Ова рецептов со хидроген бланш и регенератор би делувало за да се извади црвена боја колку толку па после да се префсрба со кафеава темна карамел? Или?
Head ang shoulders од 750ml мислам дека беа поголемите, обичниот со плаво капаче. Пола од тој ставив, кај мене скроз се извади ама не бев фарбана 4 месеци претходно. Ми се врати природна светло кафеава боја, без црвен сјај.
А која должина ти беше косата пред да ја извадиш бојата? И дали после тоа стави фарба и ти фати бојата?
Не можи да ја вадат црната боја на коса со бланш ,бидејки бланшот е за осветлување и со тоа ужасно ја гори косата,но не ја вади фарбата Кога ќе се стави бланш на црна коса ќе се добие портокалово изгорена коса и тоа половина коса ќе испадне
Јас скоро 9 години имав црна коса, отидов на фризер и со бланш се тргна бојата. Да беше портокалова, ама во бланшот додаде и нешто што не ја гори толку косата. И да ти кажам воопшто не ми се изгори косата, може дека првпат ја тргам бојата и користев бланш. Таман малку ја скратив, и си ја вратив делумно мојата боја, поточно природната како што ми е.
Тоа зависи од квалитетот на влакното , но бланшот не ја трга фарбата на косата туку ја осветлува и гори .
Па секако дека не ја трга, ја осветлува и ја фарбаш ако сакаш посветла. Јас кафена си ја направив, и тоа баш светла како што ми е природната. И инаку имам тенко влакно и ретка коса, па не ми се изгори.