Каде и да одам јас сум црната овца.Ете неможам да се вклопам,а зошто стварно незнам,дури и ме исмејуваат.А јас што да правам? Знам дека сум крива.Уште на почетокот сум искрена и се кажувам,несакам да глумам и затоа ме мислат за никаква.Дури и некогаш незнам што да им кажам па ке кажам некоја глупост.
А како би се справиле со некој што толку ве мрази,љубомори,измислува приказни само за да се истепа со вас,мисли ќе биде кој знае кој.
Знаете ли дека игнорот е најдобар лек? Свиркајте си и ќутејте си, смешкајте си се под мустак. Тоа најмногу боли
Баш читав една статија дека 99% од луѓето кои мислите дека вас ве приметуваат и шират муабети за вас не се грижат ни малку. Секој со свои проблеми на глава! Јас мислам сепак дека тоа треба да го оставиме на кармата...
Мило немој да се замараш со таквите, само игнорирај ги бидејки колку повеке им покажувап слабост тие повеќе добиваат сила....
Прва работа, никогаш не си го доближивуај до срце тоа што ќе ти го каже некоја завидлива и љубоморна уста. Втора работа, колку и да не ми било смешно, кога некој ќе ми упател нешто при што ме исмева, јас сум се смеела, ко да кажал најдобра шега,а секако, личноста која ти ги упатува зборовите сака да се кара со тебе и да те нервира, а со тоа што ти се смееш, успеваш со нејзината ''сила'' да ја повредиш
Јас си има еден проблем едно дете се дописувавме на фб и почна да ваѓа дел од разговорите на фб и сите ги гледаат а причина за тоа било демек тој слушнал ја су зборела за него му казала едно девојче со кого се кара и сеа ми се заканува нашол некоја моја слика каде што не сум убава и дека ке обајавит на фб што да права незна грдо се осеќа
Не се нервирај за таквите.Нема потреба да се чустуваш грдо. И да па нека ја објави зашто се грижиш ти за тоа,тоа е само слика.Впрочем,тој има ли таква слика?
Секогаш има некој кој некого исмејува но јас мислам дека тој тоа го прави бидејки му завидува...секако дека не е во ред но иако во тој миг не е пријатно,сепак за да го победите се вели да така е ти си најдобриот/а,тогаш вие сте победиле
Се е до потсвест ти викаш ''Јас сум црна овца'' се додека така си велиш самата на себе и ќе бидеш кажи си на самата себе ''Јас сум единствена и ќе ме има само онај кој ме заслужил''(а малку се такви) и верувај нема да си помислувш во себе си "Јас сум црна овца" "Дали ме сакаат вистински или само послетоа да имаат со што да ме оговараат" и друго.Запомни ТИ СИ ЕДНИСТВЕНА,ВРЕДИШ,ЈА САКАШ ВИСТИНАТА,И СЕКОГО ГО СМЕТАШ ЗА ПРИЈАТЕЛ (се до моменто додека не те изневера)
Го имав овој проблем до основно. Кога ќе се сетам, цели 5 можеби 6 години што трпев. Најпрво почна да ме избегнува најдобрата другарка, потоа сокласниците почнаа да ме исмејуваат за најразлични работи, бидејќи тие беа 'фаците', а јас секогаш тивка и повлечена, никогаш не навлегував во конфликти, затоа што така и бев учена, да не се карам со никого и секогаш да помагам на оние на кои им треба помош. Никогаш не се пожалив на никого, не покажував знаци на слабост дури ни пред моите родители, иако во неколку наврати тие сфатија што се случува. Нема да кажам дека не беше тешко, беше и тоа многу, а тоа го сфатив кога требаше да одиме на екскурзија и кога го видов седиштето до мене празно, тогаш сфатив колку всушност бев осамена, па така почнав се повеќе и повеќе да се повлекувам во себе и не дозволував никому да ми се приближи зашто се плашев дека повторно ќе бидам исмејувана. Подоцна некако се здружив со едно девојче од мојот клас, што беше во иста ситуација и така бодрејќи се издржавме до крајот заедно. Најлошо од се беше тоа што ништо не направив за да престанат да ме исмејуваат. Малку избегав од темава. Еве еден совет за оние кои го имаат проблемот со исмејувањето: Никогаш не трпете, ако ви се плаче - плачете, но дома, ако чувствувате потреба за разговор -разговарајте, но само со вашите родители, зашто верувајте во тој момент тие се единствените што можат да ви помогнат. За жал јас тоа предоцна го сфатив. И уште нешто имајте на ум, се е минливо.
