1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да си го средам животот?

Дискусија во 'Психологија' започната од 8899, 28 ноември 2014.

  1. 8899

    8899 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Мака човек на се ќе го натера па дури и да бара мислења и совети од непознати на форум, да се отвори целосно и најличното да го каже виртуелно. Епа вака. Имам само 16 год а мојот живот е скоро уништен. Жива права здрава сум да имам кров над глава и семејство, ама во мој краток живот имам направено мн гревови и неубави работи (ова е мал збор) што почнував да се срамам себеси и да размислувам на најлошото (самоубиство) бидејки мислам дека никогаш нема да се поправам. Од мали нозе не сум друштвена, има нешто што луѓето ги отргнува од мене. Пред неколку години моите ги уништив со тоа што си фатив постар дечко а бев дете, избегав неколку пати од дома и украдов пари неколку пати од дома. Иако поминаа 2 год од сето тоа моите повеќе немаат доверба во мене. Кога завршив основно запознав дечко постар кој навистина ме сакаше. Јас имав 15, а тој скоро апсолвент беше. Ете уште една моја грешка. Тој ме прифати таква каква што сум ама премногу мала влегов во сериозна врска. Ја имав среќа на млади год да најдам повозрасен кој стварно ме сака, а тоа денес е реткост, знаете машките повеќе за секс одат само. И татко ми ми велеше, тој е предобар и те сака ама мала си за сериозно. Јас никој не слушав. Ме запозна со неговите, бев кај него дома неколку пати спиев. Си имав убава врска иако сум мала. Ама јас си ја уништив. Станав најљубоморното створење, се лутев за се и сешто, дури и за неговите родниини, неговите сестри, братучетки. Трпеше, трпеше ама се прелиа чашата кога пред неговите се однесував незрело и најлош што може, го срамев. Го изневерив. Тој не знае за неверството ама знае за контактите на тел со 10 год постати машки запознаени на нет.
    И ми раскина, а јас го сакам најмногу, ама ми е касно. Јас сум личност без самодоверба, љубоморна, завидна, незрела со детско однесување. Сакам веќе еднаш да се променам бидејки се гушам самата себеси. Признавам се. Виновна сум. Сакам веќе да почнам нов живот. Сакам да бидам како останатите. Сакам да се дружам и да сакам. Сакам да бидам полна со љубов а не омраза. Ве молам помогнете ми со вашите совети и мислења. .
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Оф душичка, па на твои години и реално треба да си незрело. Не знаам што сега во моментов да ти пишам, ама знам дека колку и да ти пишуваме ние, сепак се работи за пубертет и најдобро е да си зборуваш со некој терапевт. Кажи им на твоите дома дека сакаш да се промениш, дека сакаш да бидеш подобра личност и дека сакаш да ти помогнат и поддржат. Најдобро е да си отидеш со мајка ти за почеток.
    И ова што си пишала дека имаш големи гревови, јас помислив дека си продавала девојчиња за пари или дека си фрлила некоје дете во шахта или си крадела икони од црква :D ( мала шала). Парите од родителите не се ништо во споредба со тоа да тие би те изгубиле ( мислам на самоубиството). Премногу си млада за да речеш дека животот ти е уништен. Сите ние сме биле некогаш многу љуоморни и ни била разнишана самодовербата, но кога ќе созрееш тие маки ќе ги немаш. И друг дечко ќе најдеш, кој исто толку и повеќе ќе те сака. И ќе имаш пријатели, ќе се забавуваш, ќе се испијанчиш, ќе играш без срам.

    :*
     
    На Lolo5, 8899 и anina им се допаѓа ова.
  3. 8899

    8899 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Очекував да ме осудувате и да упатите спрема мене мн грди зборови. Но ова не го очекував. Ви благодарам од срце ми значи.
     
    На Lolo5, tessie, anina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Кога ќе бидеш на моја воздраст (27), тие твои 16 години и сите тие „проблеми„ ќе ти изгледаат смешно. Какво самоубиство? Да се бесеа луѓе за вакви работи, ќе немаше население на Земјава.
     
    На Lolo5, leona83, 8899 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Зошто мило би те осудувале. Би те искарала само за крадењето од дома, ама веќе си свесна дека е погрешно. Признавањето ан грешките е половина од успехот за започнување одово и станување подобра личност. :*:*:*
     
    На Lolo5 и 8899 им се допаѓа ова.
  6. 8899

    8899 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Верувајте давам се од себе за да ги подобрам односите со моите, да не ги разочарувам и да ги направам горди на мене. Ден денес правам грешки во школо, мн слаби оцени, ама се им кажувам, повеќе не ги лажам. Што и да направам им кажувам.

