После се што прочитав во темава мислам дека проблемот не е само во тебе @8899 туку и во твоите родители или да бидам поконкретна, твојот татко. Додека сите 3ца не отидете на стручна помош тешко дека некако ќе успееш да се справиш со ова. Се што си доживеала само ќе поттиснуваш во себе и ќе ти се собира. Не добиваш никаква нежност од татко ти, никаков разговор, никаков совет ни разбирање. Грешките што си ги направила во минатото сигурно си ги направила од страв, очигледно е дека татко ти се решава со ќотек, а здраво и право дете не се подига така. Во никој случај не одобрувам тепање на сопственото дете. Тоа не е никакво решение! Тоа само раѓа нови проблеми, а старите не ги решава. Ти се што си направила си направила од страв од татко ти, и понатаму се што ќе правиш ќе биде само поради тоа. Немаш самодоверба најверојатно затоа што секогаш од тебе очекувале да бидеш надпросечна, да се гордеат со тебе, си морала да ги оправдаш твоите да бидеш голема во нивните очи и да ја зачуваш нивната чест x), ама види ти си само едно обично девојче кое не успеало да ги задоволи нивните болни потреби. Ридители не се само за да ти ги задоволат материјалните потреби, каде се духовните, љубовта, разбирањето, разговорите. Тие ситници ја прават психата на детето. Абе дете ми е, какво е такво е ќе си го сакам, никогаш нема да го терам со сила да ме прави горда, секогаш ќе го сакам без разлика на се и никогаш нема да добие ќотек само затоа што не ги исполнило моите очекувања, детето треба да добие поддршка во животот, а не да се форсира. Не велам дека тоа ти е оправдување за твоите грешки, но сепак треба да се тргне од коренот на проблемот за да се дојде до негово решение. Морате да разговарате со психијатар/психолог, посебно мора татко ти. Самоубиството никако не ти е решение, немој ни да помислуваш на такво нешто. Сконцентрирај се на училиштето, гледај побрзо да завршиш па да најдеш работа. Жал ми е за ова што ќе го кажам ама ти вистински ќе почнеш да живееш кога ќе се отселиш од твоите, кога ќе бидеш слободна од нивното влијание, нивната контрола врз твојот живот и нивните очекувања од тебе. На време требале да реагираат, да ти пружат љубов и поддршка, да разговараат со тебе зошто си срамежлива, зошто немаш самодоверба, а не само уште толку да прават притисок врз тебе. Претпоставувам дека твојот татко нема да се согласи да дојде со вас на психијатар, оти ќе му се наруши честа, ќе му падне круната од глава и ќе биде посрамотен ако побара помош нели? Мој совет е малку да се смириш, да оставиш се друго на страна и да гледаш што побрзо да завршиш школо, најдеш работа и си отидеш од дома. Фокусирај се само на тоа, биди малку подруштвена, тоа многу ќе ти помогне полесно да излезеш на крај со сите проблеми. Не се обвинувај самата себе, научи од грешките и продолжи понатаму оставајќи го тоа зад себе. Не е лесно, прекини ги сите контакти со тие големи момци, дружи се повеќе со твоите врсници. Најди си хоби, некој спорт кој ќе ја вади негативната енергија од тебе, плус ќе бидеш помалку дома. Мисли позитивно дека се ќе се среди, дека те очекуваат убави и многу среќни моменти во иднина.
Потребен ми е совет..ако може некој/а да одвои време и да ми даде совет нека ми пише во ЛП ..навистина ми е тешко и ми е потребен совет
Е ајде кажи тука што те мачи ем ке си добиеш разни мислења(е секако и зафрканци, но добро ако и ти не зафркаваш,извини вака но така е) ем ке ти олесни па после размислувај. А ако веке си нашла некој за во Лп тоа во ред ние ке мислиме што ли те мачеше.
Светици, па сите ние сме украле пари од дома. Не постои некој што не украл од дома пари. Битно е покајувањето а девојчето се кае. И не го бара таткото во нив, ТАТКО МОЖЕ ДА БИДЕ ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН, НЕМА ДВАЈЦА, НЕМА ТРОЈЦА, НЕМА ЗАМЕНА. бара само некој кој ќе може да ја разбере, кој има и третира можеби проблеми слични на нејзините.
