Ваква тема не пронајдов. Повеќето девојки имаат долгогодишни врски и ме интересира - кога и како дефиниравте дека сте во сериозна, моногамна врска? Има случаи каде што отворено си се прашуваат - Сакаш да бидеме дечко и девојка? дури и на 20 и кусур години, што мене помалку ми е смешно. Ама реално не постојат паметни и вистински зборови за тоа дефинирање според мене. Дали се случи веднаш, постепено, спонтано, со договор? Јас сум многу терсене за овие работи и последниве години ми е вистински проблем. Ако некој во првите 2-3 недели ми спомене врска или дечко, ме фаќа паника, како да не е токму и при ум (изгледа такво дојде времето), ако не спомене ништо, и тогаш се прашувам што е проблемот, а имам еве другарки кои за 2 дена веќе знаат дека имаат дечко, си одат заедно на семејни прослави, запознавање со родители за неполн месец, што мене ми укажува на нешто сериозно, а мене лично ми е незамисливо за толку кратко време. Вашите искуства... ?
Одам со дечко ми година ипол...кога се запознавме прво излеговме на кафе па потоа тој ми предложи врска...едноставно ме праша дали сакам да бидеме заедно? секако јас му дадов позитивен одговор...а нашата врска стана сериозна кога отидовме на одмор...се случија повеќе работи, свативме дека се сакаме...потоа се запознав јас со неговите дома...па тој со мојте дома...и така сфативме дека имаме посериозна и цврста врска
Сосема спонтано испадна нашево.. се договоривме да се најдеме во парк и јас нормално да не биде обицно здраво со рака сакав да го бацам во образ но тој ме изврте и ме бакна во уста и тотално поцрвенев и веќе сме 2год. во врска !
jas odam veke 5 godini se fativme onaka bez da si kazime deka sme decko i devojka... i se trgna ok i eve 5 godini sme zaedno i se nadevam deka ke ostaneme zaedno .....
Со дечко ми дефиниравме дека сме во врска на втората средба. Излеговме сами. Пред тоа се знаевме 6 дена, а се видовме само еднаш. Тој ден излеговме навечер и се шетавме. Седнавме на клупа и муабетевме. По некое време тој ме праша дали сакам да има нешто повеќе помеѓу нас. Јас му одговорив да и тој ме бакна. После тоа ме праша дали сакам да му бидам девојка и јас пак му одговорив да. Оттогаш сме заедно 8 месеци и 24 дена.
Точно пред 8 месеци се случи нашата врска А како дефиниравме... Па не ме праша директно, бевме излезени заедно, ме испрати потоа, јас не очекував дека веднаш ќе сме во врска и го прашав само, кога пак ќе се видиме, ми рече само СЕКОЈ ДЕН! А инаку дека се сакаме си признавме уште на првиот бакнеж
Имаме интересна приказна и интересен почеток на нашето дружење...да не образложувам и да откривам премногу...само почна као демек,ние сме другари,иако има хемија,иако супер се познаваме и прифаќаме,се бакнуваме повремено и често сме заедно,но не сме во врска...плус и јас сум паничар за врски и такви работи...и полека времето си минуваше,дојде до речиси година,ако не и година цела откако почна тоа и веќе беше јасно дека е врска,а не обично другарство со кое се залажувавме дека е.Ние дури и немаме датум за годишнина...а не е ни важно впрочем тоа...
Едноставно, сфативме дека ни е убаво заедно и нема зошто да го негираме тоа. А не сме седнале да разговараме за тоа колку врската ни е сериозна. Едноставно работите си се случуваа сами од себе. Само, на почетокот, јас малку се двоумев дали да бидам со него затоа што тој требаше после нецел месец да замине во странство на четири и пол месеци, па не знаев дали ќе можам да го чекам. Сепак, прифатив да бидам со него, и не се покајав... барем досега.
