1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува?

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 21 јули 2011.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Имам една школска другарка која е таква.Ништо како ќе се справам,цело време ја ставам само на игнор.Несакам да се спуштам на нејзино ниво.
     
  2. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    НАЈЛЕСНО ЗА НЕКОИ ЛУГЕ Е ДА СЕ ПРАЗНАТ НА НАЈФИНИТЕ, ОСЕТЛИВИТЕ, ОНИЕ КОИ ГИ СМЕТААТ ЗА ЈАГНИЊА, ПА МАКАР ТОА ДА ТИ Е МАЈКА БРАТ МАЖ КОЛЕГА ИТН. ТИЕ ВСУШНОСТ ИМААТ ПРОБЛЕМ ОД ПСИХИЧКА ПРИРОДА И ТАКА НЕСВЕСНО ГО ВАДАТ ПРЉАВОТО ОД СЕБЕ. НО НЕ УДИРААТ СЕКОГО, ТУКУ САМО КАДЕ ЌЕ НАЈДАТ ПОГОДНО ТЛО. ВОЛК НЕ БИ НАПАДНАЛЕ, ТУКУ БИ ГЛУМЕЛЕ ПОЗИТИВЦИ. НО ДОБРИТЕ И КУЛТУРНИТЕ СЕ КРИВИ ШТО ИМ СЕ СЛУЧУВА ТОА. ТРЕБА ДА НЕ РЕАГИРААТ НА НИВНИТЕ КОМЕНТАРИ, ДА НЕ ИМ СЕ ЛУТАТ , ДА НЕ ПОКАЖУВААТ ДЕКА СЕ ПОВРЕДЕНИ ТУКУ ДА ГИ ИГНОРИРААТ, ДА ИМ ЈА НАЈДАТ СЛАБАТА ТОЧКА КАКО КЕЦ ВО РАКАВ, ДА СМЕНАТ ТЕМА, ДА СЕ ПОФАЛАТ СО НЕШТО СОСЕМ ДРУГО И МНОГУ ДРУГИ ТАКВИ НАЧИНИ НА ПОКАЖУВАЊЕ НЕПОВРЕДЕНОСТ И НАВИСТИНА ЧУВСТВУВАЊЕ НА НЕПОВРЕДЕНОСТ. ако полемизираш со некој што те каса, уште повеќе ќе те каса, така се храни , ти ја цица позитивната енергија. Ако била нормална лиЧност, немала ни да го прави тоа. и треба психолошка ИЛИ ПСИХИЈАТРИСКА помош. А НИЕ ДОБРИТЕ ТРЕБА ДА ЈА НАУЧИМЕ ЛЕКЦИЈАТА ЗОШТО ТОА НАС НИ СЕ СЛУЧУВА. и да се промениме, да си ја гледаме целта, затоа што вредиме и затоа што има една мудра поговорка НИКОЈ НЕ ЗАДЕВА МРТВО КУЧЕ, НИКОЈ НЕ ЗАДЕВА СИЛЕН ЛАВ, МУДРИОТ САМО ЕДНАШ СЕ ЗАДЕВА, А ЈАГНЕТО СЕКОЈ ДЕН. одбери што ќе бидеш. Јас бев во твојата ситуација и една многу мудра личност ме советуваше на ваков начин и верувај има огромен напредок .поздрав
     
    На Miss.M5 и luvena им се допаѓа ова.
  3. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    ИМА ВИСТИНА ВО ЗБОРОВИТЕ НА ЕТИЦКА. Ме натераа на размислување.Стварно се одвратни исмејувачите и навистина можат многу да загорчат нечиј живот. Но точно е дека тие ги одбираат своите жртви, не исмејуваат секого иако секој може да биде исмејуван. ДО НАС ЗАВИСИ, НА ЧЕЛОТО НИ ПИШУВА, САМО НЕЗНАМ ДАЛИ Е ДО САМОДОВЕРБАТА ИЛИ НЕШТО ДРУГО. Има нешто интересно што и шивотните го чувствуваат. Имено лани само што не настрадав од кучиња глутница околу дваесет. едно ми се доближи ајас многу се плашам од кучиња, потоа и другите ме опколија , почнаа да рчат, да лаат и среќа застанаа маж и жена со кола , се качив и се спасив, потоа едвам го преживеав денот. Оттогаш со себе во ташна голема запалка за плин, како заштита и со неа се чувствувам сигурно. Сега кое куче да ме види бега од мене. ЗНАЧИ ТАКА СЛИЧНО НЕ ЧУВСТВУВААТ И ИСМЕЈУВАЧИТЕ, САМО ТРЕБА ВО ДУХОВНА СМИСЛА ДА ОТКРИЕМЕ КОЈА Е НАШАТА ЗАПАЛКА ЗА ПЛИН
     
