Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува?

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 21 јули 2011.

  1. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Беше тоа 7мо одд.кога фраерот од клас ме исмејуваше,значи се и сешто зборуваше , а најтрагично е што ништо од тоа не беше вистина.И така јас од ден на ден викам ај ќе помине и пак по старо а пази (детето ми е комшија хахаа).Ми пукна филмот а јас бев позната како (машкуданка) :lol: кога го фатив се сеќавам германски имавме значи како сум го мавала,знам дека му пуштив крв од нос (а исто така имаше многу проблеми со носот ) и дечкото од тогаш ме нема чепнато.Значи тоа било решението тогаш.Исто имаше една (која иронија братучетка на фраеров) се правеше многу паметна ,ама кога ја кажав дома ,татко и ја претепал.Насилството не е решение,но нема да дозволам некои плитки глави да ме исмејуваат. Од тогаш ми се нема случено да ме исмејат.А најтрагично е што фраеров не заврши училиште, кога ќе ме види се поздравува со мене,а цурава едвај проаѓа година во броз. Така да се си се враќа.Сега сум средно и никогаш ми се нема случено такво нешто,со сите сме на исто ниво и сите се почитуваме меѓусебно. :)
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. iren4e-baby

    iren4e-baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Како јас да сум го пишувала ова :o но до некаде
    Јас сеуште ги имам проблемите со исмејувањето и се друго. Покрај тоа ја имам истата алергија,ми излегува само кога се нервирам поради тоа што прават со мене што сакаат. :( А јас сум толку повлечена, незнам ни што да одговорам на тоа. :$ Сакам да се ослободам од ова кое се уште ми се случува, и не можам никако да се ослободам. :tmi:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vrapce.b

    vrapce.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    За на школо имаме униформи, а јас при крајта на школото не ја носев. Ретко кој ја носеше. Си одев подотерана од предходно. И една другарка нонстоп ме замараше со тоа дека на школо се оди со униформа. Можевме да носиме друга облека. Сепак пристојна. И почна да ми вика ’стајлиш’. У ходник стоиме и она ќе почне да се дере ’СТАЈЛИШ кај си ма’. Ама фала богу не се замаарав многу со неа. И селфи ми вика. Демек многу селфиња сум си правела, што не е точно.
     
  4. Cat-Lover

    Cat-Lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    14
    Со мене постојано се исмејуваат ;( а никако неможам да им речам ни збор, толку сум слаба :(. Денес еден што е во мој клас ми рече дека толку сум била грда што никој не сака да се дружи со мене и ред други навреди ;(. Немам ниедна другарка толку многу сум осамена. На мајка ми и немам кажано ништо и таа си има проблеми на работа :worried:. Едноставно не сакам да се карам и да влегувам во конфликти со нив и затоа си земаат сила за да прават што сакаат со мене. Еднаш сакаа и да ме истепаат но успеав да избегам. Сега основно ми е пекол ;( Немам сила за да се бранам :(
     
  5. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.996
    Ајј знам како ти е, и јас сум слична :(
    Ич да не се секираш, и мене пред една година ми викаа многу си грда и забегана, никогаш нема да си фатиш дечко, и еве по една година, пак немам дечко. :D
    Нејсе, собери храброст и почни да бидеш покомуникативна, запознај нови луѓе, не биди срамлива и биди послободна. Ако те навредуваат, почни да се караш со нив, да ги навредуваш и да ги пцуеш. Знам дека пцуењето е лоша навика, ама во вакви случаеви те прави да звучиш посилна. 8-|
    Не деозволувај вакви личности да те растажат, тие само те прават посилна. Кога ќе запознаеш нови другарки, овие проблеми нема ни да ти бидат важни:P
     
  6. Cat-Lover

    Cat-Lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    14
    Ти благодарам на советот Joi :). Почнав да се дружам со едно девојче од мојот клас кое се наоѓа во мојата ситуација. Но навистина не е убаво исмејувањето. Денес што се не и кажуваа на девојчето ;(. Се надевам некако заедно ќе издржиме со неа до крајот :)
     
  7. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Дали побара помош од наставниците? Се обрати ли кај педагогот/психологот во училиштето? Ако не можеш со мајка ти да разговараш, зборувај со некоја блиска другарка, со некоја братучетка.
     
