јас и дечкото мој во иста вечер се запознавме и се фативме а дефинирањето беше вака : таја вечер бевме поднапиени и се запознавме преку другарите и по 2 сати се бакнавме и јас му го дадов мојот број.другиот ден не очеквав дека ке се јави мислев ме има забораено, ама не било така вечерта ми се јави за излегвање, излеговме и по то заклучив дека работата не била једна пијана ноч ахахах и еве уште сме зедно веќе 2 години
Па јас и дечко ми се запознавме и најпрво комунициравме и излеговме неколкупати на кафе, а иако јас мислев дека ќе ми треба повеќе време да излегуваме само за да се запознаеме, после само 3-4 кафиња се случи првиот бакнеж, по кој веднаш дечко ми ми кажа дека сака навистина да биде со мене, не му е до мување туку сака врска . Ма толку беше сладок кога ми го кажа ова ме стопи . Го сакам највеќе
Со прашање од негова страна: -Ова ти значи нешто ? Овој бакнеж значи дека сме заедно нели? и јас страмежливо климнав со главчето и се гушнавме и продолживме со киссинг
Се запознавме, излеговме 2-3 пати...се смувавме... Почна да доаѓа скоро секој ден да ме види, и мене една вечер ми светна да го прашам што со нас?? Ако мисли да бидеме другари...веќе ги имам доволно, ако мисли да бидеме fuck friends- не благодарам...така да...??? И склучивме договор, за што до ден денес ми се смее за тоа Јас ја потегнав работата ...ако оставев на него, ке останеше на мување најверојатно што мене немаше да ми се свиѓа
кога се слусаме два три пати на ден ако е зафатен доволно и еднас ама да прасса како е сто има сто нема.три пати неделно состанок обавезно да нема тајни или иди дома јас ќе идам ќе ти кажам после каде и на крај заборава тоа е крај за една врска да каже како се осеќа или јас на него т.е.да делиме ако не се барем некои работи поврзани со насиот живот ете тоа е врска
Со сегашниот дечко многу обично. Тој праша, јас се збркав, некако наеднаш ми дојде и прво го тегнев наоколу додека не го проформулира прашањето онака како што сакам. Со претходниот дечко двајцата во ист ден сме планирале да ја официјализираме врската, арно ама јас бев побрза и почнав да филозофирам, да дрндам, да кружам...цел пат од Васил Антевски Дрен до Рамстор. И кога дојдов до финалниот момент, ме прекина и тука се збркав, после не знаев кај застанав, тоа на памет ми беше научено. Со спремен говор искочив од дома! За среќа он праша и немав потреба да продолжам да зборувам.
Го тегнев еден цел месец наваму - натаму, знаев дека сака да излегуваме заедно ама секогаш имаше друштво со нас. Бевме излезени во близина кај што живее, и ми рече да го испратам до пред влез, се сложив. И пред влез онака срамежливо ме праша дали може да добие бакнеж, а дека е висок два и кусур метри се наведна накај мене, и немаше кај да бегам. Наредниот ден ми рече дека сака да бидеме заедно. И сме. Не се сеќавам што датум беше, тоа со месечнини, полу - годишнини, па и годишнини од врска не е мој стил. Во брак да, убаво е да се одбележува, ама во врска ми е малку претерано. Па кога ќе видам некои тазе парови за месец дена заедно што си купуваат мечиња, блузони, парфеми, не знам дали да се смеам или да плачам.
Па ко што се сеќавам бевме излезени, предходно многу се дружевме, знаевме на каде иде работата, само се чекаше момент и се бакнавме, па почнавме муабет и низ мубаетот нешто спомна "како ќе иде оваа врска...", така некако, не се сеќавам точно на зборовите, ама јасно беше од негова страна дека се работи за врска. И јас на тоа се надевав, несакав во никој случај утре да испадне грешка Јас се сеќавам на датумот зашто е голем христијански празник и неможе а да не паметам инаку не сме славеле никогаш годишнини, а па за месечнини не ми ни текнува дека всушност тој и тој ден ние сме заедно Хгод и Хмесеци....абе ајде.
