и јас размислувам како лолита. се со тактика однапред смислено, и одвреме навреме да се подпецнува како уз муабет како на смеа да кажиш дека ти смета.или па во краен случај пред тие да ти дојдат ти оди и седи по цел ден таму па тие да ти варат кафиња и сл. ако ти дале покрив над главата ( и на синот и внучето) па незначи дека треба душата да ти ја земат.
Сличен проблем и имав и јас со моја свеки, имам за тоа пишувано во соодветната тема, да не се повторувам сега. Разликата меѓу нас две (мене и девојкава со проблемов) е тоа што јас немав потреба од ваква тактика, затоа што мм ја реши ситуацијата. Меѓутоа, во теков на брачниот живот и посебно во теков на живеењето во заедницава применував тактики. И тоа често. Имено кога бев критикувана дека нешто не правам по нивен тертип, им викав- изволте, покажете како треба. Ми се мешаа за пружање алишта, за миење садови, за готвење, дури и за пеглање и тоа еднаш се случи свекор ми да ми рече дека требало од две страни да пеглам, демек тој пегла па знае како, а тоа беше масло на свеки. Тогаш за да не го замарам мм со вакви баналности и тој да се расправа со татко му за пеглање (што навистина е апсурдно и глупо) самата му реков на стариот-изволте покажи ми како..... Истото се случи и кога готвев, ми застана над глава и почна нешто да ми објаснува, му подадов лажица-изволте покажи како. Виде дека нема намера да го послушам и дека џабе се меша, па се повлече и престана. До душа и до ден денес знае да си се избаци со некој коментар, ама сега е на тотален игнор, веќе немам трпение, а ни време за смислување тактики. Едноставно не се замарам, тој нека си збори, јас -аха, да и си терам по мое....јес да тој е тој кој чури во конкретниот случај, а си свиркам. Ги споменав овие тактики затоа што на сопругов му е срам да каже на родителите. Тогаш си помислив дека таа би можела да ги земе работите во свои раце и самата да се заштити. Јас така би играла и играм понекогаш. Инаку во принцип сите поголеми несогласување и проблеми кои сме ги имале, ги решавал мм. Тој со нив си разговара и си презема мерки. Јас не се расправам со нив, иако знаеле дека јас стојам зад одредени негови постапки. Негова работа е да си разговара со нив, да ме заштити и да најде решение на проблемот. Не сум јас таа која треба со нив да се расправа и да се објаснува. Ова е од едноставна причина-тој е нивно дете, а јас сум снаа, тој со нив си разговара, јас со моите родители. И да ја повлечам изјавата за сексот. Ако подобро размислам, во право се феминкиве пред мене. Всушност и самата често чекам сите да заспијат , па тивко во прегратка да му се пожалам на мм за нешто, на мил и нежен начин без викање и карање. Ете згрешив, признавам, игнорирајте ја изјавата за сексот. едит-Леле Ортофил, каде со вакви размислувања?.....не сме биле воспитани па сме смислувале тактики А извини овие конкретни старци воспитани се што не им оставаат слободен простор на младите да дишат? Немаат усул и исав....може бе во текот на денот додека спие детето сакаме да сме сами и интимни, да лежиме и да си се галиме, да си го гледаме бебето како спие, да си цвркутаме, а од кафиња, мафиња и тенџериња немаме апсолутно никакви шанси. И може денес бе не ми се јаде готвено, ќе нарачам пица и цел ден ќе лежам....зошто да имам обврска секој ден со нив да ручам, па нели сме делени Гледам имаш 25 год. па да те прашам нешто. Дали ти би сакал цел ден да го поминуваш со твоите, нон стоп да ви се пред очи, нон стоп да ги слушаш, нон стоп по цели денови да ви се мотаат низ куќа (да, ваша ќуќа иако тие ви ја дале) или како секој млад и потентен маж би сакал барем еднаш во неделата да си близок со сопругата? Или ќе чекаш да си одат, па тогаш ајмо ......е па тогаш веќе на жена ти и` е преку нос цел ден дојден и ќе се спукате за твоите безосетни родители и таа ќе оди да мие садови, а ти ќе одиш по швалерки. Кои глупости, ти се молам. Туку, ај не ти е првпат да се избациш со вакви коментари.
