Ќе им кажеш на тие што те исмејуваат следново: Види вака, мене ваквиот начин на однос кон мене ме повредува. Можам да се правам дека не е така, ама имам право на тоа да бидам почитувана како што и јас ве почитувам вас. Никој не е совршен, ако во нешто грешам, и ако сакам да го поправам тоа (бидејќи не сум заинтересирана да бидам совршена само заради вас), тогаш ќе го поправам, а ако не, тогаш СОУ ВУАТ!
Мислам дека ако им кажеш дека те повредуваат нема ништо да постигнеш бидејќи со тоа само ќе им го нахраниш егото.Ќе бидат сити од самите себеси и ќе си речам браво за нас успеавме да ја `расплачеме` и да ја омаловажиме.Ти треба да покажеш дека си отпорна на тие малограѓански простаклуци,дека си силна и никој НИШТО НЕ ТИ МОЖЕ.Зголеми си ја самодовербата и докажи им дека со тоа се понижуваат самите себеси.Ти одиш се понапред и успеваш во животот а тие со секој таков збор се враќаат едно скалило наназад.Покажи дека си силна и храбра и дека не дозволуваш некој друг да влијае врз твојата психичка состојба. Насмевни им се и игнорирај ги.Тоа е клучот!! Верувај дека не вреди да помислиш на таквите луѓе,а не пак да размислуваш за нив.
Никој не заслужува постојано да биде омаловажуван независно дали од членовите или пак од одреден член на семејството, понатаму од друштвото, понатаму од дечкото-девојката. Решението е дистанца и ладен однос кон тие кои Ве омаловажуваат се` до моментот кога-ако воопшто? ... се свестат дека Ви згрешиле и се` до моментот кога би биле спремни да го сменат однесувањето кон Вас !!! Од причина што лугето кои омаловажуваат други луге го прават тоа превенствено ради лична фрустрација од комплексот на нижа вредност наметнат пак од некоја 3та личност и затоа секој коментар на сметка на нивното однесување само им го билда егото и целта им е постигната а, таа е да се чувствуваат супериорни. Игнор е најдоброто решение за таквите луге! Или пак вратете им назад со иста мерка ама, така никој не е подобриот човек во ситуацијата! Напротив, само ке се испокарате и повторно застранувате од решение зашто се затворате во кругот на навредувањето и расправиите а, со тоа непотребно си ја трошите енергијата.
ми се допаѓаат вашите идеи.., на пр идеата на dryad повејќепати ја имам употребено но џабе.. Ке трпам додека можам и наеднаш избуфнувам.. за 1 сат се забараваат што сум им кажала и продолжуваат по нивно..Ситуацијава воопшто не ми се допаѓа
Прво пробај некое време да бидеш на дистанца од нив, не ги забележувај ни ништо.Тие ќе зборуваат а ти нема да слушаш.Ти ќе имаш насмевка на лицето.Со тоа можеби ќе ги изнервираш бидејќи ќе видат дека ништо не постигнале и уште повеќе ќе ти се сипат.Но ти убаво треба да си ги истренираш живците и да не попушташ ич.Инает води им.Ако не успева,и ако повторно си тераат по свое.. е тогаш....... Враќај им и ти со истата мера како и тие тебе.Сепак остани си смирена и нижи успеси.Можеби љубомора е во прашање.Дознај на што ти љубоморат и уште повеќе потенцирај го тоа.Не дозволувај да те турнат. Исфрли ги ЦЕЛОСНО од мислите и воопшто нека не постојат во твојот живот.Нервозата и гневот отстрани ги и се ќе се среди.Јас ти го кажувам ова од преголемо искуство- осум години.Ама сега сум `кралицата`. Те советувам да не ги мразиш да не ги презираш бидејќи тоа само беспотребно ти предизвикува негативни емоции и што и да правиш ќе ти се згрозува.Не чувствувај ништо спрема нив ни позитивни ни негативни чувства.Полека полека тие ќе избледат и ќе ги снема.Гледај на позитивната страна на тоа.ГЛЕДАЈ ДА БИДЕШ СРЕЌНА ВО ОНА ШТО ГО ПРАВИШ и ќе заборавиш на нив.Тие можеби НИКОГАШ НЕМА да престанат да се однесуваат така(ретко кој карактер се менува)но ти отргни ги од мозокот и нема да може никој да ти го попречи патот.Е сега незнам колку е сериозна ситуацијава..Треба многу да бидеш силна и тврда(во тој поглед.)Јас само така се спасив од тоа инаку незнам што ќе се случеше..И запомни никој нема право да те понижува !!
Маче, биди стрплива, јака и смирена... можеби ти звучи ова безвезе, ама сама кажа дека си имаш 5 ДРУГАРКИ - нај, тие ти се другарки, овие на школо ти се соученици и верувај со тек на време ќе имаш прилики сите до една од нив да ги сместиш таму каде што им е место, можда ќе ги стретнеш од време на време низ град или само на некоја годишнина од матура, на некои од нив нема ниту да се сеќаваш...
