остај другар му го има само дечко ми за другар, зашто го бира друштвото, а мојот е без татко единец иво него гледа како брат..и се е ок немам против нивната дружба ама да има граници да почуствувам дека јас сум на прво место не другар му....а искрено и ја изгубив довбербата ..само со мојот сака да изелва..а а он веке ја изневерл некговата девојка се плашам да не го наговоре и мојот...незнам шо да правам а џабе муабет сум правила и со двајцата..ми останува само да се нервирам и на форумите малку да се истажувам..сепак фала на советот
и јас имам сличен проблем... мојот дечко има неколку најдобри другари...едниот е во ск,другиот си има женска а третиот...никако да си фати...ии кога и да му е досадно го бара дечко ми...не е битно дали сме биле ние договорени да се видиме и сл. тој мора да замини со него... па ајде бре...ако не може да си фати женска,другите си имаат и женска и обврски и нз.. што е многу многу е му имам кажано неколку пати но ништо не помага
значи и кај мене исто......и дечкото има такви " другари " шо го барат само ко ќе имат некоја работа и овај мојот ко шо е наивен одма трча на сите да му поможи,јас не дека имам против да се помага на другар или другарка ама па ова е класично користење....него ко ќе ,у треба помош абе пусти " другари " нигде ги нема а и има еден другар таков - јас инвертар си го викам оти нон стоп е со нас,толку да се нема осет јас незнам а и тежок алкохоличар е ( фала богу шо дечко ми не е таков ) и многу е досаден,само по нас трча....и секогаш ама баш секогаш кога дечко ми е со другарите ( со некој од нив,оти не се сите ненормални - само двајца се такви ) многу ме мава нервата в гла!!
верувале или не ова мене 2 пати до сега ми се има случено со 2ца дечки едниот беше константна лепенка а другиот имаше девојка па немаше за на крај јас на двајцата другари да почнам да им се допагам-и нормално дојде до кавга мегу дечките и нивните другари и на крај повторно по некое време да се смират-нивното другарство сепак победи и од тогаш сватив дека кога машкото сака да биде со другарот, ти биди со другарката/ките од попуштање фајде нема
Епа, направи му ти исто. Договори се со него, но нека ти се јави другарка да те викне. Нема да му дојде баш најубаво. Но добро, ни тебе не ти е.
Извини на доцнењето, сега прочитав. Ако сеуште си во оваа ситуација, јас би направила вака: пред да си одам за викенд на пр. во петок ке го прашам дали планира викендот да го помини со мене,да не си идам без везе, да не си го расиам викендот и воедно ке излезам со некои колешки во другиот град. Доколку потврди и е сигурен дека навистина ке сте сами, тогаш оди и види што ке се деси,ако каже дека ке биди со другарот не оди. И така ако одиш ке ти биде досадно. И следниот викенд пак така. Или отиди си, но никако не оди кај него. Јас така би пробала. И како е сега ситуацијата,се подобри? очекувам да вратеш
Многу ме нервира, секогаш го искористува моето срценце а на него кога му треба нешто никаде ги нема...
К ако што рече Yipman2 погоре,против другар неможеш да победиш,без разлика колку долга врска имаш и колку се сакате.Искрено,сметам дека најдобриот другар на дечко и не треба да се гледа како проблем.Нивното пријателство е долго и цврсто и не се раскинува лесно,а нема и зошто.Кога ќе видите дека не ви обрнуваат внимание излегувајте си со другарки или другари,откажете им и вие понекогаш и ќе се сецнат малку.Се е до компромис и организација на времето.
Конкретно јас немам потреба да се справувам со најдобриот другар на дечко ми Тие се заедно од мали,и не би сакала да бидат скарани.А и немам потреба од тоа,дека другар му знае кој е лимито и остава ни простор времето да го поминуваме заедно,дека не се гледаме секој ден. А и супер се сложувам со другарот.Имам многу заеднички интереси,така шо се согласуваме.. Ама цимерот негов... Спојлер Секој ден на гости доведувал девојчиња
оф леле да се рече и мојов проблем е ист ( а можда и поголем) едниот другар е женкар ( само по ку*вите трча ) и го влече мојов секаде и тоа ме нервира тотално ( не дека не му верувам на дечко ми) другиот има женска, не го поднесувам зошто е папучар и женска му е одвратна по карактер незнае еден обичен моабет да направи,а третиот е срце (зошто и е дечко на моја најдобра другарка )
Апсолутно се согласувам со ова и тоа не 9 од 10 пати, туку 10 од 10 пати. Само и да помислам на тоа, да ставам дечко пред неа знам дека би ме саботирала. Се шалам, ама кога има личности со кои сум поминала низ се и сешто не е возможно да ги запоставам. И крајно ме ужаснуваат врски каде некој одеднаш фаќа дечко/девојка и заборава на друштвото. И ако некој било другар/ка или дечко ве става во ситуација да бирате помеѓу тие две, чукнете си ја малку главата. Потребен е баланс, се работи за сосема различни врски и никогаш не треба некој да ве стави во ситуација да мора да бирате меѓу двете.