Не се напнува темата туку некој има премногу разбирање. Ако „секој“ украл пари од дома еве јас никогаш ама никогаш не сум украла.
Не знам дали ја погодив темата, ако има некоја посоодветна модератори нека ми го преместат мислењето. Имам 16 год. и имам серизона врска со дечко шо многу го сакам. (знам дека ќе кажете дека сум мала за сериозна врска, па ако може да го прескокнете тоа) Се беше убаво и фино, до пред некое време од кога јас почнав да се менувам на многу лош начин, и не само со него туку и онака. Имам некои проблеми дома со моите и постојано сум дома, плачам за се и сешто. Станав многу не дружељубива, љубоморна, депресивна, тивка, чудна, повлечена во себе, без грам самодоверба. Порано бев многу фина, не бев претерано срамежлива, не плачев, нон-стоп зборев и се смеев. Плашејќи се да не го изгубам, неосетно се оддалечив од него. И он нејќе така и отворено ми кажа. И не само ради него, и мене ми смета ова ваква што сум. Од кај да почнам, шо да правам за да не бидам толку повлечена, и да се зближам со него повторно. Како да добијам поглема самодоверба и да не бидам толку ранлива?
Почни од сама себе, седни си самоанализирај се, ти веќе си сватила оти во тебе е грешката, знаеш и точно каде грешиш. Не дозволувај да те надвладеат погрешни емоции и темни мисли. Почни да се менуваш онаму каде што знаеш дека грешиш. Сама ако не си помогниш на себе кој друг?? Ке се смениш одма за твое добро.
за да си ја вратиш самодовербата пред се започни да се дружиш со пријателките излегувај и сл побарај од нив совет подоцнаразговарај и со саканиот кажи му дека не се чувствуваш најдобро и да се обиде да совладате заедно се со разговори остани малку сама пушти си музика и обидисе да сватиш зошто е сето ова
Животот никогаш нема да ни се среди за ние да си живееме безгрижно како бебчиња ,тогаш кога мислиш дека ти е среден ке изспадне нешто што никогаш не си го очекувал ,животаркајте бидете среќни со малите нешта зошто живот среден во секоја смисла на зборот не постои
Здраво многу сум млада а животот како се повеќе и повеќе да ми тоне, како никој да не ме приметува како да сум украс имам само една другарка и таа само во школо заедно сме и некогаш ако излеземе на кафе што ретко се случува. Инаку таа е муслиманка и мајка и никогаш не ја пушта да излегува а не пак во петок или сабота на забава. Во школо кога ги слушам школските како зборуваат каде биле што ќе облечат и некакви си успеси нивни си мислам каков живот имам јас? Другарка ми пред некое време имаше дечко и секогаш се караше до мене од кога се фатија и он и беше на прво место а јас како замена ако има време и се др глупости. А јас излегувам понекогаш со едно дете се муваме ама штета што јас го сакам а тој не. Толку многу сакам да излегувам да запознавам други луѓе ама нема ништо нема смисла :'( само од школо дома и се така и само плачам така ми проаѓа времето. Кажете ми што да правам?
Можеби твоите проблеми изгледаат големи,но најбитно во сето ова е семејството.Ако во твоето семејство има слога тогаш се ќе си дојде на свое место.Пријателите се релативна категорија,има време ти си млада со мала доза самодоверба можеш да промениш некои работи.Но, не очекувај дека ќе се смени се преку ноќ,биди упорна.
Ти продолжи да се споредуваш со другите, па на маломорген ќе видиш среќа. Единствената личност со која што треба да се споредуваш е личноста која што си била вчера!!! Среќата ти е пред нос, но ти кога ја гледаш туѓата не ја гледаш својата! Разгледај што имаш, биди благодарна на тоа и сфати дека некои луѓе тоа го сонуваат! Да, ќе кажеш многу малку сакаат, но тоа е зошто тие помалку имаат.
