1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ја скротам косата?

Дискусија во 'Коса' започната од katence4, 1 декември 2009.

  1. katence4

    katence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    17
    кога ке ја измијам косата таа се прчи на сите страни и изгледам како чудовиште пробав со пегли фенови пена за коса ама нисто не помага би сакала малку да ја смирам да изгледа убаво пишете некој совет поздрав до сите
     
  2. angel

    angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    51
    Можеш да пробаш со силиконски капки. Тие не се толку мрсни како маслото, а сепак може да ти помогнат полесно да ја средуваш косата. ;)
     
  3. Vodolija

    Vodolija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    12
    Јас би ти препорачала восок за коса и силиконски капки...Прават косата да изгледа посредено и не толку оштетено... :D А барем кај мене восокот доволно ја скротува косаата :D позз :P
     
  4. katence4

    katence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    17
    tnx u kiss
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Minuska

    Minuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    11
    Силиконските капки од Авон! Најубави ми се, и многу убаво мирисаат :) Има различни, за скротување коса, за зголемување на сјајот на косата, за мазнење, за наелектризирана :) Најди некој зачленет у Авон и земи си.. особено овој месец се 200 ден.. а обично се 400 :) Моеш да си земеш 2 xD
     
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Мој совет...да најдеш и добра фризерка,што си ја знае работата, зошто според косата треба и фризурата, рамна, степен, итн, тоа затоа што рече дека ти се прчи нагоре...и да ти ја изретчаат , сигурно ти е густа штом неможеш да ја скротиш...поздрав
     
  7. Lucie

    Lucie Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Imas pogolem izbor: silikonski kapki, mlekoto za kosa na Nivea e super + ja hrani kosata...ulje za kosa, spreevi Gliss i sekako soodvetna maska i sampon =)
     
  8. Minuska

    Minuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    11
    Немој да ја ретчиш... ке ти изглеа ко исецкана... јас еднаш се зафркнав така..
     
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
     
  10. Minuska

    Minuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    11
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    А мене што ми се дешава со косава во последно време,стварно незнам дали е до шампонот или не,абе таман ке ја измијам,и наредниот ден кога ке се исчешлам се електризира,се нервирам незнам со е финтата,истиот шампон што го користам претходно не ми правеше вака,незнам...
     
  12. arwen

    arwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Сува, оштетена, дива и ептен густа коса... а и фарбана

    Преку глава ми е од пунџи и репчиња, ве молам дајте некој совет за шампон, маска, регенератор, спреј, капки и слично... косава ми е тесто и незнам што да превземам! Силиконските капки ми ја дотестија косата, а багремовото масло не помага (или незнам да го користам). Кога ми е пеглана ми е супер, и ми држи така по 3-4 дена... ама ја изгорев до бескрај.
     
  13. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Најпрво пред да ја миеш косата стави и маслиново масло и завиткај ја во ќеса седи така колку можеш подолго,потоа купи си дали елсеве дали фруктисе шампон регенератор и маска за оштетена коса ,маската држи ја подолго од вообичаено пр 15 мин.потоа имаш ампули се продаваат во аптеките за сува оштетена коса се ставаат еднаш неделно ,не се испираат ,потоа најпожелно е за да не ти изгледа косата безживотно ,незнам дали си забележала да ја исфенираш но никако пеглаш,колку ти се можностите посетувај на пр некоја маалска фризерка за помали пари која ќе те фенира ако неможеш сама,но никако не ја пеглај.На крај после миењето на косата ставај силиконски капки но мн малку само на врвовите две капки....Почни редовно да ја потстрижуваш бидејќи од се ова што наведов за жал надобар лек се ножиците !!Но мислам дека со оваа нега колку и да тие изгорена и безживотна би имала добри резултати......Претпоставувам си плава ,кога ќе се фарбаш еднаш ќе ја исфарбаш цела коса за основата но после секој месец само коренот така и дозволуваш на косата да дише,ако ја фарбаш секој месец ја уништиваш во секој поим .....Се надевам ќе ти помогнат моиве совети позз
     
