Леле кога ќе ми текне за мојата коса имав долга до половината и решив да ја скратам како печурка. Бидна што бидна е скратив и косата фризерката фап си ја зеде во најлон и си ја суреди и плус ми наплати 200 ден за шишањето (свиња), без да праша дали е сакам, мене срцето ми се кинеше кога е пакуваше. Незнам што ми чкрапна да ја потшишам многу ми беше криво, арно ама ми нарасна за 2 години пак до половината сега за ништо не ја давам. И на сите што имате долга коса ви препорачувам не ја кратете косата, ќе ви биди мака.
А ти па зпшто не и ја побара да си ја земеш? Јас имам долга коса до половината и ако некогаш ми свирни во главата ја скратам нема шанси бакшиш на некој да ја оставам па и плус да платам за шишањето. Инаку имам еден другар кој се занумава со препродажба на коси и ми кажа дека косите моентално ептен ефтини биле и дека не се исплаќа да ја шишаш за да ја продадеш.
SOVRSENSTVO купуваат ли природно виткана коса или купуваат само права,мене едно време пред 2-3 ме удри у глава да ја скратам пошто ми беше до гз,и сакав да ја продадам,ама една другарка на другарка ми ми рече не купувале виткана,и ја не замарив нешто околу тоа ...... Па сега ми се вратија спомените дека баш за тоа не се ишишав
и мене ми прелетаа такви мисли низ глава-кратење за продавање ама некако се предомислив а во случај да се премислам нема да можам да издржам да видам на улица или каде и да е девојка со мојата коса, или слична на неа а кога бев помала ја скратив малку повеке косата(и подолга ми беше) се додека не ми порасна ама за срека брзо ми расте
Една моја другарка..има навистина мноогу долга коса..до под газ и е..и и` барале 1000евра во Скопје во некој фризерски салон изгледа.. за да ја скрати..но таа не сакаше воопшто да слуше за тоа..Јас и велев да ја продаде,затоа што нејзината коса многу брзо расте...Но таа не ни помислуваше..Но јас кога би имала таква коса,секако би ја продала зошто да не..
И јас си чувам мое косиче, плаво, меко и сплетено во плетенка. Само не сум сигурна дали е доволно долга за продавање. А и овде во Прилеп не верувам некој да е заинтересиран. Абре не ни сакам да си ја дадам!
Прашањево е - МОМЕНТ! Може пошо првпат слушам. Инаку, незнам како, оди во салон, прашај, ние неможеме да ти кажеме толку точно колку што можат фризерките.
Девојки пред неколку дена прочитав на постерче, флерче како сакате наречете го во Битола во среда ќе има откуп на коса е сеа ништо подетално не успеав да видам бидејќи на брзање го забележав во одење меѓутоа ќе се обидам да дознаам повеќе информации или доколку некоја од вас дознае нешто за тоа нека пише бидејќи сум заинтересирана и јас да ја продадам мојата
И мојата е многу долга до газ ми е, и на моменти мн ме нервира, неможам никако да ја соберам, и кога би сакала да ја шишам , зошто и да не профитирам, само незнам дали некој откупува во Охрид коса ? Знае некој?
Продажба на коса Дали некој знае каде односно дали во некој салон купуваат природна коса? Мене ми е веќе мн долга здосадена ми е па сакам да се шишам кратко и кога веќе ќе ја фрлам барем да ја продадам?
И?Баш ме интересира дали некоја во меѓувреме ја продаде косата за солидна цена или евентуално да кажи ако ја има некаде донирано.
Да ја активирам темата малку сакам да си ја продадам косата, ми здосади. Дали некој знае каде може? Искуство некој со тоа?