1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се справам со се?

Дискусија во 'Брак' започната од Ena-mena, 23 мај 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    roza за жал, ти не можеш да му помогнеш ... стручна помош треба за ова ... ако воопшто и таа вроди со плод. Мора да поставиш сериозен ултиматум и да му дадеш до знаење дека такво однесување нема веќе да толерираш. А родителите што не се интересираат, кога му се обликувал карактерот не се секирале, кога им било должност правилно да го воспитаат за вистинските вредности во животот, сега уште потешко дека ќе помогнат.

    Ако нема спас за него, се знае. Лошо е, но спасете се и ти и детето додека не ве голтнат долговите кои тој ги избрал пред грижата за вас.
     
  2. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    фала ти tessie за советот иако плачам во моментов ;( многу ми е тешко. се што ми пиша е точно. ќе мора да одам подалеку од само закани за развод. се плашам дека ништо и никој нема да може да му помогне и дека на крај ќе се разделиме ;( а низ што ли се не поминавме заедно( тоа се приказни за на друго место),многу ми помогна во животов и сега кога на него му треба помош јас неможам туку така да си отидам од него. а се чувствувам немоќна пред овој порок ;( Господ ми е сведок дека се што ми се чинеше паметно и логично пробав и не успеа,напротив, кога му се посветив повеќе на бебето тој еве што направил. не ми текнува веќе на кој начин да постапам освен да одам со развод за жал ;(
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Мила, те разбирам и извини ако те повреди моето мислење. :( Камо да можеше да му помогнеш. Камо да можеше и јас тоа го велам. Но, едноставно, самиот ја одбива помошта, а на човека можеш да му одземеш сосила, но да му пружиш сосила...тешко.

    Го жалам и мт. Неговите апсолутно незаинтересирани затоа што им венее чедото. Но, колку и да е сурово , тоа навистина не е твоја вина. :( Moра и на детето да мисли некој, што да речам...

    Сите семејства се чувствуваат немоќни пред овој порок, не само ти. Воопшто не се разликува однесувањето на човек зависен од дрога. Тој не размислува на друго. Не од што е лош или не ве сака, тој е како во некоја друга димензија во која има многу место само за порокот и малку за него.
     
  4. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    не ме навреди ти tessie :hug: ме расплака вистината ;( Ќе пробам да разговарам со него пак, да направиме нешто. го осеќам дека и тој знае дека кај мене веќе е дојден крајот. а неговите родители..... подобро да не почнувам за нив :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Koлку само семејства расплакале тие коцкарници и кладилници.
    Но, таков е овој свет. За пуста пара луѓето прават на многумина да им се стемни за на малкумина да им се раздени. Би ги забранила јас со закон таквите казина/обложувалници...

    Разговарај со него. Нека побара помош, тоа ќе биде голем чекор за него. Ако сака да му помогнеш, биди покрај него. Но ако се обиде уште еднаш да изманипулира со ситуацијата .. немаш друго чаре.

    Моли се за него, да успее да го најде патот. Единствено тоа ти преостанува. :(

    Ти посакувам многу среќа! :hug:
     
    На roza102 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    и треба да се забранат :( навистина се голема штета за општеството! фала ти за подршката :) се надевам дека Господ ќе ни помогне
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    20.715
    ^^
    Како викаат постарите...коцката е најлош порок.
    Драга моја, да не сме ти во кожата.
    Мораш да бидеш силна и трезвено објективно да размислиш што понатаму.
    Опцијата развод секогаш ќе постои тоа го знаеш. Но што има за да се спаси бракот?
    Постои ли барем мала светлина надеж во долгиот тунел на коцката? дали сте разговарале за неговиот очигледен проблем? Дали е ветил дека ќе престане, че се откаже? Дали те лажел и криел од тебе за позајмените пари, подигнатите кредити?
    Дали е добар и грижлив татко? Совесен и одговорен?
    Тој може да биде извонреден и да ја гледа малата, ама тоа е со краток рок, а ако не размислува на долг рок, како може да и помогне и на неа и на тебе...ако се однесува хазрдерски .Одговорноста, совесноста и грижливоста му паѓаат во вода, зарем не?
    Биди силна драга и подготви се за долгорочен проект, ако си спремна да го задржиш бракот.Тука ќе имаш милиони искушенија, препреки, маратонско трчање и трки на 200 и 300 метри со пречки ( итоа баја високи).
    Гаранција дека проектот ќе успее не може да ти даде никој, освен волјата на твојот сопруг. А таа волја е аморфна материја, тој ќе и го менува обликот соодветно на дадена ситуација- типично коцкарски.
    Не сакам да звучам песимистички ниту пак да те советувам со глава да туркаш в ѕид.
    Ти посакувам среќа.
     
