Како да си помогнеме на самите себе?!

Дискусија во 'Психологија' започната од 1418, 12 јули 2016.

  1. 1418

    1418 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Имаме некој психички прпблем/криза/нарушување и тоа го сфаќаме. Првиот чекор што го правиме-одиме на психијатар и потоа земаме терапија. Но по некое време сфаќаме дека антидепресивите и антипсихотиците што ги земаме редовно се само повремен лек. Исто како кога не боли заб. Ќе се напиеме лек и моментално болката ја намалуваме. Но мораме потоа или да го поправиме забот или да го извадиме.
    А верувам дека не сум единствена со психички проблем. Па како вие САМИТЕ сте си помогнале? Или како си помагате моментално?
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.707
    Допаѓања:
    4.142
    Баш ме замисли со темава... Како навистина си помагам на самата себе? Јас се' си мислам никако, но имаше периоди во кој бев излезена по цели денови, "уживав" во животот, но кога ќе се вратев дома се чувствував уште поужасно од пред да излезам.
    Сфатив дека никој на светов не може да ми помогне ако јас не си помогнам на самата себе, ни другарка, ни родител, ни стручно лице. Најпрво зошто треба да откриеме што е тоа што не тишти, никој не може да го знае тоа (еве уште откривам) ,а и сите ние најдобро си го знаеме лекот на сопствената болка, само треба да имаме волја да ја надминеме.
    Она што најчесто го занемаруваме е нашиот сопствен став кон проблемот, нашите чувства и инстинкт како би го решиле.
    Најпрво правете си муабет самите со себе, не се терајте да правите некои работи со сила, и излегување да е, верувајте многу во сопствените можности и амбиции, па потоа разговарајте и со добри пријатели, посетете и (клинички) психолог, не мора да е психијатар...
    Ти посакувам се најдобро девојче, и на сите други што се борат самите со себе, а тоа е најтешко... Бидете силни. :)
     
    На lana666, ceca-1, SAMIRA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки
    Трансформација.
    Мораме да се трансформираме во други личности.
    Тоа се прави со разни процеси, книги, цели , активности.
    Тежок процес е али мора да се направи... само така ќе си помогнеме.
     
    На evangelina.ina, buba4e89, Lotus-14 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    405
    Пол:
    Женски
    Разговорот со психолог мислам дека многу помага и многу би сакала да можам да одам оти премногу работи ми тежат на душата. Како и да е сите си имаме проблеми, тоа е сигурно. Мора да најдеш начин како да ги оставиш лошите работи настрана, читај, пишувај, работи на себе затоа што никој не може да ти помогне како што можеш сам да си помогнеш, учи нови работи секој ден, фокусирај се на позитивното околу тебе и мисли на иднината. Прифати ги работите какви што се штом не можеш да ги смениш и моли се, молитвата секогаш смирува. Јас се трудам сето ова да го применувам и помага, многу е подобро отколку да плачеш и да жалиш за нешто од минатото.
     
    На girl-miri и 1418 им се допаѓа ова.
  5. MargaritaD^2

    MargaritaD^2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    jas mislam deka ne mora 'd a bidi razgovor so psiholog ,neka bidi i koj bilo ,nekoj odredena licnost onakva kakva ti e potrebna vo momento ,ako ti treba pozitivna, pozitivna ,ako ti treba nekoj koj ke ti bide ramo za placenje ,takva ,samo daj mu do znaenje so ti treba vo momentot mene nekogas mi treba nekoj samo so ke me slusa ednostavno da se ispraznam potoa mi e po lesno ako ne moze da se otvori edna tema za olesnuvanje na dusata tuka ke ima luge koi ke se praznat i koi ke slusaat a site ke mozat da si kazat se ako sakate pomos ke pobarate sovet ako ne samo ke kazite deka sakate da se ispukate( morav da kazam so me smiruva pokraj ispukuvanjeto ja zemam mojata kerkicka dodeka spie pokraj mene i lezam pokraj nea i go osekam neziniot zdiv na moeto lice kako dise vo mene i go osekam cukajneto na srceto i pocnuvam da razmisluvam kolku sumsrekna so mi ja podaril bog nea i kolku e prekrasna i kolku ja sakam I toa malecko stvorenje zavisi od mene i jas mu sum potrebna i kakov primer treba da sum za nea i znam deka ako bog mislel deka jas sum losa osoba ne bi mozel da mi podari nesto tolku sovrseno)
     
    Последна измена: 14 јули 2016
    На evangelina.ina, 1418 и rose60 им се допаѓа ова.
  6. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Зависи што ти се случува .. Еве јас успешно си земам терапија, баш сношти ја направив во контакт сме со две членки не би сакала поопширно да пишувам многу луѓе не се запознаени со тоа па да не ме сватат погрешно..


