1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се справам со се?

Дискусија во 'Брак' започната од Ena-mena, 23 мај 2013.

  1. Ena-mena

    Ena-mena Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Здраво, имам еден проблем и тоа голем..... Епа вака да почнам : Јас и мојот сопруг живееме сами со нашата ќеркичка, а куќата на неговите родители е веднаш до наашата. Иако живееме сами мир немам :( , неговите се деноноќно кај мене, посебно мајка му и баба му, се паркираат кај мене од 9 сабајле и цел ден се тука. Сега се научиле јадењето што го готват го носат кај мене , со изговор заедно да јадеме, а јас машина за садови ли сум, кај цел ден со детето па и со нив. Немам никаква приватност со мажот, каде и да тргнам со него, дали во парк со малата или на било кое место некој од нив обавезно се става со нас без да праша дали може или не. Исто така кога имам гости , не им текнува да станат, без никаков осет, а таа па баба му по цел ден ме критикува, кај по цели денови кафиња и варам и јадење уште и критики, срамота! Освен тоа , внатре упаѓаат како терористи ни за тропнување знаат ни за ѕвонче, апсолутно за ништо. Кога бевме у финансиска криза ни помогнаа, не викам не, но има денови коа ке се возврати таа помош, незначи дека заради тоа треба да бидам слуга и треба да ќутам цел живот. Шо не идат кај другиот син така ( и они живеат веднаш до нашата куќа), таму се пазат од се, ако имаат гости не им се ставаат, секаде идат без да полагаат сметки, буквално се спротивно од мојов проблем. На маж ми му зборам , ама он вика му е непријатно да им рече. Ве молам дајте некој совет зошто ке пукнам веке :(
     
    На k.r.i.s.t.i му/ѝ се допаѓа ова.
  2. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Ена-мена јас сепак мислам дека решението на овој проблем е во рацете на маж ти. Он може да ја реши ситуацијата,но само ако сака. Нема тука згодно-незгодно.Немора да се кара, ќе им каже на тивок начин дека во секој момент не сте расположени за гости. Нека им каже дека си уморна, дека немаш доволно време за детенцето,за него, дека сакате сами да погледнете некој филм, да прошетате. Они можат да доаѓаат кај вас, но со најава а не така кога ќе им текне. За да не ти ја прават куќата железничка станица, стави клуч на врата, речи им дека е заради безбедност на детето, ако ти звонат ненајавени немора па и да им отвориш...па и ти имаш право да спиеш и да не го чуеш звончето,така? Значи мора маж ти да пресече. Он несака да се скара со неговите, ги штеди од проблеми,но на тој начин тебе не те поштедува. Ти не си робот, објасни му го тоа. Неможе помеѓу сите вас да си ја избира мама и баба. Жената и детето се многу поважни. Доколку во краен случај несака никако да им каже, ќе им кажеш ти. Јас така си направив, на сите им кажав уште во старт дека кај мене дома се доаѓа со најава и по договор. Тој и тој ден во толку саат.На сите други не им отварам.
    А кога ќе им текне да шетаат со тебе кажи им отсечно,ич не им се плаши, дека треба да се видиш со некоја другарка на пример, и сакаш сама да бидеш со неа и да си правите муабет.
    Ако ги оставиш вака и им држиш празник за да не се навредат госпоѓите, ќе те уништат. Ќе ти ја исцицаат цела енергија, ќе си го изгубиш животот со маж ти и малото. Ќе ви се уништи мирот.
    Кога на нив не им е гајле за тебе, и сакаат да те исцрпуваат до даска, нека не ти биде ни на тебе за нив.Пресечи си ја работава за да не си направиш проблеми во бракот.
    Пак ќе нагласам, коцката е кај маж ти.
    Ви посакувам да се откачите од оваа напаст што побрзо, мене ова ми е нешто најтешко што би можело да ми се случи.Сакам дома да сум раскомотена и опуштена а не цел ден да пречекувам и испраќам гости.
    Со среќа Ена :*
     
  3. Ena-mena

    Ena-mena Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Маж ми се срами да им рече , а и на него така му одговара веројатно, ако не се тука он ги вика или пак иде таму кај нив, со него поминувам време само навечер кога си одат, а тоа е 1 саат, он мисли дека тие ми помагаат околу детето, за помагање ми се наогаат но не значи за тоа да ја изгубам приватноста со мажот. Еве ситуација од денес: Јас, маж ми и малата тргнавме во град да купам кондури за мене и нешто облека за малата, на пола пат го сретнавме таатко му како се врака од работа, вика ке шетате? викаме да и одма се пикна у кола без да праша..... е неможам повеке, и со мм што ги поддржува и што ме подгазува мене, што за се го прашува татко му а не мене , се мислам да се разведам....... ама бројам до 10........
     
