Незнам дали постои ваква тема,доколку има веднаш ке ја избришам,инаку сакам да ми дадете некој совет за како да ја извадам фарбата од косата
Сакам да ја извадам фарбата од косата не сакам веке фарбање. На фризер ќе си закажиш и ќе ти ја извадат. Кога успеаја на моја пријателка она што го имаше нашлакано да го извадат, тогаш можат на сите. Со среќа и кажи како бидна
Сакам да ја извадам фарбата од косата не сакам веке фарбање. Да на фризер ја вадат со некои препарати не знам каква ти е природната боја и каква си фарбана ама знам неколку случаеви кај кои после тој третман косата им е за никаде.
Сакам да ја извадам фарбата од косата не сакам веке фарбање. јас не се фарбам веке неколку месеци и јесте да во коса сум пола црна пола смега,како што ми е кдрава косата некако интересно е и не се замарам,знам дека до септември октомври ке ми биде на мојата коса,е сега некогаш е нервозно кога ке видеш подникнена коса се познава ама па ич не ми е гајле,немошам веке црна сто пати се покајав што ја исфарбав од плава одма црна...плава е тешко за одржување а и влакното почна да ми се расипува сега црна бетер
Сакам да ја извадам фарбата од косата не сакам веке фарбање. 3 опции: 1. Фризер ама после тоа косата може да ти е и метла исчупана. 2. Да ја пуштиш да си расте твојата и да не ја фарбаш веќе. 3. И најдобра опција: Да се офарбаш во твојата природна боја и нијанса еднаш и потоа да си расте косата.
Најпаметно ќе ти биде да ја офарбаш косата како што е твојата природна боја и да ја оставиш да си расте. Мислам дека со деколорантот многу се оштетува косата, па затоа ова ти е подобра опција.
И јас сакам да си ја повратам мојата боја,таа е костенлива боја а ја фарбам црна.Многу пати имамм одено на фризер и ми кажаа дека нема шанси да излезе црната боја со фарба барав деколорант и не можев да најдам.Така да сега мора да ја пуштам мојата боја и да не ја фарбам а на 30 сум на свадба.Оф маки
И на мене ми кажеше една другарка ама и нејзината коса многу се оштетила од кога била на фризер да и ја извадат,епа ке си чекам да ми испадне бојата до половина ми е и повеке
Никако деколоратор! Триста хемикалии има во него ,без коса можеш да останеш! Нјадобро пушти си ја твојата боја,не ни мораш да се фарбаш со таква нијанса ,остави ја косата да ти се одмори од амонијаци и хидрогени и слични ѓубриња. Ако веќе ти смета разликата меѓу коренот и остатокот од косата ,можеш да правиш најразлични фризури кои ќе направат помалку да се забележува ,а воедно ќе изгледаш шармантно и интересно секој ден.
За вадење на фарбата знам дека се користат разни киселини, деколоратори но никој не ти гарантира дека бојата на косата ќе ти ја извадат 100%. Мене фризерката ми рече ако сакаш пари да ти земам, седни на стол одма ќе ставиме киселина и ќе излезе бојата ама може да бидеш шарена после, па ќе треба да ја префарбаме во кафена. Не се фарбај некое време, од самото миење бојата по малку паѓа и за некое време многу малку ќе ти се познава фарбата. (муабетот е за кафена фарбана во црна или бои кои не се премногу различни една од друга, ова не важи за црна/кафена коса фарбана во плава, на нив Бог нека им е на помош со вадењето на фарбата ) Тогаш можеш да ставиш фарба во боја на твојата природна коса, ако сеуште сметаш дека има потреба, и да завршиш со фарбање и горење на косата. Ја послушав и еве се помалку и помалку ми се познава фарбата, или пак јас се навикнав некако до душе и нема баш некоја голема разлика од мојата природна и фарбава што ја имам ставено, што знам
Јас од црна се сторив плава со деколорант. За ништо не се каам повеќе од тоа. Никако деколорант. Тоа е некој вид бланш. Не ти се враќа природната боја, туку ти доаѓа жолтеникава,за да може било која фарба да фати после. Барем мене тој деколорант што ми го ставија. Имам јако влакно, и коса што тешко се оштетува, но со ова не дај Боже, да имаш послаба коса, може во раце да ти остане. Катастрофа ми беше, да не речам шекерна волна, абе исто... Ставај се и сешто, џабе. Можев да си чупкам влакна без никаква болка. Пушти ја твојата коса да ти порасне, издржи малку, или офарбај се во твојата природна боја, друго чаре нема.