  4. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Ех мене колку ме исмејуваа ама гајле ми беше. Сите ги игнорирав и кога гледаат дека нивните зборови не допираат до мене уште повеќе се нервираат. Па нека им е. :lol: Ама некогаш некој ако стварно ја претера знам да му кажам 3-4 збора и да не може погледне во лице еден мноогу долг период.
    Јас не разбирам како може некој да се замара со такви глупости? Ма кој што сака нека ми вика бе не го регистрирам. 8) :lol:
    идиоти |(
     
  5. Ivi05

    Ivi05 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    29
    Ма кој ги е** [се извинувам за вулгарноста] јас за нив ќе се нериврам? нема шанси
    Доколку имам ваков проблем одам и му викам тоа што сакаш да ми го кажиш кажи ми го в лице а не да ми се исмејува .. но ако си продолжат одам и по еден шамар , може и 2 ;)
     
  6. An.N

    An.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    14
    Според коментариве гледам дека не многу од вас биле жртва на вакво нешто. Чувството некој да ти се подсмева, да дофрлува е мн грдо. Ваквите луѓе мислам дека всушност не се свесни за болката која ја предизвикуваат, а на лицето кое му се подсмеваат прават да се запраша што пак не е во ред со мене? Навистина не го знам одговорот како да се соочи со ваквите луѓе но дефинитивно доколку им преќутуваш тие уште повеќе и повеќе те исмејуваат бидејќи во тебе гледаат слабост. Во спротивно доколку и се спротиставиш, тие пак ќе продолжат, дури и ќе го искористат аргументот што им го имаш дадено за да се подсмеваат уште повеќе. Жално е, бидејќи ова влиае на мн млади личности па дури некогаш и посегнуваат по својот живот, мислејќи дека не се вредни и дека нешто не е во ред со нив. Семејството за ова не е свесно и за жал реагира откако ќе се случи нешто лошо.
     
    На connie и LGBT им се допаѓа ова.
  7. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Јас мислам дека тоа е ДЕТСКА РАБОТА а исто така тоа го прават оние НЕДОРАСНАТИ И НЕДОЗРЕАНИ -.-'

    А исмејување на болест тоа е нешто нај РЕТАРДИРАНО што сум го видела до сега. Другарка ми скрши рака и и беше во гипс и еден школски почна да ја имитира со скршена рака и да и се смее брее па големо чудо и на него може такво нешто да му се деси ц'ц'ц навистина ме иритира тоа!
     
  8. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Не ги е*ам во последно,Не ме интересираат воопшто,си имам побитни работи во животов отколку да се замарам со такви.. ;)
     
  9. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Јас со исмевање уште се справувам,порано беше почесто но сега не толку, во ист клас бев со едни гадури (каде мора да има по некој/а во класот) ако згрешев нешто еве ги нив коментари дават.

    Порано многу си ставав на душа,не им враќав ги игнорирав а сега што и да кажат ме заболе мене за тоа сите тие што се исмеваат се едни нискоинтелигентни и искомплексирани луѓе кои не знаат како да се искажат попрво.

    Била убава сите машки по неа оделе па што ми е мене гајле за неа. Јас си имам еден и доволен ми е за цел живот.

    Дома уште нема компјутер, позајмени алишта секој ден носи прибира од секаде и после за други зборува вакви биле такви биле. Е тоа е неука личност што уште не знае две прости реченици да поврзе.

    И затоа мој совет: едноставно не се замарајте ако некој ви приговара ве исмева, бидејќи ако ве исмева тогаш со сигурност имате нешто што таа личност сака да го има.

    Ете толку од мене :) :*
     
  10. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Обично велат дека НА ТОЈ ШТО МУ Е ГОЛЕМА УСТАТА СЕ ДРУГО МУ Е МАЛО
     
    На senza.parole, LittlePinky, Lovy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.176
    уживајте во животот и не обраќајте му/и внимание.таквите очајни луѓе тоа највеќе ги нервира,верувајте :D :*
    вака ќе помислите дека е лесно да се каже,а тешко да се направи,но животот е многу порозов кога не им обраќаш внимание на проблемите и небитните луѓе :D :D :D
     
  12. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Досега сум немала некој проблематичен случај со исмејување но забележав пред некое време во класов почнаа со препукување кој од кај бил. :^) што има врска кој од кај е ако си човек можеш да бидеш и од Шар Планина а ако си нечовек ако сакаш спиј на плоштад џабе ти е.Се препукуваат за тоа кој со кој автобус доаѓал во колку станувал и ред други работи.И сеа класот некако ни е поделен на сељаци и граѓани :fubar: всушност децата што се во некој филм што се ''граѓани'' имаат по 8 единици и родителите им идат на совет,немаат грам култура се расправаат со класната ко да се јатрви...за разлика од ''сељаците'' за нив се измислени.Додуше и самата класна си кажа дека кренала раце од нив затоа што родителите им биле на совет а децата се расправале со класната пред родителите...
    А ако некој постојано ве исмејува затнете му ја муцката во тие работи што вие сте подобри од него.
     
