1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува?

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 21 јули 2011.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Избегнувај ги. Не би сакала да бидам во друштво каде сум потценета и не се чувствувам убаво. Сигурно има доволно луѓе во чие друштво ти е пријатно и не ти шират негативна енергија. :rock:
     
  2. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    денес во класот професорката му рече на едно машко од класот да седне до мене бидејки она така го намести.. он седна али почна да ја прашува дали дозволува да иде во последна клупа несакал до мене да седи.. и оваа рече или тука или кај педагогот бирај сам.. и тој рече некои луге незнаат за туш . и цел клас почна да ми се смее ме посрамоти ненормално..
    а незнам што беше фората секој ден по 2 пути се туширам ко болна сум за такви работи..
    нарочно праи така за да сите ми се смеат.. многу ме навреди и ме посрамоти..
    што понатака?
     
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    Кога ги игнорираш најмногу се нервираат или кога им се смееш во фаца, но ако си решила да им се спротиставиш треба да ја играш нивната игра до крај, не е само да се развикаш и толку ако они продолжат ти повторно, постојано треба да покажуваш заби, бидејќи некои бубачки со еден удар не се утепуваат.


    Имаш две опции: 1) или да го игнорираш да не го ни гледаш и слушаш што зборува или 2) смеј му се у фаца и удри го таму каде најмногу го боли, секој има некоја слаба точка, учиш со него знаеш што му смета.

    Си требала да му кажеш Незначи ако ти не си видел туш дека јас не сум видела, всушност смрдеата од кај тебе доаѓа; за други работи треба вака да му одговориш. Да го утепаш.

    А ако недај Боже крене рака на тебе или слично имаш претпоставен каде ќе се жалиш.
     
    На verica94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Епа пред 2/3 години сеуште бев во скопје, во старото оддление
    да напоменам второ, трето и четврто оддление беше исмејувањето
    машките сите беа свртени против мене
    само ме зезаа, наставничката викаше дека симпатија сум била
    ама не е така, какви имиња ми измислија да не кажувам...
    отидов во скопје зимово, и се поминавме со некои од машките
    и почнаа да се смеат |(
    навистина незнам што им е, ништо не направив
    Сега, ќе се враќам во Скопје, летово и ќе одам еден клас понапред од нив,
    они ќе бидат седмо а јас осмо... Но во исто училиште ќе бидеме,
    незнам што ќе биде, да ги игнорирам или...
    дека штом ми зборат ми иде им ги збутам главите во земја :@ :@ :@
    Кога бев трето, се степав со едно машко ... знам дека неправилно постапив но неможев
    да издржам, неможев да игнорирам.. Морав да превземам нешто. А со девојчињата од класот
    сум супер, добри другарки, но повеќе се дружам со тие од старата генерација.
    Незнам што им беше мотивот на машките, добри оценки супер бев, не им сметав...

    Ако може некоја да ми даде совет за што да правам кога ќе си дојдам...
    И како што опишав, зошто мислите дека вака ми прават... сепак пред 2/3 години беше,
    но зошто се смешкаа кога дојдов зимово... ако не разбравте, тогаш во лична порака

    поздрави :)
     
  5. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    затоаа што душичке,со деца ракија не се пие.. цела салата ке ти ја изедат :P не да кутис и да се врегаш самата, туку на секој збор вракај му он тебе смрдена ти него мочко недораснат, пфф..уживај ке пораснат знаеш дека бавно растат, до 4та година сите тупаци се :)
     
  6. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    И јас имам проблем сеа со исмејувањето.
    Бидејќи сум во нова околина, незнам јазик, разговарам на англиски и во школо има еден дибек што направи сите да ме мразат.
    Прво ме вика дебела, а во школо има уште 203049595 девојчиња подебели од мене, па разговара со нив.
    После ми вика ваква сум била онаква сум била, ме навредува.. со машките што си бев во добри односи, тие не се доближуваат до мене за тој да не им се смее или слично. А ниту пак сум некоја гадна да кажеш неисчупана, несредена..секогаш се средувам но ете. А тој па колку е грд немате поима, едни исти алишта ги износе, со бркови , а устата за јадење (извинете на израз) гомна му е поголема и од пештра. Многу пати имам спаднато со него во конфликт, ама не разбира дека треба да престане. Неќам да му праам одмазди и слично, немам ни една другарка да биде со мене да се потпрам, во тешка ситуација сум.. Ако некој ми одговори на ова, нека цитира за после да знам дека сте ми пишале.. :|
     
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Сигурно има причина што тој така се однесува со тебе. Обично во ваквите случаеви на крај изгледува или е заљубен во тебе, или ти љубомори за нешто. Можеби ти имаш нешто што тој нема, па не може да се помири со тоа. Или пак едноставно е таков тип на човек што не се погледнал себеси во огледало, а има уста да зборува за другите. Немој да дозволиш тоа негово зборување да те оддалечи од другите. И стави го него на игнор, колку и да е тешко. Мислам многу повеќе ќе го боли кога ќе види дека ти воопшто не обраќаш внимание на тоа што тој го зборува. Пробај, можеби така ќе е подобро.
     
