Дечки пред 5 дена се исфарбав во црна..бојата ми одговара се ама јас не се бендисувам па би ве замолила да ми кажете што да правам за побрзо да ми падне бојава..
Деколоратор colorb4 или бланш само те спасува , колку и да се миеш нема фајде црната боја никако не излегува освен со овие две работи што ти ги кажав
Оди на фризер немаше потреба од отварање нова тема, ако ги разлисташе темата Бојадисување на коса ќе забележеше дека има вакво прашање и има одговори.
да ве прашам дали некој знае, Имам природно плава коса накај смеѓа. Се прскав со спрејот од балеа за осветлување веќе месец дена. Косата ми е осветлена ама на жолта нијанса. Како да ја отстранам и дали со времето ќе падне бојата?
Јас се фарбав пред 2 години со плава фарба, ептен беше плава бојата а мене на коса ми излезе нешто како жолто/портокалово (бљак боја). После тоа пак се исфарбав со кафеава боја, приближна на мојата и океј беше одреден период, си изгледаше супер. После одреден период приметив дека почна ептен да ми паѓа кафеавата боја и пак се појави жолтата ама не толку интензивна боја. Ми се пушти мојата коса до некаде и изгледаше како омбре. Е сега сакам тоа плавото веќе да ми падне, сакам целосно да си ја вратам мојата боја а не можам да чекам да ми израсне бидејќи имам матура оваа година, не сакам таква да одам во глава. Размислував пак да одам да исфарбам само долниот дел, ама страв ми е да не ми утнат нијансата, или некако да ја шатирам со различни нијанси. Што би ми предложиле? Ваква ми е моментално, уствари малце покуса е, ја скратив пред една две недели.
Може да пробаш со Colour B4 Extra го има во Космо. http://tocka.com.mk/3/109197/kako-da-ja-otstranite-bojata-za-kosa-sto-ne-vi-se-dopagja
Фарбај ја повторно со кафена приближна на твојата. Таман до матурата малку ќе ти осветли и ќе изгледа природно. Добро што си ја скратила, јас за тоа почнав да го пишувам мислењево. На сликава ти е убава косата, ама се гледа дека е прилично оштетена на врвовите. Тешко дека ќе го добиеш саканиот резултат ако фарбаш само врвови. Земи квалитетна, сјајна кафена фарба и оди на цела коса. И да падне, пак ќе ја повториш постапката се’ дур не го изгубиш жолтото од врвовите.
Тоа ми е и проблемот, баш и не сакам да ја фарбам пошто многу ми се оштети од фарбањето а и плус што ја пеглам 1-2 пати неделно. Планирам ако не да почекам до матура колку расте толку, после ќе ја скратам пак од врвовите и после матурата ја кратам целосно до кај ќе е фарбаното. Таман за пола година ќе ми порасне малку па ќе биде подолга, нема да е толку очигледна промената.
Истиот случај го имав пред една година и нешто.. Отидов да ме исфарбаат омбре ама тоа омбрето испадна јајце боја Потоа купив фарба нијанса како мојата природна и го исфарбав и ми дојде цела еднаква бо иста боја.. По неколку миења почна да паѓа фарбата и да излегува бланшот од омбрето ама не беше жолт како што беше првиот пат, туку имав некоја светло кафеава нијанса баш природно изгледаше и пристојно. Не ти препорачувам пак да ја осветлуваш така само дополнително ќе ја изгориш и ако планираш да ја вратиш твојата природна боја тогаш така не можеш.. Купи си фарба како твојата нијанса на коса и покриј го тоа ако не можиш да го трпиш повеќе Ем помалку штета, ем освежена боја.
Мене многу бавно ми расте косата, фарбана ми е пред 1 година и ете колку ми е порасната за таа една година. Ќе ја чекам да се пуште до доле, после веќе не ја фарбам. Кој ли ме ѓавол излажа бре, каква убава коса си имав.