  14. arwen

    arwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Фала многу, уште сенес ќе го испробам маслиновото масло и елсев шампонот :) Инаку сум црвена, не плава... уф можам да замислам уште плава да се фарбав каква ќе бев во косата :)
     
  15. strudla

    strudla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    7
    пробај го шампонот шаума од шварцкоп за оштетена коса многу е ефикасен јас го користам подолго време и е ефикасен многу има посебен и за расцветани врвови а маска коај дефинитивно е најдобра а и не е скапа е гарниер за сува и оштетена коса идеална конбинација од шаума и гарниер има резултати и по првото миење
     
  16. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    Маска за коса од Лореал- жолтата!!! топ е баш за оштетна коса!! а и црвената за фабана коса е сон!!! ја и двете ги користам резултатот е одичен!
     
  17. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    И јас го имам истиов проблем и не знам што да правам.Луѓе кажете што да правимее!!!!!!!
     
  18. orient

    orient Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Во насловов на темава буквално си ја препознав мојата коса само што јас престанав да ја фарбам. Го практикувам ова со маслиново масло што е напишано во претходниот пост, шампон користам по препорака на фризерката го купувам од кај неа исто и маската за коса , L'Oreal и Garnier користев пораноно не не забележав подобрување. Преса не употребувам а и фен многу ретко и можам да кажам дека по неколку месеци има резултат само треба упорно и пресата да ја баталиш :)
    Се надевав дека моево искуство колку толку ке ти помогне
     
  19. anije

    anije Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    39
    Тврдата вода, боите, сушењето со фен, постепено, но сигурно го сушат влакното. Без разлика дали ќе решите да не се бојосувате или да намалите од нанесувањето на средствата за обликување, косата нема да го има изгледот што го посакувате.

    Останува заклучокот дека без разлика дали косата ви е природна или бојосана, кратка или долга коса, густа или ретка, секоја сака нега и внимание.

    Тоа од што треба да тргнете е шампонот. Од регенераторите и маските можете да се откажете, но не и од него. Трикот се состои во тоа да не експериментирате со шампоните. За почеток можете да се обидете со неколку за да видите кој најубаво дејствува на косата и потоа употребувајте го него. Косата ќе ви покаже ако шампонот не дава ефекти, таа ќе биде сува, без сјај и ќе изгледа секогаш неизмиена. Со менување на шампонот за кратко време, вие му приредувате шок на влакното што веќе се навикнало на одредени состојки.

    На второ место е регенераторот. Најубаво е да се обидете да најдете од оние што штитат од УВ-зраци. На тој начин одеднаш ќе се ослободите од два проблема. Прво, косата нема да се електризира, ќе биде мазна и убаво ќе паѓа. Второ, ќе ја заштитите од сончевите зраци, а тоа е многу важно. Ако не успеете да најдете ваков регенератор, побарајте друг вид производ, како спреј или силиконски капки.

    Користете соодветни производи. Освен на квалитетот, мора да обрнувате внимание и на составот на производите. Нема потреба да купите сé и да ѝ правите агресија на косата. Лекувајте ја со лекови наменети за болеста. Постои разлика ако третирате сува коса или оштетени врвови. Прочитајте го упатството за употреба пред да почнете со третманите.

    Редовно потскратувајте ги врвовите. Иако имате долга коса, на секои две недели треба да ги одржувате врвовите. Еден сантиметар не значи дека ќе ја изгубите должината. Но, ако одамна не сте биле на фризер, тогаш мора да ја скратите косата до делот каде што е оштетена. Редовното потскратување ги одржува врвовите и оневозможува нивно двоење.

    Практикувајте домашни природни третмани. Плодовите од природата несомнено се најдобар начин за дејствување. Доволно е неколкупати да ги масирате оштетените врвови и сувата коса со маслиново масло за да забележите разлика.
     
  20. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Може да биде од четки и чешли за коса или пак од самиот фен.