1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ја вратам изгубената доверба

Дискусија во 'Врски' започната од Miss96, 13 јуни 2017.

  1. Miss96

    Miss96 Нов член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Со вереникот сме 8 год заедно,
    Се беше ок се додека за прв пат не ме изневери:( сакам но не можам да му верувам уште потешко ми е тоа што за 10 дена ни е свадбата. Кога се решив да му простам да се смирам со него не ни помислив дека толку многу тешко ке ми биде, тој навистина е предобар со мене си ја знае грешката но јас јасссс толку многу ми е тешко што и ѕвезди од небо да ми симне нема да бидам среќна толку многу ми е тешко што дури и незнам дали ова е љубов што осеќам или само навика :( А што е најтешко Нити со него нити без него не можам
    Како ли да си ја враатам љубовта и довербатаа
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Прво расчисти дали го сакаш или не, а после ќе научиш сама како да си ја вратиш љубовта..ако ја има.
    Ако не си можела да простиш во време, сега ич нема да простиш...зошто си се довела до фаза да бидеш верена со него а да не можеш да простиш?
    Пред колку време те изневерил?
    Колку време сте верени?
     
    На crazylady, joy1, Cinderfakinrella и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Miss96

    Miss96 Нов член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Од јануар месец сме верени, а март месец дознав дека ме изневери
    После веридбата дознав и не ми беше се ок да раскинам да расчистам си велев долга врскаа научена сум со него не можам друг да замислам и уште така мислам , но дали е нормално јас така што се осеќјам :( дали време ми треба раните да ми зараснат или вечно ке ги имам, тоа прашање си го поставувам и од тоа се плашам :(
     
    На Tina2017 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    26.356
    Пол:
    Женски
    Сте закажале и свадба а ти сеуште не знаеш дали го сакаш и дали ке можеш некогаш да простиш?
    Зошто си се довела во таква ситуација?
    Мораш некој работи сама со себе да ги расчистиш.
     
    На Cinderfakinrella, joy1, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Требало да ги ставиш сите подготовки за свадба на стенд бај, а не да се форсираш уште толку.
    Тука никој нема да ти каже како да му простиш, ниту како да си ја вратиш љубовта.. таа не се враќа или ја има или ја нема.. Не е кученце па иди ми дојди ми да прави..
    Да простиш, значи да ги затвориш очите пред фактот дека те изневерил и никогаш да не го спомнеш тоа во иднина.
    Не секој е способен да прости, уште помалку се способни да простат и да не го плескаат тоа во фаца на секоја кавга.

    Очигледно е дека ти не можеш да простиш, да си можела досега ќе си простела и немаше да прашуваш тука.
    А ако не можеш да простиш, се знае што треба да следува. Твое е да одлучиш и притоа да си гледаш за свое добро, а не за негово.. Неговите шанси одамна ги прокоцкал

    По колку години имате?
     
    На *Amethyst*, LadyC, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    4.459
    Пол:
    Женски
    Зошто те изневерил, дали било еднаш, каква била ситуацијата? Одговори си ги овие прашања. Не е за оправдување во никој случај, но ако сметаш дека треба да и дадеш шанса на вашата љубов тогаш прифати го фактот. Многу важна работа во ваква ситуација е дали нему навистина му е криво и дали се кае за стореното за после да не се случи уште еднаш вакво нешто.
     
    На Momichka, Cinderfakinrella, Trxmx и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Сериозно, како се доведе до ситуација да сте пред брак а ти ни самата не знајш шо да прајш и како да постапиш? Чупе ова не е мала работа. Тој со самото изневерување на сите ваши 8 год заедно му тури икс. Велат, треба многу за да се изгради доверба ама малку да се уништи. Изгубената доверба тешко се враќа.

    Друга работа. Кога те изневери, како те изневери, со колку лица те изневери, колку долго и дали има последици. Тој можеби и другата девојка ја изневерувал/сеуште ја изневерува со 3 други, па да испадни дека ве врти 5-6 девојки, ама јако. Шо ако испадни дека таа друга девојка е трудна? Шо ќе прајш?
    Шо ако дознајш дека те изневерувал многу долго? Шо ако имал секундарна врска?

    Мое мислење е да ја откажите свадбата. Разговарај со него за се шо наведив погоре. Во друга тема иммам пишано поќе за неверството, т.е. кога да се прости а кога не ама старо е, ако не те мрзи види отвори ми во мислењата.
    Исто така сметам дека не можиш да му простиш. И дека треба да му раскиниш дур не е касно. Оти потешко ќе биди ако сте во брак и уште потешко ако добиете деца. Не вреди тие да трпат.
     
