Ти избери си. Јас веќе година сум иселена од Центар, а таму имав другарки од маало. Тука немам многу другарки, 1-2 се, останатите само лице ми прават. Искачам и таму и тука, дали со автобус, дали со кола, небитно. Саат време до Центар има. Одвои време и за двете друштва.
некој викат дека ако возвратиш на исмвањето се цениш повеќе..јас мислам дека не со тоа само покажуваш дека си исти како оние...со тоа им покажуваш на оние кои исемваат дека се битни ...а така игнор и крај
Јас имам 13 години и моите не сум сигурна дали ќе ме пуштат да идам секој ден со автобус.Уф незнам што да правам,нејќам да сум во близина со мојата генерација.Тие две девојчиња се постојано со мене и ме тераат да искачам со нив.Но тие секој ден ке идат во капитол,бисер..Тогаш бар ќе бидам со некој што живее во моја близина.А другите друштва се исто од таму но страв ќе ми биде во 11-11 ипол саат да се враќам сама дома.Имам и друго друштво што е буквално во мое маало ама тие се една година помали од мене само 2 девојчиња се од моја генерација но како што пропадна тоа друштво..незнам дали ни они ке искачаат please помош
Ејј за што толку стресови? Ќе им кажеш на твоите дека сакаш да се видиш со старото друштво. И што ако се година помали? Едната другарка со која искачам е година помала и големо чудо. Си збориме отвоерно за различни теми без обзир на нејзината возраст, мислам не е ни голема разлика тоа. Исто така и сестра ми која што е повеќе од 2 години помлада доаѓа со мене кога искачам и сите си имаме убаво време. А за автобусот, ќе им објасниш ти колку сакаш да се видиш со старото друштво на родителите.
Досега се нема случено некој да ме исмејува.Ама ако се случи само ИГНОРИРАЊЕ треба Ако земиш да се расправаш со нив,тогаш и ти паѓаш на исто ниво како нив.
Мој совет тие да те има секаде еден ден со двете другарки друг ден со др друштво некој ден соберете се сите заедно комбинирај
Сите сокласници ме исмеваат па дури и ме тепаат за тоа не се сите виновни виновен е врхушката што да правам немам друштво единствена светла точка е тоа што завршувам основно и од есен сум прва година но не можеш да побегнеш од тие особи тие поголем дел од нив ќе се запишуваат таму каде што планирам и јас тешко е да најдеш ново друштво а и да најдеш тие ќе ме сретнат и ќе ги кажат невистините за мене тоа се случи два пати вчера трет пат излегов со новото друштво отидовме на ракомет се беше супер се додека дотичниве со нивната врхушка не ме забележаја и почна Пред новото друштво да ме исмеваат и да зборуваат се и сешто за мене новото друштво не му обрнаа тие моменти толку внимание седнавме во салата и тие до нас цело време ме исмеваа ме удираа како на шала со друштвото бевме договорени да одиме во кафич после натпреварот но кога го слушнаа тоа за мене сите измислија дека имаат друга работа денес им звонам на тел не креваат што да правам ве молам за помош врхушката е член на форумов нека одговори јавно зошто тоа ми го прави дали тоа го исполнува и што сака да постигни со тоа што мо го уништува животот доколку е проблемот до мене нека кажи ќе се искорегирам
Дека за нив зборам нешто лошо ако се дружат со мене и дека јас ќе измислувам злоши работи за нив и што ли уште не се што ќе им падни на памет лошо за мене кажуваат гледај го комуњарчево и се што ќе им падне на памет само се прашувам зошто го прават тоа поточно нивниот предводник тие ништо не прават без него и како да се справам со овие
Ко прво види дали можеби си претерал со политички теми, дете од основно нема што да се меша и воопшто да коментира. Ете и нас ни кажа дека татко ти е влијателен во советот, иако никој не те праша ништо за тоа. Од аватарот се гледа дека сам си бараш караници и шириш таква енергија. А зборуваш ти лошо за нив?
Не велам дека не претерувам со политика ама дали имам заслужено да ме исмеваат и тепаат и да измислуваат секакви приказни за мене и да гледаат на секој начин да ми го уништуваат животот јас за нив немам ништо кажано што е лошо
Нормално дека немаш заслужено, никој не заслужува такво нешто. Кажи им на твоите родители и побарај им помош, не е убаво да криеш и да собираш во себе. А јас пишав тоа претходно затоа што таков впечаток ми остави на форумот. Не да не претеруваш, политика воопшто не треба да ти е тема за разговор. Од толку многу теми (спорт, книги, филмови, компјутерски игри, музика), нема апсолутно никаква потреба да се замараш со нешто што не го разбираш. А и не можеш да очекуваш дека на некој би му бил интересен со таков пристап.
Во право си треба да престанам со политика но никако не можам да сватам како сум го заслужил ова зошто тоа ми го прават што сум им направил за да гледаат да ми го уништат животот на секој можен начин
јас колку што разбрав си симпатизер на дпмне..зошто те нарекуваат комуњар....и која е таа причина толку да те мразат и оговараат стврно не ми е јасно...
Да но како што пишав и погоре таткоми е советник на сдсм во општина прилеп ме фатија на око и готово не се одкажуваат да ми прават лошо
епа како ти си симпатизер на дпмне а татко ти е советник на сдсм стврно не ми е логично...во секој случај немаш потреба да се замараш секој има право на свое мислење што не значи дека се во право...и зошто новото друштво те напуштило....
Ме напушти новото друштво бидејќи овие измислуваат се лошо за мене и јас да сум на нивно место нема да се дружам после тоа што ќе го слушнам