1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како дефиниравте дека сте во врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 13 јули 2010.

  1. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    хм...паа...
    се знаевеме уште од многу одамна,цели 3,4, години пред да се фатиме и за тоа време нон стоп имав понуди за излегување,ама дека не ми беше многу озбилен и дека сите женски што ги имаше ги изневеруваше,со една пише,на друга и звоне,со друга се шета,со пета,се возе,некако не мжев да се навикнам така....ама една вечер па мене ми беше досадно и викам ај ќе му се јавам на “пријателот“да се видиме,и оп-еве не на состанок,и знаете почнаваме де се бакнуваме гушкаме ово оно..и мене ми стана интересен,си викам
    -абе добар бил овој,си го сакам за дечко! :$
    и таман кога дојде време да си одам си викам леле а бе го сакам дечкото само за мене,а овој не ме ни пита дали ќе одиме,дали ќе се муваме,си викам ај јас ќе се пробам:
    -ќе одиме јас и ти или? :wasntme:
    и тој:
    па ајде ќе пробаме!
    и еве пробуваме веќе 4 години.
    (само тешко мене додека да го ставм во ред луѓе...си пукнав) :x
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Ееее, во мое време :D
    Јас кога бркав дечковци, кога бев средно, прво се шеташе по кафиња, по паркови после школо, па после бакнежи :D И после 2 недели шетање кога ќе се бакнете, ехеее :D Седмо небо :D
    Обично врската почнуваше со првиот бакнеж. Да, имаше и мување, ама тоа се знаеше дека не е и не може да биде врска. Јас се знаев со овој мојов долго време, а со такви мување немаше, мувањето беше за со не толку познати :D. А ако некој се предомисли тогаш се правеше муабет. Сосема различно од сега :D

    Значи да се вратам на прашањето, немаше потреба од дефинирање. Се знаевме долго, и после првиот бакнеж се знаеше дека сме во врска.
     
  3. MIRNA23

    MIRNA23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    и јас се прашувам истото... како да го прашам на што сме, дали сме во врска или не?! се гледам со еден тип што буквално ми падна од небо... ми дојде на работа и требаше да го услужам и тој го глеам цело време ми зјапа во ID картицата да ми го види името, и го фатив така неколку пати како зјапа... и после 2 дена на ФБ ми стига порака >ти ли си? и нешто така пораки на ФБ и ми вика ај на скајп и ај у реду... после неколку дена излеговме , се смувавме :$ и све ок , кажуваше онака отворено дека бил изгорен од долгогодишна врска , онаков цело време опуштен си прави муабет ко да се знаеме 100 години.... и после таа вечер се видовме уште 2-3 пати и отиде на пат 4 дена и цело време ми пракаше пораки на мобилен и све ок е... 2 дена после си дојде и не го видов ... и сега пак е на пат... и премнопгу сум збунета .. како да го прашам на што сме... како да отворам таа тема а да не ме сфати погрешно дека брзам да го врзам за мене??? али не дека типот не покажува интерес за мене... све е ОК од таа страна ама :^) врска немам како да постапам а да не го уплашам со мојата постапка.... ај форумџики помош ве моооллаааммммм.... :|
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.570
    Пол:
    Женски
    Речиси сите дечковци ми го поставувале она глупо прашање- Сакаш да ми бидеш девојка? Но, можам да издвојам две врски, со едниот бевме заедно 3 месеци и си викавме дека сме пријатели-пријатели, и псоле 3 месеци ми се јави и ми вика-јас мислам дека ние не сме баш пријатели пријатели туку дека сме пар, се лажам? И јас тоа чекав и му реков дека не се лаже :) И така година и пол бевме пар :inlove: . Со другиот дечко се гледавме месец дена и како што сме и јас му викав ништо, бидејќи и никој не знаеше за нас, но еден ден ми вика- ние мора да им кажеме и на другите за нас, но како? И игравме една игра со потопување на бротчиња и кој ќе изгуби ќе објави на фб што сме хаха и така тој изгуби и на фб објави дека е во врска со мене и јас прифатив, но никој не ни веруваше, па моравме со бакнеж официјално пред сите да потврдиме дека сме заедно.
     