  13. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Hе сум имала таков проблем, но да би имала би ги игнорирала, а ако зборат уште лоши работи за мене би им вратила. ;) :!:
     
  14. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Сум имала многу проблеми со исмејувачи и заедничко за сите нив е што се подли и дволични како луѓе и од сите нив сум била подобра во нешто. Можеби некоја била поубава од мене, но јас сум имала подобар другар од неа итн. Заедничко им е и тоа што се љубоморни на нас, а ние не сме свесни зошто. имаат психопатски нагон да се покажат доминантни во нешто, но на погрешен начин. јас почнав да ги избегнувам или ако ги среќавам секојдневно ги множам со нула, ако треба да зборам со нив ги третирам како да с4е надлуѓе со огромни квалитети, па ме гледаат бледо и се чудат што е работата. Ако ме фати гнев, отидов...
    Ќе завршам со една шала: тој што со понижување те гори, огин ти пали, на него нешто големо му фали !
     
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Од почетокот на моето умешување со луѓе се справувам со такви.
    Значи, бев една година нанапред, одев со поголема генерација на училиште и најверојатно од завист, љубомора нонстоп сакаа да ме кочат со навреди и исмејувања. Плус бев и буцка малку. :$
    Така ми беше се до 7-8 кога почнав да отрпнувам полека. Откога тргнав во гимназија не дозволив на никој да ме исмејува на никаков начин и се спротивставив на сите што беа против мене, бунење за отценки, навреди бидејќи сум се дружела со луѓе различни од нив, до музиката што сум ја слушала и до алиштата кои ги носам.
    Јесте, обиди за префрлања има сеуште, ама само обиди да ме повредат или да ми ја разнишаат самодовербата. Не дозволувам ништо од нивните зборови да ме допре, а понекогаш и им возвраќам па фино ги заќутувам со зборови.
    Баш деновиве, пробав да бидам фина со еден школски а тој почна да ме исмејува и навредува. И си доби што си бараше, не смееше да зуцне.
    А работите што ги зборат зад грб, не ги коментирам, не барам оправдување - секој може да рече што му чини, ама гледам да се оддалечам од тие личности да не ми го загорчуваат животот.
    :hai:
     
  16. nepoznata33

    nepoznata33 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Прво да расчистиме една работа.Кога се мали односно 5,6,7, и 8 одделение не разбираат дека некогаш можеби ќе им требаме па не повредуваат во лице иако не сме го заслужиле тоа и тоа ни го прават за да се почуствууваат над нас затоа што ние сме подобри во отценки,знаеме да се бориме само со зборови не почитуваат луѓе кои знаат да сакаат и сме доволно силни да му се спротиставиме на 15 души одеднаш.Додека пак кога ќе пораснат односно ќе појдат во средно и понатаму стануваат свесни за својте грешки но ГОРДОСТА ЗА ИЗВИНУВАЊЕ НЕ ИМ ДАВА да го признаат тоа но од друга страна ве почитуваат (во себе) и знаат дека ќе се почуствуваат помалку од вас со едно извини а не знаат дека ќе добијат еден незаменлив другар.Но стануваат за уште едно нешто свесни а тоа е дека еден ден ќе им затребате ама пак сакаат да бидите нешто памлку од нив па затоа тогаш почнуваат со оговарање зад грб.Јас го имам и едниот и другиот проблем бидејќи помалите ми го прават првото а поголемите в торото.И за тие кои го имаат овој проблем немојте да дозволите да ве скршат затоа што и вие како мене ќе отргнете личности од себе заради депресија но и да се случи тоа едноставно извинете се на лујѓето кои требало да станат ваши прихјатели а станале ваши спомени кои сакате да ги вратите и мислам дека ако тоа се прави луѓе ќе ви простата и ќе ве пуштат во нивниот живот
     
  17. sajmoni

    sajmoni Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    11
    Доколку некој ве исмејува или ви зборува зад грб лоши работи,тогаш најверојатно неможе да го прифати доброто во вас.Таквите личности секогаш ќе бидат чекор поназад од оној кој го исмеваат или го озборуваат.Тоа се слаби личности кои се хранат со туѓата несреќа и туѓ неуспех,па не им паѓајте на провокации,нека умрат од глад! Едноставно игнорирајте ги,тоа ќе им зададе најголем удар.
    Доколку таквите личности се некои ваши блиски пријатели или пак дечко, супер ако си го покажуваат своето лице пред вас исмевајки ве.Тоа е подобра варијанта од онаа да ви се смешкаат, а истовремено да ви работат зад грб.
     