  8. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе ја наведнуваш главата, толку повеќе ќе те тапкаат по глава. Колку повеќе се криеш толку повеќе ќе те бараат. Затоа, цурице, главата горе и цврсто напред. Прво запомни дека ни една девојка не е грда. Малку сјајче, моливче за очи и маскара и ќе светкаш како звездичка. Прави работи кои можат да ти ја поттикнат самодовербата: средување на косата, вежбање, пешачење, здраво хранење... Сето тоа ќе те тера секој ден да си се поубава и однадвор и одвнатре. Во однос на другарки и другари, опушти се. Колку си поопуштена и не размислуваш толку си попријатна за дружење. Не се улижувај, не прави услуги на никого за да се дружиш со него... Биди природна, насмеана, весела и најважно комуникативна... Другарството доаѓа спонтано. Со другарството доаѓа дечко итн. Најбитно е да не размислуваш на тоа дека ти не можеш или дека вредиш помалку од другите. Разбуди се утре и кажи си јас ќе почнам нов повесел живот. Позитивната енергија ги врти луѓето околу себе.
    Тие кои те вреѓаат угости ги со искрена широка насмевка и врати им со иста мера. Никој не е совршен. Сите имаме мани. Играј на таа карта. Откриј ги маните на твоите „непријатели“. Еднаш два пати ќе им вратиш и третиот пат и тие ќе се уморат. Држи дезодоранс во торбата па ако дојде до непријатна ситуација, прскај. Ич не се плаши. Па тогаш ќе видиш кој е „опален“.
    Па вие сте само деца!!! Мора малку и родителите да се ангажираат и да ве научат како да бидете „опасни“
     
  9. Rock.Lady

    Rock.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Верувајте, не секој знае како да се справи во ваква ситуација. Мислам дека нема полоша комбинација од тоа да бидеш повлечен, емотивен тинејџер со некоја воочлива маана која би им била инспирација на оние невоспитаните, нечовечни врсници во околината за да започнат психичко/физичко малтретирање. А никој не е совршен, сите имаме маани. И баш оние кои малтретираат други, притоа лечејќи ги своите комплекси, најдобро го знаат тоа.
    Навистина ги жалам, бидејќи нивната нечовечност е неизлечива. Тежината може да се намали, акните со соодветна нега и лечење можат да станат помалку видливи, очилата можат да се заменат со леќи, забите можат да се исправат со носење фиксна протеза... но, само човечката злоба е таа што не може да се промени.
    Bullying-от, за жал, станува мода. Денес модерно е да се шегуваш(читај: навредуваш) на нечија сметка. Мора нешто итно да се преземе во врска со ова, особено во образовните институции. Ваквите исмејувања оставаат трајни емотивни лузни врз личноста на човекот. Не за џабе рекле: „Јазикот е поостар и од сабјата“. На децата, покрај онаа од дома, им треба поддршка и од професорите и од останатиот кадар вработен во училиштата, им треба некој да ги заштити!
    Еве и јас сум од оние на кои ова им е болна тема за дискусија. Како тинејџерка без дебела и автоматски помалку вредна од другите. Како што кажа една членка претходно, мислев дека не вредам и дека не заслужувам да бидам убава и средена. Благодарение на таа низа од навреди јас имам екстремно ниска самодоверба и водам секојдневна борба со анксиозноста. И покрај тоа што денес изгледам мнооогу подобро од тогаш, тешко ми е да се ценам себеси од различни аспекти. Знам дека еден ден кармата ќе си го направи своето и дека секој ќе си го добие тоа што си го заслужил. Не велам дека им посакувам лошо, туку дека секој ќе си го добие заслуженото парче од колачот.
    Сконцентрирајте се на убавите нешта во животот, на пр. кон самите себе. Правете го тоа што го сакате, тоа што ве исполнува. Слушајте ги зборовите од оние кои ве сакаат, а не од оние кои сакаат да ве повредат. Отфрлете ги нивните канџи, нека не ве гушат со своите негативни вибрации. Колку побрзо го сфатите ова, толку побрзо ќе уживате во младоста. Искуството во мене вели(вреска!): не им давајте да ве бутнат со својата искомплексираност!!!
     
