Прво, се надевам нема веќе ваква тема. Ме интересира како размислувате во врска со ова. Без разлика дали станува збор за ненамерна грешка или пропуст, или пак нешто за што во моментот сме мислеле дека е правилно, а излегло нешто спротивно. Мене лично ми е многу потешко да си простам себе, отколку да им простам на другите.Ми се случува со недели, месеци, па и години да се обвинувам за нешто за кое знам дека не сум виновна, но ете поради сплет на околности ситуацијата има лош исход. Како човек да се справи со моментите на каење? Како да се справи кога ќе дознае дека можел да постапи поинаку, подобро, а сепак не го направил тоа?
Најтешко е да си простиш. Остај тоа други ве повредиле, ви го загорчиле животот, човек што сам може да си направи никој не може. Може несвесно да си стане најголем непријател и да ги срка последиците до сркање. Пазете како се понашате према себе Спријателете се со себе си и простете си. Изговорете гласно "Ти простувам" Тешко е нели? Не е невозможно. Не можеш да живееш и да одиш напред ако не си простиш себе си и на другите колку и да ве повредиле. Секогаш ќе носиш тежина. И во ситуации кога ќе се разделите со некој без разлика на причината простете му. Не анализирајте што би било кога би било, така е како требало да биде. Посакајте му среќа и продолжете по својот пат. Каењето создава јадови. Помолете се на Бога да ви прости, таму ќе најдете спас.
Сметам дека никој не е доволно силен за да си прости на самиот себе. Често се водиме од чувствата и упорно одиме со глава во ѕид ,без притоа да ни биде важно колку тоа се погазуваме себеси . Но како да си простиш кога знаеш што правиш , свесно го правиш сам се повредуваш , страдаш заради твоите одлуки , заради твоите видувања и тука нема прошка.
Човек само да се послужи со најпроста логика. Не се плаче над истурено млеко. Тоа што сме го погрешиле сме го погрешиле и е веќе минато. Проблемот лежи во тоа како да се научиме да размислуваме правилно и од овој момент натака да не грешиме повеќе. Неумереното тагување/жалење е сосем погрешно и не воведува во непожелни депресивни расположенија. Жалењето нема да ги исправи погрешните постапки. Затоа со нови сили се продолжува напред. Човечки е да се греши, и да се кае. И да се падне, и да се стане и да се продолжи. Ако сме згрешиле некому, да побараме прошка за направениот пропуст, но за да бараме прошка и да проштеваме мораме да научиме да бидеме попустливи и кон себе. Затоа пак имаш цел живот пред тебе да постапуваш правилно односно да правиш некому добро и со тоа да покриеш се што претходно било погрешено. Уште подобро ако се работи за луѓе кои се уште се во нашите животи и за кои шансата да им помогнеме не е помината.
Не е ниту тешко ниту невозможно човек да си прости на себеси, но тоа не го може секој. Тоа го може само оној кој вистински сака да живее во мир, кој одлучил да биде среќен и да живее денес. Потребна е сила и цврста волја за човек да расчисти со своето минато и да се бори само за подобро утре - без regrets. Јас сум таква. Од грешките само вадам поука, си ги простувам на себеси и продолжувам со својот живот. Некогаш, на момент, ми доаѓаат во глава некои мои поголеми грешки за кои сеуште се каам и не ми е сеедно но, наместо да ме ,,јаде црвот", јас расчистувам со тоа, се свртувам на страната на внатрешниот мир и спокој. Не сум одсекогаш ваква, сум минувала денови, недели па и месеци мислејќи на нешто со кое не можам да се помирам. Кога човек ќе го посака мирот со сето свое срце, само тогаш може да живее задоволен и од себе и од другите. Простувањето е моќна работа.
Ако не си простите сами на себе, тоа значи дека не можете да му простите на она единствено што ви припаѓа само вам, на она што го познавате најдобро и што ви е најблиско, на она што (би требало да) го сакате најмногу, на она што сте вие. Се раѓате со себе и умирате со себе. Па, барем, со она нешто со кое го поминувате животот, бидете во мир.