Ние два пати се дефинираме И двата пати по цели денови бевме заедно, па некако стана јасно, немаше потреба од некои објаснувања што сме и како. И ние исто немаме датум. Цело време сме биле натаму наваму, па поим немаме што и кога било
Си бевме заедно секој од април лани .. и си немавме кажано идеме ама се подразбираше и сите не викаа млад брачен пар . Кога отидов на одмор , во јули .. си седев на мсн и една другарка вика колку идете.. викам па не знам прашај го ете го сеа на уклучен е И испадна од тој ден официјално .. ама ми рече си броиме од кога прв пат се бацивме Прв пат се бацивме на 3 април , и така си броиме . А официјално од 14 јули , т.е денес и 2 годишнини си имаме
ДАтум не знам, отприлика само Два месеца се бакнувавме, си излегувавме заедно, се држевме за рака, тоа како производ на другарство демек, и на крај една вечер ме праша ние дечко и девојка сме Се пресмеавме двајцата, и решивме официјално да се викаме пар. Деца!
Ние изгледа нај старомодни . Тој ме праша дали сакам да одиме, се бакнавме таа вечер... па јас реков ај остави ме да размислам, не сум на чисто, и по една недела му реков да. Потоа се мислевме кој датум да ни биде за годишнина и го зедовме вториот. Инаку интересно јас со сегашниот дечко поодив и во 8 одделение, 3 месеца некаде, па после 5 години пак ја обновивме детската љубов
Јас многу се изненадив кога го прашав кога пак ќе се видиме и кога ми рече секој ден. Леле готово во облаците летнав А најтрагично е што јас бев иницијаторот Тој мислел кога ќе ме испраќа да ме бакне и да ме праша, ама јас уште во дискотеката на шанкот како што стоев до него се свртев полека и се бакнавме После тоа го имав прашувано и ми кажуваше дека он поинаку планирал ама веќе кога сум се свртела зошто па да не уште тогаш
Се гледавме некое време и немаше ништо меѓу нас.Адна вечер бевме сами и уште по самиот начин накој што тој ми пристапи знаев дена е сериозно .Искрено ми кажа што чуствува за мене и јас , ама имав исти чуства ,се бакнавме и еве 1год. и 9 месеци сме во врска
Откако се бакнавме за прв пат , почна да ме бара секој нареден ден. Јас тогаш работев, па ми се јавуваше до колку сум на работа, да ме земе да одиме да јадеме, да одиме на кафе. И така знаев дека дека сме во врска. Јас немав тогаш намера да идам со него ,ама убаво ми беше па си реков ај нека трае дур е убаво. И еве во октомври ќе правиме 5 години
од кога се бакнавме првпат,после се гледавме уште 2-3 дена,па јас бев во ох,он во скопје и се слушавме само,кога се вратив,после два дена слушање и гледање,само ме праша дали сакам да продолжиме...и така
ние никако не дефиниравме, вечерта кга бевме заедно се договоривме утредента да излеземе кај 9 и се најдовме и скоро цело друштво не гледаше како да сме заедно веќе 5 6 месеци никој не изреагира чудно некакона сите му беше ,,јасно,, дека нешто сериозно се случува
бевме излезени со друштво се тргнавме на страна ме праша дали сакам да бидам со него и јас страмежливо му реков па..... да а претходно го знаев само 2-3 дена
Па бевме излезени со друштво на кафе, а ние пред тоа се имавме еднаш мувано али после тоа имаше малку компликации.. и тогаш бевме на кафе и после останавме сами да си одиме и така зборевме, ми рече дека од дамна сакал и така..
ние си бевме другарчина уште од 1ва година и тој тогаш ме симпатизираше ама јас не..потоа во втора му дадов шанса и се мувавме скоро 2 месеци а за тоа време тој имаше женска и се плашеше да и се скара во случај јас да не го зафркнам па да остане без ниедна и потоа и се скара.Цело време на мсн си праевме муабет за врска итн и после се мувавме... и јас не знаев дали сме фатени или не..за среќе тој ми прати смс от типот:Што сме сега? и така си се фативме не ни тргна многу убо на почеток ама сега ни е преубо и сме заедно година и пол