  4. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Ена не избрзувај,не помислувај одма на развод, пробај ги сите варијанти па после ако не иде работата и таа опција стои, но сега немаш потреба од развод. Ако он несака да им каже, (јас не верувам дека му е срам, туку така му одговара), ќе почнеш ти да сечеш. Заклучи се дома (и така си цел ден сама), не им отварај бе... Спијам, се бањам, одмарам, не сум расположена - нека ти бидат изговори. Со тек на време ќе сфатат па они сами ќе му се побунат на маж ти или на тебе.Тогаш отворено ќе си кажеш што ти лежи на душа. Ќе видиш маж ти на која страна ќе застане. Многу често родителите не го пуштаат синчето да им порасне,па сакаат да го врзуваат со вакви глупости и да го контролираат неговиот брак. Мене тоа ми е смрт. Проблемот не е воопшто плиток, има доста длабоки корени, не е тоа само обично досаѓање. Немаш брка фактички. Со твојот живот раководи некоја свекрва, баба, свекор...Ама маж ти им ја отворил вратата за ова...Нема полошо нешто да си во брак со манипулирано мамино синче, врзано за сукњата на мама...Тие луѓе никогаш не пораснуваат и неможат да изградат семејство. Ти советувам да бидеш поекстремна, дај си шанса да ја решиш работата, а ако не бива и ти е стварно хорор секој ден... ќе си најдеш решение и за тоа. Никој не е должен да трпи вакви глупости.
     
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Отпатувај некаде на пример кај твоите , тргни се да се опуштиш. После мораш да и дадеш до знаење дека ти досадуваат.Си знаеш кое време идат и тогаш излези од дома.Ако не бива е тогаш мора да бидеш отворена и да и кажеш дека ти треба одмор и мир.
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ако маж ти не пресекува ти пресечи.
    Кога ќе дојдат наутро нека наидат на заклучена врата.
    Ако упорно ѕвонат отвори и речи им дека бебето ти го разбудиле и дека сега ќе биде кенкаво.
    Не им вари кафиња туку покажи им ја кујната, дај им ѓезве, шољи и речи им-слободно пијте си кафе, јас не сакам, еве ви го и бебето, чувајте го, јас дежурам цела ноќ, одам да поспијам малку, ако има некој проблем разбудете и ќе ве замолам бидете малку потивки, главата ми пука, имам и јас душа, скапана сум..... и оди легни си.
    Така прави неколку дена последователно и ваљда ќе им се здосади да бидат дадилки и ќе се повлечат.

    Околу ручекот, кога ќе донесат нека те затекнат како ти готвиш и речи им дека спремаш специјален ручек за вас двајца, спремаш романтичен ручек, стави цвеќе на маса, свеќи, пушти сентиш музика и смешкај се....само речи-вие ако сакате ручејте и земето го бебето кај вас, јас и ХХХ(името на маж ти) се договоривме денес сами да ручаме.

    Трето-после ручек речи им- наздравје ручек, ама овие чинии за жал сами не се мијат, јас толку сум уморна, грб и раце ме болат, ќе ве замолам средете, срцки сте, важи....јас малку ќе прилегнам и оди си во спална.

    Со напасти треба да бидеш малку безобразен. :!:
    Ако они немаат осет, немај ни ти, што ги тинтраш.

    А бабата што те критикува, за секоја критика речи и`- а ти вака како постара да станеш и да ми покажеш како се работи, еве и јас да научам нешто ....и дај и престилка, тенџере и застани до неа во кујна, ајде-речи-научи ме. :lol:

    Итро, само итро. ;)

    И смешкај се цело време....не во лутина и со тумрук фаца да кажуваш, туку се` од уво до уво окезена.
    Може ќе си помислат-што и` на оваа се шлакнала малку, ама ти само свиркај си и смеј се.

    Ако нешто ти речат, ти кажи им дека од умор и од побеснети хормони, малку не си при себе и дека ти треба сон....што ти е гајле, пак дај им го детето и бегај во соба.