    На connie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Не му се замарајте на тој што ве исмејува.
    Неговите зборови нека не допираат до вас ;)
     
    На connie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Ми се случуваше и на мене и до некој степен сеуште ми се случува, ама несе замарам со такви небитни фаци тоа е се од љубомора. ;)
     
    На connie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Исмејувај го и ти него
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Одбегнувајте ги. Не вредат овие луѓе. Целите се искомплексирани, не се гледаат себе си на што личат, па нашле ќе кажуваат за друг. |(
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    123
    Девојки помагајте
    Скоро целосно ја изгубив мојата самодоверба!!
    Шо да правам
    Да ги игнонирам.?
    Ги игнонирам но тоа пак ме повредува
    Ми се плаче!!! ;(
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    па ти ги имаш сите адути во рака, ако не ги утепаш со тоа што се едно одделение назад од тебе со што ќе ги утепаш тогаш, или бори се или не ги гледај, ако неможеш да ги игнорираш спротистави им се, Едноставно не разговараш со заостанати и точка. Директ у фаца.


    Кој ќе те исмејува ако не тој што не чини, ако не сакаш да му се одмаздуваш тогаш игнорирај го или смеј му се у фаца, особено кога нешто незнае, ако не сакаш ни тоа тогаш ќути и трај не му обрнувај внимание, а тоа што немаш другарка обиди се на соученичките да им помагаш во нешто, на пример велиш англиски јазик знаеш супер. Ако ептен не бидува, тогаш гледај зближи се со некој од другите класови итн, порано или подоцна секој си наоѓа пријател спрема себе.


    Гарант си во средно штом неможеш да ги одбегнуваш, тешко е во мала средина да игнорираш такви луѓе но се додека има риби во езерото има и надеж, зближи се со некој од другите класови, а во меѓувреме, прави нешто што ти ги одвлекува мислите, музика, јазик, запиши се на некои активности и сл. На часови гледај да не мислиш на нив, читај нешто по некој предмет, обрнувај внимание само на себе и на своето образование, зборувај со родителите.

    Едноставно појди од себе и анализирај какви луѓе се тие на кои ти немаш храброст да им се спротиставиш, нели се арогантни не ли се дрски, епа со такви луѓе и ти така треба да бидеш.
     
    На stefigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Неможам да кажам за што точно зборуваш,но самодовербата е клучна за се што правиш во животот,додека не почнеш да се гледаш самата себе во огледало и постојано да си повторуваш дека си доволно добра,никој ама никој нема да може да ти помогне,а другите,другите буквално ќе играат како што ти ќе свириш.Сакам да кажам ако не им покажуваш слабост никој нема да има храброст да те повредува!
     
  15. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Омг,имаш само 11 години.Ако ти е точен податокот.Ако е така,не треба да се грижиш па ќе пораснеш има време.Можеби си пониска од твоите врсници ама ќе се извишиш верувај ми.Другарката од клас со која седев во основно беше повисока од мене,сега сум 2 година сум се извишила дупло повеќе.Повисока сум од неа а она се чини како да си ја задржала тогашната висина.Се е до организмот,ќе пораснеш не губи надеж.Позз :)
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Кога ќе ја повратиш и зацврстиш својата самодоверба назад, тогаш колку и да ти зборуваат, ама баш ич нема да ти биде гајле.
    И, не земај при срце се што ти зборуваат. Таквите луѓе се за жалење и за ништо повеќе. ;)
     
  17. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Би го замолила некој од форумов,што некогаш исмејувал други, да ми го објасни филингот што го имаат тие што навредуваат и исмејуваат ! Како се осеќале ? Ако воопшто има некој,зошто форумов е место за културни луѓе..
    Ама добро никој не е совршен и тоа што бил не е важно,ако сега не е.
     
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Мислиш дека некој кукавица, нечовек ќе признае и ќе рече: Јас исмејувам , поради тоа, тоа и тоа!...???
    Не. Таквите никогаш ништо не признаваат.
    Толку се злобни во срцето што ако сакаат денот да им биде поубав мора да изнервираат и омаловажат некој. :!:
    За жал ги имам многу околу мене. |(
    Порано многу си земав при срце и страдав од таквите, ама денес вешто ги избегнувам, ако ме исмејуваат дрско им враќам назад и навистина ги жалам. ;)

    Пред се, таквите луѓе можат да успеат во својата намера само кај послабите и поемотивните личности. Им се силат само на тие на кои можат. |(
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LovePeace

    LovePeace Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    37
    Едноставно одбегнувај го... :) Не се замарајте со небитни луѓе!!
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Види вака...сто пати сум пишала дека во основно имав вакви проблеми.. ме исмејуваа.но ги решив.Како ? Им возвраќав со иста мера и се заќутеа како мирни овчички станаа пустите тие. :x
    Еднаш наумив да и вратам на иницијаторката за таа злобна игра.Таа беше како да ја наречам ај вака-најпопуларната девојка во школото. |( И така јас си трпев..ама еден ден ми скисна. :tmi: Решив да ја исмејувам. :devil: Едноставно да и возвраќам на истиот начин.И не само пред моето одделение пред цело школо.Пуста таа без зборови остана. :lol: Не се чувствував убаво,баш напротив.Таа беше `моќната` кралица но јас ни два ни три се си кажав.Е од тогаш женскава и ми се извинуваше..ете така ја спуштив доле.Многу убаво. :devil: Никогаш во животот не сум посакала да исмејувам некого,но тоа ми се виде единственото решение за мојата состојба.Е од тогаш да видите како се промени.Не дека јас бев ниво подоле од неа туку таа си замислуваше се и сешто.Повеќе не се замарав со неа,а и плус машките членови беа од моја страна.Зборот ми беше приморана бев да ја исмејувам.Барем мило ми е што ја спуштив на земја. ;) Неа само малку и требаше.Дувни ја и ќе падне...
     
    На heart.stealer и biggirlsdontcry им се допаѓа ова.