Не можам некого да исмејувам. Неможам. Како некои исмејуваат бе, не разбирам. Кога ќе ги погледнат во очи зарем не ја гледаат нивната болка и тага и срам? Самата слика ми изнудува солзи. А и не сакам да паѓам толку ниско и да го хранам своето его со туѓа болка. А, доколку некој мене ме исмејува, е тогаш Ќе му кажам нешто иронично и саркастично и ќе го закопам. После ќе бега од мене. А за тие што се исмејувани, игнор, само игнор. Тоа ќе ги убие.
Порано кога бев повлечена,тешко ми паѓаше нечиј исмев упатен кон мене,ме повредуваше.. А сега,не се замарам..едноставно ги игнорирам таквите.Немам ни време,а ни енергија да се замарам со нив
Само ќе кажам дека не треба да обрнувате многу, многу внимание на тоа. Кога бев мала ме воспитуваа секогаш да молчам, да не се карам... И јас таква си останав... И не жалам бидејќи сум таква... Можат постојано да ме навредуваат-ништо нема да им речам, бидејќи знам дека има многу што ги познавам и што зборат сешто за мене, а всушност сакаат да бидат како мене. Ако треба да наведам и пример:
Такви луѓе не ти требаат во животот. Тоа се обично искомплексирани особи. Имав јас таква "другарка". Долго се дружевме, мислев ајде тоа се го прави дека сме блиски. Иако и мајка ми ми велеше дека не е така. Обратив еден период посебно внимание на нејзиното однесување спрема мене и сфатив дека мајка ми имала право. И фино лепо ја откачив
Искрено јас не им обрнувам внимание, себични глупаци кои лечат свои комплекси. Многу повеќе ме повредува кога тоа се однесува на моите сакани кои се повеќе чувствителни. Еве на пример мојот братучед, кој го сакам премногу, душа од човек е, такво суштество не сум сретнала и премногу е чувствителен. Многу го повредуваат коментари упатени на негова сметка како погледни се колку си слаб а нема врска, тој е висок и има доволно тежина за својата висина. Гледам го искористуваат на секој можен начин, не е воопшто скржав и последното денарче го дава некој да усреќи или да помогне. Е кога гледам дека страда и така се однесуваат со него или со брат ми затоа што и тој е сличен на него се вадам од такт. Како со нож во срце да ме бодат, навистина. Ми доага кога ми кажува за таквите да одам и да ги измлатам, да им накажам се во фаца, да ги срамнам под земја . На мене што сакаат нека зборат, јас не се замарам, искулирана сум спрема секој затоа што мене најмногу ми значат коментарите на саканите и кругот на оние кои сум ги зацртала дека навистина вредат и имам почит спрема нив. Како што вели братучед ми јас секогаш пред да кажам нешто размислувам некој да не повредам, што ако кажам нешто а тој потоа да се чувствува тажно и несреќно. Ама за жал бројот на ваквите имбецили и идиоти се зголемува, луѓето во денешно време се помалку се достојни за почит и доверба, жално ама вистинито .
До сега не се случило да ме исмејуваат. Таквите што го прават тоа страдаат од комплекси. За мене тие луѓе не вредат.
тие што исмејуваат прво нека се погледнат себе си па потоа нека зборуваат лекот е игнор-ама кој може а мене некој да ме исмејува има богами да си го добие-уште ако ме фати во погрешен момент има да ме запамти за цел живот
Најдобар лек за да им возвратиш на тие што те исмејуваат е да им се смееш во лице да не им возвраќаш со зборови туку со насмевка тоа треба да се практикува бидејки тој што те исмејува ќе гледа на секој можен начин да те изнервира да ти го расипе денот не треба да им обврнувате внимание само насмејте им се и продожете да чекорите гордо со крената глава тогаш само уште повеќе ќе ги разлутите.
Најчесто, тие што исмејуваат се сиротите за жалење. Тоа се луге со нарушени семејни односи, најчесто незадоволни од самите себеси, па удираат по личности што се поемотивни, повлечени личности со цел да си го зголемат егото! За таквите треба само ИГНОР, тоа ќе ги уништи- индиферентноста! Јас верувам во КАРМА, и верувам дека се се враќа!
