Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува?

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 21 јули 2011.

  1. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    107
    Ми тргна со темиве значи :)

    Темава ја отворам за да искажете искуства (а и совети) како да се справите со некој кој постојано ве исмева , омаловажува, дали дечко ,дали некои другарки..

    Значи, јас конкретно немам таков проблем да опишам па темата да е поголема, но можеби некој има, слободно нека се изјасни.
     
    На Lolo5, Tea.A и bubu123 им се допаѓа ова.
  2. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Ми се случуваше во основно,бидејќи бев дојдена од друга средина а тие веќе беа цела гарда и постојано ме исмејуваа,едноставно учев и се трудев за себеси а нив ги игнорирав,но кога враќав е тогаш почна да боли завршивме основно,е тогаш сите што ме исмејуваа плачеа кога си ги видоа оценките и кога сватија дека неможат да се запишат каде сакаат.Не да се фалам но јас немав таков проблем оценките ми беа супер,и нивното исмејување ме направи посилна и повеќе борбена на крај им докажав.Но и никогаш не дозволував нивниот збор да биде последен,не беа ништо повеќе од мене така да им враќав на се и не дозволував нив да ги болат зборовите помалку од мене,додуша после 6то оделение не ги ставав на ум но нели на почеток ќе плачеш,заради едни искомплексирани будали.
    Е лекот за некој што ве исмејува е да му враќате со иста доза,по можност и малку да го "протресете" и главата горе,не се замарајте за тоа што луѓето го мислат тие ретко го прават тоа ;)
     
    На Lolo5, Quuen, LittlePinky и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.497
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Ако дечкото или другарките ме исмејуваат позади грб, не се вистинските и би ги откачила под итно. Ако се работи за шеги, би им објаснила дека ме навредуваат и би ги замолила да си го корегираат однесувањето. Никој не е совршен и кај секое лице може да се најде тема за задевање и исмејување...
    Во други случаи кога се работи за соученици, колеги од факултет или работа, треба да се игнорираат. Колку повеке им обрнувате внимание, толку повеке ке ве задеваат... Не ги забележувајте и ке сватат дека се глупави и досадни.
     
    На stojne-21 и 1234girl им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.931
    Допаѓања:
    51.887
    Пол:
    Женски
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Еј да, и мене ме исмејуваа во основно, ме викаа Досетко :D
    Како се справував? Па ко дете, доаѓав дома и плачев.

    Сега како би се справила? Теоретски - не би се справувала со тој што ме исмејува туку би се справила со себе ако има вистина во тоа што го вели, а ако нема - би си изградила ѕид преку кој ништо од таа личност не допира до мене 8)
     
    На Lolo5, DimovskaSandra и Goticarka им се допаѓа ова.
  5. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    107
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Темава ја поставив не позади грб да ви се исмејуваат, туку во фаца.Како да се реагира тогаш :)

    А инаку може да пишувате и ако е зад грб, на авторот не му пречи ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. emzzy

    emzzy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    10
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Искрено - НЕ СЕ ЗАМАРАМ. Нека пукнат од љубомора ако ме оговараат зад грб или било како. А ако имаат ’муда’ нека ми речат во лице па и јас знам со иста мера да вратам :D
     
    На stojne-21, Goticarka, ana.8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    143
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Имам таква роднина,знаете таа е од 'повисоката класа'..имам приметено не само мене да сака да ме понижи,туку и на сите другари/ки,некогаш ке преќутам,некогаш ке вратам,жал ми е..знам дека за брзо време ке остани без никого,заради нејзиното однесување ама тоа е што да и правам..валда од тоа ке и дојде памет :)
     
  8. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    2.679
    Пол:
    Женски
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Па искрено со таквите не се справувам туку се пресметувам.Е сега зависи во кој период како.Како дете ми се има случено такво нешто и сум го решила со ќотек!! Да ги изнатепав па другпат не им текна.Е сега во подоцнежни години ми се има случено не да ми се исмејуваат директно во фаца туку станува за пософистицирано омаловажување или поточно обиди за оналоважување.Сега вербално се ,, пресметувам,, со таквите, иако гледам дека ако им преќутиш си земаат замав таквите па затоа одма ги решавам со некое капаче на нивна сметка. :devil:
     
    На Candyman и 1234girl им се допаѓа ова.
  9. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Немам таков проблем,а кога би имала би имала некој кој би ме бранил :) :$
     
  10. feemina

    feemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Да, го имам тој проблем и тоа од тој сто треба да ми е најблизок.многу е тешко ,а особено кога е неосновано.Мисли многу е забавно ,а всусност е тажно.му имам укажано ,но нема некој напредок,можеби му треба малку време поради оној инат што сите го имаме латентно во себе да не ги послушуваме другите иако знаеме дека грешиме ,зосто да не прават,, будали,, : ке правам како што јас сакам, а не како ке ми кажат,.... па затоа можеби му треба малку време за да не испадне ,, на моја заповед,, а негова одлука.искрено ,ако бесе некој другар , пријател пријателка ехее би го откацила пред да трепне ,а овде не е бас така едноставно.како да застанам наспроти неговите упорни навредливи коментари и критики?
     
