Некогаш игнорирањето помага, но некогаш и го прави спротивното. Едноставно сум за искрен разговор и тоа секогаш во таква ситуација. Особено со убав збор да се надвладее тој неоснован гнев во другата личност. Навистина постојат личности на кои лутењето им е добро утро, но сепак и во тие околности неопходен е разговор. Кога еднаш, по втор, трет или повеќе пати ќе се посочи истата ситуација, сепак по некое време тоа ќе вроди со плод.
Јас не сум лутка, и не сакам околу мене да има луѓе што многу лесно се лутат, и што не разбираат од заебанција, генерално луѓето што се околу мене не се од тој тип на луѓе што лесно се лутат, ама постојат и некој пеодинци што се си свакаат здраво за готово, и одма ги спојуват веѓите, и кога веке доаѓа до таа ситуација, ако знам дека сум во право седнувам и на фин и културен начин му кажувам дека не се право, што се лутат, е ако сум крива јас се извинувам, муабетот ми е дека претежно јас сум таа што попушта само да има мир, оти неможам да поднесувам викање, карање, уу од кожа ме вадат такви напнати работи, е сега веке ако се случува секој ден да е налутен некој се за нешто различно без посебна причина, е тогаш и да не сакам мојата потсвест, ке ме натера да го избегнувам тоа лице, што да правам таква сум, не опстанувам со лутковци многу
Не се справувам.Бидејќи знам дека контрањето со него нема до никаде да доведе.Си одам чао пријатно,па тој нека се лути на самиот себеси.Кратко и јасно..не си го губам времето за оние на кои ништо не им чини.
Леле керка ми постојано се лути,а 20год е.нема ден да не е лута,само со ке ке и го слушнам гласот знам еве ја пак нешто е лута.И Ј сум си така поозбилна ама до толку лелее.а мм постојаноси е насмејан ,овоа незнамсо ке беше.
Ова е карактеристично за помладите девојки, тинејџерките и се` до 20-21год. Добиваат се од дома, нахранети се, снабдени со најмодерни алишта во оваа криза, се школуваат, шетаат, а пак се незадоволни од животот, и затоа само се лутат. Колку и да добиваат од ништо не се задоволни. А, да не кажувам дека дома ништо не помагаат, прави трутови се. Имам повеќе вакви братучетки и јака им душа на родителите со нив. Многу напорни се. Ама до некаде е грешка и на самите родители кои не ги научиле своите деца да ценат и почитуваат.
Мојава се лути токму за тоа сто не и дозволувам се ,се разбира до граница.Има се ама се знае ред и затоа сум лоша во наводници,а со сестра и е друга приказна .А имам комсиски на глава се качуваат на родителите ама овие попуштат ,јас уште се држам.дури и јас страдам од тие деца на комшиите ама тоа ти е.
Јас сум ептен лутка и сум им кажала на сите во такви моменти не ми треба објаснувања или што ја знам, туку само да ме остават да ми помине лутината. После тоа ако е стварно без причина си се извинувам, ако не памтам доживотно Што да правам кога расположението ми се менува како времето.. Не дека јас сакам за се да се лутам, туку ете таква сум избувлива.
Често се лутам.. и тоа од малку нешто , веднаш избувнувам .. не знам дечко ми како ме трпи до сега , многу сум слаба и лесно се расплачувам .. ем лутка ем плачка...
И јас се лутам но само кога има навистина голема причина а не за глупости а како да се справите со некој што се лути ? едноставно не му зборувајте ништо па лутината сама од себе ке исчезне за краток период се разбира се додека причината за тоа е банална а како да се справите со некој што ПОСТОЈАНО се лути ? никако. најпрво тој што се лути нека си го реши проблемот што си го има сам со себе оти некој што постојано се лути има проблем со себе а не со останатите поз
И јас исто, порано се нервирав и јас заради ваквите личности, но со тек на време сватив дека нема шанса да се смени нешто кај нив... и сеа не се замарам
Хахах сум ги навикнала овие ваквите татко ми е таков Малку се тешки личности да за се постојано нешто не им годи на нив.
Преку глава ми е од такви личности што се лутат безпотреба и за глупости... Имам прва братуцеда која се лути за ништооо. Има 25 години јас имам 23 Другарки сме и братучеди... заедно излегувавме и заедно работевме. Се случуваше на работа понекогаш воопшто да не ми прозбори иди на работа и ни здраво ни ништо ... па дено ми се расипуваше од сабајле - ке ја рашам несто ми одговара кратко и јасно .... безвеза бе. По два дена се е во ред. И јас бев таа што секогаш попушташе. Кога и да ја викнев за излегување неможам мака ми е ова она ... ок не ја викав после зосто не ме викаш велеше тоа беше проблем. Сега таа има дечко од странство ... живее со него една година во италија. Комуницираме на скајп и на фб кога можеме. Пред неколку месеци си фатив дечко и ај да и казам и се јавив на скајп. Праевме муабет вака така и ми вика ау тој ми беше прва љубов во основно се мувала со него два три вечери ... (никогаш ми го немаше спомнато а како помала таа се муваше со пола град можи да се речи ) и јас аа незнаев реков ... Цел град знае само ти незнајш ... беше посчедното што го рече. Оттогаш не ми прај муабет ... хеллооу пред 10 години било сега има 25 тоа било на 14год кога била основно. не ми се верува. Што и значи тој во животот нејзин таа ке се мажи нареднава недела а мене не ми прај муабет 3 месеци за ова. Сега раскинавме со него (фала богу не поради неа ) а јас уште сум ижреволтирана за ова. Не попуштам ке одам на свадба ама строго службено ке и зборувам. Дали е тоа причина ве молам. Јас постапувам правилно или таа?
И јас сум ваква голема лутка.Ама секогаш кога ќе се налутам се лутам со прична,а без причина никогаш не сум се налутила.
дечко ми е лутко ама баааааш за се се лути, зошто си облекла ова, зошто си се нашминкала за кого се трудиш за бидеш убава, зошто те гледа оној, зошто вака зошто така, да кажам нешто на шала и готово одма се лути ... толку ме нервира некогаш што ми иде да го задавам
Ваквите обично се многу арогантни, мислат дека се што кажуваш е кажано за да бидат навредени. Кој се лути нека му стои.
Јас су таква.Дури ми е срам да кажам.Лесно се лутам и кријам дека сум лута ама неможам баш добро да сокријам.Знам дека некогаш не сум во право ама што да правам кога е послино од мене.Лек? Заради ова се скрав со неколку.Што да правам,тоа е.
Познавав еден таков ЛИГЛЕ. се нешто му фали, а највеке му фали мозок ете затоа нон стоп е лут оти му фали мозок. МОЈОТ БИВШИ ГАЗДА.
Имам неколку познаници што постојано се лутат за се и сешто и баш е напорно со нив да излезеш на крај.