Јас ја имав офарбано косата црна, секој ден ја миев и за месец дена фарбата целосно ми избледеа и си ја добив повторно светло кафеавата боја
Значи имав портокалова фарбана коса и пред некој ден се офарбав темно кафеава скоро црна. Ич не ми се допаѓа. Сакам пак да си се офарбам портокалова. Може ли да ми кажете што да направам, не сакам да користам бланш кај имам тенко влакно, па уште потенко ќе ми го направи. Ве молам за совет, поздрав
Црна се исфарбав пред месец и пол, со палете С1 Сега си купив ваква: Спојлер Ама ако ја ставам преку црнава не верувам дека ќе ми фати. Што и како да правам?
Мислам дека нема шанси да се ослободиме од темната боја на коса, ама погоре прочитав некои коментари за Колор Б4 без амонијак и без бланш. Друг начин нема..
После 6 години фарбање плава, сакам да си ја вратам мојата боја темно кафеава. Сега ми треба некоја од искусните во ова, да ми кажете која фарба да земам што не се одмива а ќе го прикрие тоа фарбано.. Косата преееемногу ми се оштети од фарбање и пеглање. Сега кратко се шишав па ќе пробам да ја обновам.
Лелееее темата во срце ме погоди е оваа а барав оваа Цитирам: Значи мојата коса е направена омбре(до половина бојадисана + и прамења одозгора за да ми испадне професионално омбре нели не како оние со степ) на фризер ми ја правеа и сето преубава испадна ама од бланшот почна да ми ожолтува е сега сакам да си ја вратам мојата природна боја на коса (светло кафена) и како? Мајками е фризерка и вика пак требе да ја фарбам ама многу ја горам. И ако ставам моја воја на фарба за колку време ке падне отприлика? и сигурно ли ке фане на бланшот? И elenaleni79 ти и тиа твојот отстранувач ме прогонувате се нервирам уште појке дека не фаќа на бланширана коса
^ Ќе ти фати на бланшот, ама после една недела ќе почне да избледува и пак ќе ти се познаваат прамените. Не толку интензивно сепак. Кај мене е така, и јас си ги забележувам. Чаре за бланшот е шишање. Пример јас од многу долга, ја ишишав до врат, ама и онака се токмев неколку месеци. Ти не мораш толку драстично, на неколку месеци по неколку сентиметри.
Моја другарка зема Колор Б4 пред некој ден во Космо во Ситу Мол. За отстранување на темна боја чини 750 денари, а за отстранување на посветли бои чини 700 денари. Во ДМ во Сити Мол ја нема повеќе од месец, така ни рекоа, не знаел. коа ќе добијат. Другарка ми има природно смеѓа боја на коса и се фарбаше црна помалце од година дена и купи од Колор Б4. Косата и ја направило плава скоро, ептен светло и си ставила светло кафена фарба и ја добила природната боја што си ја имаше. Иначе една напомена: Колор Б4 е ефикасен за коса која е фарбана до 1 година
Дали некоја се правела со ова Color B4 што е црвенокоса али потемна боја нешто како махагони или бар, кафеава со црвен сјај ? Се решив да го пробам конечно, и моментално сум пола кафеава во косата со некој црвен сјај, и пола темно црвена ( на врвовите). Лудница Врвовите обавезно ќе ги шишам , е сега остатокот ми е со црвен сјај и за него ми е најголем проблем. Инаку мене природна ми е баш ваква : И сакам да си ја вратам природната сега, па доколку ми се врати да ја осветлувам понатаму.. Ако има некоја што има искуство ( за црвенокоси ) нека пише ве молам, или ако се разбира ептен во ова Фала однапред
Јас го имам користено производот и тоа на црна фарбана коса , задоволна бев премногу зашто ми ја извади бојата ми стана црвено кафена и не ми ја оштети косата.
Епа јас се направив со Color B4 и сум презадоволна од резултатот! Го земав ова: Color B4 Extra за темна фарбана коса. Косата воопшто не ми се оштети, дури и помека ми беше после третманот. Бојата конкретно ми излезе доста светла од колку што очекував, кога се видов првиот пат малце се шокирав .. Но, сепак премногу ми се допаѓа сега како што се гледам се почесто и почесто. Бојата некако неможам да ја дефинирам .. али е нешто како карамела боја, со некој бакарен сјај Еве и слики пред (лево) и потоа (десно) :
Beauchamp dali edno pakovanje iskoristi?Jas sakam da kupam kosata mi e farbana pred dve nedeli temni kafeno nakaj crno so 4 farba,takva mi e so godini a mojata prirodna e dve nijansi posvetla.Tolku sakam i da ja osvetlam dali da zemam od toa shto e za ekstra osvetluvanje ili od drugoto?Strav mi e da ne mi izleze portokalova?Sama li se farbashe ili na frizer?
Mamacaci , види натемата Бојадисување на косата баш пред неколку часа поставив слика каква ми беше косата по осветлувањето со колорб4 , а го земав тоа што пишува дека е за потемни нијанси. Земи го нема да излезе портокалова
Da vidov i super ti izlegla,a dali edno pakuvanje ti beshe dovolno i mozam li posle toa nekoj preli da stavam ako ne mi se dopaga nijansata?