Штом се губе довербата толку е и од врската, врска не е врска ако нема доверба. Веќе вереникот те изневерил и ти си му простила, ама цел живот ќе те копка дали пак те изневерува или не.
Се согласувам со тебе.За џабе читав се и дадов свое мислење. Сакаш да помогнеш али некој тоа ќе гоискористи.Немојте да ме осудувате за овој пост зашто ова е моето мислење. Сите пишуваме прашуваме и очекуваме повратен одговор за сите наши постови. Се надевам дека феминката ќе се појави и ќе каже што се случило со нејзината љубов
Претпоставувам, девојчето размисли убаво и донесе вистинска одлука, тоест се спрема за свадба. Ако сѐ уште имало љубов, разбирање меѓу нив, зошто да не се прости ова неверство. Во животот за ништо немаме гаранција. Па вереникот демек терориста, убил луѓе, абре само бомбардирал со спермотозоиди.
Доверба не можи никако да се врати. Посебно по неверство. А простување на неверство никако Чим те изневерил значи не те почитува.
Имаш избор помеѓу бесплатен раскин веднаш, и скап, со помош на адвокати и судии по неколку години. Емоциите и вака и онака ќе страдаат
Ништо чудно што изневерил, 8 години врска Јас лично, на твое место, не би му простила, ама јас не би се ни довела во ситуација да останувам во 8-годишна врска, па сепак не сум компетентна да дадам совет за случајов. едит И нели тој е оној што треба да ја враќа изгубената доверба, ама батали. Свадба за два дена, или не?
Врска/Брак без доверба е исто како велосипед без ланец и педала.Еден купен предмет кога ќе се скрши и да го лепеш нема да биде ист како што си го купил.