    Мн ми е криво што ми раскина бидејки јас бев виновникот. И мн лошо мислење има за мене и он и неговите роднини. :(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    A dobro a majkati ne se trudi da ti pomogne? Ili probala pa ti si go zloupotrebila toa dobro?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 8899

    8899 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Мајка ми не знае колку ми е тешко, не знае дека секој ден тонам подлабоко, не знае ни зошто раскинав, немаме разговарано од последната грешка што дома ја направив и витив дека нема да ми се повтори. Тоа не ми се повтори после тој разговор ама ми се случија др лоши работи. Кога бегав од дома и кога крадев мајка ми даде се од себе да ми помогне иако едвај најде сили и јас стварно престанав и да бегам и да крадам и се покаав и еве од последниот пат поминаа две години. Ама врскава и др работи ме уништија и за ништо немам разговарано со неа. ...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Eve vaka, daj smirise potridose malku seto toa da ostane vo minatoto. Pridobijs majkati dobro odmesuvajse so nea pomagaj I po doma napravi mu caj ili kafe, prasivaja da ne mu treba nesto ednostavno e samo treba da sakas I da si uporna.izvini od mob pisuvam.
     
    На 8899 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    taka e
     
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    @8899 ете како што си паметна да седнеш и овде да напишеш за твојот проблем така си и паметна сама да си речеш - веќе е крај и мењам стил живота. Не ти треба ни терапевт ни ништо сама ќе се средиш, докажи си и сама на себе и на другите дека знаеш и нешто паметно да направиш. И тоа за дечкото не знам што да ти кажам имаш 16 години а врски изневерувања спиење кај него се спомна. Стави крај на дечковците одреден период, најди другарки дружи се со нив, оди на училиште учи, спортувај нешто, запишисе на некој курс, за дечковци имаш многу време пред тебе.
     
    На 8899 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Грешките во минатото нема да ги коментирам, било поминало само ти гледај да извлечеш некоја поука од сето тоа и да не ги повторуваш истите грешки. Довербата на родителите треба да се заслужи а тоа неможе преку ноќ. Дечко? Премала си за да имаш дотолку сериозни врски затоа на некој период разбатали дечковци и такви работи, ако веќе фаќаш дечко нека биде тоа некој твој врсник, запомни дека врскита со некој толку постар од тебе нема да успее барем не сега оти си сеуште дете. Смешно е дете од 16 години да се заплеткува во вакви работи со постари дечковци, па крадења едно друго едноставно твоите родители не го заслужиле тоа и не вреди. Ако сакаш да се средиш почни да се однесуваш како што треба да се однесува дете од 16 години. Посвети се на учењето за почеток. Значи секој нема дарба за учење, некој сфаќа побрзо некој побавно но колку можеш толку. Доволно е да немаш 1 па и 2. Поминувај помалку време на интернет. (Прочитав дека си разговарала со некои од интернет и тоа постари од тебе и тоа разбатали не ти треба има секакви манијаци за да не настрадаш ти преќини со тоа не ти треба.) Најди си некој спорт одбојка, кошарка, трчај, запиши се на гимнстика, некој курс по странски јазик и слично. Гледај да воспоставиш добра комуникација со луѓето околу тебе и сокласниците. Биди фина, културнам пријатна по пишувањето сфатив дека си паметно девојче важно е да знаеш да направиш 2 реда муабет. Со девојчињата од маалото дружи се, со сокласничките соберете се еднаш неделно кај тебе, излезете на кафе, во парк ваму таму па не е се толку црно мајката. Во врска со твоите родители ти објаснив и погоре поправи ги оценките, почни да се однесуваш како што треба со почит и пристојно однесување, не ги лажи никогаш ама баш никогаш оти каков црн дечко, кои црни очи искрена љубов можеш да добиеш само од родителите и никој друг. Кога си слободна помагај и на мајка ти, собери алишта замиј садови и слично. Не се карај со нив макар и да си во право, големината на човекот е да премилчи и кога е во право. Ќе видиш како се со тек на време само треба да имаш трпение и не брзај. Секој почеток е тежок ама ако се трудиш ќе успееш, ја сверувам во тебе. Се најубаво и поздрав.
     
    На Babushka и 8899 им се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Оваа реченица кажува многу. Ти само се лажеш дека си подобрена ама баш напротив и затоа твоите немаат доверба во тебе. Има нешто друго што е длабоко закопано во тебе и ровари низ тебе. Не би препишала се` дека е реакција на пубертет ама сево ова што го пишуваш има друга позадина (според мене).
    Не верувам дека можат твоите да ти помогнат, најискрено мислам дека ти треба стручна помош. Не ме сваќај погрешно дека те сметам за лудача ама ти треба стручно лице на кое ќе можеш да се отвориш и искажеш својот револт, мака, тага и отфрлиш омразата која е собрана во тебе како што пишуваш. Добро е што си свесна и јасно ти е што си направила ама сепак си лабава личност и мислам дека некоја си улога има и домашната атмосфера-воспитување, лесно подлегнуваш на ѓаволчето :$ што е во тебе, да не кажам под туѓо влијание.
    Ќе ја фатиш мајка ти за рака и ќе и кажеш дека сакаш помош, а таа како мајка-родител верувам дека се ќе направи за тебе.
     