    Нели доаѓаат за да ти помогнат околу бебето, па тогаш нека осетат како треба да помогнат, а не ти да им слугуваш, да им миеш, принесуваш....остави ги сами да седат и онака се осеќаат како дома.
    Ако не ти даваат приватност, сама створи си ја.
    Глуми им малку, се` додека ги услужуваш, додека пазиш да не се навредат и налутат, додека си фина со нив ќе ти ја искористуваат добрината и ќе те земаат под нозе, а ти само ќе пукаш од внатре.

    А следниот пат кога ќе сака некој да дојде со вас, речи им дека се чекаш со пријателки и пак дај им го бебето. Речи-еј супер, еве ви го вас бебето, јас таман на раат ќе си направам муабет и ќе се видам со пријателките.

    А на маж ти една вАспитна со укинување на секс извесен период :wasntme:
    И немој ни да си помислила на развод поради вакви работи, среди ги тактички, не дозволувај да ви го растурат бракот.
     
    На danielka0507, oblace1, BurstBerry и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Едно прашање до вас учителките што ги поучувате снаите како да си ги воспитуваат свекрвите и бабите (а сами да биле воспитани овде за вакви глупости и не би пишувале), дали ако утре на оваа невеста со “досадни“ свекор, свекрва и баба, “досадниве“ и` ја укинат финансиската помош и ја избркаат од куќата во која живее, вие ќе ја приберете и ќе ја храните? Еве од напишаново јасно е како ден дека невестава не може да ги поднеси ни свекорот, ни свекрвата, ни бабата, иако истите и` носат зготвен ручек (или го готват кај нејзе), и` обезбедиле куќа за живеење, и` го чуваат детето... Епа извенете феминки, ама некогаш, како во случајов, и снаите не знаат што сакаат... Ама се знае кој е главниот проблем: седење дома и немање никаква работа (опсс, се извинувам, заборавив, голема е работата да се сварат три кафиња и да се измијат три филџани) и ајде ќе правиме сплетки и ќе им наоѓаме маани на свекорот и на свекрвата.
    Се чудам колку човек треба да е зелен во умот за да покрене разводна постапка, затоа што свекрвата и` носела зготвен ручек...
    И не туку ги “казнувајте“ сопрузите, оти кога ќе почнат да бркаат љубовници, свекрвите и за тоа ќе ви бидат виновни?
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    И ако и обезбедиле покрив над главата (ова хипотетички лупаме, можеби и таа си има вложено во домот секако) - дали тоа значи дека сега свекрвата, свекорот и бабата треба да и` се качат на глава???
    „Ние ти дадовме дом, сега има да си трпиш“.
    :^)
    Бре мајката, саможивност. Они не и` дале специјално дом на неа, туку првенствено на синот нивен.
    И немаат почит кон него, неа, нивното семејство и интима, туку се ДОСАДНИ И БЕЗОБРАЗНИ ЛУЃЕ, БЕЗ ОСЕТ.
    Ексик нека е и тоа причувување дете, во градинка ќе си го пуштам подобро, отколку некој да ми го качува тоа на глава и да ми квачи по дома по цели денови.
    И што има да ми носи ручек, ако сака нека ме покани, јас ќе отидам - и обратно, ама која е поентата секој ден да ми дом`кнува нејзини јадења и тенџериња?

    Значи нема оправдување за нивното однесување, нема, колку сака нека помогнале, тоа не значи дека треба да станат инвентар како мебелот по дома.

    Мене во принцип ми се допадна советот на Лолита, ама јас не сум таков тип, немам трпение за толку тактика и не би можела така, ако и нив ги фати инат, си речат - види ја оваа шлакната, ама ние сме пошлакнати, тоа може да се развлече недели и месеци.

    Јас пак ќе кажам, не гледам зошто невестата директно да се конфронтира со тоа негово семејство, мажот е тој кој ќе ја реши ситуацијата и ќе пресече. Срам му било, леле како бре така?
    :^) Ќе се пресрами, ќе им објасни, со фино, па со повисок тон, па со лошо на крај. Него ќе го послушаат.
    Зошто снаата секогаш да биде bad cop? Па не се расправам бре, он ќе си ги среди неговите.

    Ако е обратно, ако него нешто му пречи кај моите родители во иднина, јас нема да сакам, ниту да дозволам он да им се обраќа, да се расправа со нив, за да во нивните очи е лошиот... мене ќе ми каже, а јас ќе си ги средам како што си знам и умеам - мои се или чии родители?
     
