Луѓето кои се исмеваат со други најчесто се искомплексирани личности , па лекот за такви е да утврдиш кој е нивниот комплекс односно слаба точка , на пр . жена која нон стоп кажува кој колку бил дебел таа има проблем со тежината или нејзино одржување на таква само речии оо о па ти си се здебелила , или пак подзагледува кој какви нозе имал таа не е задоволна со својте нозе , тогаш многу лесно во муабет може да и се каже да таа имаше нозе како твојте дебели или сл . Кога некој те исмејува најдобро е да не му покажеш дека те налутил туку едноставно изнасмеј се најгласно од сите па по можнос да додадеш нешто уште посмешно во тој контекст другите да почнат уште повеќе да се смеат , а потоа и на негова сметка така да смеата кај другите да се дозасили , ама игнорирање и повлекување никако, расправање и навлеггување во дискусија , докажување никако , покажување дека тоа те навредува никако тоа само го храни неговот его , За такви најдобра рекција е онаа како Еди Марфи кога се смее и незнае да престане од смеење на филмовите е баш таква со значење е да твоево стваро бесе смешно ми го разубави денов ме изнасмеја , ама ова е уште посмешно со ке ти го кажам
Не може некој да ме исмејува Може само да се обиде се додека не му се пуштам и не го решам со два муабети. Дрска сум и оставам без зборови коа ќе се насукам на некој трол.
Се враќа со иста доза.Да здоболи,да покажеш дека таа личност не е совршена.А кога ќе го здоболи тоа што ќе го кажеш тогаш ќе ја\го прашаш како е ? Какво е чуствотото да те понижи некој ? Стануваш и си заминуваш,готово.Не ти е потребен никој,подобро е да си сам него во лошо друштво.Јас во основно бев страшно многу малтретирана и исмејувана,правев секакви услуги за да престанат но не престануваа и на крајот сфатив дека не можеш на животно да му објасниш со збор.Почнав да се бранам себе а и други личности кој беа слични,кој немаа глас,им го покажав местото на сите до еден,а денес,денес кога ќе ме видат со почит се поздравуваат. Заклучок-Не се памти доброто,туку лошото.Ако некој се однесува спрема тебе како ѓубре дај му доза од неговиот лек.Покажи му како изгледа и како се чуствуваш ти. (барем мое мислење)
Искрено учам со една ваква искомплексирана особа за жал која што обожава да ги исмејува другите.....Во основно бевме супер клас незнам можеби дека бевме само 15 деца и многу се сложувавме...Во средно кога почнав прва година ја запознав неа четири девојчиња сме во клас..Не сум личност која што сака да раководи и да манипулира со другите меѓутоа таа е таква...Првите месеци бевме ок, но подоцна почна да покажува љубомора кон мене..Јас сум одлична ученичка, воспитана, културна и едноставно неможам да паднам на нејзино ниво и можеби и затоа настанаа проблемите бидејќи бевме два различни карактери... Се започна кога дојде во трета година екскурзијата низ Европа...Да напоменам се работи за девојче кое што е размазано и сите желби и се исполнуваат,па така сака да раководи и во класот и искрено чудно ми беше зошто сите машки прават како што ќе рече таа но подоцна сфатив дека и тие немаат свое ,,јас''..... Се договорија со останатите девојчиња да не оделе на екскурзија меѓутоа јас сум во добри односи со девојчињата од другите класови и се договорив да одам бидејќи ќе бидам со нив...Кога таа слушна побесна и прекина да разговара со мене...Ме навредуваше на училиште,им зборуваше на другите да не се дружат со мене и други глупости....Во меѓувреме изгубив родител еден ден пред ексурзија, но после погреб отидов затоа што не сакаа да ги вратат парите а и татко ми пред да умри ме молеше да одам што и да се случи...Да бидам искрена ништо не видов од екскурзијата, бев под стрес и под таблети за смирување цело време спиев во автобусот не излегував...Кога се вратив на школо таа се радуваше на сето тоа што ми се случи и тогаш сфатив дека таа си има проблем во главата...Колку и да мразам некој не би можела да се исмејувам на нечија смрт... На почетокот ми беше криво но сега ја жалам...Исто така и професорите ја гледаат разликата меѓу мене и неа..Никогаш не би презборувала на професор како неа и за неа сите не чинат само таа е совршена...Сите девојчиња од другите класови ги нарекува селанки и сл.навреди...И кога ке размислам подобро ваквите личности се такви поради воспитување и култура...Класната многу пати ги побарала нејзините да им каже за нејзината ќерка како се однесува..Мајка и се јави на класната и погодете и вика:Неможам јас да се расправам со вашите глупости!-Ниеден нормален родител не би го одговорил тоа на класен раководител... Секој ден ме навредуваше и уште продолжува меѓутоа моето мислење за неа и го кажав во лице пред неколку месеци..Сега што и да вели ја игнорирам...