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Дечки сите вие што пишувате дека сте исмејувани на училиште сте се уште млади, и за тоа во ваша околина се случува тоа. Некои од вас се немоќни да се одбранат и спротистават а другите (оние кои вреѓаат) се уште не се свесни за убавината и вредноста на човекот.
    Кога ќе се најдете во ситуација некој да ве навреди или омаловажи, никогаш да не молчете, вратете со иста мера. Кога некој ќе ви каже нешто лошо изнасмејте му се во лице и речете му „Ти па ако си поарен или попаметен, немаше оваа глупост да ја кажиш на било кој, ахаа уствари од ум како твојот не ни очекувам нешто поарно да произлезе“ и така некако.
    Ако ве замараат тиа лигушите такви на школо кажете ги на класниот, на било кој професор, кажете си и дома па вашите родители ќе разговараат со професорите а тие ќе ги предупредат олошите.
    Самодовербата не смее да ви паѓа никако, сите сте убави и вредни на свој начин, и тркалото се врти јас кога бев основно имаше групи на ученици кои се замислуваа елита нај јаки вреѓаа омаловажуваа а сега тие истите се најниска класа.
    Затоа донт вори би хепи, сепак ова е еден период кој сите сме го проживеале, и НЕ СИ СВАЌАЈТЕ ТРАГИЧНО.:*
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    Мене секојдневно ме исмејуваат, но не во училиште... А затоа што е дел од мојот приватниот живот, многу потешко е да го оттргнам тоа и да го заборавам.
     
  12. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Ти би била прекрасен психолог, во некое училиште, сето ова ти држи вода и е добро како психолошка поткрепа, но кога човек ќе се соочи со таква ситуација многу тешко останува присебен а камо ли со широка насмевка
    Внатрешната убавина не се стекнува со инатење и правење нешто за инает на другите, туку правење на работи кои те исполнуваат, потоа атмосверата во семејството....
    Здравата храна е добра за надворешната убавина, но и од неа неможе да се очекува преку ноќ да станеш принцеза нели, :) ниту попаметна.
    За билдање на самодовербата треба добар психолог или добар родител, џабе ти е и да направиш тело „авион“ со вежбање и да си нај убава на светот, ако немаш самодоверба тие што сакаат да те малтретираат пак ќе најдат нешто за што ќе се фатат, и ти пак ќе си бидеш несреќна и тажна. Потоа ќе се прашуваш, зошто сум ваква а се хранев здраво и вежбав.
    Сето тоа во тинејџерските години е нирмално и тешко дека ќе може да се даде некој универзален совет кој би им помогнал на сите, потребна е стручна работа со секоја личност пооделно.
     
