Како да станеш македонски политичар во 16 чекори?

Дискусија во 'Насмевка' започната од Offspring, 14 јули 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.459
    1. Не ја пропуштај шансата што ти ја дава пратеничкиот имунитет, да опцуеш пратеник од другата партија, иако си женет и имаш две деца. Тоа докажува дека за доброто на државата – целиш на трето дете.

    2. Кога и да ти се појави можност, степај се во собранискиот хол, а после тоа сними го за домашната видео колекција. Ќе ти се најде.

    3. Кога нема што да кажеш, наврати се на евергринот „Бранко“. Секако, не заборавај да кажеш дека „15 – ти септември“ треба да се слави како ден на невработеноста на Република Македонија.

    4. Ако некој проект не ти успее, повикај се на твојот вечен адут - светската економска криза. Ако пак, проектот е успешен, не заборавај да нагласиш дека сме ја надминале економската криза.

    5. На секое новинарско прашање во врска со името, одговори долго и глупо користејќи ја следнава реченица без никакви измени: „ Ние правиме редовни контакти со премиерот на Грција, со цел да ја подобриме севкупната атмосфера и односите меѓу двете држави за да може под капата на медијаторот Нимиц да излезе некаков предлог кој ќе биде прифатлив за двете страни и се разбира за граѓаните на Република Македонија“. Не бери гајле, овој народ – каков таков, ќе те разбере.

    6. Кажи им на новинарите дека се предавници и дека работат за ЦИА. Покажи им бре, кај им е местото. Башка – гарант ќе те дадат на телевизија. Дополнителни поени од публицитет! Честитам!

    7. Не објаснувај по многу. Ако те прашаат што е разумен компромис, кажи им дека „разумен компромис“ е „разумен компромис“. Ако не сфатат, нивни проблем. Дај им да се школуваат по четириесет и петтата. Ако и тоа не запали - прати ги на бања.

    8. Носи лажен часовник. Така ќе мислат дека немаш пари.

    9. Запали си цигара во затворени простории, секој пат кога ќе почувствуваш стрес. Никој нема да те фати.

    10. Кажувај и` на јавноста, дека на митингот на другата партија присуствувале стотина луѓе. Море, а да кажеш дека немало никој?

    11. Купи три стана во Скопје и два во Охрид. Следниот битен чекор е да ги префрлиш сите на име на тетка ти од Јужна Палестина. Не се твои бе!

    12. Ископај ги сите дупки на улиците со намера да ги поплочиш кратерите и да овозможиш подобар транспорт на спомениците, а потоа остави да се полнат со вода. И онака ти не си оној несреќен пешак што ќе добие бесплатен туш додека оди по тротоарот.

    13. Грижи се за здравјето на колешките и праќај ги пред време на породилно.

    14. Бескомпромисно настојувај чорапите да ти се иста боја и патентот да ти остане затворен. Во случај да дојде до спротивното, окриви ја опозицијата или Бранко дека тој ја започнал така модата! Имиџот пред се`! Овој совет не важи ако се викате Бранко. Тогаш ќе мора да си најдете друг кривец по избор, што нема да го носи вашето име.

    15. Ако си претставник на опозицијата, ова е особено важно правило за тебе: Не смееш да ги делиш жените по пол! Оти, се сеќаваш – сите самохрани мајки се жени.

    16.Можеш да издадеш предизборен прирачник со содржина – Вештина на немање пари за живите. Во 150 страници, комотно расплини се за да најдеш 150 причини заради кои не можеш да им дадеш 100 евра на стечајците.

    Забелешка на авторот: Сите горенаведени ситуации се случајни и измислени, освен оние кои не се. Со нивното константно применување, секојдневно се зајакнува политичкиот монолог во државава. Во меѓувреме народот си „мези“ од телевизиските скандали и чека оној Папандреу, каков – таков, да отиде на одмор. И што може друго да посака народот, покрај вакви уникатни политичари? Освен да преживее од први до први можеби...
    Извор нечиј блог :lol:
     
    На CrazyGirl15, enca.69, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.571
    Допаѓања:
    16.049
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl: Жити се кај го најде се пресмеав. Секоја чест на авторот :clap:
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.459
    Разгледував еден друг форум, и таму на една форумџика и стоеше во потпис :lol: И јас се изнасмеав кога го прочитав до точка е точно :)
     
  4. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    се убив од смеење алал да му е на тој-таа што го измислил/а
     
  5. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    :D :D вистина
     
  6. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.348
    Се изнасмеав, но најосновно и најважно е, да знаеш да лажеш. :D :D
    Инаку ништо од ова не бидува.
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.459
    Мене ми е ова нешто најсмешно

    Кога нема што да кажеш, наврати се на евергринот „Бранко“. Секако, не заборавај да кажеш дека „15 – ти септември“ треба да се слави како ден на невработеноста на Република Македонија.

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
  8. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Кај им текнало евергрин да напишат . И мене ова ми е најјако :rofl:
     
  9. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    286
    е алал да ви е барем малку со оваа писмо (ако може така да го наречам) ме насмеавте добро :)
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.733
    offi браво за текстот, :clap: ме насмеа :D :rofl:
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.557
    Допаѓања:
    4.140
    Пол:
    Женски
    Браво браво интересен текст,се изнасмејав.Но за жал така е. :rofl: :rofl: :rofl:
    Денес во Македонија и манекенките можат да ни бидат политичари :lol:
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    7.312
    Допаѓања:
    33.500
    Пол:
    Женски
    17. Секогаш прави се дека ти си жртвата, во било која ситуација.
    18. ,,Целта ги оправдува средствата" треба да ти е животно мото.
    19. Што можеш да украдеш денес, не го оставај за утре.
    20. Не признавај ништо што е против тебе, дури и да има очигледни докази.