Читам некои велат дека треба да се спротиставиш некогаш да, се сложувам меѓутоа ако некој човек го игнорираш тоа значи дека тој е мртов за тебе....Со тоа што ја игнорирам не сум слаба туку напротив докажувам дека не паѓам на нејзино ниво и дека едноставно таа е мртва за мене и ќе и се насмеам во лице...Затоа што ако се расправаш со будала тоа е исто како да се расправаш со свиња,како да се тепаш со свињата во кал и потоа сфаќаш дека свињата ужива.... Кога и да се најдете во ваква ситуација најважно е да бидете силни бидејќи ваквите особи ова го прават од љубомора,сигурно немаат нешто што вие го имате и сакаат да ве повредат...Не напротив треба да си силна особа,да застанеш цврсто и да докажеш дека неможе да те повреди некоја таква проста кучка...Ваквите личности изгледа премногу им е досаден животот па сакаат да се направат интересни копајќи по другите животи и исмејуваќи ги другите,барем јас така гледам на тоа
@Majuv4ence13 прво,жал ми е што пред да одиш на екскурзија изгуби родител и веројатно поради тоа не си уживала на екскурзијата. Ама барем си била раат од таа мамина и татина принцеза кога си била таму. Господ ќе им врати еден ден на мајката без култура,нејзината галеница и таквите како нив. Како може некој да се радува за некој што изгубил родител? Да бев јас на местото на твојата класна, прво ќе информирав психолог,педагог,директор без таа да знае,а потоа ќе ја одведев таму и ќе ја терав да признае што прави. Ако ни тоа не би помогнало, тогаш би и’ испратила ултимативно писмо на нејзината мајка да или дојде или нејзината ќерка ќе добие укор. Исто би ги натерала сите што прават што ќе каже таа да ти се извинат. Претпоставувам дека е слаба ученичка, па поради тоа ти е љубоморна. И како да биде воспитана кога и мајка и’ е таква. Јас истото го имам доживеано во основно,само што јас немам изгубено родител,двајцата се живи фала Богу. Од 50% од одделението бев малтретирана. Секакви „епитети“ ми ставаа. Но, веќе не сакам да зборувам за тоа.
Ах миличка класната што не проба ама џабе....Татко и дошол еднаш и дрско и одговорил:Моето дете е такво нема потреба да се смени...Многу професори и велат Срамота е да се однесуваш како машко! А таа со тоа си зема уште повеќе крилја мисли дека тоа и го даваат како комплимент..Иначе да слаба ученичка е и работи како келнерка...Дознала дека заминувам за Германија на студирање и само пецка Леле Германката!Преопседната е како се облекувам,каде ги правам ноктите,баш пред некој ден се погоди двете да имаме пунџа и одма почна да се жали:Леле видете ја ме емитира загреф! Јас само се насмеав и не одговорив ништо искрено понижување ми е да земам да се расправам со неа пред некој професор...Кога и родителите не ја сметаат за жива тогаш зошто да ја сметам јас..Се надевам дека Господ гледа па враќа и на таквите...Фала Богу имам мајка и сестра секогаш се до мене, имам добри оцени,заминувам странство па се надевам колку-толку ќе си го средам животот...
Ме исмејувале, дали за говорна маана или за физичкиот изглед.Порано плачев и се потресував.Сега или ги игнорирам или им враќам со иста мера или пак полошо.
Не знам зошто бев интересна за исмејување во средно до степен да не ми се оди на училиште на почетокот потоа ги игнорирав.А поинтересно е тоа што сега кога ќе се сретнам истите разговараме како најмногу да сме живееле
Во основно училиште имаше три здружени шмизлички кои гледаа да се зајдуваат со некого само затоа што му љубоморат поради некој квалитет кој го поседува а на нив им недостига. Така еден период се закачија со мене бидејќи бев одличен ученик и кога тие плачеа и молеа за двојка јас без проблем вадев петки со максимум поени. Дофрлаа еден период зајадливи коментари но ги игнорирав и не се замарав многу со нив бидејќи и онака на моја страна беа останатите фер девојчиња од класот. Меѓутоа еден ден едната од нив многу ме изнервира за нешто, сега не се ни сеќавам за што стануваше збор. Па кога ја грабнав таму и фатив да ја мавам и скубам плачеше на цел глас на сред ходник. И што е најинтересно потоа кога класната дозна за настанот целосно ме поддржа и за ништо не ме обвини бидејќи ги знаеше какви се и јасно и беше дека оваа сама си го барала. Од тој ден понатаму избегнуваа да имаат работа со мене. Не рекле џабе дека ќотекот од рајот е излезен.
Сличен случај имав и јас. Еднаш ме пушти класната, ми даде слободен ден од школо затоа што ќе одам на натпревар и да се подготвам. И трите шмизли во мојот клас рекле кога ќе се вратам по сите тие 5 час што сум ги испуштила тој ден, да ме испрашуваат на цела книга, на материјал од цела година инаку не сум заслужувала петка. Инаку тие си останаа неписмени и ден денес. Кога ќе се сетам, мило ми е што од нив сум поуспешна.
Nikogas ne sum dozvolil nekoj da me ismejuva. Par pati ke go opomenam, a sledniot pat dobiva batini. Od togas se uci na red.
