Е тука незнам кој би ти помогнал ако не самата ти! треба почесто да преќутуваш и да искулираш некои работи, проголтај пола од тоа.. спасот е тоа..
Јас исто така теско се справувам со тој проблем-лутењето но навистина се сум пробала да се сменам,јас лесно се навредувам и прво сто правам зависи од ситуацијата,излегувам надвор или одам во другата соба ги избегнувам абе вријам и недај бозе да сака некој да ме убеди дека гресам епа тогас на се имам одговор ама ептен лесно мозам да се навредам,срека сто овенот во мене не му треба многу па брзо заборавам ама ко ке избувнам оф лелее бегајте кај сто ке најдете.Незнам сум разговарала и дома со моите ама не се збори со мене поготво спрема тие сто сум блиска.Сум пробала да бројам до десет така е зборот демек пак не бива не ми поминува па и се смеат на моја сметка сум требала јас до сто да бројам не до десет Ако имате вие некоја стратегија и самоконтрола повелете помогнете да не ви се налутам и на вас
ауу значи не сум единствената се лутам буквално за банални работи а што е најтрагично се истресувам на секој што ќе ми се обрати во тој момент а ако почнат уште и да ме убедуваат дека не треба така да реагирам е тогаш станувам ваква незнам до што е ама таква сум си дури по некогаш се запрашувам како ме трпат моите а за дечко ми да не збориме се чудам како издржа со мене толку време греотка не поминува ден а за нешто да не го чепнам ама тоа е, сум пробала да се сменам ама некако тешко ми оди успевам само минутка да замолчам и потоа пак по старо епа сеа ќе ме трпат друго нема
И јас сум голема љутка....ама брзо ми поминува и искрено незнам како лугето се спревуваат со мене аахахаххахаха
Мене ми треба подолго време за да се налутам вистински, прво собирам со себе, собирам долго време се додека не пукне! Е тогаш е лошо и на мојот бес му нема крај. Инаку можам да преќутувам многу работи, да се правам како се да е во ред, а јас целата лутина ја собирам во себе. Значи не се лутам брзо, но кога ќе ми дојде преку глава е опасно. А инаку со тие што брзо се лутат незнам како да се справам! Такви се, такви и ќе си останат-најверојатно. Мислам дека е подобро и да се преќути понекогаш, отколку да настане конфликт.
Јас пак воопшто не се лутам. Многу ретко. Многу пати ми викаат дека сум била ладна, дека не ми било гајле, зашто сум правела така. А јас не ни сакам да почнам да им обрнувам внимание. Едноставно не се замарам, правам и јас грешки (ненамерно) и не сакам да ми се лутат за банални работи. Ко да не се случило, преминувам преку тоа, и го заборавам. Е сега се си има своја граница. Еднаш - ок, втор пат - ок, ама трет пат.. Е тогаш ќе се налутам за се. Или попрај се или чао. Можеби затоа што јас сум таква и не се лутам, често размислувам зашто тоа се случило, зашто такво однесување, и сфаќам дека можеби не му е денот. Затоа и очекувам да ме сфатат мене понекогаш. Можеби затоа сум толку искрена, и ако ми смета нешто го кажувам, па често знаат да ми се налутат, или да ми префрлат. Злобна сум била зашто сум била толку ладна, и сум и го кажала тоа во лице. Еи, незнаев дека ќе бидам добра ако ти го излижам г*зот и ако те лажам. А немам намера. Си терам по мое, искрена сум, ако ми се налутат нека ми се лутат, ќе им помине кога-тогаш.
Со некој како мене? Порано бев мноооооогу голема лутка. Но во последниве неколку години се обидувам да ја контролирам лутината. Познавајќи се себеси ви кажувам дека најдобар лек да се справите со некој кој се лути често е да не му одговарате кога ќе се налути. Не му презборувајте, не го боцкајте уште толку, не одговарајте на неговата лутина. Кога-тогаш, сакал-неќел, ќе му помине
Често се лутам Незнам како лугето се справуваат со мене Но брзо ми поминува и доколку не сум била во право се извинувам и се си продолжува супер Сепак, секогаш се обидувам да се исконтролирам, и во поселдно време одлично ми оди
Си имам една лутка во фамилија на која пола збор не може да и` се рече. Секој втор ден (поточно скоро секој ден) доаѓа дома и не знам што да прозборам за да не се налути. СЕ` сфаќа лично, сите зборови ќе ги испреврти за да се пронајде себе си во нив. Потоа таа лутина ја изразува преку намчорски погледи и не ми прави муабет. Секогаш јас попуштам. На возрасна жена и` попуштам како да е некое дете. Не знам како да се поставам, затоа што ова е секојдневно. Ми здосади и безврска ме нервира. (По придрода е таква жената, ама посебно е накострена спрема мене. ).
Имав другарка која за секоја ситница се лутеше и тоа премногу ми сметаше и ми влијаеше на расположението кога бев со неа. Цело време седеше намуртена и не зборуваше. Ама после некое време престанав да се замарам, и почнав да и кажувам дека стварно претерува. Или таа се смени, или зошто мене престана да ми е битно, веќе го немам овој проблем
За поголеми работи се лутам што е нормално али за ситници нема шанса паѓаат шали мајтапи во друштво па ако се лутиш највеке ке ти обрнуваат внимание т.е ке те замараат. И не знам како е бидејки немам некој близок што се лути за се и сешто али ако во случај се најде некој таков нема да се справам јас сам/а треба мислам да си го реши проблемот...да не свака се толку сериозно Човек се и сешто може да каже а да не е свесен за тоа и ајдеее одма ке се лутиме сега
Игнорирањето е доволно, кога ќе види нема ефект- ќе му помине одма лутината дури и самите ќе се чудите како.
Како што кажале игнорирањето може да помогне,но може и ако некој постојано се лути па ти постојано му зборувај ќе виде дека ништо не ти значи неговото лутење
Jас сум мн голема лутка и искрено ако некој го игнорира то , уште толку се лутам така да и то не помага
Имам една другарка, значи постојано за се се лути, во одредени моменти тоа ме нервира, и други провоцира, но сфатив неможеш некој да го промениш да биде друга личност, сите другарки и укажуваме дека не треба да се лути за ситници и се и сешто, но попусто, одлучив веќе, НЕ СЕ ЗАМАРАМ, како таа што не провоцира кога се лути, така и јас ја игнорирам, а ако понекогаш премногу ме изнервира и ''лепнам'' се во лице!
Јас со таквите луѓе би се обидела да зборувам секогаш на сериозна база без промена во гласот. Ако таа личност прокоментира јас едноставно ќе речам Ако тоа не успее, тогаш полека ги туркам настрана од мојот живот.
Епа нека се лути! Што сум и јас крива!? Секоја ситница од контакт ја ваѓа... и после сите и се криви... Игнорирање, најдобар лек..