1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да си го средам животот?

Дискусија во 'Психологија' започната од 8899, 28 ноември 2014.

  1. Sanimk1

    Sanimk1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Како можите да помислите на самоубиство? Па и покрај тоа што сте прилично млади и сеуште одите во школо не треба да помислите на ова. Чекаааајте, чекајтеее пред вас е животот. Заради чуството на пониска вредност да се самоубијам? НЕ ИДИ ВО ПРЕДВИД! Мислам, ЗА ШТО И ДА Е, па макар и најлошото да се случило, не треба ни да помислите на тоа. Туку напротив, да ја најдете светлата точка во тунелот и да продолжите понатаму.
    Како што кажа фатаморгана, почнете прво да уживате во ситните работи за да бидете доволно спремни за големите кои допрва доаѓаат. Јас разбирам дека ви е тешко, но се' е пролазно во животот, се' се менува, па идат и полесни и потешки работи, но за секој проблем има и решение.
    Во случајов би било добро да почнете со некоја активност каде што има и други луѓе, како фитнес клуб, НВО, Здруженија и сл. На тој начин ќе запознаете нови луѓе, ќе научите нешто ново, ќе придонесете за нешто што ќе ве направи среќни, ќе се пронајдете себеси, ќе најдете нешто што ве исполнува, а и ќе си го пополните времето наместо да мислите на самоубиство.
    Само на тој начин ќе поминете преку првиот чекор кој е и најтежок, па понатаму go with the flow! :)
     
    Последна измена: 4 април 2015
    На ArmaniCode, Sunshine.Sunshine и WildCat15 им се допаѓа ова.
  2. MysteryMan23

    MysteryMan23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    Самоубиството си го тргни од главата не само на тебе мисли и на твоите дома ке им го уништиш животот, Се ќе се среде оште си 18 години животот е пред тебе..
     
  3. BrokenAngel97

    BrokenAngel97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Fala vi na sovetite, se nadevam ke mi pomognat :)
     
    На Sanimk1 и MysteryMan23 им се допаѓа ова.
  4. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Допрва ти почнува животот допрва ќе грешиш ама најбитно е да извлечиш поука.А како шо гледам веќе си ја виде грешката тоа е знак на зрелост, а не е грешен тој шо греши туку тој шо свесно ја повторува истата.Ке се сретниш со секакви луѓе и од сите ќе научиш разни лекции.сите сме поминале низ тоа што го поминуваш ти сега а сето тоа не прави она што сме денес.А кај родителите нема лесно да ја вратиш довербата ама колку повеќе му докажуваш дека виде кај згреши толку повеќе ќе бидат горди на тебе и ќе ти веруваат ама да знаеш нема со првото дело да ти покажат.
     