Како што тргнала работава, најарно е сите да си живеат во едната куќа, а другата под кирија да ја даваат. Бар од едно ќар ќе имаат. Значи разбирам, еве ај и дневно, да си поседат кај децата и внуците саат/два/пет ... и грижливо, како вистински родители, да гледаат што помалку да ги оптеретат младите со таа посета. Ама деноноќно па згора и со обврски, „ај денес не ми се мијат садови, ај да одиме кај нив.“ Јас кај моите кога одам на гости што е еднаш во недела/две, па повеќе од пола саат поминувам во раскревање, помагање, миење садови, некогаш и ќе поминам со правосмукалка во собата кај што сме седеле... исто и кај свекрва ми. Иам пишувано за золва ми, ваква-таква, кудеше, мрчеше, ама не ретко по јадење масата ќе ја раскренеше и чаршафот ќе го истресеше. Што е право-право си е. А тие, две толкави жени ги мрзи едни садови да си измијат, срамота. Па ќе ја малтретираат снаата која од детето не знае главата кај и` е, од друга страна се труди да не го запостави сопругот. Згора ај што не им оставаат време да си бидат сами дома, туку и на шетање им се “тупнуваат“. Ни на Марс да се нема спас. Па не е супермен, човек е од крв и месо. Треба да се има малце разбирање и да се остави простор за дишење. Тоа не е тешко.
Спојлер Да одиме по логиката на другата тема, па да и` кажеме на феминкава дека тоа е, нема избор - си го продала газот, дозволиле неговите да им дадат/направат куќа, па сега или ќе си трпи или нека стегнат каишот па нека земат сами кредит и под кирија? М? Или ќе даваме совети дека ДА, во право е, свекрвата не смее да ги малтретира многу, треба да има усул и да се повлечи за да си живеат на раат сами? Жено....само со тактика, никако инаку. Тактика со неа, тактика со мажот, тактика со деверот, се` додека не дојдете до задоволителна ситуација за тебе....развод ни на крај памет да не ти паѓа, тоа е најлесно да се направи денес, тебе ти треба само малце итрина и борба, за сега на почеток да ги смениш колку толку работите што ти сметаат. Со среќа, и само смирено и трпеливо!
Финасиски зависевме од нив, точно е тоа, но сега се самите си плаќаме, а и све што ни дале низ нос ни го извадија секој ден ни ги принасаат сметките што ги платиле..... А шо ќе биде кога ќе остарат они а? тогаш ние нема да имаме трошкови со нив, они самите си кажуваат : сега ние ви помагаме, за кога ние ке остареме да не гледате и да ни правите погреби и задуши, па трчање по лекари , болници и сл. Сто се однесува на тоа дека ни оставиле куќа , и моите ќе ми остават исто така бидејки сум им единка , па шо не висат они кај мене по цел ден? Потоа и на другот син му дадоја покрив над глава, а што не се опуштаат вака таму, туку од него несмеат, он си ја гледа жена му, а и она не им ќути како мене , она знае и да ги набрка толку и сече ? кога ке дојдат на ручек тука и нив ги викаат како да јас сум должна да гоштевам 12 луге секој втор ден....... Ако јас дадам нешто на моето дете треба тоа низ уста да му го извадам? Па за кого живееме и работиме цел живот, се разбира за среќата на нашите деца....... А што се однесува на куќата, таа не ја правеле за мене, туку за нивниот син, а и маж ми има доста вложено у таа куќа. Инаку, во право сте кога велите дека маж ми треба да пресече ама сега не е така, он е мамино галениче , ако види дека некој ден не дошле, он иде кај нив и ги бара... милион пати се десило мајка му да седи цел ден и да заспие у дневна, да не можеш ни да зборнеш, ни да трпонеш зошто госпоѓата спиела, пример и да му зборнам несто на маж ми ке ми рече молчи сега спие мајка ми и сл.....
Ена-мена во тој случај, кога веќе дополни неколку детали во врска со ситуацијата, одговорот барај го во комуникација и разговор со сопругот, не со нив. Џабе ти се сите женски интриги и тактики, кога ти од дома немаш поддршка. Ако маж ти дозволува мајка му да дремнува во вашата дневна, и притоа да биде целосна тишина да не се разбуди Величествената, што остана да се каже... Јас да сум, со нив нема да се чачкам, со него прво ќе ја истерам правдината, па после или он сам или заедно да ги соочите и да се решите од проблемот еднаш засекогаш. Ако му е до мамичка, речи му - оди, па легни си до неа. Тука проблемот е веќе друг.