    На danielka0507, anule88, vickyy90 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Некогаш раат во куќа е подобро од прасе на маса за ручек.
    Јас сум била во ваква ситуација ,моите свекор и свекрва ништо не ми дале ,живеам во куќа која моите ја створиле,а они се понашаат и си дозволуваат кога сакаат без да се најават да дојдат , да ги гоштеваш па и мана да ти најдат ,зашто не признаваат ништо освен скара за ручек .
    И детето сама си го чувам ,свекрвами е уморна преку недела да дојде оти многу и е тешка работата во државна администрација ,а за викенд знае да си дојде во двор кај нас и јас да и слугувам наместо тој ден мм кога е слободен да се видам со него јас со нив да го поминувам.
    И не е проблем ни да се зготви,ни кафе да се направи ,но неможе некој да раководи со туѓ живот.
    Само до мажот е работата јас гледам со него да ги решам работите ,и со убаво оти со карање и нервоза не бидува .
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    :clap: Лоли-итро, само итро
    добро е ова-апсиненција на некое време-воспитна мерка :D
    па само така госпидинот ке те свати сериозно, вака џабе колку и да зборуваш и да се мачиш-од едно уво влегло од друго излегло, а тоа дека некои луге немаат осет-точно
    без нервози, стресови, само со убаво, со разговор-не би било лошо доколку си во можност јога да почнеш да вежбаш-малку да се смириш, да се опуштиш
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Разговор со стари луѓе со кои не сте на иста фрекфенција за оваа тема не доаѓа во обзир. Колку и нежно, полека, стрпливо, со разбирање, како на мало дете со насмевка на лице да пробаш да им објасниш ситуација, на крај се' што тие ќе разберат ќе биде -Не бркаат од куќава, снаата не сака да доаѓаме воопшто, го ставила и синот во ред тој не беше таков, срам да им е а куќа им дадовме...|( :D Тоа е, ако се нашол некој разбран, честитам.
    Затоа треба нерви, трпение, тактики, не се средува ова преку ноќ, туку треба време. Нормално ако сакаш да нема "жртви". Ако сакаш набрзина да ја решиш ситуацијава, со отворен и директен разговор можеби и ќе се реши проблемот, ама многу други ќе излезат...
     
    На Annath, oblace1, imelda и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Леле Ена јака ти душа како си издржала до сега. Јас имав сличен проблем, ама го решив по кратка постапка. И на нас свекрвата ни помогна доста, ама тоа не и дава за право сега душата да ни ја вади. Не и се седело дома на госпоѓата и оп кај нас, ни да праша дали сме дома, ни дали имаме обврски, ни дали имам за учење, абе ништо. Само мојава беше и посебен случај, на туѓ терен газдрација се правеше уште. Дечко ми не се замараше нешто многу со тоа и не му пречеше, нормално родители му се, ама снаата си почна тактички. Можев точно да ја намирисам кога планира да доаѓа, па јас фаќање ташната и на шопинг. Испитна сесија? Не свекрва и свети свекрва нека е, јас затворена во соба, телевизорот на мјут, не смее глас да се слушне, па нека дреме ако сака до утре така во тишина. Да дојдам? -Дојди, ама ние имаме обврски, седи сама ако сакаш, па да ти ја дадам и правосмукалакта, зачисти барем да не е за џабе идењето |( . Да се разбереме, јас не сум за тоа воопшто да не доаѓаат, ама со усул и не да си гледаат само за нивниот задник. Јас не сум должна 24/7 да трпам некого и да му угодувам, имам и јас живот.
     