и јас моментално со исмевање се борам..но..едниствено што треба е да се насмееш да сватат дека тоа не ги удрило или повредило..а доколку враќаш ќе мислат дека те повредиле и ќе нема крај,а коа ќе видат дека неможат ништо да ти направат ќе престанат..или пак залудно ќе се обидуваат
Кај мене пак дечково што ме исмејува знам и сигурна сум дека пред една година ме свиѓаше а сеа на школо секој ден леле штро убава си ама во смисла не си убава и така секој ден , те мразам ова она .. како ли ке се справам со вакво губре ?????????
Живеј си го животот,уживај си без нервози.Само тоа помага.Нека не ти е гајле што другите мислат.Најважно е нашето сопствено мислење за самите себеси.Како ние се чувствуваме во сопствената кожа. А за тој дечкото..сигурна сум дека не заслужува ни да се нервираш заради него..а не пак да помислуваш на зборовите кои ти ги упатува.Покажи став и цврстина.Никој нема сила да не сруши ако сме доволно карактерни.А знаеш..понекогаш е добро и да се врати со иста мера..мада ако не е нешто сериозно кое те иритира тогаш уживај и не се замарај.
знаци во основно го имав истиот проблем сите ме исмеваа заради мојот физицки изглед. Iмав влакна на надузниците и ме нарекуваа гоце делцев . E сега сум веке на фаџ и слуцајно ги најдов тие зенските на фб леле леле сто да видам абе порузни створенја не сум видела. Pоцнавме да се дописуваме со нив и они ми викаат леле колку си се разубавела лепотица си станала хахахах а они... абе се орузнеле до немај каде . Tогас кога видов дека така ми писуваа па усте на кафе ме викаат епа ми дојде срцето на место. Uсте кога ми го видоа децкото на слики леле леле...
Ај кога сум била помала, ок е некако да сфатам, незрели мозочиња, бубачки во глава, некој да го замараш цело време, што ќе почне од шала, што може стварно, ама кога ќе се погледне тој некој паметен ќе види дека далеку од поарен е тој, па ќе се заќути. Не знам дека некој ме исмејувал, не знам ни во кој контекст би можел, обично јас сум таа што задева, прави шали цело време, така да јас засмејувам, а не исмејувам. Имаше додуша еден во основно со мене што учеше, знаеше да исмејува многу деца, тогаш ми беше смешно, но сега кога ќе ми текне, ко да вршеше тортура на тој начин на едно девојче, жал ме фаќа сега колку зелен бил во паметот ... Ме имаат зафркавано во средно дека сум ниска, ама за тие шали и јас се имам смеено, се додека не почнаа да бидат интензивирани шалите, тогаш се нервирав, па ќе ме гушнат демек еј шала е, ама шала-шала не се збори цело време, знам дека сум ниска, I get the point. Не разбирам која е поентата да исмејуваш некој, секој со своите маани и доблести, некој ќе ти врати за твоите маани и ќе се задеваме ко мали деца, ако не. Премногу незрело, идиотски, зелено, понижувачки и просто е за мене ова.
Мене на пример ми го девавира факултетот на почетокот се лутев и се објаснував , па пота почнав да зборма нејасно за теми кои не ги разбират и им реков да ми кажат што знат и што мислат за таа работа све зависи од ситуација. Еднаш еден старомоден дедо кој ништо не е во мојот живот проба да ме навреи дека не работам ништо од домашните работи , јас му реков дека јас сум створена за да се одмарам и уживам и дека мое е само да се дотерувам . Или дека на пример тие што имат факултет , магистратура и докторат ништо ново не измислиле им велам тоа е точно ама за разлика од другите тие се помачиле да ги прочитаат и научат книгите на оние што нешто измислиле и тоа го применуваат а другите ни тоа незнаат. За да не те омаловажува некој битна е самодовербата и треба малце дрско со тие што те омаловажуваат они едено ти десет.
Ме исмејуваат поради тоа што сум ниска.. Понекогаш срам ми е да излезам пред некои деца кои не ги знам.. Тоа што сум ниска,ја уништува мојата сабодоверба сигурност.. Мислат што сакаат кје праат,тоа кје им го дозволам.. НО НЕ! Им ВРАКЈАМ... АМА длабоко во мене ја го слушам гласот НИСКА СИ СПРАВИ СЕ СО ТОА! Па со тек на време и се справувам..Но засекогаш кје остане во мене несигурноста
Јас бев исмејувана. Ме исмејуваа заради ставата ( и уште тоа го прават), заради учењето, заради мојот став на живот, заради мене. Научив да го користам тоа против нив, без да се спуштам на нивно ниво. За пример еве нешто вакво: Седат неколку девојчиња на парното. Има уште едно мало местенце доволно за тебе. Ти си застануваш и една од нив вели нешто како: -Нема да те собере, оди си. Тебе ти е ладно па сеќавајќи се на исмејувањето пред тоа одговараш: -Ех јас сум, малечка колку сламка мене секаде ќе ме собере. Со тие луѓе најважно е да покажеш дека тоа не го сметаш за исмејување. Може ќе почнат да се трудат повеќе, но ако си истрајна, ќе му се здосади и ќе си заминат.