Што кога те исмејуваат? Сакам да побарам совет,околу мојот проблем.Би ми било многу од корист доколку издовите малку време,и би ме советувале како јас да продолжам понатаму. Многу често сум омаложувана од другарките од школските...значи постојано сум ругана,наверудана и сум најчеста тема за разговор.Не ми фали ништо доволно сум паметна,но едноставно несакам да се преценувам и да се правам најпаметна од сите.Самата за себе си викам дека сум глупава(знам дека ова е најголема грешка што е правам).Едноставноста кај мене е што,нон стоп се смеам секогаш сум насмеана,можеби тоа е нешто што го сметам како мана,па можеби затоа сум и озборувана ругана и навредувана од сите.Буквално сите ме нарекуваат проста,никогаш и никој ме нема запознаено која сум јас навистина.Поради таквите ругања често се потргнувам и стојам настрана од сите.Едноставно ќе фатам некои другарки и пред мои очи ќе ме ругаат и ме се исмејуваат.Едноставно представувам предмет,за забава.Ако некој ми наведи со нешто јас незнам да му возвратам бидејќи сум таква по природа,мирна и повлечена.А можеби и поради тоа ме прават,глупава и проста.Во класот каде што учам сите ме ругаат,едноставно не сум а и несакам сосила да се правам типка.A ваквите ко мене се секогаш исмејувани,ретки се тие што се како мене можеби 5 девојчиња да сме.А ги има многу такви во мојот клас со огварање и омаложување,се прават дека се јаки.И дека никој не е како нив,и нормално се почитувани од останаите сооученици. Изгубив желба и за учење,многу често кога ќе имам научено ми е срам да одговарам бидејќи секогаш ми дофрлуваат со зборовите,како проста и глупава.Буквално ме исмејуваат,и воопшто не се чуствувам така убаво.Ме навредуваат со зборовите како грда ваква таква,не сум воопшто грда,и има и такви кои што ми викаат дека сум убава.Не ми фали ништо од физички и психички изглед,ни ќора сум ни крива. Што би правеле вие да сте на мое место? И како ми се справиле со ова исмејување?
Што кога те исмејуваат? Здраво.. Делумно се пронаоѓам во твојот проблем..поминав низ тоа и јас,само кај мене причината беше мојата говорна маана..децата во тие години знаат да бидат многу сурови,мислат дека со нечие исмејување се некој и нешто..хмм имаат и тие свои маани,и поголеми од твоите,само за разлика од тебе нашле начин како да ги прекријат-со тоа што на некој начин те ставиле тебе на 'пиедесталот' za исмејување.. Кога ќе ми текне на тие пубертетски денови..уште чувствувам празнина,болка,омраза зашто немам возвратено на нечии зборови..еве сеа сум на фах и супер ми е и мааната која ја имам целосно ја прифатив како дел од мене.. Да не се оддалечам од темата..децата се безмилосни,и што и да им речеш ќе продолжат по старо.Мојот совет ти е целосно да ги ставеш на игнор...и тоа исмејувањето уствари е израз на малограѓанштина...одраз на домашното воспитување Главна преокупација нека ти биде учењето,и нема потреба од срам ако имаш научено покажи го тоа,покажи им дека си доволно вредна,интелегентна,способна,паметна...чувството да бидеш во нешто подобра од некој друг,посебно некој шо те исмејува,е неизмерно нели Покажи им дека си доволно паметна,и не дозволувај нивното мислење,нивното (не)воспитување да влијае на тебе,на твојата самодоверба,на твојата личност и во ниеден случај немој да си создадеш комплекс на ниска вредност