Јас пред скоро 8 месеци последен пат се фарбав со мешавина на црна и лешник боја ... но не испадна ништо од тоа лешникот како треба и преовладуваше црна нијанса само ...инаку косата ми е доста светла по природа а секогаш кога ке решам да ја пуштам ме нервира и затоа се шлакам со фарби... пошто и реално немам потреба од боја на косава(немам бели влакна) решив да си ја пуштам мојата Мене фризерката не ми предложи да ја вади бојата со деколорант ...нити ми даде некоја идеа која може да е позабавна за мене и за косава изгледа толку разбиранје има .... решив и секако тоа го советувам на сите оние кои не можат да поднесат да го гледаат коренот мнн различен од остатокот да си играм со Колор Шампон.... и успеав сега имам само уште 3 прсти од бојата другото е се мојата коса !!! ете една идеа за да си ја вратите вашата боја !!!
Јас пред скоро 8 месеци последен пат се фарбав со мешавина на црна и лешник боја ... но не испадна ништо од тоа лешникот како треба и преовладуваше црна нијанса само ...инаку косата ми е доста светла по природа а секогаш кога ке решам да ја пуштам ме нервира и затоа се шлакам со фарби... пошто и реално немам потреба од боја на косава(немам бели влакна) решив да си ја пуштам мојата Мене фризерката не ми предложи да ја вади бојата со деколорант ...нити ми даде некоја идеа која може да е позабавна за мене и за косава изгледа толку разбиранје има .... решив и секако тоа го советувам на сите оние кои не можат да поднесат да го гледаат коренот мнн различен од остатокот да си играм со Колор Шампон.... и успеав сега имам само уште 3 прсти од бојата другото е се мојата коса !!! ете една идеа за да си ја вратите вашата боја !!! Каде ги наогате колор шампоните низ скопје јас се утепав барајки не можам да најдам,косата ми е шатирана и фарбана , а мојата природна е темно кафена и ако ставам некој темен колор шампон ке има ли некоја промена или џабе ке ми е?
http://www.superdrug.com/hair-colourants/colour-b4-hair-colour-remover-extra-strength/invt/208255/ http://www.boots.com/en/Colour-B4-Hair-Colour-Remover-by-Scott-Cornwall-hair-expert-_1000978/ Реклама за COLOURB4 има во најновиот број на Космо магазин. Претпоставувам дека го има во Космо да се купи.
zavisi do vlaknoto ama jas si kupiv dekolorant na bitpazar 350 den dve sisenca se za temnokafena boja na kosa lepo fino toa cudo go staviv na kosa so cesal kako pominuvav taka mis evadese temanat boja i ja izmiv posle 15 minuti kostaa mi izleze med boja i posle so sekoe naredno mienje si otpagase i taa se do mojata prirodna boja posle toa otidov na frizer se farbav pa posle 2 dena se izsatirav i kostaa ne mi e ic ostena iako mie retka i vlaknoto nikakvo sega si stavam na vrvovote od kostata maslinovo maslo i ic ne mi e izgorena kostaa , inaku posle stavanjeto na dekolorantoot do 2 mienja kostaa mirisa na hidrogen ili nesto takvo slicno...kako ii da e jas sum prezadovolna!
Најдобар начин и најмалце штетен е само да ја исфарбате косата со иста боја како вашата природна боја.
^^^на времето мозхев да си ја најдам баш мојата боја која ми е во РУБИН но таа боја и таа марака веѓе ја нема инаку басш сакав и јас така да поминам лесно ... хехеххе но ете успева и тоа горе наведеното моето Колор шампон со сигурно е безболно !!!
Чудово работи!!! За сите девојки кои сакаат да ја тргнат погрешната боја од косата... Се трга фарбата до природната нијанса на вашата коса или малку посветла, зависно од тоа каква ви била бојата пред фарбањето. Ако е бланширана косата, пигментот е изваден од влакното па продуктов нема да ви помогне. Нема амонијак туку функционира на молекуларно ниво, како обратно фарбање, ги собира молекулите од бојата кои ги одмивате со специјален шампон кој е вклучен во пакетот. Има детално упатство како се користи, не е како обична фарба. Го тестирав на мајка ми. Природно има темна коса но веке има доста седи влакна. Претходно беше фарбана лешник нијанса, па сакаше да стави махагони. Е тоа махагонито и испадна ко црна фарба со црвен сјај и воопшто не и личеше. Ја намачкав со ColourB4 и целата махагони фарба испадна, косата и стана лешник - помаранџеста. Косата не се оштети воопшто. Дури и се допадна бојата ама мораше да ја фарбам поради коренот Го купив во Космо 750 денари, не е ефтин ама вреди секој денар!!!
Деклорантот штетен е? Јас сакам да ја извадам бојата оти се офарбав во црна, сега ми светна дека сакам да сум црвена . Фризерот ми кажа дека ќе ми ја извади бојата така што ќе добијам некоја портокалова боја и тогаш лесно ќе се добие црвената. Е сега малку скапо ќе ме чини, околу 1000 денари, ама ме замисливте со оваа деклорантот, а оваа што го постирала Шана ми е скапо и плус не сум во СК за да го купам.