Јас после сите експериментирања (после кои бев скоро плава), решив да си ја вратам мојата боја која е темно кафена. Првите два пати беа неуспешни, можеби затоа што со фризерката одбравме нијанса многу слична на мојата. Затоа третиот пат одбравме една нијанса потемна. Резултатот беше црна коса Кога се видов во огледало ми се стемни, црна никогаш не сум била. А во каталогот бојата не беше ни приближно до црна. Фризерката почна да ме убедува дека обидот ни беше успешен и стварно после две-три недели црното почна да си паѓа за да дојде до боја толку слична со мојата, што воопшто немаше разлика и не се познаваше. И како што поминуваше време со шишањето скроз отиде фарбаното. Мислам дека после 2 години веќе си ја имав мојата природна боја на коса. И еве веќе три ипол години не сум ни фарбана, ни шатирана, а резултатот е долга и свиленкаста темно кафена коса @Jenniffer вака на сликата не делува толку страшно, верувај дека има полоши случаи, баш се познава линијата меѓу плавото и кафеното Јас и вака би терала, само што голема е веројатноста долниот дел уште повеќе да осветли, особено ако често ја пеглаш. А ако толку веќе ти пречи, а не сакаш да ја фарбаш, јас би ги удрила ножиците
Ако сакате да ја извадите постојаната фарба купете од аптека 8 апчиња витамин Ц столчете ги и помешајте со шампон доволно колку да ја измасирате целата коса инаку се нанесув на влажна коса се покрива со кеса или стара бањарка и да отстои така едно четири сати и ефектот е суперрр посебно з оние кои биле претходно светли а се темни мене ми успеа јас пред да бидам црнокоса бев со медова боја и уалааа се случи чудо за една вечер после не зБоравајте да си ставите регенератор јас би ви го препорачала како нај нај бар з мене од на лореал
Срцкa мoјaтa кoсa е прирoднa смегa a јa фaрбaм сo гoдини плaвa пoлa гoдинa и фaзлa јa прекинaв сo фaрбaњетo и јa oстaвив дa ми терa кoренoт и ми идеше кo oмбре пред 2недели бев нa флизер и пoбaрaв oд флизеркaтa дa ми гo oбнoви плaвoтo a кoренoт дa гo oстaви и типкaтa ме oтече рaзубедувaјки ме зa целa дa ме фaрбa a пoсле тoa oд нaреден месец сo прелив дa ме прaелa и нa крaјoт ниш не испaднa кaкo шo сaкaв еве и бoјaвa више пaгa и кoсaвa сеa ми е кaтaстрoфa aкo прoбaм сo шумливи дaли ке си гo пoврaтaм бaр кoренoт ???или кaкo дa јa извaдaм фaрбaвa и мoјaтa прирoднa дa јa дoбијaм....пoзз
@Jenniffer На подолга коса потешко се добива посакуваната природна боја затоа што треба повеќе време за да го добиеш посакуваниот ефект. Ако сакаш да ја одржиш косата здрава, мој предлог е да не правиш никаков фризерски третман до матурата, освен често скратување (од 1,5 до 2 месеци). Имаш доволно време за да ја добиеш кафената боја, освен ако твојата желба е тоа да биде на оваа должина. Мое мислење е дека и пократка коса изгледа убаво само доколку е здрава и негувана.
Може и шумливи таблети ама сепак користи апчиња витамин ц и нека бидат на алкалоид најубави се и има ефект.позз
Здраво јас имам ептен мнпгу нежна мека и тенка коса инаку плава ама се фарбав со колор шампон ама шо колор ќе беше бојава 10 месеци више не излага па сеа прочотав и реков да пробам со ова колор б4 ама сакав пак да ве прашам да не ми ја оштети зш на други може не им оштетила ако имаат појака а ја стварно имам слаба коса па сакав мислење фалааа
Јас се имам зезнато со колор пења за коса,која ја нанесов само на неколку праме и и никогаш не исчезна.Морав да се фарбам плава и на тие делови кај што имав колор пења бојата беше поинаква. Фарба не се бади,бидејќи со фарбата и хидрогенот се прави хемиска реакција и влакноо осветлува од хидрогенот со што се прави услов посакуваната боја да се нанесе на влакното.За фарба единствен лек е префарбување или растење на косата. Мслам да не ставаш ништо на твојата коса зошто сите продукти за т.н. "вадење фарба" всушност се средства за избелување на коса со што ќе се отстрани бојата од фарбата но косата ќе осветли и ќе се уништи.Пробај со дуг благ колор шампон да се доближиш до твојата боја.
@teffi.tkm Наместо да фрлаш пари за средства за вадење на фарбата, кои само ќе ти ја оштетат косата, земи фарба со најблиска нијанса до твојата природна боја и решен проблем.