    На *Amethyst*, krEM4Eto, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Јас искрено не знам како, откако дознавате дека ве изневериле, уште продолжувате во врска, а не па и со брачни планови да останувате :^)
    Едно е да опростиш и да раскинеш, друго е да опростиш и пак да си будала, да останеш во врска.

    И што има врска, под какви околности било, кога било, со колку ја изневерил? Ја изневерил бе, тоа е тоа. Фрлил 8 години во вода, што има сега таа да му ја мисли?
    :d::drunk:
     
    На ReinaDeCielo, Askopje, JollyGirl и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Јас не би можела да се омажам за некој што ме изневерил. Размисли убаво. Колку време црвот ќе те јаде? Како ќе живееш со него ако не можеш да се помириш со фактот дека те изневерил? Како без доверба? Еве те копка тоа. Некои простуваат и продолжуваат заедно, некои не. Да се изгуби доверба на друг начин може и ќе се врати лесно,ама неверство... продажба на љубовта е тоа. Или раскини или дај му време, откажи ја свадбата па ако навистина се кае, нека покаже и докаже.
     
    На ReinaDeCielo, Cinderfakinrella, realGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Што сте запнале по тоа колку години има? Зар годините се мерило за нешто?! Тоа е само бројка.

    Девојче за овие 10 дена пред свадбата оди некаде биди сама и размисли што сакаш. Тој бил искрен ти кажал барем,некои тоа го кријат вечно.
    Расчисти ги мислите,одлучи што сакаш и потоа реши дали ќе се мажиш или не. Подобро спречи на време отколку да имаш лузна цел живот за која ќе се каеш. Ако не можеш да преминеш преку тоа - не се мажи.
     
    На *Amethyst*, Cinderfakinrella, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Дa ме изневери пa уште дa сум сo неa?
    Дa ме изневери и дa прoстaм?
    Дa ме изневери пa уште и вo брaк сo истaтa личнoст дa бидaм?
    Бoже сaчувaј, не, фaлa.

    Имaте ли сaмoпoчит?
    Имaте ли свoе ЈАС?
    Пa, штo aкo си сo некoгo дoлги гoдини? Луѓе вo вaкви ситуaции се рaзведувaaт/рaскинувaaт и секoј пo свoј пaт. Дa билo тoa вистинскa и искренa љубoв ниту еден oд двaјцaтa пaртнери немa дa гo нaпрaви тoј чекoр.

    Денес тукa ќе бaрaш сoвети, a утре ќе те читaме и вo брaчни прoблеми. Рaзмисли дaли си вooпштo спремнa нa тoј чекoр.
     
    На ReinaDeCielo, theowndemon, *Amethyst* и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Јас не би се омажила со некој кој ме изневерил. Си избрзала, не требало свадба да планираш. Барем требало да си дадеш време за размислување дали навистина сакаш да останеш со него. Ти не си сигурна, се двоумиш, а тоа не е добар знак. Подобро да раскинеш веридба отколку брак. Освен тоа знаеш ли сигурно колку пати те изневерил? Искрено не верувам дека после 8 годишна врска тој те изневери баш после веридбата. Нај искрено, мислам дека му се има случено и друг пат во текот на сите овие години.
     
    На theowndemon, Cinderfakinrella, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Е од вакви избрзани одлуки браковите имаат рок на траење од 3 години.

    Не се простува така лесно. И да си се одлучила да пробаш да простиш мислам дека за тоа треба времееее, времееее долго.
    Ама македонска работа. Шо ќе речат луѓето ако се откажи свадбата, шо ќе речат луѓето ако сте верени подолго време без одма брзо да се прават планови за свадба......

    Подобро сама би седела цел живот, отколку со некој шо ќе се прашувам на секое одење до продавница дали пак ме изневерува.
     
