1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да си го средам животот?

Дискусија во 'Психологија' започната од 8899, 28 ноември 2014.

  1. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Доверба се губи за ноќ но е многу тешко потоа да се поврати.Тешко,но не и невозможно.Нема да ти кажам браво за твоите постапки,меѓутоа колку и да си свесна дека си згрешила не е доволно.Труди се и работи на тоа да станеш подобра личност и да ја повратиш довербата кај твоите.Има за се време во животот,немој да брзаш да пораснеш.Самоубиството не е решение,херој е оној кој издржува и не се откажува во тешки моменти!
     
    На 8899 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Кога го отворив постот и кога ја прочитав реченицата ,,Иако сум мала имам направено многу гревови'' Помислив дека си извршила убиство. :D Инаку, уште на почеток ќе бидам искрена и ќе ти кажам дека ова што го пишуваш е скоро вообичаена појава. Не, не велам дека е океј али согласно на твоите години е до некаде оправдано да бидеш бунтновна, бидејќи те владеат хормони и си во онаа пубертетска фаза каде сешто лета ти си чини се јаде. Е сега, не можеш да го вратиш времето назад и да ги поправиш грешките, но затоа и те како можеш да седнеш со твоите родители (или бар со еден од нив), да направиш муабет и се убаво да им обајсниш дека имаш желба за промена, и верувам дека ако постапуваш добро полека полека ќе ја враќаш довербата во нив. Значи не мора до тој степен да ги комплицираш работите, онака поедностави ги. Башка што викаш немаш друштво, бар тоа е денес лесно! Излези во некое диско еве сабота е, макар и сама, ќе запознаеш некого ваљда. Нормално, треба тука да ти работи и кликерот нели за да направиш пилот проценка за да не заминеш во погрешен правец, али у секој случај со оглед на тоа колку млади гледам по кафулињава твои години не би била тешка мисија и ти да се вклопиш меѓу нив. Или во краен случај еве ти го форумов, овде може да стекнеш нови познанства. Можеш да си најдеш некои пријателки кои исто така се осамени како тебе. Затоа отвори ја темата ''Ем сингл ем без другарки'' ќе се зачудиш колку ве има. Само битното е да не се разочаруваш и паѓаш во депресии. Патем и премлада си за да размислуваш за самоубиство. Не дека постојат години во кои ти е забрането да размислуваш, но со оглед на тоа дека во овие твоите секој проблем изгледа замаглен и нерешлив не е во ред да се одлучиш на таков чекор. Бидејќи и онака во подоцнежниот живот ќе сфатиш дека се` си врви по својот тек без оглед на направените грешки во минатото, или околностите кои следуваат. Како и да е, пак ќе кажам, млада си и не гледам зошто толку се фрстрираш околу ова. Дури и ако мислиш дека постои нешто кај тебе што не чини поправи го со време. Мислам на тоа дека можеби постои причина зошто твоите врсници те ,,одбегнуваат'' Бидејќи запомни, не постои нешто такво како магична форумула за друштеност, љубов, успех итн. Ние самите си го правиме филмот. Поздрав, ти држам среќа. (fingers)
     
    Последна измена: 29 ноември 2014
    На barbiegirl.24, 8899, Igrata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Нов живот неможеш да почнеш, едноставно поучена од тоа каква несакаш да бидеш стави го животот на прав пат. Премногу си преувеличуваш дека си го уништила животот, ова како и на секоја тинејџерка може да и се случи. И убаво ти рекол татко ти дека си мала за сериозна врска, гледаш што излегло на крајот. На секој му треба да проживее, да искуси, секој прави грешки...затоа се вика "све во свое време".

    Затоа, смири се и продолжи понатаму, седни учи, фати си дечко на твоја возраст, и не ги нервирај твоите :)
     
    На 8899 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    [QUOTE="Kitten, post: 2245843

    Затоа, смири се и продолжи понатаму, седни учи, фати си дечко на твоја возраст, и не ги нервирај твоите :)[/QUOTE]
    ма да немора веднаш веќе дечко да се фаќа....прво побитното среди го за дечко никогаш нее касно;)
     
    На 8899 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. HuntressGirl

    HuntressGirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќна што успеав да ти помогнав, и запамти самоубиство никогаш не е решение.
     
    На 8899 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    60.967
    8899 - го прочитав твојот пост и сите одговори од Феминките. Од се заклучив дека ти и покрај се си едно многу паметно и интелигентно девојче. Знаеш кои се твоите грешки, но и со раширени раце ги прифаќаш советите на форумџиките. Затоа сум убедена дека во иднина ќе постапуваш само правилно. Не е крај на светот ако нешто си згрешила, важно е тоа дека си свесна за сите свои грешки и дека сакаш да се подобриш.
    Само напред во твојот нов начин на живот :)
    1, Разговор со мама (таа ти мисли само најдобро)
    2, Училиштето нека ти биде приоритет
    3, Дружењето со врсниците е многу важно на твоја возраст (немора да имаш сто другарки-доволни се 1-2)
    4. Забавувај се - прошетај низ град, отиди во кино или диско
    5, Дечковци за тебе ке има и многу ке те сакаат, но тоа нека се случи по 1-2 години!

