не барам совет или помош од вас, само сакам душата да си ја испразнам, немам на кој да кажам, ако не пишам тука. Толку многу сакам да споделам со некој како се чувствувам, а немам храброст. Виновна сум знам, ова што јас го сторив не заслужува извини. Имав 5 години врска, дечкото ме сакаше премногу, навистина многу ме сакаше. На почетокот и јас го сакав, но со тек на време таа љубов прераснуваше во монотонија, ми стануваше одбивен. Постојано немаше време за нас, се беше повеќе важно од мене. По 5 години ми дојде преку глава иако го сакав... Се што можев да доживеам за прв пат се случи со него. Сите знаеја за нас и мислеа дека се е идеано во нашата врска, најголема подршка ни беа родителите, дојдовме речиси пред брак. Тој момент како ѓаволот да влезе во мене, почнаа да ми се вртат мисли како ќе живеам со него во таа монотонија, како??? Пробав да раскинеме. но никако не сакаше да прифати, без да расчистам со него - продолжив со друг... Го скршив целосно, немав подршка од никој, сите ме оговараа и напаѓаа...тоа беше ужасен период, како можев ни на момент да не помислам како е тој??? Како можев тоа да го заборавам??? помина речиси година, знам дека тој сеуште ме сака, нема девојка... а пак сегашниот дечко целото време ми го подари мене, постојано сме излезени, постојано патуваме, постојано сме со друштво, знам дека ме сака... после една година гневот ме разјаде, се чувствувам виновна, не можам око да склопам а да не помислам што сторив??? Како го уништив човекот кој толку многу ме сакаше, сега ме мрази се среќава со моите родители и им кажува што се можевме... Јас сега имам внимание, имам љубов но и огромна болка која не престанува, толку многу ми е тешко... се плашам дека секоја негова солза скапо ќе ја платам. Сакам да застанам пред него и да му кажам колку ми е тешко, колку многу се каам, да му посакам среќане можам и не сакам да го потсетувам на нас(иако ми е најголема желба пред да стапам во брак со сегашниот, а тоа е наскоро). само да ви кажам, некои работи лесно можат да го променат животот засекогаш, да можам сега да бирам.... ќе уживав во таа монотонија...... многу ми е жал, многу.
Ти девојко треба да си ги најправо расчистиш мислите во глава, и да не избрзуваш со верење и брак ,пред се треба да си даедш самата на себе си време за растисчистиш прво со чуствата во твојата глава, и да си дадеш простор на себеси да размислиш трезвено всушност со кој сакаш да бидеш. Не ми се верува ова што го читам, но од тоа што разбрав е дека очигледно сакаш да седиш на два стола не си ни наваму ни натаму. Ти давам само искрен совет дека треба да си дадеш самата на себеси време без ниту еден од двајцата и да сватиш всушност со кој сакаш да бидеш, а вака ако продолжуваш да избрзуваш и да правиш непромислени и ниски работи самата на себеси ќе си наштетиш многу а и на дечкиве ке страдаат.
Според мене не е во ред да стапиш во брак со новиот дечко. Како што велиш самата, да можеш да бираш ќе уживаш во таа монотонија.. ако го сакаш тоа додека не е предоцна превземи нешто. Не избрзувај со брак, можеби имаш шанси да го вратиш поранешниот дечко. Си згрешила, но колку и да те напаѓаме сега е залудно. Затоа, главата горе, животот продолжува и немој да избрзуваш со брак зашто ова ќе те мачи цел живот. Барем обиди се да се вратиш на таа "монотонија" која ти недостига, ако не се обидеш секогаш ќе се прашуваш дали ќе успеевте повторно. Навистина си во тешка ситуација, а овој неспокој во кој се наоѓаш е казна за гревот што си го сторила. Никогаш не е доцна да ги поправиш грешките, се гледа дека жалиш по загубеното, не се откажувај..
