Како да се справите со некој кој постојано ве исмејува?

Дискусија во 'Психологија' започната од LGBT, 21 јули 2011.

  1. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    http://www.youtube.com/watch?v=TOrnUquxtwA
    се ќе му се врати еден ден :) дотогаш насмевката е најголемото оружје
    таквите луѓе не се вредни за вашите зборови и внимание
     
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    ОоООооОооо...на оваа болна тема можам да зборувам до утре.

    Првенствено, морам да кажам дека денес јас сум благодарна на оние кои едно време ги мразев од дното на душата. Тие! Токму тие кои ме исмеваа и кои беа главната причина за моите солзи на толку ранлива возраст. Почеток на пубертет. Кога се ти е измешано во главата и чудно. Не знаеш како да се прифатиш себе, таа нагла промена која ти се случува, а и дополнително ми беше нарушена самодовербата поради проблеми со кожата на лицето т.е. кожна алергија. Се чувствував отфрлено. А така и беше.
    Имав комплекс на пониска вредност, дозволував да ме исмејуваат, да ме понижуваат, а што е најтрагично јас не пружав никаков отпор поради тоа што бев толку кревка и слаба.
    Љубомората од нивна страна беше преголема. Тие едноставно уживаа да ми нанесуваат болка.
    Каков идиотизам. Колкава будалетинка сум била.
    Некои обични простакуши кои имаат IQ на ниво на собна температура, дозволував да си играат со мене како сакаат. Беа повеќе од мене и не знаев како да се справам со таа хроничка болка која ми ја нанесуваа. А сето тоа се случуваше во рамките на училиштето.
    Тие беа љубоморни затоа што добивав толку многу пофалби и ме истакнуваа како најдобар ученик.
    Но, од друга страна обожаваа секој момент да ме потсетуваат дека не можам да флертувам со машките како што тие прават, да му се допаднам некому. Тогаш имав многу ниско мислење за себе си.
    И бев глупава што дозволив да влијаат врз мене.
    Имав голем проблем со кожата и уште поголем комплекс.
    Не можев да се погледнав во огледало. Толку многу црвенила, алергии, неубава глетка, тотално непривлечна. А тие дополнително ме згрозуваа. Токму тие кои се заслужни за тоа што си набив комплекс кој ми требаше време да го излечам.
    Малограѓанки. Сега, само личности кои се многу под моето ниво.
    А знаете ли што се случи ? Еден ден Господ ми го поврати разумното размислување.
    Како некоја светлина да ме осветли, да ми го просветли умот.
    Летото, откако заврши школската година, јас многу размислував на таа тема. Зошто тоа ми се случува.
    И дојдов до одговорот. Затоа што имав многу ниско мислење за себе си. Не се почитував. А сега, себе се сакам до небото и назад. Тоа лето, си дадов до знаење дека јас сум човек како сите останати. Дека нема потреба да бидам асоцијативна. Тогаш и воопшто не се ни трудев да бидам убава, и физички и психички. Тој период во сеќавањево ми е како низ магла. Само се сеќавам дека воопшто не се облекував убаво, ниту се трудев за истото. Мислев дека не го заслужувам тоа.
    Но, ете. Тоа не траеше засекогаш. Тоа лето, ми се отворија очите. Светот ми се промени. Јас зачекорив цврство. Со крената глава. Тогаш и алергијата почна да ми ја снемува. Терапиите имаа ефект.
    Станав повторно она што секогаш бев, но некако длабоко во себе.
    Самоуверена. Прекрасна. Најубава. Црвста.
    Сега сум благодарна на оние кои ме исмеваа.
    Затоа што ако тие не постоеле во мојот живот, јас никогаш немало да научам дека без разлика на се, треба да се самопочитуваме и сакаме. Требало да научам да бидам силна!
    И научив. А сега знам.
    :)
     
    На Сунѓерот Боб, littlevampire, FridaKahlo и 13 други им се допаѓа ова.
  3. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    На неколку пати се имав степано и од тогаш никој не ме замара..
    Ако некој ми се исмее стандард враќам. Така се имам степано т.е една ме замараше што седеше со нас на маса во кафич, ова поодамна и демек ќе си идам ја турнав од стол и со мартинка во вилица :D
    Друг пат една ме замараше исто и по некое време во бус на последна постојка ја помодрев и бега од мене како ѓавол од крст..Вреѓам ако знам работи за нив или ги озборувам и јас..Зависи
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ги рамнам со земјата. Ги газам, за потоа да ги закопам длабоко, доволно длабоко за да престанат да постојат за мене.
     