    На mims-89 и 8899 им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.722
    Пол:
    Женски
    Она што ми се допаѓа е што си свесна за своите грешки.Е сега мала,не знам колку години си имала кога си се впуштила во такви врски.Се водам од тоа дека сите лубеници не се исто зрели.Знаеш,организмот на човекот е темпиран полека да поминува низ сите фази.Тоа што ти си се обидела да ги прелеташ годините,секогаш ќе те мачи во животот,и тука никој не може да ти помогне,освем самата ти.
    Иако не си свесна тоа што си станала љубоморна и неверна,е резултат на твоето погрешно однесување.
    Можеби е најдобро да побараш стручна помош,не очекувај преку ноќ дека ќе се сменат работите.Или да нурнеш во себе и да поработиш на себе.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 8899

    8899 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Славица 999..
    Ти благодарам што одвои време за мене и искрено ми одговори. :) Се согласувам со тебе. Знам дека ми е потребна стручна помош и дека само тоа може да ми помогне.
    Инаку сум била на психијатар, пред 2-3 год, иницијатори на тоа беа моите родители, тогаш им се лутев, ама денес им сум благодарна, не требаше да помине долго време за да сфатам дека се во право иако на почетокот им бев лута. Знам дека го направија тоа за мое добро. Но не знам колку ми помогна тоа. Ми препишаа јаки апчиња кои што мајка ми ми забрани да ги пијам по некое време. Не знам зошто но не делуваа позитивно на мене а и мајка ми се сложи со тоа. Можеби ми се потребни апчиња не викам не ама мн повеќе ми е потребна личност за разговор, која е упатена во тоа, која има искуство.
    Но не знам зошто не разговарав со мајка ми за тоа. Денес ќе разговарам. Знам дека нема да ми прирече за тоа, ја познавам каква е и знам дека ќе се согласи. Но не знам како да разговарам со неа... Како да и објаснам дека навистина ми е потребна стручна помош...
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Така убаво ќе седнеш и ќе разговараш отворено како овде што пишуваш. Таа е мајка и најубаво ќе те разбере. Ниту еден родител не е против сопственото дете. Ти си уште малечко и ти треба нејзината заштита. Ми се допадна многу тоа што си самокритична.:clap:

    Деца на твои години не знаат носот да си го избришат, а не пак да се обвинат самите себе за своите грешки. Батали нет батали возрасни мажи тие не ти мислат добро. Единствено родителот е тој кој што ќе ја разбере твојата мака. Верувам дека кога ќе им кажеш дека ти треба помош тие се ќе направат за да ја добиеш и ќе почнат да се гореат со тебе. Со среќа малечко.
     
    На tessie и 8899 им се допаѓа ова.
  17. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Дали превзема некакви мерки? Дали барем малку се охрабри после советиве тука? Ајде почни од некаде да си го средуваш животот,а најпрво како што ти предлагаме сите со мајка ти разговарај си. Ајде чекаме добри вести од тебе може?;)
     
    На 8899 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    има мн жени со сакаат постари мажи, мислам дека е затоа што го гледаат татко им у нив

    чим си 16 може и да не е до тоа(обично околу 18 се јавуваат првите знаци) ама разгледај повеке за borderline personality disorder (BPD)

    особено ако немаш другарки или ако се дружиш со еден куп машки (ако имаш купиште на машки "орбитери" околу тебе)
    http://en.wikipedia.org/wiki/Borderline_personality_disorder

    за самоубиство...тоа е глупост
    Richard Bandler вика дека самоубиство е трајно решение за привремен проблем (проблемот ке го решиш кога тогаш)
    сите си го усеруваат животот понекогаш, важно е што ке научиш од тоа
    (НЛП поговорка: не постои пораз само фидбек, ако нешто не работи смени го пристапот и пробај повторно)
     
    На 8899 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. HuntressGirl

    HuntressGirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Ужасно ти е тоа што ти се случило и уште повеќе што повеќето е твоја вина. Но првиот чекор ти е направен, си ги признаваш грешките. Сега земи ливче и запиши ги сите работи што би сакала да се подобри (подобри односи со родителите, подобри оценки такви работи) и почни да запишуваш како би можела да ги оствариш тие цели (не гледај во монитор седни негде тивко и размислувај). Зачувај го ливчето за 2 месеци повторно прочитај го и види на што треба да доработиш (на пример си ги подобрила односите со родителите ама сакаш подобри оценки и така). Се надевам дека помогнав! :)
     
    На Val-Dim и 8899 им се допаѓа ова.
  20. 8899

    8899 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Ова ти е многу добра идеја, ќе го направам ова.
     
    На okcenzi и Daleron им се допаѓа ова.