    На a.c.k.a и roza102 им се допаѓа ова.
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас имам другарка само што тие немаат деца истиов проблем ама баш истиот како таа да го пишувала тие тадури куката ја изгубија,но таа не сакаше развод веруваше дека ке успее да се среди....Проба со разговор,одеа на стручна помош тадури одеа на баење но резултат од тоа ништо како што напиша и ти малку ке се смири потоа пак...се така додека таа не се разболе....сега е за никаде пола човек наводно уште се во брак тој по старо нејззе и купуваат нејзините и што е најстрашно и ги плакаат с/ките,а тој цела плата13.000ден си ги фуцка на апарати и кладилници,налет па тадури и на лекар не оди со неа таа со нејзините оди и тие се и плакаат ама се рекло во брак е ....Мислам дека ти опишав еден вистинит случај само што овие немаат дете,а ти при дете и да го трпиш ова не.Имаш дете потребна си му разговор со твојот ако не бива батали за да не бидеш како нашава сега е за нигде,болна,нервозна а овој само ветува....пази што правиш.... одлуката е твоја и затоа донеси вистинска одлука пред да биде предоцна
     
    На roza102 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    мене сега ми е лесно да делам совети оти не сум на твое место (да сум, неможам да замислам што би правела) ама мислам дека непостои друго чаре освен развод.
    и сама кажа и ПОРАНО правел така па престанал па сега пак е по коцката. и да престани на кратко пак ќе се врати, дури ти е бебчето мало развод, после и за детето ќе биди потешко.

    пак ќе речам лесно е да делиш совети за нешто, а сосем е поинаку кога треба да го примениш советот.
     
    На roza102 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    Фала Ви девојки за советите :hug: Полесно е кога ќе се поразговара со некој. Ние се договоривме да почнеме од почеток и овој почеток да биде последен за овој негов проблем.Времето ќе покаже до кај ќе стигнеме,ќе ве известам. Му велам да посети психијатар ама несака а мислам дека ќе беше добро. Девојки верувајте ми да не заслужуваше веднаш ќе си отидев од него ама срцето и совеста не даваат.А и кај ќе одам со детево? Што ќе му кажам кога ќе порасне? "Оној пропаднатион ти е татко!" :( Вака ако има волја да се извлече од ова.... му го должам ова на детево. Како што ме советувавте ставив се на вага и видов дека повеќе ќе изгубиме сите ако се разделиме. Ќе го земал повеќе детево да го чува за да не мислел на кладилниците.... знам дека доживотно ќе треба да го контролирам некако ама тоа е што да се прави. имам чувство дека сеуште има надеж за него, ако сега ги кренам рацете од него се знае како ќе заврши. Држете ми среќа,покрај тоа што сум мајка почнувам да бидам и психијатар и банкар :)
     
  11. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    жал ми е што ке морам да те разочарам и да ти кажам дека од овој порок спас нема значи ова ти е за цел век проблем
    Ке има периоди кога ке ти се спојат жичките ке се закануваш со развод ова она и ке се смири али само на изглед и на некој краток период потоа пак по старо и се така во недоглед ........
    Се може да помине само коцкањето не али ако мила за да немаш грижа на совест да утре други ден не речеш можеше да се спаси бракот ете пробајте уште еднаш неговата плата дирекно кај тебе во геб и стрикно ти да раководиш со парите и пази се ке проба да краде и од тебе ке те лаже дадив на овој другар позајмив ама ке ми ги врате очекувај дека со другари ек се договара демек му требаат да му позајме али знај дека секогаш ке биде една голема лага никогаш нема да имаш доверба во него и нема да знаеш кај се не е должен па ке страхуваш дека некој ден може и лихвари со пиштол да ти дојдат на врата
    Ама реков да не се правиш ти виновна еве пробајте уште еднаш и баш би ми било мило да успее да се извлече од сета каша пишувај ни како ке се одвива ова кај вас понекогаш
     
