ова colour B4 функционира ли? Ја имам фарбано 2 пати косава со црна фарба , излезена ми е мојата природна боја околу 7 см , и сакам да ја осветлам ...
да се цитирам повторно Дали некој го користел B4? и искуства ве молам Последно се фарбав во мај месец , изникнат ми е коренот 3 см , косата ми е долга , сакам што побрзо да се отарасам од црнава коса!
Pred mesec dena se farbav temno crvena isto taka tesko da se izvadi samo colorb4 mi pomogna a na frizer mi baraa 4000
Исто и јас , ако некој имам искуство со ова кажете ми какво да порачам регулар или екстра и каква ќе ми испадне ?
Imam golem problem pred mesec i pol se farbav crvena nakaj bordo na frizer me pravea so mnogu jaka farba.sega korenot mi e malku porasnat a farbata na nekoj mesta mi e padnata i mi se poznava kafeava kosata. Sega sakam si ja vratam prirodnata boja. Na youtube gledav nekolku nacini edniot so sjaj za sadovi(preeska probav nisto ne mi mena) drugiot so soda bikarbona i sampon a tretiot so vitamin C i sampon. Dali imate nekoja probano nekoj od nacinite i dali ke mi pomogne?
@Мис Стоун, пред миење нанесувај масло по твој избор (бадемово, маслиново, рицинусово) и стоплувај ја косата со фен. Секако, немој да очекуваш чудо по само едно миење но мене ми помогна да ја ублажам црвена фарба за да можам отпосле да се префарбам во саканата нијанса.
@Мис Стоун отстранувач има во Космо тинекс , color b4 се вика и цената му беше околу 700 денари. Јас го имам користено пред 4 години и ми заврши работа
Дали некој друг го има испробано ова? @blonde_supergirl дали ти го имаш пробано ова со Витамин Ц-то? Шатирана ми е двапати косава на плаво, веќе ми е жолта, и ко сите други тука, сакам да си ја вратам бојата. Што до сега имате испробано? И ме интересира дали до сега некој го пробал ова Colour B4 Regular за отстранување на палва/жолта (blonde) боја?
Не, моите транзиции биле кафеава-плава, плава-кафеава, како што направив некни кога ми здосади плавото. Но оној остранувач што го зборам многу го фалат, пробај го, само како што реков после треба фарбање во боја најблиска до твојата.
И мене ми е палва шатирана/фарбана а природна ми е кафеава. Исто ми се има здосадено и сакам да си ја враќам пополека бојата. А чекај сеа делува тој отстранувачот или само привремено, па после пак ти се враќа старата боја?
Јас бев фарбана црна , секако мојата коса е црна , само што го сакав црниот-тегет сјај , но ми се здосади и го останив со деклорантот и ми дојде црвенкаста Мене пигментот ми е таков , кај вас можеби би било поинаков
Витамин Ц цела лента, ги дробиш апчињата и шампон (тој што си го користиш). Значи правиш смеса и ја нанесуваш како фарбата што се нанесува. Треба да седи околу час и пол, два. Не ја оштетува косата но, од прва не е сигурно дали ќе излези фарбата, можи ќе треба да повториш.
Со години се фарбав црна, од лани од август се немам фарбано и само 4-5 цм. ми е подраснат коренот. Денес се фарбав малку посветла и се заебав надоле и со 9 хидроген не фана. Да купам од овој colour b4 или деколорант ке се среди или тешко. И да напоменам и со црна кна се имам повеке пати фарбано. @Justicija ја имаш одстрането црната боја или уште ја носиш?
На жалост уште ја носам.... Јас се фарбав со кна ... Ве советувам на сите повеке пати да размислите пред да се фарбате црна , освен ако сте решени цел живот црна косата да ви биде ... Јас се покајав