветлам, т.е да ми фати убаво фарбата и на тој дел кој не ми е вратен сеуште, долниот дел од косата. :wasntme:
     
  6. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Црната коса е супер...Ама тешко се вади црна фарба.Јас бев црна и несакав да ја оштетувам косата со бланш,па затоа се решив да ја шишам и си ја пуштив природната боја на косата.Тоа е долг процес... :)
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. aliciakeys3

    aliciakeys3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    21
    Јас имав црна па ја осветлив со бланш,неколку години бев светло кафеава,и сега пак се вратив на црна...и сватив дека мн ми е поздрава косата откако сум црна,имам слабо влакно и мн ми беа суви врвовите кога бев светла...а ако пак ми дојде желба да ја осветлам ќе ве барам да ми кажете што сте напраиле :rofl: :*
     
  8. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.497
    Одмивање на фарба е постапка која се прави во фризерски салон. Не е со бланш туку пак некоја специјална смеса. Зависи колку сакате да ја осветлите косата ама ако е за неколку нијанси, од црна до кафена, се постига и не се гори косата како со бланш.
    Друга опција е да се шатира косата со ситни прамени па после да се стави прелив од некоја кафеава нијанса. На овој начин не е осветлена (изгорена) целата коса, прамените не се очигледни а севкупниот впечаток е дека косата е посветла боја.
     
    На LinaMala и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  9. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    5.270
    Пол:
    Женски
    И јас,и јас сакам да се придружам во осветлувањето :lol: само чекам да ми помине апсолвентската.ЈАс до сега неколку пати ја имам фарбано црна,па осветлувано со бланш,ама работата е во тоа што после две години ми требаат да ја опоравам косата,за на крај пак да ми текне црна да се фарбам :D ајде која прва ќе купи деколорант нека пише колку како :*
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Ти се восхитувам на трпението, јас тоа не можам да си го дозволам, бидејќи имам бели влакна (тоа е и причината зошто употребувам фарби -.-).
     
  11. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    5.270
    Пол:
    Женски
    Девојки,некоја проба да ја осветли косата?
     
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.903
    Пол:
    Женски
    Проверив има во Струга деколорант, 170 денари е. Мене ќе ми требаат 3. :lol:
    Е сега, сеуште се мислам дали да ја сменам бојата, али ќе се решам кај и да е.
    Побарајте сигурно има во повеќето парфимерии.
     
  13. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    5.270
    Пол:
    Женски
    Колку ти е долга косата?Да знам отприлика колку би ми требале мене
     
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.903
    Пол:
    Женски
    Пааа, не знам како да ти објаснам. До грб така нешто. :D Али е и долга и бујата. Обавезно ќе ти требаат 2 или 3 и вака и онака. До кај ти е тебе?
     
  15. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    5.270
    Пол:
    Женски
    fajlovi/image/thumb/18251
    еве ја мојата,средна густина,немам некоја густа коса
     
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    58.920
    Пол:
    Женски
    ^Јас на малку пократка коса ставав по два деколоранта,од фарбана црна првиот пат кога ќе ставиш ќе биде портокалова боја.Јас сакав да ја сменам во плава па ставив уште два пати додека ја осветлив доволно за да можам плава да ја офарбам,а и ставав на 10тина дена да не ја оштетам многу косата си се шетав со капа околу 3 недели :lol:
    А го користев овој деколорант
    [​IMG]
     
  17. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    5.270
    Пол:
    Женски
    А кажи ми се оштетува премногу?Како со бланш или сепак не е до толку?
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    58.920
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто како бланш,мене не ми ја оштети косата а три пати ставив во рок на 2 недели,малку така на краевите ми беше исушена ама ништо страшно тој дел ми го скрати фризерката околу 2-3см.
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    значи ти си користела L'Oreal...
    Колку чинеше? И дали има врска ако користиш на пр. од Keune?
     
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    58.920
    Пол:
    Женски
    Јас живеам во Мелбурн така да таму го купив деколорантот а разликата помеѓу фарбата и деколорантот беше мала на пр фарбата 12долари а деколорантот 15долари,последниве неколку месеци сум во МК немам видено тука деколорант а и од квалитетот на фарбите воопшто не сум задоволна.
    Другарка ми тука во Ск заедно со сестра и се решија да станаат блондинки од црни фарбани,сестра и отиде на фризер даде 200евра и толку и ја оштети косата што мораше пола да ја ишиша.Другарка ми по моја препорака си купи деколорант од Солун го платила 8евра стави два пати и сега е блондинка а со неоштетена коса,за разлика од сестра и,и плус ја чинеше далеку поевтино од сестра и.
    А за фирмата мислам дека не е битно и кеуне е позната фирма не е некоја ш категорија фирма.