    На imelda и roza102 им се допаѓа ова.
  12. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    засега е добро :) рано е да се каже кој ќе биде исходот ама добро почнавме. не разговараме за минатото воопшто,не го обвинувам,не го напаѓам.... тој разговор заврши и му кажав дека веќе за тоа несакам да се зборува. сега треба да мислиме како да се извлечеме од ова. Некоја од вас ме праша дали е совесен татко и дали сум знаела за долговите ама јас од нервоза заборавив да вратам на прашањата. Да,совесен е многу, сега е уште попосветен на ќеркичката,кога е дома цело време со неа го поминува така да јас може да се одморам :) а за долговите незнаев се до пред некој ден :( јас бев окупирана со бебето и незнаев тој што правел :( Незнам дали е ова само моментално или пак ме чека некоја бура.... само знам дека уште еден бродолом нема да можам да поднесам :(
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Роза, не се залажувај. Негова типична карактеристика е да се залажува и да негира дека има проблем. Задолжување без да знаеш па да ти се исповеда кога нема веќе криење, кажува дека е проблем, не рекреација, и нема да ја остави така туку лесно оти едноставно сте разговарале. Не е во минатото проблемот. Сега е и уште е и нема да мине со затинање уши нанананананананананана. Ако и ти мислиш дека тоа е зад вас, му се придружуваш во игнорирањето, во негирањето дека всушност тој, а со неговите постапки и ти, имате проблем дома.
    Пре пре пре ретки се оние кои завртеле нов лист и успеале да се воздржат, ама пред тоа паднале од вагонот безброј пати. Без стручна помош дека успеале скоро речи и не постојат. Закани не вршат ама баш никаква работа. Ќе обеќа, ќе скрши ветување, се додека Ти не си таа што одлучи до кога ќе се врти тој круг.

    Не е тоа што сакаш да слушнеш, ама тоа е, најискрен совет би ти дала е, надевај се на најдоброто и на преспврт во неговото однесување, дека не е само затишје пред бура, ама во исто време собирај сила и биди спремна не за бура туку за потоп.
     
    На eva11 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    се ми е јасно девојки, знам дека 99% се залажувам :( како што ми напишавте претходно,добро е што не земал пари од лихвари. во сета несреќа и среќа
     
    На imelda и tessie им се допаѓа ова.
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    роза ова на мажот ти за жал е болест и неможе туку така да се исконтролира значи за жал и јас мислам дека на човекот под хитно му треба стручна помош,тоа не е страмно ниту страшно треба да седнеш и да му објасниш лесно може да се стане зависен од нешто верувам со тек на време без да си и самиот свесен наместо ти да ја контролираш самата ствар почнува да те контролира тебе,сум гледала примери каде што луѓе од секакви зависности се колнеле и преколнувале на нов почеток и тоа траело мал период и пофторно потоа пак истата песна.Несакам да те разочарам ама тоа е реалноста и мораш да бидеш спремна,на мажот ти објасниму дека никаква финансиска сигурност немате и плус во долгови ве става и плус тој не работи значи NE на ова мора да ставиш крај и не со давање на секое нов почеток туку со убедување да оди на терапија и ќе му кажеш дека за тоа нема да дозне никој друг освен ти и тој нормално само така ќе постигниш нешто,инаку тој секогаш ќе се искрадува на ваков или друг начин и ќе ти прави проблеми,решението не е да изиграваш полицаец тој ако сака во 3 сато сабајле ќе стани и ќе оди да извади пари а ти нема ни да го видиш неможиш едноставно да го допазиш тоа е факт и што ќе правиш ти цел живот ќе го контролираш него и ќе живееш под стрес?NE мораш да го убедиш да оди на терапија само лечењето е решавање не проблемот од корен,колку и да не сака ќе инсистираш и ќе го убедиш тоа е најмалку што можеш да направиш за ќеркати,на крај можеш твојот проблем да му го кажеш на твоите нека го донесат малку на ред и нека му го повиши тонот некој од страна неможе да троши пари кој неможе да ги врати,и инсистирај нека бара работа сега барем за мажите има работа се бара физичка сила нека побара по огласите тој од што нема и со што да се занимава збеснал и сето тоа му преминало во зависност но тоа не е воред,ќе ве однеси во пропст тој веќе има изгубено осет немој да чекаш повеќе и инсистирај оваја работа да се среди ти посакувам среќа...
     
