како да си простам што личноста што ми беше се на светов ја повредив.Таја ме сакаше безкрајно ми веруваше. А јас премногу ја повредив
Објасни и дека не било намерно и дека сега се каеш за тоа што ја повреди,а ако сакаш да си простиш самата на себе јас мислам дека прво треба да ти прости оној на кого му си згрешила,и ти изгледа имаш грижа на совеста!!!Оди и разговарај со личноста ќе виде дека се каеш
Доволно е да кажеш Извини и искрено да се каеш за тоа и зависи колкава тежина е проблемот и личноста дали може да премине преку тоа! Али се се може да се опрости доколку се сака ...
Продолжи си понатаму и најди си нова. Таа што те сакала нема да ти прости, така е и со другите работи во животот.
Се може да се прости, само ако има љубов а не инает. Сум простила и ми биле простени доста тешки зборови и дела па еве жива сум, ништо не ми фали, ни мене ни на нив. Девојката дали ќе ти прости е нејзин проблем. Важно е ти да се покаеш и да си простиш себеси. Не треба многу филозофија како. Само прифати го тоа, биднало веќе, продолжи понатаму. Девојките ќе ги има многу, не се секирај.
Е добро де и за машко и за женско советот ми е ист,оди да разговарап со личноста и извини и се... поплачи малку....
Па поголеми се шансите таа личност да ти прости, отколку ти самиот. Не знам што си сторил, па да ти кажам како, па дали и воопшто да си простиш... Едноставно, луѓе сме и грешиме. Ама секоја грешка различно тежи. Признај ја грешката на личноста, па можеби ќе ти помогне и заедно ќе преминете преку тоа. Или пак дистанцирај се од таа личност, ако сметаш дека не ја заслужуваш после тоа што си и го сторил. Само понатака низ животот размисли пред да делуваш, оти луѓе што ќе ти значат на една рака ќе ги изброиш, а стекнатата доверба за миг се губи.
Прашањето беше - како да си прости сам на себе, а не да побара прошка од другиот. Секако, прифаќањето дека си згрешил е прв чекор. Совесностс и барањето прошка на повредениот е наредно скалило. Доколку тој ни прости е олеснителна околност, но и да не е така, нашето самокритикување, прифаќање за згрешеното, барање причина, начин, повод за истото, свесноста за постапката и последицата и покајување пред самиот себе и кон самиот себе се наредните чекори. Кога ќе дојде мигот кога ќе се издишеш и нема да ја има онаа болка во градите повеќе, ќе знаеш дека си ја залечил својата рана и си на стадиум кога можеш да го продолжиш животот понатаму со мирна совест, е тогаш веќе си простил сам себе си. Не е ни малку лесно, нити брзо... но чувството е добро!!
пред се побарај она да ти прости ако вистински те е сакала бескрајно како што викаш ке ти прости...доволно е само да и покажеш дека се каеш и уште ја сакаш....а да си простеш на самиот себе можеш само тражејки она да ти просте.......а како што кажав ако љубовта е вистинска секогаш постое прочка ....позз и срекно не чекај иди кај неа јави и се....
Ако не си се извинил размисли добро Јас на пример после катастрофален период на грешки, се извинив. Не за да го вратам, отишло нашето, туку да знае дека размислив дека згрешив и дека ми е жал... Мислам дека моето како си, многу ми е жал, и слични такви пишанки поминаа кај него како да сум видела дека тој е бог и се каам што немам грчки бог в кревет... и ќе речам се за да го вратам него... не ме сакаше тој колку јас него, колку и да згрешив, тој живот ми значеше, не изгубив богатство коли патувања, човекот што ме исполнуваше го изгубив. Долго негирав дека не ме сака ама морав да си признаам. ... евентуално си простив.жив е здрав е не умре од мојте лоши зборој, нема да повредам никого веќе така жими мене, Како да си простиш? Свати дека повеќе си се повредил себе од што си ја повредил неа, таа те ставила во минатото, ти си повредениот. Време е за нов лист во животот И полоши работи се случуваат по светов од вашето.
Некои грешки во чекои од минатото кои ги повредиле моите блиски, грешки за кои ништо не значи едно "Извини", за кои нема начин да се прстат... секогаш болат и не барам начин за да си простам себе си за стореното. Таа болка ме учи како во иднина Не треба да постапувам. Затоа не си простувам, нека боли!
Не постои рецепт за да си простиш сам на себе дури и незнам колку е можно тоа, туку само се помируваш со фактот дека си згрешил и си стремиш да не ја повториш грешката никогаш повеќе..