    За сета нервоза, главоболки во главата некогаш и такви мисли опседнати итн мислиш дека за на психијатар си.. (Зависи сепак)
    Отидов да ми ја извлечат токсичната крв , што има докторки на странава знаат.. Слики да ставам мн е непријатно да се гледаат но тоа е реалноста, кога ќе се исчисти твоето тело нема да ти е ништо
     
    На 1418 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1418

    1418 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Vi blagodaram na site.
    Ne ocekuvav da naidam na tolkavo razbiranje od vas. Prekrasni ste. I drugi mi pomognaa preku lp. I nim sum im blagodarna.

    Bev na psihijatar i totalno pogresna dijagnoza. I pak od pocetok. Barav drug psihijatar. Po preporaka ke pdam kaj druga. Se zaprepastiv koga vidov na moj termin deka site datumi se zafateni i si rekov zaren tolku mnogu ne ima?
    I sega imam zakazano duri za eden mesec. Ke cekam. Samo se nadevam deka nema povtorno da se razocaram i pak da treba od pocetok. Dovolno vreme izgubiv.

    Zatoa i velam, koj ima maka kako mojata ako saka da glo spodeli toa tuka. Da si pomogneme megusebno.

    Jas sfativ deka raspolozenieto mi go kreva i me mptivira citanjeto knigi. Stvarno ima prekrasni knigi koi dopiraat dlaboko do mene.

    I toa e toa sto bi go kazala sega koga sum na pocetokot. Ke pisam povtorno za nekoj mesec, se nadevam ke ima promeni.
     
    На Tajnaotrovna и Tatjana95 им се допаѓа ова.
  8. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Во мојот случај јас не бев на психијатар но терапија примив hidzama се вика, луѓето го практикуваат ова почесто бидејќи влијае прочитај на нет ќе видеш, нема да имаш потреба од психијатар верувај
    http://www.healthbosnia.com/alternativna/hidzama/lijecenje.htm


    Или прочитај тука сето надолу
     
    На 1418 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1418

    1418 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram
     
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    2.515
    Допаѓања:
    22.259
    Единствен начин да си помогнеме себеси е да не се замараме за луѓето наоколу да си гледаме само за себе, и да не се споредуваме кој има повеќе а кој помалку. Животот на сите ни дал различно и треба да научиме да се носиме со тоа.
     
    На LollySky, Milobebence, anakonda88 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. littlesadgirl

    littlesadgirl Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Прифаќам дека секој од нас има моменти на слабост и период во кој не се чувствува баш најдобро, па затоа во таквите моменти си помагам самата на себеси со преиспитување. Застанувам пред огледало и се запрашувам од каде тоа јас така се чувствувам..
    Откако ќе го пронајдам одговорот, се обидувам таа тема или личност која предизвикала така да се чувствувам да ја избришам од мојот живот и да се држам подалеку од неа..
    Исто така, кога се чувствувам така а во последно време е тоа навистина ретко, се сеќавам на моите животни цели и тоа колку уште треба да успевам во животот, само гледај напред, биди самоуверена и смеј се! Не дозволувај ништо да те растажи.<3
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.692
    Допаѓања:
    50.093
    Пол:
    Женски
    Од тешкиот период се извлеков сама, со божја помош и волја, секако. Ни апчиња ни психијатри. И она низ кое поминав ми е животна лекција за понатака а и лекција која им ја одржувам на сите останати.
    Прво и основно правило е оддалечување од она што ти предизвикува немир. Не можеш ти да пиеш антидепресиви и да разговараш со психијатри ако пак се враќаш на тоа лошо место или кај тие лоши луѓе. Промена ви треба, промена. Прво тоа па после средување на мислите, насочување кон себе, кон напредок и подобрување со постојани позитивни мисли.
     
