Баш вчера ми текна на тебе и си реков што направи со косата ама ете си ја осветлила,како е многу е изгорена или не?и што направи сама се фарбаше или?
Убаво што мислиш на мене. Оштетена е, и тоа многу, особено врвовите, ама не ми стигна деколорантот, верувај за маалце не стигна, денес купив деколорант, хидроген, масло од кантарион, сега ќе ме среди мајка ми, ноќеска косата во кантарион, после утре ќе ја измијам, ќе ја плакнам со чај од коприва, после да чекам да замрси косата, па ќе ја фарбам, средно плава одбрав, ако е пресветла, лесно-ќе ја плакнам со чај од листови од орев, и ќе ми биде малку потемна. А треба и шишање, ама не можам сега, пред 2 недели се шишав, what was I thinking?!
Имам природно ептен ептен црна коса,досега не сум се фарбала воопшто,а имам желба да бидам плава или кремаста со плави прамени но велат дека тешко ќе ми фати боја мојата коса,бидејки навистина е ептен ептен црна..Вие што мислите :/ ?!
Мислам дека ќе ти фати, мојата не е баш црна, ама доста е темна нијанса, и мене ми фати, се фарбав со средно плава нијанса, супер сум си, така да, слободно фарбај се.
Со Keune фарба нормално дека одговара најдобро Keune хидроген. И со секоја фарба најдобро одговара хидроген од истата линија. Јас искрено со мојава руса коса сум забележала разлика кога сум се фарбала со Keune фарба и Keune хидроген и Keune фарба и хидроген на Илирија, истопроцентни. Со хидрогенот и фарбата на Keune сум добила посакувана боја, а со различниот хидроген добив некоја ’рѓа боја во израстокот.
^За деколорантот кажав. А за фарба, како што ти кажуваш така било. А мислиш би имало разлика нешто ако наредниот пат кога ќе ја осветлам косата со деколорант, ќе употребам хидроген од Кене, или можеби тоа важи само за фарби?
ако нема во веро амин на друго место а да одеш на фризер и да не експериментираш подобро ќе ти биди според мене
Марина јас еднаш бев,ама незнам колку беше,не памтам,дали околу 800 ден. така нешто.САлонот е над Шик комерц на Цар Самуил ми се чини беше улицата.Едни млади деца работеа,по скали нагоре се качуваше во салонот.Ако сакаш провери таму и прашај си прво и за цена.После тоа тие ми ставија нивна боја,каква што сакаш ставаат.
Деколораторот колку што сум слушала од фризерки е многу штетен, тој е на исто ниво како хидрогенот. Воедно и самата постапка на менување на црната боја на фризер е штетна. Ако немате време и трпение 1 година (барем толку) да чекате да ја растите вашата коса, и да не ја фарбате...е друга работа... Ова помага за тие кои се фарбале прв пат црни (а, потоа сакаат да ја симнат црната боја) (пс. не знам дали помага кај долгорочно фарбани, ама може да се проба): Се става исклучиво домашна маска за коса, најдобро е маслиново масло со 1-2 жолчки, и да стои на коса минимум 3 часа, а потоа си ја миете најнормално косата. Црната боја паѓа и доаѓа темно кафеава боја. Ова важи и за другите бои на фарби. Го прочитав многу одамна во странско списание, и им има помогнато на многу девојки кои брзо се `предумале` околу бојата.
Штетен е да,што и да и правиш на косата со бои,хидроген,деколоратор е штетно.Ама кога ми беше косата пола црна пола кафеава немав поќе живци да ја чекам,незнаеш како е И затоа тоа го правев.Кога веќе се направила со боја и се,тоа е.Потенка ќе се направи косата,ама ќе си внимава за друг пат.Потоа можи слободно да ја пушти да и расти нејзината коса и да и се обнови.
Една девојка во мојата населба имаше црна коса неколку години, но пред 2-3 недели ја видов со нејзината природна боја на коса. Ми рече дека ја миела со прашок за перење алишта и дека и паднала по неколку миења. Не сум испробала, но и не сакам да експериментирам со тоа зошто помислив и на тоа дека секоја кожа е различна па може кај мене да има негативни последици )
^Тоа, верувам дека МНООООГУ ќе ја оштети косата, многу посува ќе биде едно време, можно е и првут да имаш, па плус, после тоа, косата многу ќе се мрси. Јас ионака поминав низ таа фаза (освен првутот), но користив рицинусово масло, и косата можам слободно да не ја мијам 4 дена.