    На Adi888, simonna.a и Flower27 им се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Им кажувам да не ми го исмејуваат животот ако не им бил пишан.
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Се покажва среден прст и насмевка на лице само тоа....
     
  7. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Ќе му вратите.
    Тие со лоши зборови вие со уште полоши ]:) Ќе им ја најдете слабата точка и и вие ќе ги исмејувате со вашето друштво, кога ќе видат дека навистина е лошо ќе престанат.
    Јас најчесто се карам, бидејќи не можам да се воздржам |(
     
  8. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Аххх карање, враќање со дупло полоши зборови и тие ср**ња НИКАКО!
    Го знам чувството кога си исмеван и оваа тема ми е многу позната. Едноставно не треба да се замарате. Немојте да се спуштате на толку ниско ниво. Не обрнувајте внимание на зборовите кои ви се упатени, само игнорирајте ја таа личност и еден ден ќе му се здосади и ќе престане. Нема потреба од одлолвлекување на работата. Ако сеуште се замара со вас значи дека си има сериозен проблем со себе. Tие личности се слаби, сакаат да си ги прикријат слабостие, кршливи се, повредени, затоа сакаат да повредат некој друг, да го спуштат на нивно ниво. Затоа главата горе и широка насмевка на лицето :)
     
    На eliesaab, simonna.a и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.094
    Пол:
    Женски
    Оваа категорија граѓани за мене се малоумни дегенерици.Со ваков начин на однесување ги покажуваат сопствените слаби страни.Тоа се луѓе кои се емотивно лабилни и ранливи и се обидуваат да ве спуштат на нивно ниво.Затоа,бидете горди и свои и игнорирајте ги провокациите и зајадливите зборови.
    Верувајте,во животот се плаќаме и се ни се враќа.Ова го знам од искуство.
     
    На luvena и XstrongerX им се допаѓа ова.
  10. Chica-Linda

    Chica-Linda Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    20
    Прости и малоумни луќе како што пишува и погоре ^. Немаат друга работа се занимаваат со туќите мани или за било кои банални работи се исмејуваат.Јас или ги игнорирам и се праам на тошо или пуздер се правам за друг пат да не им текне.Но некои луѓе се тооолку прости што дури и да се искараш онака поштено со нив тие уште толку ко за инат се задеваат :x
     
  11. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Многу паметно си постапила. Луѓето те гледаат онака како што ти се доживуваш. Ако си кревка, слабак одвнатре тоа го осеќаат и спрема тоа така се однесуваат. Но ако застанеш цврсто на своите нозе, со крената глава светот околу тебе се приспособува спрема новата ТИ. И јас од лично искуство го зборувам ова. Има денови кога сум несигурна и да ви кажам право многу се чувствува разликата од деновите кога сум самоуверена. Разликата е во тоа како те третираат луѓето. Но и твоето мислење за тебе.
    Ти се восхитувам. :)
    еве нешто да се надоврзам:
     

    Прикачени фајлови:

    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Браво за sara 123 и за сите што размислуваат на таков или сличен начин. Додека го читав постот вонего најдов нешто поттикнувачко и баш тоа ми требаше.Како Господ да те натера тоа да го напишеш.
    Б Л А Г О Д А Р А М. Во животот секогаш сум успевала во периодите кога сум имала најмногу самодоверба, сум била најубава,најполетна,најсвоја, за разлика од периодите на затвореност, без самодоверба, разочарана, забаталена.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vreme

    vreme Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    многу непријатно е чуството кога некој преку навреди го храни своето его.познавам многу такви деца нажалост,незнаеш дали да ги жалиш или пак да ги мразиш.неможат самите да си најдат лек за себе па лекот го бараат кај другите ставаат сопки едноставно не е убаво да си во нивна близина.но нели треба да се оди во ушилиште и нема начин да ги избегнеме.секој се бори на свој начин да се справи со нив некојпат успешно а во некои случаи нажалос не.многу деца се жртви на тој нивен терорза да бидат посилни и поефикасни прават сојузи обично против некое мирно и беспомошно дете да им служи на чест.
     