Ау, како може така да ти збори тебе - молчи сега спие мајка ми?! И како бе таа спие во вашата куќа која е блиску до нивната, мислам дека е апсурдно таа да спие кај вас! Срамота! Јас мислам дека единствениот проблем ти го имаш со него, а не со мајка му. Ете убаво си кажуваш дека брат му не ја тинтри толку, а таа на него се му дава, ете и финансиски, а најважно и душевен мир. Значи ти треба убаво да го научиш мажот ти дека сега е голем и не му треба никаква зависност од страна на мајка му. А тоа треба да се направи тактички и ненасилно. Опсипај го со голема доза на љубов, задоволувај го, дај му до знаење дека ти можеш да се грижиш за него, да го љубиш, да го галиш и мазиш. Исто така покажи му и на сопругот и на свекрва ти дека ти си ја почитуваш неа. Задоволувај ја и прави ја среќна и неа. Не е тешко да и купиш мало поклонче, да и отидеш ти на пола саат гости и да и однесеш некакви колачи (па и да не се направени дома голема работа, битен е гестот). Ќе видиш дека кога ти ќе им покажеш внимание тие ќе се смират и нема да досаќаат толку. Место да им оставаш простор тие да ти доаѓаат секој ден дома, ти можеш да отидеш до кај нив на поседок, и немора внатре може да си седнете во градината. Може па и свекрва ти да сака народот да види дека вие убаво си живеете. Што знаеш! Не ти викам тоа да го правиш секој ден туку понекогаш. Па и ако не си вработена имаш цел ден пред тебе. Стани си од спиење, накај 12 оди докај родителите на мажот ти, види ги како се на 15 минути, дај им можност да си поиграат тие со внуците, ти можеш а и немораш да седиш секогаш кај нив. Врати си се дома, одмарај се, готви си на мира, за саат време земи си го детето а ус пат можеш и нив да им однесеш малку од зготвеното - не е ништо лошо тоа. Ова нели не секој ден, ама да има понекогаш и ваков начин на функционирање не е на одмет. Никако неможам да ги сфатам оние мажи кои ја ставаат мајката пред сопругата. Место да се свестат дека жената им е нивната животна партнерка со која ќе си имаат деца, тие сеуште трчаат како мало дете по својата мајка. Јас не викам да не си ги почитуваат мајките ама треба да сфатат едноставно дека сега веќе имаат нова жена во животот. Едно е сакање и почит кон родителите, а друго е љубов и почит кон сопругата и децата. И овие две нешта треба да се применуваат и разграничат, на едната страна сакањето, на другата љубовта! Подеднакво се важни и двете и треба да се знае како да се најде нзс за мир во пошироката фамилија.
^^ Моира, ти ја сфаќам поентата, ама друг беше муабетот во темата со золвите шо доаѓаат на гости (ако за тоа правиме муабет) и се отераа работите од крајност во крајност, друга е оваа ситуација на деноноќно, секојдневно служење на мајката и бабата од мажот и придружување дури и на шетање да не се раат, друг муабет е доаѓање на золва кај нејзини родители (не кај брат и снаа) каде што таа ем прави јадење, ем не чини.