    На oblace1 и Nine25 им се допаѓа ова.
  13. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Добре дојде во клубот :D -Ова и мене ми се случуваше,успеав да не биде незачестено нејзиното присуство кога почнав на глас да размислувам,не да се карам ниту услови да поставувам туку Јасно и гласно кажано ми треба мир за јас и ти да бидеме срекни му реков на мм...се чудеше зошто го реков тоа но му објаснив што сакам дека се иритирам дека ме вознемирува само што ја гледам и доколку сака распавија со мене во ред....земи или остави,ако доаѓа и понатаму кога ќе и ќефне тогаш тој да му каже збогум на мирот и спокојство со мене...ми успеа,потоа резил ја направив пред неа и пред мм ама веќе пукнав,тие двајцата се стаписаа,знам дека ја претерав,но некогаш мора си ја олесниш душата....Во твојот случај мажотти е помек кон неа и затоа е така.Значи на убав начин мораш да му кажеш да се промени ситуацијата,другиот брат веројатно не и оди многу по кеф и не се замара со него....ти убаво ке си разговараш со него значи не со кавга со најубави зборови.Тука не треба развод туку итрина...
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.971
    Пол:
    Женски
    Ена Мена да си расипеш добар брак заради неговите блиски?! Немој те молам ни да размислуваш на таа тема.Јас сум за обратна обработка,наместо да го казнуваш без секс,приближи му се уште повеќе,шепни му на уво дека сакаш да си со него,пружи му што знаеш и не знаеш,а тогаш дискретно укажи му за грешките на неговите...искористи ја својата моќ над него.Укажи му на разликата меѓу тебе и неговите.Кажи му дека сакаш да се дружиш со луѓе кои ти и тој ќе ги изберете.И притоа те молам немој да ги заборавиш неговите.Викни ги на ручек еднаш во месецот,испочитувај роденден ,празник,именден што и да е.Исто однесувај се спрема братот и снаата.Тоа се ситни бодови кои секој ден ќе те прават помоќна.Можеби тие намаат лоша намера туку едноставно не знаат како треба да се однесуваат.Со готвењето мислат дека ти помагаат а всушност ти одмагаат.Иако зготвен ручек од други одвреме на време не е лоша работа.Искористи го слоганот-размислувај глобално делувај локално. :D Биди повешта и попаметна од нив.Не е паметно да влетуваш во непотребни расправии ,се што имаш да кажеш пренеси им го преку сопругот.
    Не гледам проблем овде се дури го имаш сопругот на твоја страна.Ти и тој заедно и се е можно!
     
    На Espadrila, Annath, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Јас напишав за конкретниот случај. Ако правиш аналогија со твојот случај, тогаш маж ти треба да се лути оти дедо му и баба му му се шетаат низ куќа. Или пак маж и` на невестата со “досадни“ свекор, свекрва и баба требаше да се лути оти мајка и` и татко и` доаѓаат на гости. Ама очигледно според женскиот начин на размислување: роднините на сопругот не чинат во никој случај (па макар издржувале и задоволувале потреби на двајца паразити - заб: не мислам за невестата што ја почнала темата), ама затоа вашите роднини се златни.
    Како и да е и во двата случаи, родителите на синот си одат кај него на гости и тоа си е негов проблем - дали ќе ги прибере во својот дом или не. Ако вие не можете да ги поднесете, излегувајте си кога ќе дојдат. Се надевам и вашите мажи ќе се однесуваат исто со вашите родители и гости.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    ОМГ |( . Ако си доаѓаат за синот, тогаш зошто доаѓаат уште од зори и дремат цел ден без усул? А целиот неред после нив, синот да не го средува? Не е еден ден, туку константно. Тие самите треба да имаат во главите, ама еве кога веќе немаат тогаш треба да им го дотера некој паметот.
    Инаку нема портеба и мажите така да се понашаат со бабата и дедото и гостите на снаата, ако тие имаат осет и не досаѓаат кога ќе им текне... Или мора да се врати со иста мера па и без причина?
     
    На lolyta777, stefi23m и tessie им се допаѓа ова.
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Orthophill jaс делумно се согласувам со тебе ,точно е дека треба да бидат почитувани постарите , ама во конкретниот случај, треба да и се отстапи место на младите сами да се изборат за својата срека.Штом сме постигнале со ваква помош?Сопругата се чуствува запоставена, може сака заедно со сопругот да си зготви ручек,да поразговара.Секогаш треба да ги бодриме младите да се подржуваат еден со друг.Самите сме избрале да и помагаме.Ако вистински ги сакаме не би очекувале ништо за возврат , освен да ги видиме срекни.Ако ни вратат си почит сме ја постигнале целта.Во овој случај ме загрижува детенцето кое не е виновно за ништо а ете може да расте без еден родител и прашајте се по чија вина ?Во многу семејства токму старите се пречка за таа срека, вршат притисоци кои младите не можат да ги поднесат и се разделуваат.Што сме постигнсале со таа помош?За машкото како да не важи правилото дека штом се ожени жената и децата се на прво место после родителите , работата, обрските и се друго.
     