Човечки е да се згреши, човечки е да се прости. Зависи и за што треба да си простиме и самата тежината на опростувањето. Не сѐ тежи исто на кантар. Понекогаш е многу потешко да му простиш некому отколку себеси.
Леле, колку си се пронајдов во одговоров. Некои од нас околината не доживува како арогантни суштества, а нам тоа и ни одговара, еден вид непробоен ѕид, компензација за сите лоши нешта кои ни се случиле во минатото. Мислам дека секој различно си средува сам со себе. Кај некои е тоа простување на себе и на другите. Кај некои е верба во религија, кај мене е гледање напред и отстранување на негативното во животот. Си се помирувам со сите одлуки во животот и се обидувам да корегирам, колку што можам. Сметам дека човек кој толку многу се обвинува сам себе, ќе почне и во депресија да паѓа. Нема time travel machine, нема назад. Се помируваш, прилагодуваш и чекориш напред, со исправена глава.
Така , само јас знам што си носам на душата и никогаш пред никого не зборам за тоа , дури ни овде никаде... Е после притисоци , канцери е има дал господ, ама сме одбрале така
Најтешкото прашање, дефинитивно. Ова во суштина е духовната борба на секоја личност. Ќе се потрудам малку духовно да го разградам ова прашање на начинот како што го гледам и пред се го живеам. Најкрвавата борба е со себе. Ќе простиш се’ и на секому, ама колку што може совеста да те разобличи, тоа е најстрашниот момент. Некои личности едноставно ги поминуваат полесно бариерите на искушенијата, но некои не се толку вешти. Тука во суштина е најтенката нишка. Што човек многу лесно може да падне во очајание т.е. во депресија. Сме воделе безброј разговори дали депресијата е телесна, душевна или духовна болест. Сите се водиме од сопствените искуства, од потесната околина и така се изградуваме себеси за некои поедини прашања. Во случајов, така е и со ова прашање. Она што сакам конкретно да го прецизирам е само едно, духовното. Ми требаше еден силен удар за да се свестам каде сум и да научам едно нешто. А тоа го научив баш овие месеци наназад. Дека одговорот на ова прашање лежи само во покајанието и смирението. Кога сам на себе ќе си признаеш дека си слаб, дека тоа и тоа се случило зашто никогаш не можеш да го постигнеш тоа што го сакаш, макар и најдобро нешто да е тоа... само тогаш совеста ќе се смири. Бидејќи се’ додека постои прашалниот збор „зошто го направив тоа“ никогаш, ама никогаш нема да се пронајде спокојот. Се’ ќе се врти во лавиринт и така до бескрај. Коренот на зборот „зошто“ барем според мене, е само дел на гордоста. Зашто самите сме мислеле дека нешто правиме, а тоа нешто некако било зачинето со гордост. Токму оттука потоа се појавува грижата на совест и прашањето, зошто тоа го сторив. Смирението е одговорот. Кога со покајание, со смирение ќе се прифати во себе таа грешка и грев, тогаш ќе си простиме на себе. Поточно... од моја скромна гледна точка и искуство... Бог ќе даде смирение на душата за да се избори.