    Последна измена: 10 април 2015
  5. aahhsddcjd

    aahhsddcjd Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Па вака лажев дека таткоми ме зема од училиште за време на училишните часови ( инаку мајками и таткоми серазразведени) и прекинав да одам на училиште потоа ме префрлиа во друго училиште но јас и понатаму продолжив да лажам и си ги изгубив сите пријатели во јануари зедов осмо вонредно и сега во јунскиот упис планирам да се запишам средно во друг град па се надевам дека че си го средам животот дадете ми совет како да си го средам животот после ова а последиците да бидат што помали и да си најдам ново друштво многу ми е тешко за време на викенди кога нема со кого да излезам ве молампомош
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Како прво незнам дали е вистина ова погоре напишаното ама ќе продискутирам општо и за другите девојки поназад...Алооо луѓе бре вие сте во пубертет сега хормоните се хаотични и секакви глупости ви се вртат во главата,но да помислите на самоубиство за најбанални работи од типот дружење со повеќе луѓе излегување на забави и слични глупости значи страм треба да ви биди да помислите на таква глупост...
    Пред да помислите на тоа,помислете на своите родители и блиски колку ве сакат и колку труд вложиле во вас за да стигите и до таму каде што сте стигнале секој ја нема таја среќа и убаво ви кажа погоре една членка тинејџери сте уживајте во ситниците,и сватете седа све е пролазно и забави и дружење и журки и све најважно е образованието и тоа понатаму во какви луѓе ќе се оформите...
    Пример јас дури бев средно немав широк круг на луѓе кои се дружев една најдобра другарка,и со другите бев онака неутрална со сите горе долу на муабет,неможи да не знаете да почните еден банален муабет со тек на време све си доаѓа тоа и со некои ситуаци ќе те прашат за учење за материјал пример и се започнува муабет,е сега за излегвање јас се дружев со брачедами и со тие што учев основно покрај нив се запознав уште со мн.луѓе,на училиште бев скромна ама учев имав самодоверба и не бев жедна а внимание како што кажав со сите си бев на ОК комуникација која си доаѓаше самата од себе...
    Потоа кога се запишав на факултет ршум правев:rofl:,се опуштив тотално,и со муабет и со све со сите си живеев кафенце муабет материјали,интересно ми беше на куп собрани луѓе од различни градови искуства муабети све споделвавме, си фатив дечко од факултет врската траеше 2 години дури :D излегував на студенски се дружев со сите,незнам дали тоа е и до харизмата на човекот но мора да работите на себе,малку да бидите комуникативни едно познанство носи кон друго трето и итн...И денес имам прекрасни пријатели од факултет со кој сум во контакт и кој никогаш нема да ги заборавам...И таму имаше луѓе кои стрикно се дружеа само со неколку души а имаше и изгубени душички по еден по 2јца.
    Знам дека неможи секој да биди комуникативен но сепак треба малку да се потрудите,средното е само еден мал дел во животот понатаму има уште мн.работи кои ќе ги искусите и луѓе кои ќе ги запознајте,и ова сега што го пишувате ќе ви биди смешно...Бидете храбри и поопуштени малку
     
    На eloves и BrokenAngel97 им се допаѓа ова.
  7. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Ретко се одлучувам да коментирам и да давам совети, но твојот пост ме трогна неможам да замислам дека некој воопшто во животот може да помисли на самоубиство особено не за некоја толку банална и минлива ситуација. Дали си помислила дека некој луѓе иако знаат дека им преостануваат само неколку денови од животот до последниот здив не престануваат да се надеваат и со крајни сили и се спротиставуваат на смртта, посмисли само на гладните дечиња голи и боси кои немаат кров над главата, жедни се со денови и нивниот живот е полош и од самиот пекол помисли на нив и стави се ти на другата страна.Прво не си единствената личност која што поминува низ овој период, едноставно неможеш да се пронајдеш со другите, срамежлива си и повлечена тешко ти е да се вклопиш со другите и тоа потполно го разбирам, но не заборавај дека ти си ти и неможеш да бидеш ниедна друга личност мораш најпрво да се прифатиш таква каква што си со сите твои позитивни и негативни страни а потоа да те прифатат другите. Не размислувај за тоа дека немаш друштво со кој да зборуваш со кој да испаднеш, прво пронајди се себеси која си ти и што сакаш во животот. Кога си сама посвети се на тоа што го сакаш и дај го максимумот од себе. Немој никогаш да го заборавиш следново, секој човек во животот поминува низ пеколен период, после кој период повторно се преродува и продолжува понатаму и тогаш кога ќе помине тој пеколен период ќе сватиш дека не вредело да се нервираш за тоа, и вотората работа што немој да ја заборавиш е дека семејството е тоа што секогаш ќе биде до тебе и со тебе помисли на нив,помисли како би и било на твојата мајка кога би знаела во каква состојба си и на што се помислуваш. Мојот совет е да се соземеш ако треба посети и психијатар секој може да западне во депресија и нема ништо лошо да побараш совет, и немој да се нервираш за тоа што немаш пријатели, тие идат во живото и си одат, многу од нив и ќе ти забодат нож во грбот, некој и ќе те оговараат а некој ќе излегуваат со тебе само колку да си го исполнат денот ретки се наоѓаат тие вистинските. Позз до тебе и само напред
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Кога зборуваме за самоубиство, тежок живот и слично, ќе признаам, едно време имав самоубиствени мисли. Ќе помислите, сите ми се скарале, па сум немала со кој да се дружам или слични глупости... Но, не, беше тоа самообвинување, омраза кон мојата лоша страна која што без моја воља ме обземаше. Не бев тоа што сум, а таа трошка алтруизам како да ме убедуваше да отидам од светов, да им олеснам на луѓето на кои сум нанела зло. Од мојата себичност блиска личност заврши во болница... повеќе пати. Тоа не можев да си го простам.