    На anule88, tessie и karenin им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    А ако сега ги избркаат и им укинат финансиска помош, кој ќе им менува пелени и ќе ги носи до вц на стари денови? Приказната има две страни. Не значи дека треба на глава да и` се качат свекорот и свекрвата и да им биде вечна секојдневна садомијачка ако им приуштиле некаква помош. Помошта треба да биде обострана, но и спонтана и суптилна, не на секое тенџере ручек веднаш да се “отчукува“ “фискална со камата“. Треба да се остави простор и добра воља и од двете страни. А тоа не се заменува со финансиска помош. А и времето е пред нив, млади се, ако им направат така, утре којзнае, може тркалото да се сврти, па родителите од мажот да се беспомошни.

    Ако родителите на мажот финансиски ги помагаат, не значи дека е оправдано што сакаат да прават. Никој не им бара да носат готов ручек. Или пак ако од чиста добронамерност го носат ручекот, нека си се погрижат и за нивните садови од ручекот што не се баш 3 филџани. Кога ручам сама со мм, значи само двајца сме, мијалникот се полни до горе. Мм има многу одговорна работа и работи до доцна и кога ќе дојде дома тоа што ќе му го спремам му е најквалитетниот оброк во денот, со супа, главно јадење, салата, после кафе варам, принесувам уз кафето благо и садови еден куп. Сакам да кажам дека не може да се суди за нешто што не можеме да го видиме. А не можеме да и` ја видиме работата во кујната на ена-мена.

    И што ако помагаат ако на глава и` се качуваат. Тоа не е помагање, туку лицемерие и емотивно лихварство. Ако не ти се бара помош, пружи ја, не очекувајќи нешто за возврат. Тоа е помош, искрена, добронамерна, од срце.

    Да и` укинат помош бе! До каде со вакви размислувања? Како снаата да е некоја од улица. Таа е жена на нивниот син. Луѓе буквално посвојуваат деца и ги спасуваат од улица кои на никаков начин не се поврзани со нив, без никаква гаранција дека истите нема еден ден да заминат кај своите вистински родители или да се разочараат и да ги напуштат. Ете тоа е човечно, а ова е безусулно, некултурно и безобразно.

    А ако мажот ја изневери жената, не е ниту таа ниту свекрвата крива, туку тој е неизживеано копиле. Толку.
     
    На vickyy90, Espadrila, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Целосно се согласувам со Виножито1. Кога се има свое семејство и свој дом треба да се потрудат и мажот и жената да живеат во една хармонија. Никакви дополнителни буткања во нивниот дом не им се потребни.
    Тоа е дом и куќа на двајцата, а не само на мажот па неговите родители да доаѓаат само кај него на гости. А жената што да прави за тоа време додека овој има гости, да си бега од дома?!

    Ај запрашајте се дали кога вашата мајка дошла да живее кај татко ви (би)и било убаво некој да и прави така? Неможете да зборувате дека младите невести се себични и немаат никаква почит, бидејќи на секој млад човек му е потребна слобода. Ова им се најубавите години, почетокот кога си го растат детенцето и кога треба да се највеќе сексуално активни. А како да бидат кога некој цело време ги следи. Ете имаат посебни куќи значи не живеат во заедница па да си прават вакви проблеми.

    И се согласувам со феминката која кажа дека во ситуацијава ите како може да помогне сексот. Мажите се најкревки и најемотивни кога се залудени од нашите љубовни вештини. Исто така Ена-Мена можеш и да пробаш да и купуваш поклони на свекрвата без никаков повод. Ете уште денеска предложи и да одите заедно во град да се прошетате со малечкото. Неочекувано додека сте во град купи и марама, нешто ситно ама женствено и убаво. За да не посака по некоја случајност постојано да одите така во град ти некогаш ќе и кажеш дека со другарка ќе си искочиш или ќе одиш на гости кај другарка или некои твои роднини. Знаеш исполни и ја душичката со милина. Убаво ти кажаа, викај ја на ручек некогаш ама убаво навести од колку до колку саатот да дојдат, знаеш сама поставувај ги границите.
     
    На Annath, midnight.flower, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ена-мена случајот е во рацете на маж ти,но како што кажа дека му одговара ќе мораш нешто да смислеш.
    Очиглено тоа се луќе БЕЗ ОСЕТ И МНОГУ ДОСАДНИ.
    За да се реше треба да бидеш малку безобразна.
    Кога ке тргне да оде со вас во парк јасно дај и до знаење дека не сакаш да доеш со нив.
    Кога ќе дојдат не им обрнувај многу внимание.
    А садовите после ручек кажи има чинии нема сами да се измијат. :)
    и дај и ги во рацете,
    Доколку маж ти несака да им каже ќе мораш ти инаку цел живот ќе ги трпеш. :)