Вината всушност не е чувство, тагата е чувство. Ние го кажуваме како чувство затоа што го чувствуваме во телото, чувствуваш радост како ти извира во телото. Но вината не е чувство, тоа е морална обврска, морално расудување од твојот ум, од лугето во околината кое е сместено како емоција. Вината е еден вид како конфликт на интереси. Ти чувствуваш нешто но згора на тоа е додадено морално расдување. Пример: Како мали (4-5 години) кога почнуваме да си ја проучиме нашата сексуалност, ти го чувствуваш тоа но од родителите ти е кажано не си ја допирај вагината или не си го допирај пенисот.. Тоа е морално расудување додадено на тоа ти што го чувствуваш. Сексуалноста е чусвто и тоа го осекаш во телото. Колку повеќе расудување е наметнато врз вистинкото чувство, тага. радост, така што тука доаѓа до судир на тоа што го искусуваш, конфликт на интереси, помеѓу егото и телото. Како заклучок кога во животот ќе се најдеш во таква ситуација би препорачал да се фокусираш на твоето реално чувство во однос на ситуацијата, без да размислуваш и судиш дали е точно или грешно. Иако во некои ситуации може да има присуство на правда во било која форма на вина, така што тоа е дел од вистинското чувство. Што и да е моменталното чувство биди со него, искажи го.. Не му суди. Помалку осудување. Ќе биде се во ред... (Ова не е решение, туку перспектива) Имаш дозвола да ги имаш чувствата, не дополнитените логични размислувања.. ПозЗ3³
Да простиш е паметно, но ќе продолжиш да живееш со последицата и буквално ништо нема да промениш, ќе продолжиш да се јадосуваш уште повеќе. Наместо да го поминеме животот во простување за утнати одлуки и сторени дела, подобро да ги прифатиме истите како дел од нашиот живот, што е сторено-сторено, ако може да се поправи, надомести тогаш ок, но ако штетата е непоправлива не можеме да се уништуваме себеси со мислата што би било кога би било, туку продолжуваме напред без самосожалување и со учење од старите грешки. Нема корист од себепростување, нема врска од тоа дека полесно ќе дишеш, кога ќе се сетиш на настанот пак ќе го добиеш препознатливиот болен грч. Има кој да ни простува и суди.
За да си простиш за грешка, која ти го изменила животот, потребна е временска дистанца. Секако, прво треба да станеш и да ја избришеш калта која те извалкала. Да се извиниш, на пример,ако е можно. Најлошо е да продолжиш да се валкаш, со мисла, нема врска, и така сум веќе нечист. Со тек на време, продолжувајќи да живееш и да се трудиш најдобро што можеш, и кон себе и кон другите, ( во тие околности, кои можеби би биле поинакви, да не била сторената грешка, за која не можеш да си простиш) , добиваш одговор. Јасно станува дека и покрај тоа што си згрешил, постојат безброј причини поради кои можеш да се радуваш и да им пружиш радост на оние околу тебе. Сакаш и те сакаат сепак. Тогаш сфаќаш колку е бесмислено да чувствуваш вина, поради било каква грешка. Бидејќи секоја е човечка, прегордо е за себе да мислиш дека си нешто повеќе од обичен грешен човек.
Реткооо коа се каам за нешто.Само за 1 ствар у скоро време се иам покаено и некако не можам да се помирам со тоа ама ич гајле не ми е life goes on.Терам лабавото, уживајте си.Остајте проблемите.
Тешко ми е додека дојдам до она, дека треба да си простам себеси. Дотогаш сум во некој лавиринт, каде простувам на други луѓе.Мислејќи дека, тоа е тоа-проблемот и решението. Си опростувам на начин што, си велам, да знаев поинаку, така и ќе беше. Во времето кога сум донела некаква одлука, за тоа време според мене било тоа нормално, најизводливо. Да сум знаела за нешто поинакво, подруго ќе било. Намерно не си правам себеси лошо, ниту на другите. Се' е оти сум мислела дека така треба, тогаш. Оттука мислам и дека грешка одлуки нема, па ни луѓе. Се е во супер ред.
Ова е нешто непознато за мене. Што претставува да простиш нешто некому? Или себе? За да проостам на некого за нешто што го направил или кажал, прво мора да си простам и расчистам со самата себе некои работи. Но јас не си простувам за ништо. Не можам, или не сакам. Не знам кое од двете. Она што го правам во такви момементи, и во што сум најдобра, е поставување на казнена клупа. Позади која најчесто стојам јас. Или уште полесно, прешкртувам и завршувам со нештото/ личноста засекогаш, без да се свртам назад. И тоа не ми е воопшто тешко. Тешкото е да простам. Денот кога ќе научам да го направам тоа, е денот кога пола од проблемите сами ќе се решат.
Никогаш не си простувам сама на себе...оставам да стои грешката во некое катче во душата и одам таму повремено да видам дали е живо, да го нахранам со каење