здраво сакам да го споделам мојот проблем на оваа тема бидејќи не знаев каде да пишам ,вака мојот проблем е во тоа што живееме во прага јас,девер ми и мажот ми и пред 3 месеци дојде и девојката на девер ми (таа е вдовица и има син 15 години ,а девер ми е ерген)проблемот е во тоа што таа изигрува господар во станот и јас по цел ден средувам,мијам садови ,правам јадење и други работи и гледам да е направено јадењето секогаш кога она ќе стигне дома од работа веднаш да јаде и кога ќе јаде си ја ставува чинијата во мијалникот и нејќе да рече ајде на мене е редот јас ќе мијам садови,и пред јас да дојдам овде додека бев во мкд она на фб нон стоп ми се жалеше од мажот ми ,пред 1 месец се скаравме бидејќи беше уклучен лап топот бев пуштила музика да слушам а седев на креветот и она уште од врата ми се дере што си го уклучила компјутерот кога не седиш на него подобро го исклучи ќе се расипе јас да не можам да се чујам со син ми ,потоа не и зборев 3 дена ,а мажот ми го плаќа интернетот и му кажа на брат ми дека она не плаќа никакви ама баш никакви трошкови дека ги плаќат мажот ми и деверот ,таа многу пати го кара девер ми на нејзиното дете да му купат нешто или да му испратат пари ,девер ми му купи оригинал копачки од 200 евра ,и еве таа е веќе 3 месеци овде и деверот нема пребиен денар тргнат настрана ,таа направи и деверот да се одалечи од неговите родители и тој криеше од нив таа дека е овде и таа не му даваше да се чуе со нив на скајп,е највеќе проблемот е во тоа што пред точно 3 дена тој го беше уклучил неговиот фб и отиде во вц и она почна да му гледа во фб тој со кој пишувал а пред тоа тој имаше кратка врска со една девојка која работи овде ама сега само останаа другари,и таа му провери што пишувал со нејзе и во негово име и пиша на таа девојка дека демек ја сака и дека сака да се помири со нејзе,и потоа таа се скара со деверот му вели јас сум овде а ти пишуваш со нејзе тој и вели јас со неа не сум пишувал ништо дека сакам да бидам со неа туку само онака другарски ,и таа се налути и му вели ти си завршил со мене и сега ќе звонам да закажам превоз дека ќе си одам за македонија, почна да му фрла ствари по станот и не му даде да спие на неговиот кревет тука заспа на фотелја ,и вчера сабајле тој покуша да се смири со неа дека со другата девојка не планирал ништо да има и она вика јас и одам и отиде на работа,прв пат во животот го видов деверот да плаче и да си го колне животот и јас заплачав со него ,и тој некако ја предомислил да не си оди ама сеуште се како на дистанца и таа му вели на шала дека планира да си оди и деверот сабајле ми вели веќе ми е сеисто дали ќе седи или ќе си оди ,неможам да ја сфатам тој и дозволи ама буквално све и купува гардароба,ја вработи мажот ми во продавница во фирмата каде работат и деверот и мажот ми и не рече ни фала,велела на едниот газда на жена му дека сега кога ќе завршил син со школото ќе го доведе овде и ќе направела девер ми да се испокарал со мажот ми и мене и да не избракал од станот ,а станот го плаќаат деверот и мажот ми на пола сите сметки а она ни денар не дава и за на крај многу ми е жал за деверот што вака оваа се понаша со него дури и пред луѓе таа го вреѓа ,јас и казав синоќа на нејзе што и да се деси со нив дека тоа е нив проблем и дека девер ми е како постар брат јас сум во нивната фамилија 9 години секогаш јас и брат му ќе бидеме со него и за добро и лошо и деверот и кажа дека нема да дозволи таа да го скара со брат му дека тој му е најбитен (нескам да им се мешаме во врската,многу пати сме истрпеле и јас и мажот ми заради деверот ама неможам да го гледам несреќен и како оваа го користи а он да се нервира и да пие апчиња за смирување )и осште ова да го кажам тој преднекоја вечер и рекол дека тој сака со неа да има деца и таа му рекла ааааа јас не сакам да имам второ дете јас веќе имам едно дете ,извинете за долгиов пост ,кажете ваше мислење како да му помогнеме на деверот а пред се да биде тој среќен и недај боже да рече вие сте криви за мојата врска
Е баш немал среќа девер ти. Најоштетената странка е тој во целата ситуација. Но, нивните односи се меѓу нив и вие доколку го советувате во врска со неа може само да направите таа повеќе да го придобие (ова од искуство). Спомна дека тој крие дека таа живее со него од неговите. Да не имал проблеми со неговите во врска со неа? Да не му бранеле и да не му збореле лошо за неа? Пошто ако тоа го направиле, тоа им е голема грешка. Наместо самиот свесно да увиди со кого си има работа, тој се заинаетил а згора на тоа и се заљубил уште повеќе што дамава го искористила во своја полза. Бидете покрај него, како и секогаш и дадете му до знаење дека не се мешате и дека што и да одлучи, вие ќе бидете покрај него. Ме изиритира нејзината постапка со лаптопот. Со синот да се чуела. Јака мајка, by the way, која наместо да си е покрај детето, таа љубов води во туѓина. А од каде знаеш за тоа на фб дека таа пишала? Можеби навистина деверот, под притисок ги пишувал тие работи на неа? Од рекла-казала не можеме тоа да го дознаеме. А и не мора. Проблемот тука е твоето справување со неа. Ти предлагам да и` враќаш и самата да се браниш во такви ситуации. Затоа што можно е, ако се жалиш на деверот, не само да го натажиш, туку и потсвесно уште повеќе да го доближиш до неа. Неговиот однос и врска со неа не треба да биде тема на размислување ни твоја, ни на мт. Таква си ја одбрал, што да се прави. Може само да го поддржиш. Тоа што можеш да го направиш е да си го олесниш животот колку што можеш. Дади и` до знаење дека не си и` слугинка. Нема да мие садови? Не ги миј ни ти. Нема потреба некој нечиј слуга да изигрува, јас сум за тоа секој да си ги мие своите садови, евентуално своите и на мажот/дечкото. И готово.