    Се надевам дека по некој месец на форумов ќе ни напишеш колку си среќна!!!:):):)
     
    На WORRIED.BT, cresa-jagoda, HuntressGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. 8899

    8899 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Вчера го преќинав контактот со еден 26 годишен, му реков да не ме бара повеќе и тој фала богу лесно се согласи со тоа и искрено ни малку не ме чуди тоа. Мајка ми беше мн против контактот со него и велеше колку и да е тој добар тој е мн постар од мене и сигуррно не ми мисли баш добро. Знаев дека е во право, но во најтешките моменти му се јавував, тој беше секогаш тука за мене. Денес кога и кажав на мајка дека го прекинав контактот се израдума многу. И искрено ни малку не ми фали. А на мајка ми и сум благодарна што не му кажа на татко ми..

    Првиот пат кога избегав, како да беше вчера. Бев 6-то оделение. Одењето во школо ми беше како кошмар. Бев како грдото пајче кое никој не го сака. Кога и да ме испрашуваа и да знаев од срам не одговарав. И така станав единичарка. Дента кога беше родителската решив да избегам. Бидејки го познавав татко ми. Колку е добар толку е лош. Ми дозволува и ми дава пари, никогаш ништо не ми фали греота е да се пожалам (еве сега му побарав пари за шопинг и без проблем ми даде) ама кога се работи за неговата чест.... Не дај боже да направам нешто што ќе го засрами.
    Се срами да има ќерка единичарка и знаев дека следува ќотек. Ако изедам ќотек ќе почнам да учам и ќе ги поправам оценките. За да го избегнам тоа украдов пари од дома и избегав во друг град не размислувајќи за последиците... Ме вратија дома жива здрава и нормално си изедов ќотек. Поминаа неколку години, ги нема веќе модриците по тело ама нема ден да не се потсетам и да не заплачам...... Ова го пишувам со солзи во очите ама ми олесни.

    Нема врска.. Беше и помина...
    Инаку да, училиштето ми е приоритет. Сакам да се образовам и да го надоградам своето знаење. Во понеделник правам тест математика иако не ми оди многу, давам се од себе, и одам на 5-ка...

    Ви благодарам на советите. :)
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ајде ајде едно ќотече не е на одмет.Биди си ти умна како овде што пишуваш и се ќе си дојде на свое место.
    Ние родителите само за вас децата живееме и ствараме, ако вие сте среќни ние сме уште повеќе поради вашата среќа.:hug::hug:
     
    На Kukla994 и JustFun им се допаѓа ова.
  9. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Зошто бе деца не сте блиски со своите родители? Тие најдобро знаат да не посоветуваат бидејки се поискусни од нас. Тоа на девојчето и е прва грешка затоа што не разговара барем со мајка и.
    Зошто не разговара? Се плаши од нешто? Може да си направи полошо за себе ако продолжи да молчи.

    Во врска со проблемот на девојката нека ги земе во предвид и советите на форумџиките. Нека ги прочита по неколку пати ако е потребно. И не барај беља, помисли и на родителите дека ги повредуваш со тоа однесување. И што ќе направиш ако бегаш од проблемите? Не, тие ќе те стигнат кога тогаш, ќе те мачат секогаш додека не ги решиш. Од сега пред да направиш некоја глупост прочитај ги советите овде, размисли за последиците па тек тогаш одлучи што ќе правиш.
     
  10. 8899

    8899 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Виновна сум признавам, ама ќотекот не е решение. Сфаќам шамар од страв, немоќ и тоа во ред. Ама ќотекот верувајте дека не е начин на воспитување, и детето тоа го памти цел живот. Нека ме казни, нека ми забрани излегување, школо-дкма и обратно, нека ми забрани тел и комп, месец, два, пет, година, нека ме заклучи во соба ако треба и ќе го прифатам тоа ама ќотекот барем за мене остава трауми и го одалечува детото од родителот. Ова е мое мислење, правилно или погрешно.
     
    На tessie и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Треба да разбереш дека и нас ни се спојуваат жиците понекогаш. Ќе го осетиш тоа кога самата ќе бидеш родител. Разбирам дека ќотекот не е решение ама што очекуваше кога си побегнала од дома во 6-то одделение.Си им го скратила животот на родителите за по 10 години.
    Мислиш лесно е детето да ти го нема?
    Една секунда да го нема па ќе се обеспаметам, а не пак и во друг град да отиде и да не знам каде е.
     
  12. HuntressGirl

    HuntressGirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    во право си, но ние децата постојано ќе измислуваме некои луди идеи особено кога сме тинејџери..
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Имам една дома не се секирајте. Секој ден ми ја крева косата како два прста во штекер да сум бутнала.8)
     
    На tessie, LittlePinky и JustFun им се допаѓа ова.
  14. 8899

    8899 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Јас кога ќе имам дете, здравје боже ќе го воспитам убаво и секогаш ќе бидам покрај него, кога ќе добие единица нема да му удрам ќотек туку ќе го научам дека треба да седне и да поправи и нема да се срамам туку ќе бидам горда кога ќе ја поправи оценката така да нема да има потреба за бегање а уште помалку за ќотек. Извинете ако сум дрска......
     