Не сум во врска сеа, така да еве за последната бивша...се ни започна демек само физички, ќе се гледаме за секс само, ама бидејќи и претходно често си гостувавме еден кај друг во стан, после првата вечер помината заедно, утре дента јас наминувам кај неа, ми отвара врата и се бакнавме. Беше малце чудно бидејќи ДЕМЕК пријатели до тогаш, па повторно ДЕМЕК тоа ќе ни биде чисто за секс, ама имаше нешто чудно во целата ситуација. После неколку дена јадеме кај неа, направивме некои сендвичи и јас и викам...поминуваме многу време заедно, знаеме скоро се еден за друг, си имаме одличен секс, мислам на тебе, посакувам уште повеќе да те бакнувам и да те гушкам, не се замарам со други и ужасно би ми пречело ако одиш со некој друг...абе знаеш ние сме во врска? . Се изнасмеавме ептен слатко, еј тоа беше момент...
Го паметам тој момент многу јасно,му го паметам изразот на лицето, зборовите, гласот, се’ паметам! Имаме и дата што означува старт на нашата врска (годишнина) што веќе 7 години ја славиме! Се случи спонтано,во рок од 2 месеци бидна се’ што требаше да биде! На дечко ми му се допаѓав веќе подолго време, а јас ни сама не знаев што сакам ! Секојдневно бевме во контакт, ми се јавуваше често и очигледно беше дека не сака само мување туку сака врска со мене! Ми се пушташе повеќепати и таа вечер возвратив на бакнежот! Тој беше многу повеќе од мене засегнат за тоа дали сме во врска или не,затоа си праша, ,,ова значи дека сме заедно... да пробаме?,, Не возвратив ништо посебно бидејќи ни сама не знаев што сакам! Си отидов дома а од другиот ден веќе ми се јави за да излеземе заедно двајцата! Од тој ден наваму сме во врска, сеуште заљубени, сеуште имаме одличен секс, сеуште ја имаме онаа потребан близина и функционираме добро! Значи јасно го дефиниравме тоа дека сме во врска, и со бакнеж и со краток муабет (појасно од ова здравје) А кога ќе подразмислам добро на друг начин сигурно немало да започнеме врска, јас сакам со сигурност да знам на што сум, Мина не гази на гнила даска
Излеговме, и не знам ни како, се... WTF?! После се укл во фб, гледам кај негов профил-In a Relationship! И се мислам-како јас не приметив дека он е во врска?!?!!?! Што направив-се заљубив во некој што е во врска! После ми текна... Па тој е во врска со меенее... !
Излегувавме подолго време, се мувавме... Тоа траеше околу месец дена. Редовно излегувавме, редовно се гледавме, веќе добро се запознавме и според мене уште од тогаш си бевме во врска, само што тоа си го немавме кажано "официјално". На едно излегување ми кажа дека ова што го има со мене му е сериозно, дека не сака само мување. И после тоа следуваше еден долг бакнеж.
Па почна со мување и продолжи со секојдневно гледање и во јавност за раце држење и слики на скајп заедно, и пораки итн.