Здраво. Нова сум на форумов. Значи имам 18 години веќе завршувам 4та година. Во средината којашто живеам неможам да се вклопам и не ме сакаат. Немам со кого да излезам во слободно време и тоа е стварно глупаво и нестварно според мене. И ова нешто ми се случи од кога се префлив во ново школо никој не сакаше да зборува со мене. Само братучетками со која бев во класот само со нејзе комуницирав и таа ме разбираше. Мислев дека се ке си дојде на свое место но еве ништо не се смена и сеуште ми е вака ми морав да пишувам тука. А иначе сум скромна личност не сум како другите од оние занаесените. Незнам ни како ке заврши сето ова. Секој ден живеам со страв и гледам дека нема подобрување. И заради сето тоа страдам од многу ниска самодоверба на моменти скоро и ја немам. Се чуствувам заборавена и немам волја за живот и почесто седам така и ништо не правам незнам како да се справам со тоа, не поминува. И кога ќе отидам некаде ми се врти пребледнувам целата незнам каде се наоѓам. Значи до пред неколку години ми се случуваа убави работи а сега не паметам ни една која би ме израдувала. Братучетките со кои најмногу се дружам и ми се најверни ми се далеку и мн ретко ги гледам. А овде немам никој со кој можам да си направам муабет нормален на раат. Немам на кого да се наслонам. Не гледам друг излез освен во самоубиство. Се прашувам јас дали грешам но не сум таква себична сакам да задржам пријател и се сметам за себеси за интересна личност но ако само ако можам да се истакнам пред некого. Пред секого неможам како и во мојата околина што пробувам и залудно. Секој ден сум во паника, страв и тага. До каде ова води јас незнам стварно незнам . Незнам од каде да почнам како да си помогнам. Не можам да ги трпам сите овие трауми. Мислам и сигурна сум дека ми треба голема помош но незнам каде да ја пронајдам. Исто така сакам да си ја вратам самодовербата којашто ја имав а сега ја немам ама ич. Се надевам дека неќој ке се најде да ми даде корисни совети и да ми даде голема помош. Благодарам однапред.
те разбирам потполно, и јас си имам размислувано за самоубиство ама не знам како. Кога сум покрај многу луѓе мислам дека сум невидлива и непотребна
A zosto ne probas nekoja druga drugarka da najdis? I pod itno razgovaraj so muvacot, da vidis na sto si....nema potreba da se zamaras so nekoi luge koi ne te gledaat kako vazna licnost vo nivniot zivot.....
Како немаш ништо убаво? -Жива си и здрава,а верувај многу луѓе би дале се за да можат да имаат здравје. -Одиш на училиште,да за тоа што ние најмногу го мразиме има девојки кои секојдневно го ризикуваат својот живот за да добијат шанса да имаат образование. -Имаш компјутер и интернет,значи не си во лоша финансиска состојба. Поентата ми е не ти е се негативно во животот,се разбира дека не ти е совршен,но на никој не му е.Со малку труд ќе ти биде уште подобар. Спријатели се со повеќе деца, не скокај одма по популарните и „јаките“ фаци, пробај да се спријателиш со некои поскромни,подружељубиви,пофини личности,не верувам дека нема ниту една таква личност покрај другарка ти. Сигурно има и други луѓе кои се чувствуваат како тебе,пробај пронајди ги,направи свое друшто со кое ќе излегувате,ќе разговарате,едноставно ќе уживате. За момчето што го сакаш,ако тој не те сака и те користи само за мување имаш две опции. Првата ти е да разговараш отворено да му кажеш дека сакаш нешто посериозно,бидејќи губиш само време со личност што не те сака.Другата опција ти е да продолжиш да му бидеш само човек за тепање досада и смирување на хормоните.
А,да почниш да уживаш во ситници? Пример за тоа колку е убаво времето,за храната која си ја јадела,за музиката шо си ја слушала итн. И знам дека е тешко да се социјализираш и здружиш со друго човечко битие,но пробај. Мора од некаде да почниш. И одбери го потешкиот пат за подоцна да ти биди полесно. И животот е тежок да,но до прва иди сѐ. Зошто самоубивство?Толку ли сте слаби за да дозволите да го дадете вашиот единствен живот за глупост?Сфаќате ли што зборувате? Бидете храбри. Со тоа што го правите секој нареден чекор додека чекорите,сте сѐ посилни.