ќе ги игнорираш тие што се лутат секој божји ден ама ако живееш со нив тешко дека ќе можеш да ги баталиш и да не се замараш ,мене ме нервираат такви луѓе да мислиш дали да прозбориш или да премолчиш за нешто оти ќе се налутат за без врска уживај во животот не си го губи времето на тумрење бог да чува по природа сум личност која попушта ај да не е од мене кавгата и не се лутам може да се изнервирам во моментот за нешто да се скарам со некој за нешто да се издерам и се тоа ама после тоа како да не ни било продолжуваме со животот се си е по старо а не сега ке се лутам ке се тумрам зошто? лутењето според мене е тешка глупост
Нема лек. Зборувам како човек кој се лути . Неможе никој да се справи со мене. Малку само дечко ми успева.
Се зависи од блискоста на таа личност.И јас бев порано лутко но тоа е мојот карактер.Во суштина прифаќам шала на своја сметка но не од секого .Деф несватливо ми е кога одредени ХхХ луѓе ке си дозволат таков луксуз да преку шала сакаат да кажат нешто што неможат (или немаат) храброст да го направат тоа на соодветен начин и во вистинско време .За таквите секогаш ке бидам . Факт е дека сите нешто се лутиме и навредуваме ,но блискоста си го прави своето и полека човек се опушта и станува
По природа сум оптимист и многу толерантна.Имам неколку колеги на работа кои се лутковци и навистина ме уморуваат со нивните карактери.Да пазиш што ќе кажуваш, аман бре.....Возрасни луѓе па се дуваат како мали деца.Разгалени едни....
Не ги перцепирај кога ќе ти се налутат и готово секако не можиме на сите да му погодиме околу нас,така да кулирај
Едноставно не можам да се справам со вакви луѓе.Ги имам неколку во фалилијата и ме нервира што треба за пазам за секоја работа пред да кажам.За да не се налутат треба да не зборувам,па и престанав да зборувам со нив,многу ретко.Сега пак што не сум зборувала со нив,никако не можам да погодам.
Успевам да ги толерирам ама ако претераат ќе се закараме нема што друго, ми одат на нерви таквите луѓе Не знам што ќе им успее со толку лутење за се и сешто Понекогаш ги игнорирам
Тој што си е лутко,лутко си е цел живот.И треба таков и да го прифатеме(ако веке имаме некој околу нас таков,а секој има). Едноставно не му обракајте внимание и ке се смири ...ке сфати дека греши.
Леле една од другарките одкако стана популарна ми го пука филмот секој ден. И порано беше таква па се смени едно време ама сега пак по старо. Фати дечко и стана популарна и мнооогу се смени и ги доби сите лоши особини ама темата е за лутината. Еве денес ми се „издра“ затоа што и реков дека има зелени тренерки адидас и дека би било подобро да си купи зелена маичка адидас за да може да и иде и со тренерките а не розова. Абе кога ми свика „Ти си инат, никој не може да ти докаже“ просто не се праве муабет за се се луте СЕЕЕЕЕ!! Просто не се поднаса веке Гледам да ја одбегнувам и да чекам КАРМА, едно време мислев да разговарам со неа, ама кај? Па со неа не се разговара ако не се смене за некој период ќе ми пукне филмот и се ќе и изнакажам жими се. Од сега ќе гледам да ја игнорирам што е можно повеќе
Јас сум најголемата лутка на светот,нема со мене справување знам дека не е должен никој да те моли,да ти се прасвда за нешто макар и да не е виновен а ти да го гледаш само под око,ама јбг карактер,не се сменува човек лесно,не е само лутината маана јкај човек,не мора да значи ако некој ич не се лути нема други маани,со тоа си се вадам бе
Едноставно избегнувај разговор... Јас лично со такви личности ни добар ден имав роднина на се мана и едноставно и реков срце светов не се врти околу тебе....проста си смриш и досадна си ко мува одмини ме кога ке се научиш да бидеш пријатна за во друштво Ок....Долги години не комуницирав со неа и на свадба да сме биле заедно поглед не и упатував бидејки беше страшно со неа да се разговара како енергијата да ти ја цица....такаречено енергетски вампир...пу пу И пред некое време случајно ни се сретнаа погледите и таа прва проговори демек како сме? онака ладно реков добри а вие? Добро поздрав дома! И возвратив со зборот ИСТО Јас пак би сум комуницирала со неа но не можам да и дозволам да ми ќине живци се лутела....терај работа јас не те трпам кој сака да нервира од тебе .....нека повели....јас никој не трпам,што сум фина и ти ќе бидеш ако не.....немаме ништо заедничко па што и ако сме рода!!!