Кај долги врски е нормална појава да се јави монотонија и да те удри в глава желба за нешто поинакво, ново , друго, но на подолги стази гледано често се зажалува за тие излети и се сфаќа што сме имале пред да го изгубиме. Совет од мене, ако сеуште разговатаре со бившиот повијак го на кафе и направи со него муабет, нешто како да си ја олесниш душата пред него, да се извиниш, да му кажеш дека ти е жал и види како ќе помине разговорот,као0ко ќе се понаша тој и сл, па види како ќе се одвива понатаму дали има шанси да станете пак за почеток пријатели кои ќе одат повремено на кафе, ќе се слушаат на тел. и може ќе ја вратите старата страст. Ако пак само сакаш да му се извиниш и да ја олесниш душата и совеста и да продолжиш со тековниот дечко, средбата нека се одвива во таа насока, извинување и помирување на човечко ниво и барање негоб благослов за брак со новиот, а утре кога ќе се сретнете со стариот да си имате бар едно здраво.
Според мене, доколку само сакаш да се извиниш за да ти олесни на душата, тогаш подобро не го контактирај. Тоа твое извинување, ќе биде пофторно само олеснување на душата, а него ќе го скршиш. Бар мене лично тоа не би ми значело ништо, може дури и повеќе да ја замрзам личноста. Но, секој е различен. Или ќе мора да научиш да живееш со тоа што си го направила, или ако го сакаш пробај да му се вратиш.
Едноставно престани да мислиш на минатото и продолжи понатаму,да требаше да бидите заедно со бившиот најверојатно ќе бевте но не требало така да биди и готово...Не го барај не му отварај стари рани на детето, ти чуствуваш само грижа на совест,едноставно продолжи понатаму и остави го и него сега прекасно е... ви пепорачувам да го погледните видеото...
Ова ме потресе искрено,му се случи на мој близок многу близок,за момент можам да помислам дека личноста што му го направи тоа си ти..ама не..не е можно..Ќе ти кажам од негова гледна точна.Тој е скршен..Искрено неможам да те кривам ни тебе.Знам како е да навлада монотонија во врска.Но зарем решението е во друг? Незнам што да ти кажам.Верувам дека ти е тешко,ама сигурна сум дека нему му е дупло повеќе.Мој совет искрен како на сестра..Не го барај,не му отварај стари рани,кога веќе си продолжила со друг,касно е да се враќаш.Што ќе си посееш тоа ќе си пожнееш.Затоа секогаш треба со ладна глава да се размислува,пред да се впуштиме во моментални авантури.
@jaase Моменталните и непромислени одлуки во животот некогаш можат да ни го покажат вистинскиот правец, но најчесто не водат во деликатна и тешко решлива ситуација, особено кога станува збор за нерасчистени емоции во една врска. Тоа што си го сторила и се чувствуваш виновна после една година од разделбата не ја оправдува причината за некаква монотонија во петгодишната врска. Старосната и емоционалната зрелост имаат голема улога во донесувањето на важни животни одлуки. Во твојот случај, според постапките и однесувањето оставаш впечаток на лабилна личност која брзо посегнува по нешто ново и непознато за кое подоцна почнува да бара начин како да се врати во претходната состојба. Во љубовта таквите рецепти немаат сладок вкус. Кога нешто ќе се скрши по употреба на лепак останува уништено. Монотонија може да се појави во секој сегмент од животот, врска, брак, работа, место на живеење, комуникација со луѓе и општо земено некогаш и секојдневието со истите обврски и ритам станува монотоно и здодевно. Решението не е излезот да го бараме во други личности за тој некој да ни го направи денот поинтересен. Ние сме тие што треба нешто да промениме или ако не можеме, да го прифатиме како што е и да продолжиме понатаму. Пред да се доведеш во состојба на покајување треда добро размислиш што правиш. Ако не можеш да поднесеш долга врска, па што би правела во брак кога треба децении да поминеш заедно со еден човек. Зарем и тогаш ќе постапуваш вака? Личности од типот како тебе што не знаат да и се препуштат на среќата и да го живеат животот со личноста што ја пронашле секогаш ќе се впуштаат во потрага по нешто друго. И онака не знаеш што правиш со себе и со животот, подобро не го барај поранешниот дечко и дозволи му во име на чувството на вина да го продолжи неговиот живот.