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Јас сум голем верник на кармата,и затоа само ке дигнам глава исправено и ке појдам напред во потрага по ВИСТИНСКИ човек со кој ке се спријателам!Обично ваквите исмејувачи никогаш не успеваат во животот не во смисол работа,учење туку во смисол како Човек со човечки карктеристики!И најмило ми е кога тие таквите што порано пробувале и успеале да те засрамат,подоцна те гледаат исправен,возвишен пред нив,нема боље чувству 8)
     
  15. icona.pop

    icona.pop Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    Најмногу што мразам е нешто што не правам никому, мене да ми го прават. Исмејувана сум уште од мала во основно и понатака средно. Едноставно, тоа ме погоди во пубертет што ме направи само нестабилна личност без самодоверба. Секој ден да те осудуваат дека си никој и ништо, кој искусил ќе ме сфати. Незнам како да се снајдам во таква ситуација не сум ни јака на зборови.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. iren4e-baby

    iren4e-baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Me ismejuva onoj koj mislev deka nikogas nema da go napravi toa.Celo vreme kazuva nepromisleni i gadni seksualni raboti, koi samo takvite kako nego sto se retard bi gi kazale :^) megjutoa probav na site mozni nacini da se spravam so nego i vekje neznam kako da go otkacam! a sme vo isto oddelenie.Ke ve zamolam za pomos!! :| :@
     
  17. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Бев исмевана и во основно и во средно,погрозно чувство,нема.Шмизлите во основно ме исмеваа од љубомора,бидејќи бев најдобра во клас,а сепак скромна и многу мирна и срамежлива а овие го користеа тоа и ме нарекуваа глупава иако бев со сите петки,смотана,дека за ништо не ме бидува,дека сум грда,и тоа мноогу ми влијаеше на самодовербата,мислев дека не вредам за ништо,дури и дека не заслужувам да живеам,често мислев на самоубиство,неколку пати се обидов со задушување во јорган се додека не останам без воздух,изгледа ми била потребна психолошка помош тогаш ама немало кој да ме примети,моите наместо да ми помогнат ми одмагаа,ми се дереа да не бидам толку срамежлива,немаа никакво разбирање,брат ми ме исмеваше дека сум смотана,и не гледав причина за живот,утеха наоѓав во книгите.
    Потоа во средно мислев дека ќе биде поинаку ама прва и втора беше полошо,почна со тоа што една школска ме излажа за распоредот :x ,и го утнав денот за првиот тест,добив единица од старт и со тоа почна маката бидејќи беше незамисливо за одлични деца да добијат единица,таков ни беше класот,кога ни ги даваа тестовите професорката уууубаво ме изрезили пред цел клас и ме измалтертира како ѓубре се осетив ;( ,потоа сите 4 години ме малтерираше и мразеше,веројатно самата си беше искомплексирана.Тоа им даде мотив на разгалените деца на доктори и бизнисмени од класот да ме малтертираат,осетија дека сум срамежлива и мирна и се мајтапија со мене.секогаш бев мета на навреди а бев премногу срамежлива за да се бранам,незнаев ни да се карам,воопшто не ме сакаа,никој не сакаше да ме прими во групните активности,секогаш последна ме одбираа,како црна овца бев,попуштив и во учењето и тоа им беше плус за да ме нарекуваат глупача.Во трета година почнав повеќе да се трудам,добивав повисоки оценки и самодовребата ми се покачи малку,тогаш почнаа да бараат помош од мене,па почнав да се дружам по малку,со душа чекав да завршам за да не им ги гледам одвратните фаци.

