Фала за советот успешно ја извадив црната боја, бојата на косата ми е за две нијанси посветла, имам сеуште на некои места црно, но целокупно сум задоволна од резултатот.Препорачувам на сите кои што сакаат да се ослободат од црнатабоја, ова е начинот побезболно од бланш на фризер.
Како најлесно да ја извадам оваа боја од косата? Вчера се фарбав ама ич не ми се допаѓа, природната боја ми е посветла од оваа и ја фарбам плава, на природната ми фаќа плава само со фарба, ама оваа ми изгледа темна и мислам дека морам прво да ја осветлам до прродната боја па после да ја фарбам Спојлер
Стави во шампонот сок од еден лимон или витамин Ц истолчен и мијај се ќе ти осветли Нека ти постои шампонот на косата
Дечкиии ми треба помош! Имав темно кафена боја на коса(природна) и со бланш ја направив плава-мед. Е сеа сакав пак да сум темна бидејќи така повеќе си се допаѓам и се исфарбав денес со темно кафена(како црна) на Лореал и замислете имам еден куп плави прамени што не ми фатиле и сега сум шарена. Дали некоја знае да ми помогне како да си ја изедначам бојата на косата, што да ставам сега?
Здраво девојки. Се фарбам 3,4месеци црвена ама сакам да се вратам на кафено. Дали ако ставам кафена фарба ќе испадне нешто ?
Ја осветлував црната боја од косата со бланш и после фарба, ме интересира ако некој имал искуство и сака да сподели после колку време од бланшот и фарбата можам да ја повторам постапката ?
Здраво Може ли да ми кажете искуства со деколорант за вадење боја од косата, дали ја оштетува многу косата, кој би било најдобро да го земам и каква нијанса би добила со вадење на темно црвена боја?
Пробај со витамин Ц, неколку таблети истолчи ги и додај поголема количина на шампон. Јас синоќа пробав на црна боја и има ефект, само што ќе треба постапката да ја поновам неколку пати
Даа денес и јас пробав Видов видео на Youtube и искрено има голем ефект уште од првиот пат, ке повторам уште неколку пати Фала многу ❤