    На LGBT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    2.842
    Пол:
    Женски
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Значи многу прифаќам шали на моја сметка и да не сум била таму кога се зборело за мене после не се лутам ако се шалите на место. Ама некој да ме измејува НОУ ВЕЈ....
    Имаше цимерката моја еден другар не исмејууваше човект дирекно ама така оддалеку оддалеку ке ти тресна нешто без веза со цел да те измее. А мнооогу се фалеше и плус прост беше за сите пари и шо и има и шо ги нема. И цела година му го собирав слушајќи го како исмејува. Многу се нервирав по студентскиот дом зборев лошо за него кај ќе стигнам ама заради цимерката моја не сакав во фаца да му кажам ништо. И се ближи крај на годината се собравме кај нас дваесетина луѓе да прославиме и почнавме за скржавост да збориме. Јас како што бев малку поднапијана ни две ни три пред сите таму му вратив во негов стил со следните зборови;

    ’’ Искрено другарче да ти кажам прв пат кога ве видов тебе и девојка ти ми оставивте впечаток на големи скржавци. Многу сте ми мили и двајцата , а и како нема да ми бидете мили кога цела година ја поминавте во собава наша, и секој ден очекував да не викните на кафе горе кај вас ама ништо. Викам овие кај мене не ме викаат па и цимерката другарка им е ја немаат викнато горе. Да сте без пари не сте, еве цела година слушам како само купуваш нешто. И така имав лошо мислење за вас се дур не видов в менза еден ден дека еден ражнич двајцата го јадите. Тогаш си реков дека стварно немате пари и ми падна мака зошто сум мислла за вас оти сте скржави’’’ :punch: :punch:

    После ова цела вечер дечкото не прозборе, уста не отвори, акога излезе и се извинив на цимерката дека сепак се нејзини гости. Важно сите ми честитаа за тоа што му го реков.

    НАРАВОУЧЕНИЕ -На тој што бе исмева вратете му со иста мера. Тие луѓе со исмевањето сакаат да ги прикријат своите слаби страни. Јас не познавам силен и паметен човек кој исмева туку само такви искомплексирани некои.
     
    На Lolo5, hermosa, stojne-21 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    391
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Не сум била во ваква ситуација, некој постојано да ме исмејува, но ми се има случено неколку пати, од личност која едноставно исмејувањето и е секојдневие. Реакцијата ми е- таа мене шише-јас неа капаче. Веднаш враќам со збор, како на смеење (бидејќи ароганцијата едноставно не е моја особина), но во никој случај не оставам простор да си се засити што успеала да ми се изнасмее, или пак да продолжи. :lol:
     
  13. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    mi se ima slucheno porano , no sega sum druga mnogu pojaka i znam kako da vratam i da se snajdam :)
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.258
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Сеуште собирам, но ќе вратам, само уште малку. За се, апсолутно за се. А далеку од тоа дека имам заборавено ;)
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Pa i jas nemam nekoj takov problem no ako nekoj proba da me ismee ili nesto slicno mislam deka sarkazmot i ironijata sto go imam vo sebe ke mu pokazi deka ne smee mene seir da mi pravi i da me ismejuva ... pa toj/taa so tek na vreme ke sfati deka ne e sekoj predmet na ismejuvanje ;) :*
     
  16. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    За некој што е силен на рака врзи му два шамара и продужи даље.
    А некој ако е силен на збор, сам знае што треба да прави
    Најдобра одбрана (ако може така да се каже) е насмевката
    Некој ќе те исмее, ќе ти каже нешто лошо, а ти само сврти му се и насмеј се, онака слатко
    Него повеќе ќе го боли зашто не успеал во својата намера
     
    На stojne-21, anabel-a и LGBT им се допаѓа ова.
  17. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    73
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    не ми се има случено да се исмејува некој постојано со мене ама сигурна сум дека би му вратила со иста мера
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Во денешно време исмејувањето е честа појава, која мене воедно ме вади од кожа. Такви се луѓето, повеќе гледаат за другите отколку за себе, оговараат и исмејуваат, без да помислат колку е непријатно и болно...

    За среќа јас не сум жртва на исмејување, а кога би била, никако не би молчела, не би дозволила заради тоа да имам комплекси и би вратила со иста мера. Во таквите моменти иронијата е едно од најдобрите оружја. Исто така и насмевката. Не им покажувајте дека исмејувањето допира да вас.
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.401
    Пол:
    Женски
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Луѓе кои исмејуваат си имаат проблем со нивното его. Претежно ги игнорирам. Кога бев помала ме исмејуваа дека сум живеела на претпоследна 57 тоа било село. Е сега тие мили и драги тропаат кај мене на врата. Ама си викаш деца сме биле. Чувството не е убаво, ама некако секогаш зрело сум се справувала со тоа. А денес ах, знам сама себе да се исмејам на весел начин. Немам проблем со тоа. Но оние понижувачи исмејувања од возрасна особа. Не! Еднаш вратив со- извини ама не си достоен да го губам времето на тебе. И стојам на тоа. Ги игнорирам и блујам на болните умови.
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува

    Одамна не сум забележала некој да го прави тоа... можеби затоа што не обрнувам внимание на таквите работи и ги игнорирам.
    Ако некој нема попаметна работа и неговиот живот не му е доволно интересен, па се занимава со туѓите животи и исмејување на банални карактеристики само за само-подигнување на сопственото его, тогаш тој некој е за жалење. Ете толку.