Здраво и од мене Потполно те разбирам и можам да сватам во што се наоѓаш.Кога го прочитав твојот проблем буквално се потсетив на мооите детски години.Во петто,шесто одделение некое време носев протеза и сите почнаа да ме одбегнуваат а до тогаш ме третираа како царица.Дури тоагаш сфатив дека никој не е вистински пријател и сите трчаат по пари и убавина.Ама ај да не испаднам оф-топик Инаку еден совет од мене : Што и да ти зборуваат другите не е важно!Важно е твоето мислење и едноставно игнорирај ги!Сигурно и тие си имаат свои слаби страни но не сакаат да ги покажуваат бидејки се свесни дека ке бидат омаловажувани и одбегнувани како што ти прават тебе.Тоа што треба да направиш е да им покажеш дека не можат да се однесуваат со тебе како сакаат,туку дека треба да имаат почит и кон тебе!Докажи им дека грешат и дека ти не си проста и глупава.Што се однесува до учењето воопшто да не ти е гајле.Не треба да се срамиш да покажеш дека знаеш,всушнот треба да се гордееш со тоа!Како што напиша sadgirl21(поздрав и до нејзе ) со тоа ке им покажеш дека си поинтлегентна од нив и попаметна.Секогаш си велиме дека ние сме црните овци во стадото, но не е секогаш така.Имај верба во себе и оди до крај! Не се нервирај на нивните шеги и смеј им се во фаца како да кажале виц,со тоа само ке ги изнервираш и ке победиш!
Како ке се справам?? Епа фино лепо ке го тргнам настрана, и ке му речам ако не престани дека тешко него ке биди. Да, и тој нормално нема да си сфати озбилно.Продолжува.И јас продолжувам. Ке им кажам на моите дома, и без разлика колку сум голема за тоа!! А тоа да дознае родител за своето дете дека му вршат тортура секој ден на училиште е една од најголемите гневови што ги има еден човек! Ке дојди и ке се разбери со него. Не се разбира со збор?? Надвор од училиште, јас како родител има да ги метам улиците со косите.. ич не ми е гајле дали бил малолетен или не! И овај одговор го добив да, од ПРОФЕСОР и немојте одма да ме цитирате како тоа вие сте попаметни и дека не се решава така туку со збор.. АМА НЕМА ЗБОР во ова време... нема. И ве молам, тие во предходниот пост тука што ми беше, да ми кажат како би реагирале ако дознаете дека вашето дете е тепано,малтретирано секојдневно од некој сељак секој ден а вие да го дознаете тоа послем Х години?? Ај ве молам,просветлете ме. Ете јас така ке се справам, а вие??
Ме исмеваа по ФЗО зошто и не сум некој талент, а за дебела не сум, а ниту сум па слаба. КОшарка ретко се случува кош да дадам, во трчање - спора сум, одбојка кога играме во тимови бегам од топката, ѓуле ногу далеко го фрлам (сила ееј), ракомет стават ме да играм - степам се магаре - згрчка немога И да ми се смееа и се така и јас почнав тактика насмеат ми се - среден прст и се така. Веќе не ми се смеат
Ех кога бев во основно од шесто одд почнаа да ме исмејуваат, додуша тогаш еден морон ми измисли надимак и од тогаш почнав да ги трпам омаловажување. И тоа траеше се.до 2-3 година средно. Е да ми беше овој памет тогаш немаше да дозволам да ме повредува тоа, ќе им вратев со иста мера. Сега не дозволувам никој да ме исмејува, ако некој ми е поблизок му кажувам дека ми смета тоа ако не тогаш враќам со иста мера. Дур ќутиш сите те газат, затоа враќајте. Сега недај боже некој ќерка ми да ја исмејува, има да го нема
Јас никого не исмејувам. Дури и ако видам дека некој бара нешто во контејнерот, јас тогаш се враќам и не го фрлам ѓубрето, дека не сакам пред мене да се чувствува бедно. Тие луѓе што исмеваат негого се самите полни со гнев, не е со нивната психа се во ред и со нив треба да го најдеме правиот начин. првото правило е игнорирање, а ако не можеме поради објективни причини, тогаш доста е да ги примениме сите претходно кажани мислења во постовите, корисни се. Само едно да додадам: мислам дека има нешто психопатско во нив.