Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ја извадам фарбата од косата?

Дискусија во 'Коса' започната од lady-17, 6 јули 2011.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.093
    Допаѓања:
    87.789
    Пол:
    Женски
    Не фрлај пари на деколорант.
    Направи бланш купка.
    Рецепт
    1:1 хидроген +регенератор (50мл 6% или 9 % хидроген и 50мл регенератор)
    бланш
    се меша додека не добиете компактна смеса,се става на коса и се проверува на 10 минути.
    Ја извлекува црната без оштетување.до некоја гадна црвенкасто портокалова нијанса.(од искуство неколку пати пробано)
    После тоа 6,1 за кафеава боја или 5.1 за малку потемно кафеава.
     
    На Veki4kaa, Simsot, blonde_supergirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Adriana.O

    Adriana.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    8 годони ја фарбам црна и сега олелеее шарена сум ептен во главата башка многу бавно ми расте. Сега читам па за ова colour b4, ако со кна е фарбна косата не ја ваде...По се изгледа ке одам темна пак ;(

    Сува ли е многу косата одпосле? И кажи ми после тоа портокалово црвено одкако ке се префарба во кафеаво,иде за брзо време до израз, колку пати ја повтараш постапката и на кои фирми ти се бланшот и регенераторот. Баш сакам да пробам
     
    Последна измена од модератор: 7 март 2018
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.093
    Допаѓања:
    87.789
    Пол:
    Женски
    Не.
    Ова е единствен начин да ја извадиш без оштетување.
    Бланш со регенератор и хидроген не ја оштетува.
    Не е важно која фирма е бланшот и регенератор.
    Јас земав некој италијански во Веро,а регенератор не памтам .
    Читни и овде имаш
    http://faithfry.com.hr/?p=328
     
    На TutiFuti, јolene и Adriana.O им се допаѓа ова.
  4. Adriana.O

    Adriana.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Фала многу ке пробам па ке пишам резултат. :inlove:
     
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.182
    Допаѓања:
    169.628
    еднаш црна засекогаш црна така даааа, размислете убаво
    кна не вади ништо ни деколорант ни бланш ни ништо само ножици
    а црна фарба се ваде со деколорант после ден два цела со бланш па тек после некоја светла кафена а за на плава ке се пофарбате повеке пати
     
    На TutiFuti, Adriana.O и Justicija им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.093
    Допаѓања:
    87.789
    Пол:
    Женски
    Пробај ,јас имам правено многу екскурзии со косата:D па од искуство си кажувам.
    Само имај спремна кафена боја 6 или 5 можеш оваа 1.jpg
     
    На Adriana.O му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Го направив бањањето со бланш што го пиша вчера Косми, нема трага од црната к'на и црната фарба, се ослободив од црнилата, јеј!! Излезе кафеавичка но со црвен отсјај, тоа малку ми крши филм.
     
    На Adriana.O му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adriana.O

    Adriana.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    А се префарба ли одпосле? Јас подоцна ке го пробам ова е сега сакам некоја чоколадна или малку потемна кафена нијанса ама ми е страв пак црно да не фати.
     
  9. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Малце чувај ја, проверувај ја... јас ја оставив некаде дваесет минути и ти викам црвен сјај има, а некои прамени и се бургунди така да нека помине време ќе ја направам во лешник...
     
    На Adriana.O му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adriana.O

    Adriana.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Ми излезе портокалово, црвено и на некои места сеуште стое црното и ми се исуши доле на врвовите. После сум на фризер на третман да ми ја освеже малку и фарба. Во секој случај задоволна сум од резултатот.
     
    На Justicija и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  11. Dreamerbaby

    Dreamerbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2016
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    1.422
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да го пробам ова со бланшов,но малку ме предомислува дека имав ладна пред 6 месеци и заради киселината незнам дали ќе има ефект,инаку оштетеното од ладната ми е исчистено со шишање скоро до крај само на врвовите има малку.Дајте совет дали да ја пробам да ја осветлам вака или да си чекам..? :^)
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Каков хидроген користеше ? Каков регенатор ? И каков бланш ?
    Колку проценти стави од состојкиве?
    Дали мислиш дека и кна би се остранило со ова?
    Те бомбардирав со прашања , но мислев дека ми нема спас од црнава :)
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.093
    Допаѓања:
    87.789
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам на фирмите баш,ама не е битно,може афродита бланш,хидроген,јас мислам користев некој италијански бланш.
    Ако ставиш 50 мл хидроген 9% ке ставиш и 50 мл регенератор.1:1 размер.
    Бланш не ми текнува колку но да биде компактно.
    Читни го линков што го ставив.
    http://faithfry.com.hr/?p=328

    Пробај ништо нема да изгубиш освен црнилата.:D

    Девојки ,мило ми е што ви успеа,сега само фарбање во кафено .:)
     
    На Regina.Phalange, Adriana.O и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Бланшот ја оштетува косата.
    Со бланш хидроген и фарба може да се осветли косата , мислев дека само пага бојата и се врака природната .
     
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.093
    Допаѓања:
    87.789
    Пол:
    Женски
    Со оваа комбинација нема да ти се оштети .Со пеглање се оштетува повеке.
    Пробав повеке пати .
    Премногу е блага купката.Кога 9% или 6% ке го разредиш со регенератор доаѓа 4 ,5 % или 3% хидроген .
    бланш со 3% хидроген е ништо.
    Се плакне бојата, до прифатлива .па се фарба.
    Природна после црна само со шишање и нефарбање,ама ако сакаш да чекаш.
    Ако не ,ке правиш експерименти. :)
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Бланш во комбинација со хидроген е убиство за косата ...
     
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.093
    Допаѓања:
    87.789
    Пол:
    Женски
    Деколорантот е поголем ,а недоволно ефикасен.;)
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Деклорантот не ја уништува косата , само не е толку ефикасен колку што го форсираат ....
    Хидроген и бланш се користи за осветлување-горење на косата , не пагање на бојата како деклорантот.
     
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.093
    Допаѓања:
    87.789
    Пол:
    Женски
    Види,како сакаш,но со јак хидроген +бланш се оди да се отстранува целиот пигмент на влакното,да биде бело.
    Со многу слаб,како од рецептот се отстранува само најгорниот додаден пигмент,црното,и останува црвено портокалово.значи само последниот слој се вади ,и затоа не штетно колку што се мисли.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не си во право , и не е баш ова мн паметно да се прави ...
    Коа се офарбав црна , после некоја недела се покајав и отидов на фризер , фризерката ми рече дека црната фарба тешко се остранува , можела да проба со бланш , хидроген и плава фарба но за да ја осветли , но со тоа ме предупреди дека ке ми изгорела косата и ке треба да ја шишаме .
    Би пробала некоја друга опција што не ги вклучува хидрогенот и бланшот .. Не сакам лустер да шетам после :)