  13. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Мене не ме замарале тој тип на искомплексирани дебили многу многу во животецов - ваљда си знаеле дека потајно сум Стршленка,и дека ренде ќе ги направам ако ме чепнат :D Најозбилно,не ме закачале ни во основно,ни во средно, а зошто не знам,можеби затоа што бев пријателски настроена кон сите и сум ептен френдли личност,па не сакале. Ма да,знам доста супер и дружељубиви луѓенца кои што и покрај сето тоа биле закачани и исмејувани.. Како и да е во забавиште ми беше сосема друга приказна :D Имаше едно девојче-вештерче од кое зрачеше злоба уште од мало и цело време вербално ме малтретираше. И возрасен човек можеше да позавидува на нејзиниот тогашен расипан ум. Не знам од каде научила такви комплексни психички игрици уште од толку малечка и уште „недоквакана’’ ама махериште беше! И тоа токму мене избра да ме малтретира најмногу. Тоа траеше три-четири месеца,дур на Ази ваша не и се упали кликерот и ја отера малечката манипулаторка во маму маму. :D
    Како прво,постојано не скаруваше,и тоа целото класче. На сите им зборуваше дека други ги навредувале,колку само другарки скара,ехее... Второ,цело време не кодошеше кај учителката и тоа до тој степен што почна и да измислува приказни. Трето,ми ја крадеше ужинката,секогаш си играше со играчките кои што ми беа омилени,едно малечко плишано зајаче кое што го однесов го унакази со ножици,ми ги крадеше цртежите,ми ги бришеше задачите и грешно ги решаваше... Врвот беше тоа што ми испопаѓаа млечните запчиња,и ми никна голем заб кој што многу смешно ми стоеше,па ми најде триста надимаци заради тоа и ме зезаше цел клас :D
    Сега ја гледам,се средила,си учи,прибрана,фина,културна. Во лицето уште е како расипана туршија,се надевам дека бар душата и се разубавела.
     
    На LittlePinky, Sunshine.Sunshine и luci22 им се допаѓа ова.
  14. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Јас сум студирала нешто што нема допирна точка со психологија, па советот го пишував според тоа како ми успевало мене. И јас сум имала лоши тинејџерски денови ама самодовербата ми била секогаш на високо ниво. Во однос на убавината би рекла дека во моето друштво имаше две девојки со екстремна надворешна убавина, ама секогаш момчињата ми приоѓале мене. Тоа е така заради внатрешната убавина. Иако бев слатко буцкаста немаше виша сила која би ми ја скршила насмевката или самодовербата. :)
     
  15. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Лично не сум доживеала исмејување. Само еднаш во четврто одделение ме задеваа два-три дена дека сум била бубалица. И јас не знам зошто, ама воопшто не ме задеваа. Скоро сите во одделението се зафркававме таа го сака овој, тој ја сака неа, а за мене кога и да кажеа нешто јас не обрнував внимание, па не ме ни зафркаваа.

    Е, ама секојдневно ја задеваа другарка ми . Значи, не можам да ви опишам што се не и кажуваа. Од навреди за изгледот, до навреди за нејзините родители, за нејзиниот дом, уште што не. Премногу ми беше криво, а не можев никако да и помогнам. Попусто беше и обраќање кај наставниците, ќе ги опоменеа оние кои ја задеваа неколку пати, еден ден ќе беше мирно и потоа пак почнуваа навредите упатени кон неа.
    Носеше наочари, па ја нарекуваа ќорава, слепа. Постојано коментираа каква и е косата, неисчешлана, неизмиена, а не беше таква. Ја критикуваа како се облекува. И уште еден куп други навреди.

    Само бидете силни, не молчете, на навреда, возвратете со навреда, можеби тоа не е добро, ама не гледам друг начин со кој би го запреле тоа. Еден ден сите тие што навредувале ќе сфатат ( барем се надевам ) , која е нивната грешка и ќе се каат за стореното.
     
  16. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Мораш да се конфронтираш со насилниците, не знаат за поинаков јазик за жал. Знам дека е тешко но ако можеш да најдеш внатрешна сила за да се спротиставиш би било значајна престртница во начинот на кој ќе те перцепираат и на кој и самата ќе се перцепираш.

    Школското насилство е сериозен проблем на кој воопшто не му се посветува внимание а резултира со доживотни трауми и последици кои ќе ги трпи некој друг, години подоцна, ни крив ни должен.

    Разговор со наставници или други вработени нема да даде резултати бидејќи нив не ги интересира ништо освен платата, со ретки исклучоци.

    Сепак кажи им на твоите родители - тоа што ти се случува е поважно отколку да им го зачуваш мирот за на работа, нема потреба од криење, не се исплати да се кријат проблемите со цел да не се покажеш како ``слаба`` пред родителите. На крај на краишта една од родителските задачи е заштита на своето дете од насилство, без разлика дали психичко или физичко.
     