  5. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Се запознавме на 1 април .. после 3 состаноци за Велигден се бакнавме :*
    и ми кажа Јас несакам со тебе мување , сакам врска :D :$
     
  6. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    ние се фанавме на први април и сите викат дека ме излажал ама јас го излажав него... ]:)
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ :D :D Анннни ме насмеа :lol: :*
     
  8. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Па тој си мислел дека од самиот почеток, осносно со самиот прв бакнеж сме во врска, но јас се двоумев заради една проста работа што тогаш скоро имав раскинато со бившиот (иако не одев долго со него), а и тој со неговата бивша, која учеше со мене...Од една страна ме гризеше совеста, но од друга страна чувствував дека тој бакнеж беше незнам..Со најмногу чувства, така искрен и спонтан..Немав таков доживеано :inlove: :$ Наредниот ден тој го забележа моето чудно однесување и ме викна вечерта да излеземе..И му кажав што ме кочи. Ми даде еден искрен одговор на сето тоа, како сето тоа било веќе минато и не треба да се навраќаме, како не треба да се грижам што ќе кажат другите..и ми рече: Не дека сакам со сила да те натерам да бидеш со мене во врска, ама толку многу чувствувам во тебе некоја посебност, а и од порано ми се допаѓаше...Не го оставив да ми докаже, се разнежнив и го бакнав! :inlove: И ми рече:Ова значи...? И јас му реков ДА. :lol: Тоа беше тоа :inlove:
     
    На balerinka121 и glosipgirl им се допаѓа ова.
  9. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    114
    Хахахаа, ме насмеавте со постовиве. Тоа мислам дека е најинтересниот дел- такозваното фаќање. :D :D
    Епа, излеговме заедно, се деси (се бакнавме), после недела дена се гледавме (мислев дека се муваме) и на крај ја поштено и машки си го прашав: А ние на што сме? Се муваме или идеме или нешто трето? И на крај ми рече дека идеме, како ли сум можела да помислам на друго... :rofl: :rofl: :rofl: :lol: Интересно ми беше, богами...
     
  10. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    36
    Па ние и не дефиниравме баш. Едноставно се бакнавме и после недела дена ме покани кај него на слава и таму цело друштво почнаа да ме зезаат пред мајка му: " Остави ја снашката да ги послужува гостите, и така јас целата се поцрвенив и укапирав дека типот планира да имаме врска. :D :D :D
     
  11. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Имам интересна приказна со бившиот мој:
    Си се мувавме јас и он некој месец така, ама пустиот беше многу слаткоречив. И секоја вечер леле колку те сакам, леле колку те секам...
    И мене еден ден ми скурчи и му викам, чим толку ме сакаш дај барем да се фатиме. И он почна тука нешто да се правда, ама јас мислев дека веќе идеме и бла, бла, бла....
    А со сегагашниов е тоа беше само една реченица во прашање, И сега сакаш да се фатиме или да продолжиме да се муваме :rofl: :rofl: :rofl:
     
  12. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Оф јас имам еден доолг историјат. Се запознавме во средно, бевме во исти клас. На почетокот не се поднесувавме, ме навредуваше, јас му враќав, а еднаш за малку ќе се степавме. Арно ама, класната ја виде ситуацијата и не седна во иста клупа!! Он се заљуби во мене откако подобро ме запозна и ме бркаше се до трета година. Апла сите знаеа дека ме сака, во школо ми носеше ружи и букети, подароци за роденден, честитки за Нова година и слично. Ме викна една вечер да излеземе и да расчистиме еднаш засекогаш затоа што немал намера уште 2ипол години да ме брка. Мене ми се свиѓаше, ама никако не можев да ги заборавам неговите навреди. Кога се сретнавме, после еден дооолг муабет - ме бакна. Заедно сме веќе 3ипол години и често му велам дека тоа што ме бакна му е најдобриот потег во животот ;)
     
    На balerinka121, glosipgirl, LaraSolare и 3 други им се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.759
    Пол:
    Женски
    Интересни приказни :)
    Одам со дечко ми 10 месеци :inlove: се фативме на 27 септември минатата година..а се запознавме 5 дена порано :lol: ...
    Првиот пат кога го видов,бев кај него на кафе,муабет и сл.Ем колеги на факултет..и следните 5 дена цело време заедно,кај него спиев :wasntme: ...На 27ми се прашавме што ќе се ставиме на фб,дали in a relationship ili in an open relationship...се ставивме ова првото и од тогаш сме неразделни и многу си се сакаме :inlove: :inlove: :inlove: Се надевам дека ќе сме заедно уште мнооооогу време :)
     