Кога бев во основно,тие школските знаеја многу да ме исмејуваат зошто рано почнав да се шминкам.Мислам не ставав којзнае што,само еден креон многу малце на очи и сјај.Ама бев единствена што од женските се шминка.Тогаш и го запознав првиот дечко,кога завршував основно ,на 15 год..па ме гледаа како се шеткаме и додатно за тоа бев исмејувана.Како демек којзнае тој што ми правел.Рано почнав врска ,што и на една професорка и бев трн во око.Уште и памтам некоја цинична насмевка кога ке се спомнев јас и тој мојот дечко од некој ученик што стално провоцираше.Ама баш цинична.Во средно продолжив со истиот дечко и работите полека излегуваа од контрола,на одмори зборев на телефон ,и на еден професор исто му бев на пик.Еднаш ме викна во канцеларија демек да ме советува дс го оставам,а всушност ме омаловажуваже за себе да се направи нешто паметен .Како јас да немам родители кои се грижеа за мене, па овој старчуга професор ке ми дели совет,а бајги си го биеше лош глас.Е после дојде моето време.Станав погорда на себе,со типот раскинав,станав многу поубава,посамоуверена.До ден денес сите во основно и средно што ме исмејуваа за нешто сега сите ми се пуштаат и молат за кафе.Не сум злопамтило,ама сакам да кажам "Порано влагав во просторија прашувајќи се дали им се допаѓам на тие луѓе,сега влагам и се прашувам дали тие ми се допаѓаат мене.Сфатив колку е битно да се цениш себе ,работев на себе и сега за оние кои бев потсмев,сега мене ми се дно.Времето работеше во моја корист,станав топ женска а не тоа" слабувче "мало.А тие ми се лигават денес,не јас нив.
Од еден филм извлеков добар заклучок и одговор на моите необјасниви испади и депресивни периоди, дека единствено зборови во кои се пронаоѓаш, а длабоко во себе водиш борби да не биде така, повредуваат. И тогаш престанав да се борам да бидам она што сакам, туку да бидам она што сум. Само на тој начин ќе ги снема дупките кои го прават човек ранлив. А кога нема начин некој да те рани, ништо не може да оди против тебе, не може да те допре ни еден збор.
Здраво нова сум на форумот, па сакам неколку совети од вас.Се започна кога бев основно пред тоа имав проблеми со соседите постојано ме закача малтретира и мене почна да ми се јавуват панични наради не бев редовна во училиште бегав пд сред час бидејки имав страв дека нешто ке ми се случи, одев и кај психолог, почна сите да ме исмеват, понижуват, навредиват скоро немаше дете да не ми го прави ова, и ден да ми поминеше без да бев повредена не се дружев со никого, мислев дека кога ќе завршам таму во средно ќебиди супер, но и таму исто некои со кои учев во основно беа во мојот клас повторно и истите проблеми, мене ми нашле вошки ја сим идела нечиста в школо сите ме одбегнувале. Сега сум на факултет, и се плашам да се спријателувам мислам дека цел свет мене ме понижува,мислам дека некои од минатото на новите пријатели ќе им зборуват за мене ја ваа беше ваква онаква, што е најлошо почна да ми се допаѓа момче од основното го адд но не ме прифаќа, пробавме од на една братучетка испративме нејзе ја прифати, мене сеуште не, и сум стално преокупирана с тоа дали тоа што ми се дешаваше мене може да влијае врз тоа. Плус сеуште пијам и лекови за депресија веке три години. Ве молам за совети.
Те разбирам до некаде. Сепак мислам дека е најдобро да посетиш психолог и да разговараш околу оваа проблематика. Според текстот кажуваш дека имаш и намалена самодоверба, можеби ако почнеш физички да се промениш на пример друга боја на коса, друг стил на облекување ќе ти олесни и ќе ти ја качи самодовербата. Но сепак сеуште стојам на тоа да разговараш со стручно лице психолог за да го надминеш стравот од социјализирање таму надвор и потполно да се отпуштиш во истото.
Сим била и на психолог, дури и психијатар како што ви кажав уште пијам и лекови, но некако тоа не ми помага.
Нема потреба да се замараш со минатото, тоа што било поминало. Ете сега си на факултет, нова средина, нови луѓе, одлична шанса за склопување на нови познанства. Мој совет ти е да пресечеш секаков контакт со луѓето од минатото. Фокусирај се на новите познанства, и воопшто да не ти е гајле што зборат, едноставно не им придавај значење на таквите муабети, кучињата лаат, караванот си врви. Имаш намалена самодоверба сега, али пробај ако слушнеш некој муабет, покажи им заби и уќуткај ги. Да видиш како одма ќе сменат став, и поинаку ќе се однесуваат со тебе кога ќе видат дека имаш свое јас и не дозволуваш некој да се заебава со тебе. Go get them girl, покажи им која си и што си
Проблем е што имам и колеги од минатото и момче што ми се допаѓа од основно Плус немам ни свое јас шо и да ми кажат ја си молчам и се тргам на страна незнам да се бранам, плус незнам што да правам со детево од основно незнам дали сеуште ме понижува.