добро де сакат да одат на посета нека идат ама ова сто кажувас епретерано пробај несто фда направис ти,дека треба да одис некаде,дека не си била дома,не одговарај на тел и звонење...или пак кога се веке тука гледај си ја работата своја и кажим дека мора да внимавас на малото,дека имас премногу обврски ,па дури да те извинат ама треба да одис измисли несто.... па ако не барајте си други стан некаде
Ena-mena ти навистина си имаш проблем со сопругот пред се‘, а не со неговите роднини. Имаш убави совети добиено од феминките. Само тактички. Прво со арно, со убаво, од околу, на шега, а ако тоа не успее ќе мора да бидеш малку подиректна. Едно да ти е јасно: додека мажот ти не сфати дека ви фали приватност - нема ништо да им рече. Претпоставувам тој оди на работа а ти седиш дома со детето. Пробај да му увртиш мисла како би било вие двајца „ова-она “ кога ќе се врати од работа. Можеш и по телефон да го побараш пред да се врати од работа и да го потсетиш што сте се договарале претходната ноќ. Кога ќе се врати дома и кога ќе ги види нив, ќе се разочара. До вечерта биди уморна од напорниот ден и заспи си порано, да нема ништо од „бизнисот“ . Наутро кога ќе го испраќаш на работа потсети го за „договорот“ и речи му дека ќе му надоместиш веднаш штом се врати од работа. Кога ќе се врати тој - тие сигурно пак ќе бидат на гости и пак ништо. Неколку пати вака и тој самиот ќе посака да ги избрка, т.е. ќе измисли нешто за да се ослободи од нив. Тактизирај на различен начин зависно од дадена ситуација. А за nana2112, девер ти навистина на*бал. Не би знаела што да те советувам. Девојка му навистина ми делува на лоша жена, и според мене, доколку сам не увиде, нема што да сторите вие за да го предупредите а да не излезете виновни на крај. Единствено што не ми се допаѓа од твоја страна е следново: и ова: Значи мажот ти и девер ти плаќаат по пола и стан и сметки. Ти си таму како „гостин“ на мажот ти, а таа е таму како „гостин“ на девер ти. Не ми е јасно што е проблемот (во однос на сметките)?