    На LollySky, sugarlips, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Да, ми треба промена и одалечување од лоши мисли и негативни луѓе. Ама што кога тие луѓе ти се семејство. Што да правам кога и од нив не добивам разбирање и поддршка туку напротив добивам осудување и карање, нервози и стресови секој ден?
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    @Paolita
    А што тоа не ти одобруваат и за што те осудуваат?Можеш да ми пишеш во ЛП ако овде не ти е пријатно,и мене ми треба некој за разговор.

    Јас со шопинг си помагам сама на себе,со излегување,прошетка,понекогаш и сама шетам и така се чувствувам подобро.:)

    (y)(y)(y)
     
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Женски
    И јас имав ваков период , сум земала терапија ... но мислам дека тоа е погрешно.
    Треба да се анализираме ние самите Што всушност не мачи?
    Од каде доага тој немир во душата? Од каде ни доага таа негативна енергија? и итн.
    Кога ке ги најдеме одговорите на овие прашања , тогаш треба самите ние да си ги елиминираме тие работи/причини , да се избориме против тоа!
    Што ако се земе терапија, кога после прекинувањето на терапијата се врака преходната состојба?
    Самите можеме да си помогниме себе си!
     
  16. Milobebence

    Milobebence Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    44.690
    Пол:
    Женски
    Za zal i jas go imam iskuseno ova problemi vo senejstvoto mnogu se trudev no se poloso i poloso bese manipulacija laga i negativnos kolku sto sakas edinstven mir pronaogam kaj moite roditeli pa pocesto odam jaj niv .Taka i tebe ti prepoeacuvam da si pronajdes mesto toa moze da bide park priroda ako imas vikendica uste poubavo pomini poveke vreme vo priroda za da go pronajdes svojot mir .Posle postepeno se ke ti bide podobro i podobro ke mizes sa nisis se podobri odluki a i koga ke bides posmirena sekoj problem polesno ke go resavas .
     
    На LollySky и Paolita им се допаѓа ова.
  17. SHEETS

    SHEETS Нов член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Ве читам, и гледам дека мн повеке девојките се соочуваат со овј вид на проблеми, еве јас сум машко и веке две години сум на терапија, антидепресиви, хелекси препишани од психијатар и еве уште не можам да го решам проблемот. Цело време излегувам, се дружам, работам во администрација (мн ретко се работи), живаем во мало место, во врска сум мн години и веќе ми е досадно се што се случува околу мене. Цело време се мачам со физички симптоми на гушење, стегање во гради, трпнење на лице, едноставно не сум опуштен. Пробав со теретана,многу брзо се откажувам, немам желба да читам книги, немам ниедно хоби , едноставно ме исполнуваат работи кои се лоши за мене. Еве сакам да излезам со друштво да пијам алкохол, журки и сл.. Но не можам (поради лековите, девојката ), единствено имам подршка од девојката и освен неа и мајка ми во многу мали ситници никој друг не знае за мојата состојба. Не им верувам на луѓето и не се осмелувам на никој да кажам за мојата психичка состојба, да се олеснам. Заводник сум и секогаш сакам да бидам центар внимание. Си ги знам моите маани и се трудам да се сменам, но многу кратко трае сето тоа и пак се вракам на почеток. Добро би ми дошле совети како да го минам овој тежок период и дали ќе има крај.
     
  18. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    @SHEETS
    Па добро,не секој го исполнува читањето на книги или одење во теретана.Можеби нешто друго те исполнува,а не знаеш.:) А и не мора да имаш некое хоби,едноставно,за да се опуштиш може и да гледаш ТВ или да работиш нешто друго.:D Мислам дека ти треба промена.:)
     
  19. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    Секој има свој начин на справување со проблемите, затоа што сите сме различни. Секој си помага себеси на свој начин.
    Јас на пример или ќе прочитам нешто од Коста Петров, или пак ќе ги ставам слушалките на уши и така бегам на некое свое место кое е длабоко во мене.
    Доколку сум нерасположена си пуштам некоја епизода од How I Met Your Mother и едноставно се смеам.
    За да си помогнеш себеси мислам дека треба да ги знаеш работите кои те исполнуваат. На пример доколку сакаш да црташ - цртај, доколку сакаш да пееш - едноставно пеј.