Според мене тоа се искомплексирани личности со кои колку и да се трудиш џабе, исти ќе си останат. Јас имав една таква другарка, од мали се знаевме и во средно бевме заедно, но на крај бев принудена да го прекинам секој контакт со неа затоа што душава веќе не ми трпеше, без разлика што ми беше жал бидејќи ми немаше ништо лошо направено за да ја откачам скроз. Ама несакајќи ме гушеше со тоа што беше таква љутка и љубоморна на моите други другарки. Плус, јас сум личност која постојано се шали и на своја и на туѓа сметка и сите го гледаат тоа како моја позитивна страна, тебе бисерот да не ти се рони од моите шали? Не сакам да озборувам, со еден збор ќе кажам јас почнав да ги тргам од мене таквите личности, ми ја црпат позитивната енергија а јас сум си на прво место, колку сака некој нека ми е близок.
Се лутам и тоа многу. Само на тие што ми се блиски. Многу многу ретки се тие, што и се имам испонашано и налутено од надвор. Некогаш и за ситници, ако се чувствувам повредено. Премногу сум осетлива. Лутината брзо ми минува. Ќе се налутам ама за 5 мин исто како ништо да не било. И не се расправам, не викам ништо на никој, едноставно се повлекувам и си ќутам. Јака му душа на дечко ми, како некогаш ме истрпува. Порано ќе ми речеше нешто, ама сега кога ќе ме примети лута и ме игнорира.
Ни најмалку не ги сакам оние кои се лутат од ништо. На некоја шега ќе се налутат, еден грешка збор и се лутат. Имав и таква другарка, се лутеше за ситници. Мислам устата ми отекуваше од извинувања. Не јас тие што се лутат ги сметам за лигави личности. Со извинување до некои од вас. А како да се справите со некој што се лути? Па нормално, кажете им дека претеруваат. Можеби тоа пали кај некои. Ако не друго чаре нема, такви си се личностите. Не верувам да се променат, а уште потешко е да се справиш со некои такви.
Кој се лути нека му стои. За секоја ситница дигање носови, тоа ми е крајно безобразно и детинесто, и нема што да си го губам времето со такви.
Карактерно сум личност која е премногу емотивна па така одалеку осекам и доволно е еден збор да ми речиш кај мене цели филмови се развиваат Не сум премногу лутка онака ептен коа ке се осетам предадена тогаш бунтувам
Леле, во врска бев со таков... Абе се лутеше за се и сешто, не знаев веќе како е паметно да постапам и што да направам... Зошто сум додала некој на фејсбук, зошто сум објавила некој статус, зошто сум лајкнала слика, зошто не сум се јавила, зошто зошто зошто... секој ден за нешто се бунеше и се лутеше и знаеше со денови да не ми пишува ниту да ми се јавува. Дури од фејсбук неколку пати ме избриша. Јас ако се побунев за нешто исклучуваше телефон, а кога бевме заедно знаеше и да стане и да си замине. Будала, не се свестив навреме кој дебил е. Ама и јас имав еден таков период во 4та средно. Човек накриво да ме погледнеше ќе збеснев. Сите шали кои претходно ги прифаќав тогаш ме бодеа. Ама помина и тоа. Како би се справиле... јас секогаш се обидувам да ја најдам и извлечам добрата страна кај луѓето ама ако кај некои не можам да го пронајдам тоа тогаш не вреди да го губам моето време со нив. Негативни, токсични луѓе не ми се потребни. Јас со мојата негативност се изборив па нема пак да дозволам нивните темни облаци да ми врнат и над мене.
Јас многу ретко се лутам не е тоа моја особина, но дечко ми премногу се лути има некои периоди што скоро за се се лути морам да наоѓам соодветни зборови само за да не се лути да не избие караница, а онака се си е супер,сака ме, добар е не би го оставала за тоа Секогаш се обидувам да не го налутам да ги избегнувам тие работи, постапки, зборови кои што би го налутиле.
Нема справување со овој тип на луѓе. Секогаш нешто ќе им фали во мозокот. Најкултурен начин да се справиш е да ги пратиш каде што повеќето одат УПМ