    На Miss.M5 и Jovananana им се допаѓа ова.
  17. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Истата приказна од основно школо ми се случува на факултет, со цимерката. Таа постојано има потреба да ме понижи пред некој, да ме исмее за нешто што јас ќе го кажам, и секогаш е пред други. Кога сме сами никогаш не е таква. На почетокот дури и беше добра. Имаше добри муабети, се разбиравме некако иако се гледаше дека имаме сосем различни карактери, ставови, вкусови.
    Сега не пропушта прилика да ме "спушти" , да се направи јака, да се покаже, како што реков пред други луѓе.
    Конкретно пред некој ден, и кажував на телефон на сестра ми дека сакам пак да имам црвена коса и таа одма почна да исмејува, да вреѓа, изнакажа секакви глупости, цело време пробува да направи да изгледам како изрод (имаше и други деца во собата).
    Тогаш и се испонашав и јас, и подигнав тон, а знам дека не требаше, тоа не сум јас, јас не сум некој што се понаша така. Тогаш се заќуте, ама секој ден почнува да си наоѓа по нешто. А ништо не и правам, ниту носам гости, ниту сум нечиста, неуредна, ниту ја замарам, секогаш кога учи ставам слушалки, кога спие сум тивка. Напротив, таа секој ден носи гости, сијалицата е запалена до 5 саат сабајле иако знае дека ми смета, премногу е гласна, смрди, не сака да чисти, и еден куп други работи.
    Кога и дојдат гости пробува да ме потчини и понижи - јас да одам да и мијам садови и слично.
    Баш пред малку зема да коментира за тоа што сум читала слободна литература.
    Не знам како да си помогнам, оти ова веќе не се трпи. Поминаа само два и нешто месеци како живееме заедно, а јас чувствувам дека не ја поднесувам повеќе. Кога се однесува така се буди страшен гнев во мене - зошто таа се однесува така? Ја имам видено, и на други луѓе им прави така ама спрема мене е претерано. Не можам веќе 24/7 да живеам во ваква тензија оти ќе ме полуди.
    Барам совет, дали да продолжам да се конфронтирам, не можам да го поднесам ова секој ден, или некој друг начин. За проблемот знае сестра ми, и ми вика да и плескам во фаца преку смешка, демек лицемерно, ама јас не знам да бидам таква, ако земам да се расправам треба лом да ја направам.:|
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    @WarriorAngel - е вака, веќе ни еднаш да не и дозволиш да ти каже нешто омаловажувачко пред другите, и кога ќе се случи тоа ќе и повишиш тон и тоа како, прво пред сите ќе и кажиш а после на само кажи и да нека престане веднаш со тие глупи финти. Таа пати од комплекси сака да се истакне во средината омалважувајќи ги другите околу неа. Така само ќе почнат сите да ја избегнуваат и секако ќе постигне контраефект. Не вреди заради една таква личност да се полниш со нервози и негативна енергија, и некои луѓе едноставно не вредат да им молчиш. И на крајот на краиштата ако не се трпи ќе си најдиш други цимерки, па не си должна да трпиш некого од кого ниту зависиш ниту очекуваш да ти се најде во животот.
    П.С. Додека ќутиш и трпиш сите ќе ти се качуваат на глава.
     
    На Miss.M5, eliesaab и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  19. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Ова испадна сите на форумот светици, а целиот свет злобен)

    Секој од нас озборувал, озборува и ќе озборува. Претпоставувам сите од нас сме вршеле некој вид на исмејување, но факт е не сакате да признаете. Јас сум озборувал и исмејувал, но тоа било индиректно. Директно исмејување не сум имал храброст да направам.

    Знам дека исмејување на некого поради неговите физички и психички недостатоци боли многу, нафрла еден куп непотребни комплекси во животот, а некого тоа дури може и да го чини живот, психичка болест, но таквите за среќа се многу ретки.