    На Brokeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Девојки стварно ми треба совет.. Вака.. Има едни од градот се прават кој сме ние.. (машки се).. И кога и да ме сретнат секогаш ме исмеваат и толку ми е срам и ми иде да заплакам ама пред нив никад нема солза да пуштам.. Сега секој има семејни проблеми и тие ме исмеваат за тоа..Ми ја најдоа слабата точка.. :( а и со тие што се дружев ако пред нив се правев дека ништо несвакам и се правев глупа но сватив дека ме нејкат во тоа друштво и некој од нив почна од околу да ми префрла.. но јас кутев, дека сама неможев (еве почнав и да плачам.. ;( ) ѝ и кажав на една др другарка ама таа никао неможеше да ми помогне дека не бевме од ист град.. и ја кажав маката на една другарка..(камо да ми беше..:( ) и она одозгоре ми кажува дека јас сум крива за тоа дека се што се случило (гледав дека со мене е само од корист..) ...ништо не и реков.. му ја кажав на татко ми тој ми помогна но тоа траеше многу малку..се додека да си отиде за Данска.. и пак истата песна пак исмевањата.. ;( дојде и септември се стишија работите..но по еден месец пак почнаа исмевањата.. пак се врати онаа време од летоска..:( класната ја забележа мојата промена во однесувањето и ме викна на разговор и изнакажав се се што ми се случи и јас нејкев веке да одам во тоа школо едноставно нејкев да ги видам.. ;( таа разговара со тие ученици и наеднаш се се смири..

    После некое време...

    Се здружив со друго друштво и излеговме низ град девојчето е повика со неа да се поздраи со друга нејзина другарка но кога ги видов оние што ме исмеваа седнати цело друштво и ме гледаат и се смејат и нешто збрат јас само наведнав глава и одма избегав.. нејкев да сум таму но криво ми беше шо девојчето така го оставив но после и кажав дека не ми беше добро и отидов до дома.. ;( па сега..кажете ми како да се справам со нив?? како да им се т.н одмаздам за сите исмевања за се шо ми направија?? ;( ..
     
  19. nepoznata33

    nepoznata33 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Ова сум го поминала побрзо од тебе па еден совет еве од мене.Прочитај мој коментар од мене што е горе и ќе сватиш кои се причините.Ако си 8 одд знај дека се ќе се помести во средно ќе имаш многу пријатели
    кои не спаѓаат во следниве категории (кретени,шмизли,лицемери,вамрири на негативна енергија,кршачи на срца,лажни пријатели и др).Фактички во средно почнува животот.А сега не се замарај со нив едноставно земи еден ден само за тебе и размисли зошто баш тоа те повредува.И земи да ги множиш сите тие личности со нула.И јас имам преголеми проблеми со моето семејство каде недостасува член кој треба да ме сака и пази а наместо тоа тој ме повредува.Ако тоа е причина само пофторувај во себе дека тие не те заслужуваат.Но знај дека те очекуваат многу солзи се додека не го преболиш сето тоа.Голем совет кој никогаш ама никогаш не треба да го испуштиш е следново:не бегај од личностите кои те повредиле,не спуштај глава (тие треба да го направат тоа),немој да ги молиш за прошка(и тоа тие треба да го направат).А пак ако те исмејуваат пред новите другари кои допрва треба да ги освоиш не обрнувај внимение (ова се донесува додека не ти викаат со име,не те навредуваат гласно за да слушнат и другите туку ако само ти самата си знаеш дека за тебе зборуваат),а ако почнат да ти викаат (и другите да слушнат)стави иронична насмевка на твоето лице и сврти се накај нив а на твоите нови другари само кажи им некој краток збор за нив како(за греф-не ти го препорачувам многу,боже,господе,оф и така натаму).СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ УСПЕЕШ и најголема препорака НЕ СЕ ОДМАЗДУВАЈ
     
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски

    Мој совет: Не бегај од нив.. Така ќе им покажеш дека не се плашиш од нив.. Смири се и нека не ти лупа срцето кога ќе ги видиш, кога ќе поминеш крај нив само под око насмевни им се иронично, или ако имаш храброст - намигни им.. Не ја наведнувај главата.. Оди со високо крената глава.. Ќе се стаписат на место.. ќе видат дека ја нема веќе старата шмизла, сега доаѓа новата САМОУВЕРЕНА шмизла.. Ако почнат да ти дофрлуваат стави ги под игнор, или едноставно лупни им едно НМЗ и кревај главата.. Не заборавај.. УСПЕХОТ Е НАЈГОЛЕМАТА ОДМАЗДА! Покажи се со твоето ново дрштво, да видат дека не си ти лесна мета.. :rock: 8)