    Инаку овие од основно не постигнаа ништо во животот,се омажија откако станаа полнолетни,некои порано,израѓаа деца,се здебелија,огрдеа,како 35 годишни станаа.Додека јас имам добра работа,луѓето ме почитуваат и ценат како личност,да не се фалам ама грдото пајче се претвори во лебед,задоволна сум од изгледот како никогаш,такада кога ги среќавам намерно се перчам :D за видат дека не ме уништиле.
    А овие од средно што ме малтертираа ја ведат главата кога ќе ме видат,многу страдав заради нив,имав до скоро чувство на помала вредност,самодоверба ич,наведната глава,необјаснив страв од луѓето мислев дека секој момент некој ќе ми се развика или ќе ме исмее.
    Но добрата работа е тоа што си останав добра личност без способност да повреди некој,личност спремна да ислуша и да помогне на секој во секој момент,ок,професијата ми е таква,ама си ја сакам и си ја работам со љубов,самодовербата ми е поголема секој ден,станувам свесна за своите вредности и од песимист се претворив во ведра личност секогаш насмеана.

    Совет до децата кои се моментално жртви,не им обраќајте внимание,не си ставајте при срце се што ќе ви кажат,запомнете дека проблемот не е во вас туку во нив,тие се тие со ниска вредност и знајте дека вредите многу повеќе од нив,еден ден тоа ќе излезе на виделина :hai:
     
    На LittlePinky, aNy-to, Butterfly-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bohn

    Bohn Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Не знам дали е исмејување некој од класот нонстоп да те замара со сексуални работи, а самиот тој е две глави понизок од мене, не личи воопшто дека прва година средно, а па за развиен, ми се плаче од самата помисла. :rofl: .Ништо едноставно знам да му влепам дека не го бива за ништо, дека има понашање на бебе, или едноставно го правам педер и го напаѓам со милион нешта, интересен ми е кога се нервира,али не дека секогаш имам време со тоа, ма ајде небитно :lol:
    Второ, во основно имав неколку напрчени девојки што учеа со мене, и знаеа да потфрлат нешто нормално, али се знае, ќе ги извреѓав и јас и прекинуваа некако.
     
  19. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Убаво кажа есперанса, ако некој ве исмева проблемот не е во вас, туку во нив. Тие што ве исмеваат најчесто се оние љубоморни или неспособни да направат нешто самите па така си билдаат его на некој начин. Само игнорирајте тоа што ве исмејуваат и терајте си по свое.

    Сите што се поповлечени личности и не се љубители на бесцелни расправии се мета на потсмев од останатите. И не се ни трудете да се расправате со такви, само насмеј се, едно ОК и продолжи си. На крај тие ќе се изедат
     
  20. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Јас имав среќа во средно да бидам во клас со цивилизирани луѓе (со 1-2 исклучоци), но такви исмејувања од ничија страна немало.
    Но, затоа основно ми беше хаос. Посебно оние тинејџерски години 7мо и 8мо одд.
    Мене најчесто ме исмејуваа бидејќи бев најкрупна во класот. За друго и да сакаа немаа за што.
    Одличен ученик бев, секогаш добри оценки имав.
    Ама боли! Боли во тие години кога те навредуваат, кога те закачаат. Но, секогаш главата горе си ја држев и не им покажав дека ме навредиле. Знаев дека се невоспитани суштества и дека секогаш ќе вредам повеќе од нив, само оставив времето да помине.
    Па сега, можат слободно да ми се фатат за малото прсте. Ретко ги гледам,ама и да ги видам не заслужуваат да ги поздравам. Едноставно не постојат за мене.

    Само знаете Карма из а бич! Не сакам да бидам злобна, ама ќе видат колку боли свое дете кога ќе имаат, и кога некој нивното дете ќе го навреди.
    А секогаш ќе има такви невоспитани деца коишто си даваат за право да коментираат и тоа што треба и тоа што не треба.
    Едноставно главата горе и тоа е тоа. Таквите треба да се игнорираат, нема со нив справување. Јас се обидував да ги тепам бидејќи бев поголема од нив :D :D ама не помагаше џабе. :D
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.