Врската ни почна во странство после тоа се Вратив во Мк на извесно време и ете дојде он кај мене на посета ... После тоа јас заминав натака и си поЧнавме озбилно и Официјално
Се моткавме 2 недели на факс се тепавме се закачавме и кога еден ден на кафе седиме и јас му реков како што ме гледаш ти мене? и тој ни пет ни шест како девојка! тука се насмеав се случи првиот бакнеж и ја за сигурно си го прашав на што сме и ми одговори дека сме у врска
Паа незнам Ххахаха, не па беше многу спонтано, ние всушност пред тоа долго време се мувавме, цело време заедно на искачања ваму таму, по малку личеше и на врска тоа, и после бевме искочени сами и така ми рече само а да го официјализираме нашево, викам па редно е Така си се посмеавме малце и после доолго се гушкавме, се мазевме, и многу си го сакам сега
ее вака почнувам сеа да филозофирам значи првиот пат коа излеговме да знаев дека ќе биде работа,и да се супер се муававме таа вечер, и наредниот ден се слушнавме,и ми вика "може ли вечер да си се видам со женска ми" и ја целата ајдеее викам цигарче отиде работава,ете одма и не ми криво,да сме се муавале некој период па да се фатиме немаше никаква теоретска шанса ама никаква,бидејќи со карактер како мојов не ќе сакаше моето идиотче врска и така си рипнавме у водите на врските и тоа е таа моај приказна
Епа јас и Петко мој имаме комплицирана приказна. Се знаевме од факс, и окулу Нова Година започнавме некои поблиски муабети. Се видовме еднаш демек на кафе не се мувавме, јас три пати заби измив пред да излезам, мислев ќе лапам нешто ама ништо . После неколку дена се видовме, се начукавме и двајцата и се мувавме, ја од што бев камен пијана и незнаев што му зборам му предложив врска (од каде храброст појма немам ) тој се согласи. Ама во тој период и двајцата не сакавме врски, туку таа наша „врска“ беше само еден производ на пијанство. Следното утро фрчеа пораки „Извини пијан/а бев, незнаев што зборам и тако даље“. Правевме муабет на мсн и се договоривме да останеме „другари“. После тоа ние си продолживме да се муваме. Нашето мување траеше скоро месец, ама бевме по цел ден заедно кај него дома. И почнаа прашања „Што правите идете ли, се муавате, што сте, мувачи, дечко и девојка?„ а ние замаени „Колеги од факултет.“ Нашето мување и 24/7 заедно беше јасно кон што води, само никој не превземаше никаков чекор. Се до една вечер, кога Петко се запна да пиеме, ајде па ајде, и некако се согласив. Акна две-три чашки на екс, и се отвори типот „Мацо ова вака не иде веќе, неможам јас вака, незнам...“ мене во моментот милион црни мисли ми прелетаа си викам овој ме откачува и кога само го слушам „Сакаш ли јас и ти да бидеме некако по официјално заедно“. И почнав јас да трепкам баш вака кажав едно скромно да, се излапавме, се изсексавме и тоа е тоа. А се веривме многу спонтано, бевме во Охрид на викенд, не излегувавме од соба 2 дена, многу ни беше убав апартманот и спалната па по цел ден си се гушкавме, мазевме, сексавме и тн. Едно попладне почнавме да збориме за планови во животот, и муабетите на двајцата ни беа „Ние заедно, наши деца, наша кола, куќа...“. Се погледнавме и јасно ни беше што се дешава, ми се приближи и ме праша дали сум спремна врската да ја ставиме на едно повисоко ниво, и да се вериме, се да функционира како и претходно но само јас и тој да знаеме дека сме верени. Се согласив и така си беше до после Нова година кога откако ги запознавме моите и неговите и на еден заеднички ручек решивме да им кажеме што сме се договориле. Првин се лутеа и ќе не убиеа како сме можеле толку долго да криеме, после тоа се испорасплакаа и сакаа да споделат со поширока фамилија, лево-десно шуш-буш се согласивме и така се си бидна. И најубаво ни е, си се сакаме највише .
Кај се отиде времемво порано не беше вака порано ако си со некој излагаш и имаш секс под дифолт беше врска , сега време отиде у мајчуну секс френд и слично. Порано беше потеско да најдеш партнер за една вечер , а сега е тешко врска за секс нема гајле даваат ко луди
Уффф па долга е приказнава. Бевме другари, и на шала на смеа ставивме на фб статус дека сме во брак. Арно ама пошто стално си се гушкавме, сите се шалеа ко демек ајде што чекате и бла бла. И коа конечно нешто се деси, не ни разговаравме за врска. Едноставно си теравме. Секој ден. И идеме еднаш накај него, и ми вика, мајка ми знае дека идеме, ее викам ја како коа не и кажа коа и се јави(јас мислев и кажал дека идеме накај нив), и ми вика абе не дека доаѓаме, дека идеме ја и ти. Е тогаш прв пат слушнав од негова уста, а иначе пред тоа сите збореа во стил, дечко ти , девојка ти а ние само се смешкавме.