    Но, за среќа останал дел од мојот оптимизам, се соочив со мојата лоша страна и се обидував да бидам што подобра личност, се обидував повеќе да ги толерирам луѓето што на моменти ме нервираат, се воздржував од мојот бунт ако нешто кажат погрешно (според мене). Не викам дека целосно сум изменета, има ситуации во кои мојата лоша странана избувнува и се појавува уште еден конфликт со блиска личност. Но, за да не се повтори, се борам со мојата лоша страна и ќе ја победам.

    Се надевам дека барем од ова ќе сфатите дека секој се бори со свои демони и никогаш нема да бидете единствени. Затоа фокусирајте се кон светли страни на животот, тоа вашите демони (проблеми) не можат да го поднесат. :)
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе помислите дека имате некој проблем, сетете се дека некој нема што да јаде и каде да спие. Мислам дека секој човек во животот се има почувствувано осамено и заради тоа има такви суицидални намери. Мора мозокот постојано да е преокупиран со нешто за да не мисли на проблемите. Ете мене ми е фокусиран на испити, учење и стрес и сите тие црни мисли се бришат. Веќе не ми мислам на личноста што ги предизвикала. Најдете утеха во учење, спортување било каква занимација. Ако животот е лош за мене овие седум години, ќе се потрудам наредните што доаѓаат да ми бидат најубави.
    Ако средно е пекол за вас, убаво ќе ви биде на факултет. Гледајте го тоа како можност за ново пријателство, нови искуства, дружење. Мора да постигнеме нешто во животот за нашите родители да бидат горди. Подобро едно кафе напијте се со нив од колку со некој што се прави дека ви е пријател. Родителите се многу важни, дечки јас сега го гледам тоа. Кажувајте им што ве мачи. Од нивниот совет подобар нема ! :)
     
    На Sunshine.Sunshine и LadyFlame им се допаѓа ова.
  10. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Да ве прашам, дали има некој кој професионално се бави со Фенг шуи? Сакам домот и градината од корен да ги изменам и да ги уредам според Фенг шуи, бидејќи ме гуши сè во домот, меѓутоа сам не можам бидејќи колку и да читнам за Фенг шуи, ќе погрешам нешто. Без помош не можам. Некој да ми даде совет каде да се обратам?
     
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Неколку совети од искуство до сите кои не знаат како да си го средат животот:
    -не чекајте на туѓа помош и поддршка во такви моменти, бидете самостојни и сами пробајте да си го средите животот
    -оттргнете се од луѓе кои ви шират негативна енергија или лошо влијаат на вас и вашиот живот
    -почесто разговарајте сами со себе, бидете искрени пред себе и резонирајте кои работи ви се вишок во животот и што треба и што можете да средите
    -најбитно од сè e да имате ЖЕЛБА да си го средите животот и да не застанувате на ниедна препрека притоа
    -расчистете првин сами со себе, а потоа и со останатите
    -водете сметка секој ден за тоа што сте направиле во изминатиот ден.Како сте се чувствувале, дали некој ве повредил, дали некој ве орасположил, дали сте направиле вие добро дело или се повредиле некого
    -оставете го минатото позади себе и закопајте го
    -почнете да се бавите со спорт или хоби
    -отфрлете ги во секунда лошите навики и пороци.
    И јас еден период не можев да си го средам животот, ама со сила воља и исполнување ја погоре наведените работи, ЈАС УСПЕАВ.И јас и многу други, сите можеме.И вие, само треба да сакате.