проблемот е во тоа што таа се прави како газдарица му вели на мој маж кога ќе палтиш итернетот немој да го исклучат да неможам да се чујам со син ми,ву вели ајде деенска зема плата треба да го платиш делот од киријата ,ајде плати го плинот која е таа да му вели на мажот ми дека зел плата и да плаќа сметки тој се има договорено со брат му кога да плаќаат ,точно и ја сум гостинка како неа ,ама јас повеќе како слугинка правам јадење на време за да може она да јаде ,јас да измијам садови за да она да не се замара за да после од работа да одмарала,и свекрот и свекрвата не ни знаеја дека она е тука 3 месеци она му рече да не им кажува и они што велат ние сакаме наше внуче да чуваме а не некое туѓо и зарем нема право деверот да се радува на свое дете
nena2112 да те прашам, ти работиш? Гледам маж ти и девер ти работат и плаќаат сметки пола по пола. Фер за две домаќинства што живеат во заедница, нели е така? Жената од девер ти оди на работа и она, по тоа што кажуваш, па таа пола и од девер ти што е, и од неа е, двајцата заедно даваат пола без разлика од чива сметка е. Пола пола сте, не на четири страни. Ако ти седиш дома, толку ли ти е тешко да домаќинисуваш со станот кој треба да е убаво катче за сите? Почнувајки од себе. Не спомнуваш деца, па да рече некој дека е тоа по дома многу работа. Ако сега толку ти е проблем и не сакаш да помогнеш заедницата да биде заедница, миј две чинии другите две остави ги на неа. Ама на тебе што си дома ќе ти мирисаат цел ден Се разбира дека ти е досадно. Штом исправаш криви дрини во туѓ живот е повеќе од очигледно дека ти е досадно. Да побараш некоја работа и ти да те истера од тие четири ѕида подобро би ти било, отколку вака да се секираш дали деверот сака дете со неа, оти тоа си е меѓу нив двајца, или дали бабите и дедовците се приморани да се радуваат на туѓо дете а сакаат свое внуче. Па види сега, на крај краева, ти дај им внуче да имаат свое ако толку тебе те боли дали ќе имаат туѓо или нивно. Спојлер Ќе си пукнам во колено на вакви проблеми, жими коленото.
Професорке, прво не ги советуваме ние снаите како да си ги воспитуваат свекрвите, ако они се воспитани нема да дремат по цели денови по туѓи куќи. Второ ако некој финансиски ти помага тоа е затоа што сака нели? Никој со пиштол на чело не им зима пари...Ти на твое дете нема да му помогнеш ако можеш? Трето не е седење дома и немање работа (иако во денешно време немањето работа не е наша кривица), туку жената чува дете, има маж и се грижи за дома.Мала ли е таа работа за тебе? Очигледно не си осетила,па незнаеш. Четврто, многу површно гледаш на работите. мислиш дека за ова ќе поднесе развод ? Сериозно така размислуваш? Петто, сопругот и заслужува казна, бидејќи мамичка му е побитна од жената, па незнам зашто се женел фраеров...? И шесто, од срце ти посакувам да се најдеш во оваа ситуација и никогаш да не куртулиш од неа, гледам баш дека ти фаќа око
па затоа ТОЈ многу добро знае дека да седиш дома да чуваш дете, да готвиш, да периш, да пеглаш и се останато што ЖЕНИТЕ го правиме е многу лесно па сега се најде ,,паметен,, и кажува дека треба или нетреба да се прават сплетки , и после пак ние жените сме криви оти на мажите ,,бркаат љубовници,, уф од вакви мислења
^ Аха...фала на укажувањето... Ера сега дури ја сфаќам искомплекираноста на професорчево. И он сирот бил мамино галениче, пикнат под сукњата на мама, па си плаче таму... Не ти треба тебе жена дечко, да не си помислил да прелажеш некоја, може жива сода во манџа да ти стави
јас имам проблем со мажот ми,многу троши пари во кладилници некогаш се случува по 10 саати да седи таму а јас сум дома со скоро 5 месецно бебенце не се жалам дека не ми помага околу бебето,напротив ама проблем е што влегол во долг од 2000 евра, вадел од банкомат,трошел, земал кредит абе ужас и претходно си знаеше да се заглави по кладилници ама не до олку и си седнува и по кафани некогаш па и таму си троши, сега сме само на мојата плата а со бебче е тешко на неговите неможам да се пожалам, не им е гајле ама ич за нас. го држев под контрола додека се роди бебето ама сега околу неа сум зафатена и тој ршум направил со парите, незнам што да правам и претходно заглавуваше па јас земај му ги картичките,демек ај јас ќе раководам со парите дома, ќе се опоравиме малку и тој пак полека полека ќе ги земе кај него картичките и пак ќе ги потроши ама како овојпат никогаш сум му се заканувала со развод,некое време ќе биде ок после пак. Сега дури и ми е мака што родив дете со него жал ми е за детето, и зема на неа од уста за свои ќефови. незнам како можев да си дозволам да има ваков татко напорно ми е да изигрувам полицаец дома цело време. Има ли некој од вас паметен совет како да постапам? јас веќе немам памет за размислување. знам дека направив грешка што останав со него во брак и што родив дете ама ете тоа е направено и што за понатаму? Како последно решение би било развод ама.....