Во 6то 7мо и 8мо оддленение постојано бев напаѓана и исмевана од тројца машки. Тие беа толку навикнати на опкружувањето на лесни девојки што не им се допадна кога се судрија со девојка со потежок карактер која одби дури и да ја прегрнат. Па направија се за да ми го закорчат животот во основно. Тие беа "главните фаци" во училиштето кои не можеа да си дозволат една девојка тогаш премногу слаба и наивна толку да им го повреди егото и покрај тоа што тогаш бевме само 6то одделение. Но на некој начин сум им благодарна зошто поради нивните постапки и начинот на кој ме третираа јас станав девојка со силна самодоверба, девојка која е горда сама на себе и не се срами од своето минато. Сега сум за втора година во медицинско и мило ми е што успеав да се вклопам и горда сум што ниту еден нивни збор не ја тргна насмевката од моето лице.
Многу од советите се ИГНОР. Јас ќе додадам и спротивстави се! Тој што исмејува нема да се откаже само со игнорирање. Ќе те исмее, еднаш, ти ќе игноригаш, па ќе проба и повеќе пати и се така. Кога ќе те исмее, стани отиди пред него и спротивстави му се. Ако е тоа за тежината „Фала што се грижиш, ама мислам дека тоа е мое тело и јас одлучувам за него. Мислам дека тежината е мој проблем“, ако е за висината „Мене ми е супер со оваа висина, не ми се мешај, скапите парфеми се во мали шишенца“ или „И што ако сум висока, баш супер од оваа положба можам да те смачкам“, за антиталентот „Што ти смета тебе тоа, тоа е мој проблем, не се мешај во туги животи најди си свој, ако толку ти сметам замижи и не ме гледај а потоа кога ќе го совладам види ме и засрами се“, за карактерот „За разлика од тебе мене ме ценат и барем имам некаков карактер, не е проблемот во мојот туку во твојот“, за изгледот и стилот „Јас сум таква каква што сум, барем не сум копија, туку оргинал, за мојот живот, мој избор“, е а после следи и нападот. Никој не е совршен, дури и тој што исмејува. Да, true story. Висната, тежината, споени веѓи, лоши пропорции на лицето, влакна по лицето, валкани алишта ќе се најде нешто за да се залепе во лице и да се стави корпичка. После тоа оддалечи се неколку чекори заврти се насмеј се од уво до уво и среден прст, среден прст, среден прст и свиркај си Спојлер Еден пример од мојот живот. Едно машко уште од мала ме исмејува за тежината. Колку и да ослабнам не престанува А тој, грд, со споени веѓи, мани друго па и не се бричеше, по мноогу време му текна. И сега неговиот другар ме зафркава за симпатијата, НЕ МИ Е ДЕЧКО ама и дечко ми го направија И ми вика како вие сте супер само тој што тој е дебел (што нема врска сега е многу ослабнат). Тој немаше намера да ме исмејува и сега овој што ме исмејува настапува и вика „Па она слаба да не е види колкава е“ и мене ми пукна филмот имаше некој од страна што се смееја и му викам „Извини имаш ли проблем со мојата тежина? Ако имаш реши си го. Моја тежина, мој проблем, ја се грижам за себе“ и штама пауза од 3 секунди и пак јас „А тебе што по 100 години ти текна да се избричеш?“ пак 2 секунди штама овој неговиот другар ќе паднеше на земја од смеање, го фака за рамо и му вика „Што те дупат, дупат те“ сите се смејат а овој од ушите му чуре, Јас си се насмеав средниот прст и дигнав веѓа
Многу зависи. Во право се горе што викаат дека само со игнорирање не успева, ни мене не ми успева, јас лично многу им се смеев в лице и на секој збор им враќав на начин на кој неможат да вратат. И да Find their dirty little secrets. Можат многу да значат. Како ова што ги излудва ... Ништо друго ...
