1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да станам подобра личност?

Дискусија во 'Психологија' започната од AnaKarenina00, 20 јули 2018.

  1. AnaKarenina00

    AnaKarenina00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2016
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам да ми помогнете...Како да станам подобра личност..брзоплета сум,тврдоглава,без трпение,премногу љубоморна ..сакам барем малку да сум поумна да знам кога,каде што..ако има некој добар совет :)
    Ако има ваква тема се извинувам немам приметено..
     
  2. guardatela

    guardatela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    85
    Мислам дека никој не се менува преку ноќ .. и дека треба да дојдеш до некоја си своја верзија на "дното на животот" за да немаш веќе што да изгубиш од она што го имаш и да simply let go .. да се убедиш себеси дека веќе никогаш нема да бидеш таа личност заради бла бла и бла (која и да е причината).За да смениш некои основни карактеристики на пример тврдоглавност напетост љубомора .. сети се дека тоа се особини градени со години .. веројатно си разгалена од твоите дома (не те судам ниту те навредувам те подржувам што си свесна за тоа каква личност си и сакаш да работиш на себе само кажувам) .. ако си премногу убедена за менување на твоите карактеристики треба да работиш на ЕДНО и само едно нешто само пред да поминеш на другото .. едноставно одбери нешто што најмногу ти пречи кај себе и нешто за кое што сметаш дека најлошо влијае пример "ако не прекинам да бидам љубоморна ќе го изгубам дечко ми (глупости зборам) и најпрвин се соочуваш со оваа тема во пишана форма па потоа во вербална.Читај гледај видеа истражувај запишувај белешки биди реална со самата себеси најди го коренот на проблемот што довело до ова .. од што треба да се откажеш за да се справиш со тоа на некој начин најди го своето решение на тој проблем.Оти за сите е различно оти потекнува од различни причини.Погледни пример за некој човек кој се изборил со конкретно тој проблем.Земи за пример.Пред се биди реална дека еден долг период ова ќе ти биде секојдневие.Па дури потоа можеби ќе си приметиш разлика во понашање.МИслам дека сепак најтешко е да се решиш и ти треба цврст мотив..
    Баш ме интересира какво мислење имаат другите феминки на темава.Секое добро :D
     
    На AnaKarenina00 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски

    Се надевам знаеш Српски и се надевам ќе ти помогне ..
     
    На Derby и AnaKarenina00 им се допаѓа ова.
  4. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Со самото тоа што го поставуваш прашањето значи си на добар пат. Од прашањето се гледа дека сакаш да се смениш, да работиш на себе и да напредуваш. Карактерот на личноста се формира константно, со секоја донесена одлука, со секој избор.Така да не е нешто што може да се смени одеднаш, треба доста да се работи на тоа. Важен елемент е свесноста - дека сакаш да се смениш и дека можеш да се смениш. Се зависи од тебе.
    Нешто што ја го применувам е кога ќе западнав во рутина и се ќе ми здосади, си велам време е за промени. Промените се секогаш за добро иако многумина се плашат да излезат од комфорната зона и да сменат нешто. Ама ако ова сега не ти одговара што можеш да изгубиш. Секое доживеано искуство вреди.

    Брз совет - Прави го спротивното од она што вообичаено го правиш.

    Дружи се со луѓе кои се генерациски различни од тебе ( Ова у смисол од постари секогаш ќе научиш некоја мудрост бидејќи многу искуства имаат доживеано а од децата ќе научиш дека сета мудрост е у радоста и искрените емоции.)
    Дружи се со луѓе кои имаат други верски, етнички убедувања, различни професии и сл.
    Научете да си ги почитувате сопствените различности.
    Сите сме различни и сите сме прекрасни баш такви различни.
    Излегувај на места на кои вообичаено не излегувааш, пробај храна која вообичено не ја јадеш. Патувај - запознавај други култури и други сфаќања.
    Сето тоа те прави да растеш како човек.

    Се надевам некому ќе му биде од корист. :sun:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.