    На roza102 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    Миме и јас мислам дека му треба стручна помош ама неможам да го убедам :( и да биде сега се во ред до крај на животот ќе треба да го пазам што се вели, никогаш нема да бидам спокојна...... А за неговата работа не сум се изразила добро,тој е вработен ама јас така напишав дека сме моментално само на мојата плата пошто тој е ептен во минус :(
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Роза пробај со него да разговараш на најразумен можен начин кажми дека за него и за цело семејство е најдобро да побара стручна помош а за тоа дека нема да знај никој туку само ти и тој и толку увериго во тоа,знам мажите какви се и знам дека на тоа неможат да се наговорат лесно но сепак потрудисе со разговори можеби ќе го убедиш ништо нема да изгубиш туку напротив,тоа за со платат ти е доказ дека никогаш нема да можеш да го контролираш и никогаш нема да можеш да бидеш сигурна дека еден ден не само што ќе биде во минус тоа со неколку плати може да се среди доколку тој има осет нормално барем малку,туку и кога ќе може да вади плата нема да знаеш кога вади колку и дали ќе ги донесе парите дома за сејмејството или ќе отидат во неповрат воминуси во кафани во кладилници за жал,пробај да му достигнеш до совеста до разговори дека не носи леб дома за ќеркаму дека ти самата неможеш да го издржуваш и него и ќеркати и трошоци и све пробај да го натераш совеста да го гризе незнам колку ќе успејш но мора да превземеш нешто,и како што ти реков на крајот можеш да му кажиш и на твоите немој да се страмиш таткоти и мајкати нека го клат на место малку и нека му дадат до знаење дека ти не си најдена на улица и внукаму дека тие те предадоа на него за тој да се грижи за вас и за семејствотот а не да прави вакви глупости верувај дека нема да му биде сеедно немој да ќутиш трпиш и да се уништуваш ни ти не си од камен,но сепак биди храбра издржи и оди со ова до крај...
     
    На roza102 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    На човек сосила не можеш да му дадеш памет.Разговор и разговор со ваков типац не помага,зашто тој може извесно време да се смири,али пак да си се врати по старо и цело врме муабетот е само вртење во круг,караници,препукувања,извинувања,па пак од ново.
    Кажи и им на твоите,а и на неговите родители,сепак ако е толку маж да се коцка,а притоа неговата плата е во минус,значи зема од тебе,тогаш од негова страна е неблагодарност и незахвалност да дреми по цел ден по казина и кладилници,а притоа воопшто не размислувајќи дека се определил за семејство,жена и мало бебе :fubar:
     
    На roza102 и tessie им се допаѓа ова.
  19. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    81
    за жал на неговите не им е баш гајле што се случува со нас :( тие си го тераат својот живот а на моите неможам да им кажам, имаат сериозни здравствени проблеми,татко ми повеќе ;( сама ќе морам. засега се е во ред,незнам колкав период би го земала како критериум кога би можела да здивнам малку и да одморам. секој момент би можел повторно да не однесе огнот :( со ваква анксиозност ќе треба да научам за живеам. веќе не е сеисто и да го оставам,имаме нешто што не поврзува најсилно а тоа е бебето. ете и да се разведам пак неговото однесување ќе влијае на нас,вака барем ќе се трудам да го држам под контрола и со моја помош да научи и тој да се контролира. како што ми пишавте,тенка е границата кога ќе почне коцката да го котролира него
     
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    роза 102 извини што ке бидам дирекна и искрена немам намера да не навредам или понижам него ке ти ја кажам вистината која добро ја знам
    сега вака размислуваш оти имаш уште да трошиш од твојата плата ке дојде период кога и твојата плата ке ти ја крадат од дома и ке ја коцкаат и дури тогаш ке посакаш да си што подалеку од него
    он е веке пропаднат случај
    сега ке биде малку смирен овој период од 2-3 месеци ама до кога ???
    додека не разбериш дека пак до гуша се заглавил ама гледај некоја ден и тебе да не те заглави да ви испродаде и стан и кола и злато мораш да се пазиш значи он ке гледа да земе од кај може дали од роднини од пријатели ке лаже дека си болна ти дека детето е болно за да допре до пари и ке си мисли дек ааха ете сега ке фатам и ке се одглавам ама за жал од таму никој не спечалил и не станал човек
    ако е така лесно зошто да одием на работа ке си дремиме по астра клубови и ке си факаме пари
    отвори си ги очите размислувај трезвено со мозокот не со срцето оти додека трепниш детето ке ти плаче за мастика и смоки а ти ке немаш зрно прашок да го испериш
    реална ситуација но сурова