@jaase како се чувствуваш тоа ти си знаеш најдобро, но од неутрална перспектива гледано си погрешила што си го оставила дечко ти со кој си била во врска 5 години. Зошто си решила да фрлиш 5 години врска во вода само затоа што ти здосадило и дечко ти немал време? Во такви ситуации обично се разговара и се решава проблемот, дури и во браковите од по 20-30 години има такви монотони периоди ама не значи дека луѓето треба да се разведат. Мислам дека она што ви затребало во врската е еден вид на рестарт кој сте можеле да го направите со еден викенд или 7 дневен период одмор каде што ќе бидете само вие двајцата и ќе согледате колку си значите. Тоа што си продолжила со друг е само избрзан потег кој навидум ти се чинел како излез од кризата ама всушност уште повеќе ја продлабочил кризата. Решение: ако ти било убаво во тие 5 години врска треба да се вратиш во неа, бидејќи знај за се во животот има решение. Монотонијата е само еден мал проблем во споредба со вистинските проблеми во животот. Ако го сакаш дечко ти ќе мора да бараш прошка и да му објасниш зошто си го направила тоа што си го направила бидејќи само на тој начин душевно ќе се прочистиш и ќе можеш да уживаш во врската и евентуално бракот. Кога и да западнете во монотонија дајте си 3-4 дена пред да реагирате и да избрзате. Одлуки донесени во емоција и афект се обично секогаш лоши одлуки.
Јас се сложувам со Night Breaker ,побарај го ,разговарајте, видите дали можат да се средат работите...АКО ГО САКАШ,а ако го бараш за исповед само ,НЕМОЈ! Не го заслужува тоа,веќе е скршен,не го уништувај
Според сето ова, тебе те боли тоа што така си му направила, но повеќе ти е страв некој да не ти го стори ова на тебе, ако не овој сегашниов, тогаш некој друг, во врска, брак сеедно... Како и да е, ти си пробала да раскинеш, не треба да се чувствуваш виновна што си тргнала кон друг, ти ли си крива за своите чувства? Ти фалело нешто ново, си го посакала, си го добила, уживај во тоа. Но, пред се, дај си ја слободата. Не мора да влегуваш во озбилна врска, не мора да правиш планови за мажење, дај си слобода пред се да се заљубиш и тогаш, колку и да си несериозна, со таа љубов да си ја разбистриш главата и да посакаш да бидеш со некого засекогаш. Дозволи си да чувствуваш, не само да цениш љубов, не размислувај многу, делувај, како до сега. Тоа што си прекинала и изневерила можеби било нефер малку, но сепак било најправилното нешто што си го направила... За тебе најправилно, зар за друг би било важно? Абе алоо, си пробала да му раскинеш, тој нее, си нашла друг, окееј, ти успева со него, супер. Уживај во тоа, уживај во глупостите што се случиле, чувствувај го текот на нештата, таа љубов тогаш што си ја почувствувала. За крај, како сакаш да ти биде интересна врската кога тебе ти е монотоно во главата? Исплашена си, ограничена, со чувство на вина, тоа го спречува срцето да им кажува на мислите, затоа не можеш да бидеш среќна комплетно. Ослободи се малку, живни, дозволи си да чувствуваш, не да размислуваш што е правилно, што треба, што не треба, гајле ти е родителите што ќе кажат, другите што ќе кажат, ти дали сакаш да се омажиш е прашањето. Зошто па да живееш во монотонија со некој само затоа што те сака, што ако сте биле во долга врска, не за џабе било врска, да требало да е брак долгата врска ајде одма да се зимаме секој со секого! Биди поблага со себеси, ако ти не бидеш, кој тогаш? Којзнае колку долго си ја трпела таа монотонична врска, којзнае колку ти било досадно, треба себеси да си се извиниш, после нему. Ај врати се назад, би можела ли оттогаш па натаму, да ја смениш таа монотонија или да живееш со неа? Сега откако си сменила еден, си викаш дека би можела, но дали стварно би можела? Тоа е исто како после секс, си мислиш не би ми требал уште долго време, не ми беше ни сега волку потребен, но да не си свршела дали би можела да се чувствуваш така? Би ти дала совет, ама не ти треба, ти веќе си го знаеш решението, само ти треба да размислуваш уште малку за сето ова, не може како мува без глава само да леташ напред, треба да се подзастане.