Луѓето што исмеваат некого се точно тие што би требало да бидат исмејувани. Тоа се луѓе со слаб карактер и сакајки да го прикријат тоа тие се свртуваат кон некого што ке го привлече вниманието на другите за тие самите да не бидат мета на исмејување. Во прва година средно го имав тој проблем. Бев исмејувана од група на момци кои беа „фаците во градот“. Не знаев да се бранам цело време молчев и дозволував да ми се качуваат на глава. Во суштина не бев наивна девојка но тоа беше прв пат некој да ме исмејува и тоа точно во тие години кога се се зима здраво за готово. Тоа траеше една година пошто потоа ме префрлија во друг клас, а кога отидов во другиот клас се плашев дека ке ме снајде истото.Но кога видов дека тоа не се такви деца се смирив и пробав да се вратам во нормала иако не беше лесно. Кога сега ке се потсетам на тоа не го гледам како нешто негативно туку како животна лекција што ме научи да стојам исправено пред такви лица и да се бранам од нив. Верувам дека многу од вас го доживееле тоа па ве советувам да стоите исправено пред таквите луѓе и гледајте ги право во очи додека ви даваат лоши коментари
немам што да додадам ...инаку еве да си кажам и јас за еден проблем со свиња(свињата е поубава и поарна од него)....И кај мене двајца машки се гибаат мајтапат ова она...едниот од нив ај некако го поднесувам,ама овој другиот да ти е мерак да го отепаш!Па да!Дури и некои професори не го поднесуваат Ако продолжел вака ќе оди кај педагогот,кај класната и родител...ма ако сакаат нека косата му ја сечат ќелав да го гледам! Колку ме нервира..иначе не можам јас среден прст да покажувам,никогаш немам покажано-а има толку личности шо ми одат на нерви,ама не...не можам едноставно...Од толку шо е безобразен ми ја подискина чантата,па закрпена е сега и подклупа ја чувам да не чапни,земи...подклупа кај другарка ми! Некои немаат мозок ни колку на пиле!Пилето има повеќе мозок од нив!
Луѓето што исмеваат некого се точно тие што би требало да бидат исмејувани. Тоа се луѓе со слаб карактер и сакајки да го прикријат тоа тие се свртуваат кон некого што ке го привлече вниманието на другите за тие самите да не бидат мета на исмејување. точно
Како ова што ги излудва ... Ништо друго ... /quote] Ама така де Мора да си имаш став за одбрана /quote] немам што да додадам ...инаку еве да си кажам и јас за еден проблем со свиња(свињата е поубава и поарна од него)....И кај мене двајца машки се гибаат мајтапат ова она...едниот од нив ај некако го поднесувам,ама овој другиот да ти е мерак да го отепаш!Па да!Дури и некои професори не го поднесуваат Ако продолжел вака ќе оди кај педагогот,кај класната и родител...ма ако сакаат нека косата му ја сечат ќелав да го гледам! Колку ме нервира..иначе не можам јас среден прст да покажувам,никогаш немам покажано-а има толку личности шо ми одат на нерви,ама не...не можам едноставно...Од толку шо е безобразен ми ја подискина чантата,па закрпена е сега и подклупа ја чувам да не чапни,земи...подклупа кај другарка ми! Некои немаат мозок ни колку на пиле!Пилето има повеќе мозок од нив! [/quote][/quote] Еве пример од мене Заедно учиме во класот + роднини сме и постојано ми се исмејува.Добро од село е, но јас не правам разлика помеѓу него и другите деца.Искрено кажано и воопшто не ме интересира тоа, туку ми е битен карактерот на самата личност.Еднаш,два пати, три пати, четири пати, пет пати. .. и толку издржав.Стварно не можев повеќе И му велам: ,,што проблем имаш ти со мене? Не сум некоја што се закачува ниту пак те понижува. и овој уште повеќе сила зеде.Мене ептен ми пукна филмот и му кажав ,,знаеш што ? ти си од село ама си прав сељак.има разлика од селанец и сељак ете толку И уште се закача, се договорил со 3 ца машки и ќе ми се лигават стварно ми се од таквите. Демек дечко ми го редат абе ајде, не да сум некој нарцис ама 100 пати поубава сум од нив