Ја осветлував косата и ставаа бланж. Ама мене не ми се допаѓа. Како може да го тргнам бланжот?како о да се вика. Еве вака ми искочи
Да се затемнам како што имам делови што не се со бланж, со мојата природна боја. Не сакам да ми биде таква светла.
Фарбај се со потемна боја, но не ептен темна, пошто одма ќе почне да се познава жолтото. Не знам каква е твојата природна боја, ако си кафеава, фарбај со 7 и 6 нијанса, не потемно. Инаку на сликава ти е убава косата.
Сите ми велат дека е убава, ама на мене не ми е. Дали што не сум навикната вака и ми е чудно не знам. Ваква ми е природна.
6ка е посветла од твојата природна, но не би те советувала потемно да одиш (нема да испадне како што треба). Јас мислам да и' дадеш шанса на новава, немој одма преку бланшот темна. Да не ти биде џабе бланширањето Ако не ти се допаѓа, понатаму не ја осветлувај, фарбај си ја во твојата боја. Но сега е веќе оштетена од самото бланширање, плус неколку пати ќе треба темна да се фарбаш за темна да остане (на секое миење ќе пожолтува). А за да не биде апла жолт бланшот, купи си лилјаков шампон или Ехотон. тоа ќе го сузбива жолтилото и ќе биде убава руса боја.
Ме интересира некој да сподели искуство со фарбава бројче 0.00 за враќање на бојата дали има таков и кој е процесот ? Фала многу
Ја правев косата со степ од вишна и не ми се свиѓа како ми фатила косата односно од страните е црвено а на средина е црно. Како да го извадам ? Хахах
Вака јас сум црна ...ке ги земам овие препораки од тука за вадењето на црната боја , ги сакам овие нијанси ...што мислите и каков предлог би ми дале
И ќе бидеш ко кокошка. До црвена да дојдеш тешко, а првата можеш ама пак нема да ти испадне како што сакаш. Можеби после 2-3 фарбања.
Jaс успеав да добијам црвена боја како на сликата од црна од прво фарбање, ама бев на фризер и по толку години се каам што постапив така, само јас знам колку ме печеше кожата од јакиот хидроген а исто така не знам колку коса ми падна тој период откако почнав да се фарбам. Ама по 3 -4 миења почна да избледува. Совет до @Justicija Ако сакаш да останеш со коса, не го прави тоа дома, посоветувај се со фризер.
Јас вадев црна фарба со витамин ц и head and shoulders. Успешна мисија по 40мин. Еве денес пак ставав и си ја вратив природната светло кафеава боја
5 ленти витамин Ц со пола шампон од поголемите пакувања зедов јас, таман за 2 пати. Се мелат апчињата и се мешаат со шампонот, се нанесува исто како фарбање, стои 40-50 мин и се мие само со вода. Јас првиот пат правев во октомври/ноември и немав потреба повторно, ама сакам плава да се фарбам па, чекор по чекор @Justicija воопшто не ми се оштети
одите си на фризер прво со деколорант ке ви ја изпере црната боја па после ке ве фарба со фарба дома немојте да перите боја
Зошто на твојот фризер не си му кажала на лице место дека не си задоволна? Гарант те има прашано и покажано како изгледа, дали ти се допаѓа. Многу чест случај е дома одите незадоволни а таму на лице место се срамите да кажете дека не сте задоволни, тоа е ваша најголема грешка. На крај барате помош од форуми. Верувај секој фризер сака да е клиентот задоволен, правилно е пред фарбање да ти каже нешто за твојата коса и каков ефект би добила, што би добила. Консултација. Јас верувам дека ако си кажела таму дека си незадоволна без доплата ќе те поправеле во косата. Најдобронамерно. Е сега да ти кажам дека ако не си стручен дома можеш поголема беља да направиш, бидејќи имаш бланш веќе. Знам дека е постар постот, ова е како инфо за другите.