Му прогледувам низ прсти се додека не видам дека почнува да ми се качува на глава. А тогаш го седнувам на маса и му кажувам два муабети, е после тоа ако продолжи...нека му стои, не му се замарам ама ич, пошто јас моето веќе сум си го кажала.
Јас више немам живци и оставам шо сака да прај.. ќе си го кажам моето, ако продолжи почнувам да го игнорирам немам време за неразбрани личности
И јас сум лутка не прифаќам ни критика,ни шала на моја сметка тоа е карактер,дури на моменти ми смета ама јбг тоа е...
Значи јас ги разбирам тие што се лјутат на се бидејќи јас сум таква. Затоа мислам дека може да се ослободиш бидејќи јас шалата ја доживувам како напад и после се карам. А, работејќи на себе и кога западнав во депресија сфатив зашто така го доживувам сето тоа. Интересно ми беше другите кога ги земам ама мене да ме зезаат не дозволував. И тука ми се јавуваше егото.Тоа е така поради што ги доживуваме бурно работите иако не се такви.Мислиме на цирни последици од сето тоа.И се обвинуваме зошто ние? Ама сфатив дека имало нешто во мене што ме кочи што не сум сакала да бидам жртва за да ме зеза некој.Се прашував како им е гајле тие што ги зезам па да влагаат во филм и да се зезаат самите со себе? Значи до нив е.Мене ако ми се случило истото и на тоа сум гледала како лошо, низ своја перцепција тогаш сфаќам дека можам и да го променам тоа. Како што на нив не им е битно моето мислење, така не треба и нивното мислење од нив да ми биде битно. Ова е обратен процес од тоа дали се замараш кој што ќе каже за тебе.
Тоа ти се вика комплекси. Не можеш да поднесеш шала на твоја сметка затоа што си платиш од многу комплекси.
Ама може и да се ослободиш од тие комплекси.Тоа е што го пишав дека работите ги доживувам како напад. Значи сепак има нешто во мене што ме мачи. И од тоа ако се ослободиш и го решиш мислам дека би можело се да се среди. Бидејќи само ти го знаеш комплексот и само тебе те боли душата, другата личност незнае ама она може да настрада од тоа. Ете поради тоа е лошо .
Одамна немам нерви за да трпам вакво детско однесување, па едноставно немам некоја блискост со такви луѓе.
Во животот ќе среќаваме различни луѓе и различни менталитети. Треба да сме флексибилни но ако со некоја личност треба секој збор да го мериш и да мислиш да не бил навреден, тогаш такви луѓе со негативна атмосфера не ви треба во ваша близина.
Да така е, секакви ќе среќаваме ама и не се должни луѓето каприците да им ги трпат на другите и понашање такво да се лутат за се и сешто.
само се дистанцирам не можам да трпам љутковци и ја сум љутка, ама не на се` знам за глупост да се налутам, ама не се лутам за се` нешто. Не е ни исто тоа