Пробајте од ново ако сака се извинете се еден на друг, ама јас да бев на негово место немаше никогаш да ти простам да ти кажам искрено
Дај бе не бидете нездрави, тоа е негов проблем не твој, не е жена па целиот живот да му се вртел околу тебе. Веруј ми нит те сака нит му требаш само си му замена во животот за некој поголеми прашања и проблеми што нејќе да ги реши. Неможеш ништо да направиш што ќе го надополни а што он неможе сам да го направи. Втора работа, не му збори и не му извинивај или да му каживаш дека се каеш тоа е само уште еден bullshit. Ако ти е стварно жал остави го сегашниот и надокнади му на стариот, тоа е единствената фер работа и тоа е вистинско извинување, а не само кажување празни зборови. Машки сакаат акција не зборови. Или како што си го изврала некогаш, изврај друг со него, тоа ќе му помогне да си ја врати "машкоста"
Мене една работа не ми е јасна,демек во долгите врски фаќало монотонија да и што? Во секоја врска фаќа монотонија бе и во пријателска и во брачна врска и што?Тоа е нормално бе луѓе сме алооо луѓе све се случува во животот и што неверството е решение?Влегување во нова врска е решение и адреналинот 500 демек вас вие,па нормално дека на почеток во секоја врска е интересно бе кое страње од споредба го прават луѓето,поглупа споредба немам слушнато...Но никој не избришал со гума 5 години лесно па нема ни ти,без разлика каде и да си со кој и да си и каква и да била врската...
Мислам дека се ми е јасно после реченицата ‘‘Се што можев да доживеам за прв пат се случи со него‘‘. Не си ти виновна, ти само сакаш да доживееш нешто поинакво, си се врзала од помала претпоставувам и сега имаш чувство како да сакаш да доживееш многу работи кои сметаш дека би ги доживеала доколку не би била во врска, но исто така чувствуваш и вина затоа што си го сакала, дури можеби баш затоа што ти бил прв во се, и тоа чувство е сосема нормално, но потруди се да го истераш од себе. Треба да си кажеш самата дека си раскрстила со него и готово, сега или биди си со дечково или и него остави го и испразни си се малку со другарките некоја година, оди на одмори со нив, шетај, уживај и не мисли на никого. Јас мислам дека ти фали слобода и тоа е се.
Што ако и во бракот после 10 години те фати монотонија ?? (што е нормално да те фати) Ке се разведуваш ? Ова не ти го пишувам за да те предомислам од ,,новиот,, човек, туку за да те предупредам дека монотонијата е неизбежна работа. И на една врска и во брак па и во обично другарство/пријателство треба да ,,работиш,, , во спротивно ќе треба постојано да менуваш партнери и пријатели а таквите луѓе баш и не се ценети Да расипеш брак (сега ова го пишувам бидејќи планираш брак со новиот) поради тешки причини....ама поради монотонија не крајно не сериозно. Сакам да ти кажам, внимавај...работи на врската и бракот...не дозволувај да влезете во апатија...
Дали си среќна со новиот дечко? Гледај, сега можеби ти само се чувстуваш виновна за стариот дечко, се чувсутваш како да ти е криво, што ќе беше ако беше. Не значи дека ти го сакаш стариот. Исто така ова не е гаранција дека не го сакаш новиот ама можеби и не го сакаш, тоа само ти го знаеш. Ако не го сакаш новиот подобро кажи му совреме пред да премини се во долга врска и да го повредиш и него, па и себе, пак. Нормално е да сакаш да пробваш нови работи, не се врзувај ако не си сигурна дека можиш нешто да дотераш до крај, крај краева сама нема да умриш. Take your time. Седни и размисли што сакаш, што неќиш, што ти треба. Ајде со среќа
Не била кај тебе монотонијата проблем! Проблемот е тоа дека си сакала малку да промениш, да пробаш и други работи. А сега се чувтвуваш крива бидејќи тој не ти го направил тоа на тебе. Не ме сфаќај погрешно, не ти судам, но мислам дека на крајот тоа е тоа што си го посакувала. Со среќа новата врска, се надевам дека ќе си ги средиш мислите и нема да избрзуваш... На крај, твој си е животот и гледај да го изживееш среќно!