  14. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    Добри приказни девојки...Јас мојот си го прашав машки :D Епа кога на него не му текнува,сакам да знам на што сум...се мувавме 19 дена,гледам не спомнува ништо,си викам ,,мечка страв,мене не страв,, (така викаат кај баба ми у село :D ) ќе си прашам...и си прашав и тој ми се вадеше како демек само што сакал да ме праша,бла,бла...како и да е одговорот беше позитивен,а јас излегов похрабра :D
     
  15. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Ја кога првпат излеговме заедно веќе се знаеше дека ми се свиѓа ( ја бев иницијаторот)...фино лепо му кажав "Ја не се мувам, ако сакаш дечко да ми бидеш" :$ ... и од тогаш официјално се знаеше дека сме во врска...
    бтв Ми има кажано дека се заљубил у мојата искреност уште првиот ден :!:
    И така после 2 месеци, Нова год...ми кажа дека ме сака...и после 2005 почна нашата озбила врска која трае и до ден денес... ;)
     
  16. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас си прашав :$
    И многу бев усрамена :$ ама не ми беше јасно на што сме, си реков овој да не си сфати нешто опуштено со мене, и си прашав. И ми вика јас сум со тебе и сакам да бидам, не прашав бидејки мислев дека ни е јасно и на двајцата. :D Ама ете мене не ми било, како и да е помина :)
     
  17. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Беше интересно со мојот бивши...прво се запознавме во едно кафуле но не ми се допаѓаше воопшто...но тој стана премногу упорен, ми го најде бројот и постојано ми се јавуваше, а бидејќи беше од друг град ја користеше секоја прилика да дојде кај мене. Се случи еднаш и да е на одмор во Охрид, а јас дома сама (и моите беа на одмор) и на враќање од одмор дојде кај мене со другар му и ми донесе поклон. Уште ништо немаше, кога потоа, по неколку дена, излеговме на вечера со друг пар :lol: и се возиме во колата кога тој проба да ме бакне, јас се тргнав и тој ми вели: Зошто? а јас велам: Бидејќи само сакаш да ме искористиш...тогаш тој почна да се правда дека имал сериозни намери со мене, да е сакал само за зезање ќе нашол некоја од неговиот град итн. А, и не спомнав дека само еднаш се смувавме, но јас не сакав мување и поради тоа си ја свртив водата накај мојата воденица :D и така бидна...поздравче :*
     
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Со дечко ми излегувавме онака ,,без обврска,, скоро цела година. Мене тоа почна да ми смета поради тоа што се вункционираше во најдобар ред но само што официјално не бевме дечко и девојка. Тој не ни сакаше да бидеме во врска, тоа јасно ми го кажуваше и велеше дека ако бидеме во врска не значело дека повеќе ќе ме сака и дрн дрн машки празни зборови. Неговото однесување воопшто не го оправдував и постојано се каравме околу тоа и јас бев онаа која инсистираше да се фатиме. После повеќе разговори заедно одлучивме да се фатиме и од тогаш па се до денес си се сакаме најмногу на свет.
     
  19. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Сосема истиот муабет :) А колку се страмев да прашам, како некое мало девојченце. Па одвај се осудив, не знам од каде толку страм :lol: Сега смешно ми е.
     
  20. dodo

    dodo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    27
    епа јас и момакот мој на почетокот кога се запознавме бевме смртни непријатели. многу се мразевме и се каравме секоја можна прилика. тоа траеше дури неколку години, и сите што не знаеа ставаа кладби на нас кога ќе завршиме заедно.
    а тој и јас не обрнувавме многу внимание на тоа и упорно по цел ден се каравме. и така една вечер како многу пати претходно се најдовме излезени на исто место. и искрено се уште не знам како и што не натера, но таа вечер се заседнавме заедно кога и моето и неговото друштво почна да се разбегаваат накај дома. се запивме и јас одеднаш го бацив.
    сеа кога ќе ми текне на тоа ме фаќа голема смеа и се прашувам од кај сум нашла храброст и тоа баш него, тој што го мразев. но, не е важно, од тогаш навака работите многу се сменија :)
    изгледа мојот непријател ме знаел многу повеќе од јас сама себе што се знам, и изгледа се сакавме многу повеќе од што знаевме :) :inlove:

    охх срце мое :inlove:
     
    На balerinka121 му/ѝ се допаѓа ова.