    На ivona29 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Добро да те прашам нешто ама сакам искрен одговор.
    Твоите не те воспитуваа да бидеш умна?
    Или те оставија сама да пораснеш. Не се грижеа воопшто ниту да бидеш облечена ниту најадена или те роди мајка ти и дигна раце од тебе сама да си пораснеш.
    Кога сме деца сите мислиме дека нема да им го правиме тоа на нашите деца како што нас ни правеле родителите. Кога станав родител, а посебно сега со ќерка на твои години сватив дека детето те учи тебе, а не јас него.
    Сега уживај си во детството, а кога ќе бидеш родител тогаш ќе зборуваме, ако сум жива.:?:
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    тема-КАКО ДА СИ ГО СРЕДАМ ЖИВОТОТ-одговор-САКАШ ПО ФЕНГ ШУИ ИЛИ???? (ма дај не ме је*и)
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 8899

    8899 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Тоа е точно не одрекувам. Секогаш сум била најадена и облечена, кажав и погоре греота и жалосно е да се пожалам. Ама никогаш не сум осеќала блискост кон татко ми, никогаш не сум осеќала слобода да разговарам со него и да му кажам се што ме мачи, бидејки е едноставно, тој никогаш немаше време за тоа, па затоа и јас чувствувам дека никогаш нежав татко. А дете да имаш не значи само да го облечеш и најадеш туку да бидеш тука за него кога му е потребен разговор и совет. Ако татко ми не разговара и не ме гушне кога ми е најпотребен тогаш кој? Комшијата? Сфаќам дека вие родителите имате проблеми и лоши деновви и некогаш сте нервозни ама сфатете и вие дека сте им потребни на децата...
     
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Слушај девојче. Не ти прочитав нишо освен задњиов пост и многу добро знам како е да твоите бидат растрчани. Живееш во Македонија каде што ако сакаш децата да ти имаат се-онда ќе немаш баш време за нив. И јас израснав така па еве ме, доволно сум будала да ти кажам да си ја затнеш малце устичката, да одиш да се исплачеш кај другарка ти јер ако не биле твоите такви сеа ке си плачела за нови патики. Са сречом.
     
  19. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Животот е многу убав но ние како да го имаме тој синдром во себе па сакаме да си го уништиме. Животот не си го уништила туку напротив сега е времето за тебе. Тоа што си украла пари од дома и не е толку страшно колку што е страшно за што си ги потрошила. Сигурно кога би разговарала дома дека имаш потреби твоите би ти помогнале и би ти дале колку можат. Сите подеднакво би се сложиле дека е лошо време и дека многу пари за луксузирање нема но за основното секако. По однос на дечкото, дечковци ќе имаш толку многу што некогаш ќе сакаш да се повлечеш во себе и ќе сакаш да ,,оладиш,,. Е за другарувањето, треба да си најдеш некоја другарка, не премногу и да леташ од друштво во друштво, туку некоја со која ќе имаш заеднички интереси. Е сега животот бара многу компромис, толеранција, не секогаш можеме да најдеме друга страна која ќе биде како нас. Ќе има недостатоци но секогаш на прво место да ги анализираме и нашите недостатоци за да можеме да конкретизираме дека сите луѓето сме такви. Понатаму за да си го средиш животот ќе си претставиш цели во животот. На пример, поправање на оценки, запишување на некој курс, купување на милениче на кое ќе му се посветиш, барање помош од школски за да учите заедно. Пишуваш дека си завидна, љубоморна, сите ние сме некогаш такви, сакаме да имаме нешто што мислиме дека нас ни припаѓа. Кој ќе каже дека од форумов дека не е завидлив или љубоморен ќе излаже. Но мораш да си прецизираш во главата зошто си таква. Дали има причина или едноставно си таква. Потоа мислам дека дружењето со врсниците е тоа што ти е потребно. Постарите од тебе имаат и други проблеми кои што третираат, некои дури имаат основано и семејство така да немој да си навлечеш дополнителни проблеми.
    Друго, можеш хонорарно да почнеш да работиш нешто па да помогнеш дома или да си го купиш посакуваното парче облека. На пример пробај по локалните кафичи, нема ништо лошо и срамно. ќе запознаеш нови луѓе и секако ќе ставиш некое денарче плус. Па мислам дека малку помогнав.
     
    На 8899 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 8899

    8899 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски

    Знам дека им е многу тешко на родителите, дека животот е тежок, дека не е лесно родителите да си дојдат дома од работа смирени, да успеат се да постигнат дома и да средат и јадење да направат, да се справат со сите животни предизвици... Ама сигурно имаат барем 15 мин во неделата за разговор со детето за тоа нема оправдуваее. И да ќе си ја затнам устата бидејки ништо друго не ми преостанува. И уште еднаш благодарам на сите совети...