    На crazylady, theowndemon, Askopje и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе испаднеш огромна будала ако останеш со него... Јас не знам што си чекала од март до сега! Требало да евентуално да ја одложите свадбата за која што сметам дека не треба воопшто да се случи.
    Бракот ќе ви стане токсичен, а тој и да не те изневери никогаш повеќе, тебе ќе те копа нешто од внатре. Ќе те јаде јанѕа секој пат кога ќе излезе сам, ќе бидеш под стрес секој пат кога ќе збори на телефон или седи на фејсбук.
    Мислиш дека лесно ќе заборавиш?
    Довербата тешко се гради, но лесно се губи.
    Секој е*ен пат ти ќе се потсеќаш на тоа и многу е веројатно дека ќе се расправате почесто токму ради тоа...
    Седни и размисли.
    Свадбата е трошок сама по себе.
    Немој залудно да стапуваш во брак, па потоа да се расправаш по судови за брако-разводни парници. Пак трошок...
     
    На theowndemon, *Amethyst*, Mrs.Styels и 2 други им се допаѓа ова.
  15. жули

    жули Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Јас би му простила, ако има љубов и разбирање меѓу нас. Малку смотан што ти кажал, пошто ние жените за ситници паничиме, па камоли за ова. Дај опушти се, зошто животот не е бајка, човек е и згрешил, нормално 8 години во врска и сакал да проба друга, биологија малку ова она м? И посекако за повејќето мажи сексот си е само секс ( празнење). Ама индивидуално е, така да размисли си. Поздрав

    Лошо ако егото е поголемо од љубовта.
     
    Последна измена од модератор: 14 јуни 2017
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Извини најпрво што те цитирам додека му се обраќаш на друг член. Не е до егото. До љубовта е. Ако имало љубов немало да има неверство. Не е до егото, до почитта е. Да имало почит, немало да има неверство. И каква е таа врска/ брак без основата? Без љубовта и почитта. Што ќе прават тие заедно ако тоа го нема? Каде отиде осетот на луѓево?
     
    На ReinaDeCielo, theowndemon, Nalutena1 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Разбирам поврзаност и љубов и навика со некој сакан.Би простила некои ситници али вакви никогаш дури ни свадба не би правела.
    Секој божи ден ќе те јаде совеста може ќе си речеш каде згрешив или каде ми беа очите.
    Или пак ќе си кажеш зашто направив со овој човек свадба.
    Јас мислам дека треба да се затвориш во соба и добро да размислиш дали вреди да се живее со таков човек еднаш ако се десило може и уште многу пати да се деси истото зар не си помисли на тоа.
    Мене да ми признае некој такво нешто колку и да го сакам одма го оставам во таа секунда може со денови ќе плачам ќе кршам али еден ден ќе си речам се спасив!
    Ќе бидете во брак дете ќе имате како ќе го чуваш тоа дете со помислата таткому што направил ти додека го чуваш тој шврља насекаде.
    Не ја прави грешката како моја другарка ќе раскажам на кратко може и на некој друг да му помогне.
    Беа во врска 3-4 години пред мене и има врзано шамар ,психички ја малтретираше она ќе го остави он одма со неговите кај нејзе дома!Многу пати и реков млада си не е ни прв ни последен али џабе било.Остана трудна се земаа се роди прекрасно дете она дома затворена не и дозволува ни да отиде до кај нејзините сакав еднаш на гости да и отидам најде изговор зашто он ни тоа не и го дозволи ние да дојдеме на гости.
    По некое време случано идам во скопски бар-дискотека нема везе го сретнувам него со другар и со уште три к*рви како се пипкат и мазат срцево ми се скрши си викам додека она дома се нервира он незнае кај тера и секој ден дома доаѓа мртов пијан!Мислев после раѓањето на детето ќе се смени ама не)
    Не ја прави и ти грешката,нема да ти се мешам само совет ти давам а ти треба да одлучиш
    Со среќа поздрав
     
    На theowndemon, *Amethyst* и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  18. жули

    жули Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Во никој случај не се навредив дека ме цитираш. И ти си во право, пред 15 год би советувала категорично НЕ за изневера, ама со годините сум размислувала и анализирала и гледајќи примери еден куп околу мене, би се одлучила подобро да простам неверство, отколку насилство, алкохолизам и наркотици во врска/ брак, го избирам за мене помалото зло. Дали е за жал или среќа не знам:)
     
  19. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Колку години имате?
    На кој начин дозна за тоа? Негово признание, од други или фатени на дело?
     
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека случајно дознаваш за тоа, неколку месеци пред свадба?Некои работи стварно се случуваат со причина. За добро, за наше добро.
    Морало да разбереш, за да знаеш со кого си имаш работа. Убаво ти кажаа, да имало доволно љубов или љубовта да била вистинска, немало тоа да се случи. @Miss96
     
    На theowndemon, *Amethyst*, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.