    Жално ми е, а воедно и смешно кога читам некои постови тука. Не сите убави и згодни луѓе се лоши, злобни, дигнати, лицемерни и се останато што им се лепи поради нивната убавина и привлечност. Како што не и сите луѓе со физички и психички недостатоци се добри, чесни, мили и повлечени. Во многу случаи по фирми сум видел девојки просечно атрактивни, а отровни змии во себе.

    Најчесто совет тука бараат многу млади девојчиња коишто сеуште не се ни во средно запишани. Сите поминале низ тој период. Самата си свесна дека има голема разлика кога некој е 14 години, а некој 30 години. Знам дека има различни примери, но верувала или не, голем дел од таквите луѓе шмизли, дигнати, арогантни, лицемерни коишто биле такви во раната младост со текот на годините и созревањето комплетно се менуваат. Голем дел од девојките што ги знам, а биле во средно дигнати, шмизли, атрактивни, арогантни денес се и многу добри мајки, пријатни жени, чесни на работа, културни на улица. Тоа си доаѓа со годините и зрелоста. Не велам дека сите се такви, но голем дел со годините и зрелоста драстично се промениле. Мојата втора братучедка беше баш таква. Сон на секое машко, арогантна, многу убава и привлечна, ги исмејуваше не толку атрактивните девојки, не се дружеше со пониска класа од неа, но како си доаѓаа годините и зрелоста таа денес е грижна мајка, добар другар, пријател, позитивна личност. Не можеме да кажеме дека сите луѓе што вршеле булинг на некого дека се злобни личности. Најчесто тоа и го прават поради доцнење на зрелоста. Некој порано созрева, а некој подоцна, но има и такви што никогаш не созреваат. Јас со многу личности од средно што не сум се трпел, па сме се и шлакале по улици денес сум и многу повеќе од пријател. Конкрентно со една личност бевме до нож доведени во средно училиште, а денес се гушкаме кај и да се сретнеме на улица. Едноставно не знаеш каде животот ќе те носи.

    Треба да се направи и разлика од машки и женски булинг и не можеш баш секогаш да кажеш “врати уште посилно“. Машкиот булинг ( за среќа поретко), може да биде и понекогаш кобен по нечиј живот. Машка и женска енергија и темперамент е многу различен. За жал булингот никогаш нема да се искорени и ќе си постои, но јас би сакал еден совет да им дадам на некои девојки. Верувајте дека со многу личности со коишто не сте се поднесувале во раната младост дека утре ќе бидете сосема коректни пријатели, но без разлика дали ќе бидете или не најголем нивен пораз ќе биде вашиот успех во животот. Со плачење, затворање, обид за самоубиство ништо не правите. Успехот во животот, кариерата, бракот, децата тоа ќе ги порази сите луѓе коишто воопшто ви мислат некое зло. Може и да сте помалку атрактивни, но вежбајте, трудете се, хранете се здраво, запишете се на бокс, карате, вежбајте самодисциплина, сознајте да се браните. Ќе ви ја крене самодовербата многу во животот, а и целокупниот физички изглед. Плус, денес живееме во ера на технолошки развој. Пластичната и естетската хирургија ни е на додир на секого. Со трпение можете многу работи да промените во животот. Никој нема да ве сожалува освен вие ако не се трудите да успеете. Почнете ја промената од самите себеси, согледајте тоа што не чини на вас, трудете се да го смените колку е можно, а подоцна самите луѓе ќе почнат да ве прифаќаат подобро.
     
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Јас во некој пост овде истото го кажав дека скоро сите овде што пишуваат дека се исмејувани се многу млади, и на тие години толку ни бил паметот на сите. Со тек на годините сите се менуваме. Колку и да дели некој совети овде џабе е, и ние ги баравме советите на 13 на 14 години ама не ги применувавме, се ни беше ветар во магла. Тоа е период низ кој сите мора да поминат.